ELEMENTS AND DIRECTIONS OF PROGRAM QUALITY MANAGEMENT HIGHER EDUCATIONAL INSTITUTION, Ostalo' predlog Osnovi menadžmenta. St.Kliment Ohridski University
jove-kekenovski
jove-kekenovski26 September 2017

ELEMENTS AND DIRECTIONS OF PROGRAM QUALITY MANAGEMENT HIGHER EDUCATIONAL INSTITUTION, Ostalo' predlog Osnovi menadžmenta. St.Kliment Ohridski University

DOCX (49 KB)
9 str.
41broj poseta
Opis
Универзитетите се комплексни високо образовни и научно истражувачки институции и сите активности кои ќе се преземаат во еден определен период имаат за цел да бидат во функција на што поцелосна и поавтентична реализација ...
20 poeni
poeni preuzimanja potrebni da se preuzme
ovaj dokument
preuzmi dokument
pregled3 str. / 9

ovo je samo pregled

3 prikazano na 9 str.

preuzmi dokument

ovo je samo pregled

3 prikazano na 9 str.

preuzmi dokument

ovo je samo pregled

3 prikazano na 9 str.

preuzmi dokument

ovo je samo pregled

3 prikazano na 9 str.

preuzmi dokument

IX INTERNATIONAL SCIENTIFIC CONFERENCE ,,THE TEACHER OF THE FUTURE” 17- 19. 06. 2016, DURES, R. ALBANIA

ПОЛИТИКАТА ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ELEMENTS AND DIRECTIONS OF PROGRAM QUALITY MANAGEMENT HIGHER EDUCATIONAL INSTITUTION

Ph.D JOVE KEKENOVSKI University "St. Kliment Ohridski" - Bitola

Faculty of Tourism and Hospitality - Ohrid Republic of Macedonia

Abstract

Keywords: university, quality education, scientific research, mobility and educational mission. Апстракт . Клучни зборови:.

ЕЛЕМЕНТИ И НАСОКИ НА ПРОГРАМА ЗА КВАЛИТЕТНО УПРАВУВАЊЕ СО ВИСОКО ОБРАЗОВНА ИНСТИТУЦИЈА

Вовед Универзитетите се комплексни високо образовни и научно истражувачки институции и

сите активности кои ќе се преземаат во еден определен период имаат за цел да бидат во функција на што поцелосна и поавтентична реализација на визијата и мисијата на институцијата и обезбедување на нејзина препознатливост, позиција и статус во општеството. Целта е преку реализација на понудена и прифатена програма да се создаде респектибилен универзитет со адекватно валоризирана улога и позиција во општеството односно да се создаде модерен, флексибилен и препознатлив универзитет.

Предлагањето програма за работа на еден универзитет е доста сложена, одговорна, но и неблагодарна работа од причина што во нејзе неможат да се вградат сите желби, идеи и размисли. Оттаму овие елементи и насоки за изработка на програма за квалитетно управување со високо образовна институција е само еден флексибилен документ, или поточно кажано еден вид рамка која е отворена за сите добронамерни и квалитетни предлози, сè со цел заедничко и подобро да се справиме со постојните и престојните предизвици со кои сме соочени како и реализација на целите на високо образовната дејност. Понудената или пак прифатена програма за работа самата по себе не значи ништо доколку истата не биде поддржана од најголем дел од припадниците на академска заедница, како во фазата на предлагање, така и во фазата на нејзина имплементација

Што е она што задолжително треба да го содржи една понудена програма за работа на високо образовна институција - универзитет?

1. Понуда за автентична доимплементација на Болоњската декларација со цел подигнување на квалитетот на високо образовниот процес на универзитетот и во државата,

2. Визија за универзитет со обезбеден квалитетен високо образовен наставно научен и научно истражувачки процес,

3. Заложба за интегриран универзитет во националното и меѓународно окружување со висок степен на внатрешна институционална соработка и координација,

4. Промовирање и зголемување на мобилноста на студентите и академскиот кадар, 5. Образовна мисија на високото образование и образование во чиј центар ќе се наоѓаат студентите и настојувањата за подигање на студентскиот стандард,

6. Универзитет со успешно имплементирани европски и интернационални стандарди - унапредување и управување со квалитетот на високо-образованиот процес,

7. Постдипломски и докторски студии - градење соработка: глобална перспектива, повеќедимензионален и интердисциплинарен пристап,

8. Насоки за препознатливост на институцијата, 9. Стимулирање за користење на методологија и технологија на е-учење, 10. Меѓународна соработка, 11. Финансии, инвестиции и развој.

1. Автентична доимплементација на Болоњската декларација со цел подигнување на квалитетот на високо-образовниот процес на Универзитетот и во државата

Кон средината на месец септември 2003 година, Република Македонија со потпишувањето на Болоњската декларација стана рамноправен член на европското семејство на земји кои се обврзуваа да ги следат и реализираат препораките од Болоњскиот процес како и заедничката определба за креирање на единствен европски простор на високо образование. Како една од потписничките на Болоњската декларација, Република Македонија, а во нејзино име Владата односно Министерството за образование и наука, се обврза во првата декада на ХХI век да ја приспособи и реформира својата политика во високото образование, се со цел да овозможи реализација на целите произлезени од пристапувањето и прифаќањето на Болоњскиот процес.

Со усвојувањето на Законот за високото образование и непотребните многубројни (честопати импровизирачки) измени и дополнувања на истиот се создадоа извесни неопходни законски претпоставки за имплементација на ЕКТС и дизајнирање на студиските и предметните програми според принципите на Болоњскиот процес. Меѓутоа поради објективни, но и субјективни слабости тој лошо се спроведе во праксата односно се остварија само мал дел од очекуваните придобивки. Денес најголем дел од академскиот кадар се согласува и тврди дека тоа е резултат на неавтентичниот т.е на механичкиот пристап при имплементацијата на Болоњската декларација односно нејзина втемеленост на принципот на октроираност при примената, притоа неводејќи сметка за реалните состојби и можноста за воведување на сопствени и самостојни креативни решенија.

Секако дека вина за ова сносат не само првите луѓе во Министерството за образование и наука на РМ, туку и досегашните први луѓе на универзитетите ширум државата кои се однесуваа скрајно ервилно и клиентелистички кон недоволно јасните и прецизни политики од страна на ресорното министерство и кон нивната нагласена инертност, некоординираност и недоволна компетенција. Од друга страна, Законот за високото образование како и интерните документи што ги донесуваа самостојно Универзитетите и другите високообразовните институции, не обезбедија чисти и јасни упатства за реформата на високото образование. Поради тоа, не само универзитетите, туку и факултетите индивидуално пристапуваа кон трансформација на студиските и предметните програми, а таа трансформација во најголем дел се однесуваше на формалните, но не и на содржинските аспекти на Болоњскиот процес. Ако на формалната имплементација на поголемиот број на сегменти на Болоњскиот процес и се додаде и несоодветната финансиска поддршка тогаш е сосема јасно зошто не се реализираа посакуваните цели.

По поминати повеќе од една декада од практикувањето на системот од Болоња се повеќе станува јасно дека истиот не ги оправда очекувањата. Примената на Болоњскиот систем во Македонија се повеќе се соочува со голем број проблеми, кои се резултат на политичките и социо- економските услови во државата. Практикувањето на Болоњскиот процес и стекнатите искуства од неговото практикување не ни овозможи во целост да го согледаме иновