akuzatorna postapks na deloto na kpp i na kpp, Skripte' predlog Prava kupaca

akuzatorna postapks na deloto na kpp i na kpp, Skripte' predlog Prava kupaca

27 str.
16broj poseta
Opis
akuzatorna postapka na kpp ucete deca makd
20 poeni
poeni preuzimanja potrebni da se preuzme
ovaj dokument
preuzmi dokument
pregled3 str. / 27
ovo je samo pregled
3 prikazano na 27 str.
ovo je samo pregled
3 prikazano na 27 str.
ovo je samo pregled
3 prikazano na 27 str.
ovo je samo pregled
3 prikazano na 27 str.
Казнено Процесно право

КА ЗН

ЕН О П

РО ЦЕ

СН О

ПР АВ

О

П Р О Ф

. Д Р .

А Т А

Н А С

К О З А

Р Е В

АКУЗАТОРНА КРИВИЧНА ПОСТАПКАˮ - Потекнува од accusator – тужител; accusare - обвинувам. - Континенталното европско право – ЕСЧП

(правичноста се однесува на постапката во целина, во сите нејзини делови, а не само во стадиумот на судењето и се оценува врз основа на два критериуми:

А. Општи од поширок обем кои важат за секоја судска постапка Б. Посебни, со оглед на специфичноста на кривичната постапка –

спор за примена на казна на сторителот на кривичното дело со која државата му ги ограничува основните права и слободи во јавен интерес)

Општи елементи на поимот правична постапка, кои не се споменати во ЕКЧП, но се заеднички за сите судски постапки:

1. Право на странките да присуствуваат на дејствијата во постапката и да бидат сослушани пред донесување на одлуките, а судот мора да и даде можност на секоја странка да се изјасни за наводите и за барањата на процесниот противник – контрадикторност;

2. Право на странката во постапката да ги презема сите дејствија кои може да ги презема нејзиниот процесн противник – еднаквост на оружјето;

3. Судските одлуки не смеат да се засновуваат врз незаконити докази;

4. Судските одлуки мора да бидат образложени.

Посебни елементи на поимот правична постапка кои ЕКЧП ги бара:

1.Независност, непристрасност и навременост 2.Претпоставка на невиност 3. Посебни (минимални) гаранции за одбраната.

Начела на кривичната постапка: 1.Група начела кои се однесуваат на поведување на кривичната

постапка - Акузаторност - Официјалност - Легалитет 2.Група начела кои се однесуваат на водењето на кривичната

постапка - Контрадикторност - Усност - Непосредност - Јавност

Акузаторност Овластениот тужител е dominus Овозможува поделба на трите основни функции на кривичната постапка Nemo judex sine actore – судот не може по своја иницијатива да ја поведе кривичната постапка (утврдување на фактите и пресудување) Процесот може да се води само против лице на кое барањето се однесува и за кривично дело опишано во барањето (меѓу пресудатата и обвинението мора да има субјективен и објективен идентитет

Предности: 1.Демоократски карактер на постапката 2.Објективност и непристрасност на судот 3.Концентрацијата на кривичното гонење во еден државен орган овозможува поефикасна борба против криминалот 4.Обвинетиот има процесна положба на странка која е рамноправна со другата странка – тужителот

Официјалност - Јавниот обвинител по службена должност презема се што е

потребно за да докаже надвор од разумното сомневање дека обвинетиот е сторител

на кривичното дело. - Отстапувања од начелото на официјалноста: 1.Кривично гонење по приватна тужба: -во рок од 3 месеци откога дознал за к.д. и за сторителот -оштетениот, физичко или правно лице овластено со пропис 2.Кривично гонење по предлог - во рок од 3 месеци откога дознал за к.д. и за сторителот - оштетениот, физичко или правно лице овластено со пропис

ГОНЕЊЕ ПО ПРЕДЛОГ И ПО ПРЕТХОДНО ОДОБРЕНИЕ

(1) Кога гонењето за кривично дело зависи од предлогот на оштетениот, јавниот обвинител не може да поведе истражна постапка ниту да поднесе обвинителен предлог или предлог за издавање на казнен налог додека оштетениот не поднесе предлог.

(2) Кога со закон е определено дека за гонење на одделни кривични дела е потребно претходно одобрение од надлежниот државен орган, јавниот обвинител не може да поведе истражна постапка, ниту да поднесе обвинителен предлог или предлог за издавање на казнен налог ако не поднесе доказ дека е дадено одобрение.

ЛЕГАЛИТЕТ - Јавниот обвинител е должен да преземе кривично гонење за к.д. Кои се гонат по службена должност секогаш кога се исполнети законските услови, без оглед дали самиот е уверен во целесообразноста и корисноста на кривичното гонење во одделни случаи: - Стварни услови за кривично гонење: кога постојат докази кои го потврдуваат основаното сомневање дека определено лице сторило к.д. kое се гони ax officio. - Правни услови за кривично гонење: ако не постои правна пречка за кривично гонење (амнестија, застареност...) - Главни аргументи за начелото на легалитет: 1.Обезбедува еднообразна примена на законите и рамноправен третман на граѓаните 2. Ја зацврстува правната сигурност 3.Ги елиминира надворешните влијаније, политичките интервенции, субјективната оцена

на ЈО и волјата на оштетениот при донесувањето одлука за гонење на сторителот на к.д.

ОПОРТУНИТЕТ - Француската правна традиција - За продолжување на кривичното гонење не се важни само условите

пропишани со законот, туку и целесообразноста на гонењето од гледна точка на

државните интереси. Процената мора да се врши во јавен интерес. - Главни аргументи за начелото: 1.Овозможува да се води сметка како за индивидуалните, така и за

општествените интереси; 2.Има обзири кон сторителот на кривичното дело во меѓународните

односи; мало значење на к.д. и отсуство на штетни последици; 3.Несразмерност меѓу трошоците на постапката и очекуваните ефекти од

судењето.

КАДЕ Е ПРИФАТЕНО НАЧЕЛОТО НА ОПОРТУНИТЕТ 1.Во постапката спрема децата. ЈО може да одлучи да не

поведе кривично гонење.: - Во постапката за примена на мерки за одвраќање (чл. 75-77

ЗПД); - За кривични дела за кои е пропишана казна затвор до пет

години и тоа во рок од 30 дена по прием на пријава за сторено к.д., иако постојат докази дека дететот го сторило к.д. Иста одлука може да донесе и кога е во тек извршување на казна или друга санкција спрема дете.

2.Одлагање и неповедување кривично гонење: чл. 43 до ЗКП;чл. 41 ст. 1 ЗКП

МУТАБИЛТЕТ ЈО може да се откаже од барањето за гонење до завршувањето на

КП во случаите предвидени со закон (чл. 42 од ЗКП)

ЈО нема обврска да ги соопшти причините за откажувањето

ЈО ја запира КП со решение (ако до откажување дошло во истрага)

Судот со решение ја запира КП во фазата на контрола на обвинението односно

пред започнување на главната расправа или со формална пресуда на главната

расправа

НАЧЕЛА КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ВОДЕЊЕТО НА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА Контрадикторност Усност Непосредност Јавност

БРАНИТЕЛ Материјална одбрана: заштитна дејност на КП во корист на обвинетиот. Формална одбрана: дејност на одбрана на обвинетиот од страна на

неговиот бранител, како лице овластено да укажува стручна правна помош. ЗКП предвидува три вида одбрана: 1.Облигаторна одбрана: ако обвинетиот е нем, глув или неспособен самиот

успешно да се брани за к.д. За кое е пропишана казна доживотен затвор; ако против обвинетиот е определен притвор за време додека трае притворот; по поднесениот обвинителен акт поради к.д. За кое со закон е пропишана казна затвор од 10 години или потешка казна затвор; ако му се суди во отсуство и во текот на постапката за преговарање и спогодување со ЈО.

2.Факултативна одбрана: слобода на обвинетиот да одлучи за бранител 3.Одбрана на сиромашни

ПОВАЖНИ ПРАВА НА БРАНИТЕЛОТ: 1.Право да ги разгледа списите и предметите што служат

како доказ 2.Право на непосреден личен и писмен контакт со

обвинетиот кој е во притвор 3.Право да присуствува при испитувањето на обвинетиот 4.Право да присуствува на одделни истражни дејствија 5.Право да поднесе приговор против обвинителниот акт 6.Право да собира докази за одбрана 7.Право да присуствува на главниот претрес 8.Право да вложува редовни и вонредни правни лекови 9.Право на надомест на трошоците

ЗАЕДНИЧКИ БРАНИТЕЛ ЗА ПОВЕЌЕ ОБВИНЕТИ И ПОВЕЌЕ БРАНИТЕЛИ ЗА

ЕДЕН ОБВИНЕТ

(1) Повеќе обвинети можат да имаат заеднички бранител само ако тоа не е во

спротивност со интересите на нивната одбрана. Доколку органот што ја води постапката

смета дека обвинетите не можат да имаат ист бранител, ќе ги повика во определен рок

да именуваат друг бранител, а во случај на задолжителна одбрана ќе постапи согласно

со членот 74 од ЗКП (2) Еден обвинет може да има повеќе бранители, а одбраната се смета

за обезбедена кога во постапката учествува најмалку еден од бранителите..

ЛИЦА КОИ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ БРАНИТЕЛИ

(1) Бранител не може да биде жртвата, оштетениот, брачниот, односно вонбрачниот другар на жртвата, на оштетениот или на тужителот, ниту нивен роднина по крв во

права линија. (2) Бранител не може да биде лице кое е повикано како сведок во постапката, освен

ако според овој закон е ослободено од должноста за сведочење и изјавило дека нема да сведочи или ако бранителот се сослушува како сведок во случајот од членот 213 точка

2 на ЗКП. (3) Бранител не може да биде лице кое во истиот предмет e сообвинето, ниту лице кое постапувало како судија, јавен обвинител или полициски службеник.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОДБРАНА СО БРАНИТЕЛ И БРАНИТЕЛ ПО

СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ (1) Ако обвинетиот е нем, глув или неспособен самиот успешно да се брани, или ако против него се води кривична постапка за кривично дело за кое во законот е пропишана казна доживотен затвор, мора да има бранител уште при првото испитување. (2) Обвинетиот мора да има бранител ако против него е определен притвор за времето додека трае притворот. (3) По поднесениот обвинителен акт поради кривично дело за кое со закон е пропишана казна затвор од десет години или потешка казна затвор, обвинетиот мора да

имабранител во времето на доставувањето на обвинителниот акт. (4) Во текот на постапката за преговарање и спогодување со обвинителот за признавање на вината, обвинетиот мора да има бранител.

(5) Обвинетиот на кој му се суди во отсуство мора да има бранител веднаш по

донесеното решение за судење во отсуство. (6) Ако обвинетиот во случаите на задолжителна одбрана од

претходните ставови на овој член не земе бранител сам, претседателот на судот ќе му

постави бранител по службена должност за натамошниот тек на кривичната постапка до правосилноста на пресудата. Кога на обвинетиот ќе му се постави

бранител по службена должност по поднесениот обвинителен акт, за тоа ќе се

извести обвинетиот заедно со доставувањето наобвинителниот акт.

ОДБРАНА НА СИРОМАШНИ

(1) Кога не постојат услови за задолжителна одбрана, ако според својата имотна состојба не може да ги поднесува трошоците на одбраната, на обвинетиот може по негово барање да му се постави бранител, кога тоа го бараат интересите на правдата, а особено тежината на кривичното дело и сложеноста на случајот. Во барањето обвинетиот може самиот да посочи определен адвокат за бранител од листата на адвокати од соодветната адвокатска заедница. (2) За барањето од ставот (1) на овој член одлучува судијата на претходната постапка, односно претседателот на советот, а бранителот го поставува претседателот на судот. (3) Трошоците за одбрана од ставот (1) на овој член паѓаат на товар на Буџетот

на Република Македонија.

ОТПОВИКУВАЊЕ И ОТКАЖУВАЊЕ НА ПОЛНОМОШНО

(1) Правата и должностите на бранителот престануваат кога обвинетиот ќе го отповика

полномошното. (2) Кога обвинетиот го отповикува полномошното на својот бранител, за тоа ќе го извести судот веднаш, а најдоцна во рок од три дена. (3) Ако обвинетиот не го извести судот дека ополномoштил нов бранител, судот во рок од три дена ќе му постави бранител по службена должност, сметано од денот кога обвинетиот го известил, односно бил должен да го извести судот. (4) Бранителот на кого му е отповикано полномошното е должен да ги преземе сите дејствија во постапката во корист на обвинетиот до соопштувањето дека е

ополномоштен нов бранител, но не подолго од 15 дена од денот на отповикувањето на

полномошното.

(5) Кога бранителот го откажал полномошното на обвинетиот, обвинетиот е должен веднаш, а најдоцна во рок од три дена да го извести судот за отповикувањето на полномошното и ако обвинетиот не определил нов бранител, судот во рок од три дена ќе му постави бранител по службена должност. (6) Ако обвинетиот го извести судот дека самиот ополномоштил бранител, судот ќе го отповика решението за поставување бранител по службена должност. (7) Ако откажувањето или отповикувањето е сторено на рочиште за главна расправа, бранителот е должен да ги преземе сите дејствија во корист на обвинетиот до завршувањето на тоа рочиште. (8) Ако судот оцени дека откажувањето на полномошното не содржи основани причини и е дадено со цел да се одолжува постапката, за тоа ќе ја извести Адвокатската комора на Република Македонија. (9) За преземените дејствија Адвокатската комора на Република Македонија е должна да го извести судот најдоцна во рок од три месеци.

РАЗРЕШУВАЊЕ НА НАЗНАЧЕНИОТ БРАНИТЕЛ

(1) Наместо поставениот бранител од членовите 74 и 75 на овој закон, обвинетиот може самиот да земе друг бранител. Во тој случај поставениот бранител ќе се разреши.

(2) Поставениот бранител само од оправдани причини може да бара да биде разрешен.

(3) За разрешување на бранителот во случајот од ставовите (1) и (2) на овој член, пред

главната расправа одлучува судијата на претходната постапка, односно претседателот

на советот, на главната расправа одлучува советот, а во жалбената постапка претседателот на првостепениот совет, односно советот надлежен за

одлучување во постапка по жалба. Против ова решение не е дозволена посебна жалба.

(4) Претседателот на судот, по барање на претседателот на советот или обвинетиот,

или со негова согласност, може да го разреши поставениот бранител, ако

неуредно и несовесно ја врши должноста. Наместо разрешениот бранител,

претседателот на судот ќе постави друг бранител. За разрешувањето на

бранителот претседателот на судот ќе ја извести Адвокатската комора на

Република Македонија.

ПРАВА НА БРАНИТЕЛОТ (1) Бранителот е овластен во корист на обвинетиот да ги презема

сите дејствија што може да ги преземе обвинетиот. (2) За подготовка на одбраната бранителот може да бара

известувања од граѓани согласно со членот 307 на ЗКП.

nema postavljenih komentara
ovo je samo pregled
3 prikazano na 27 str.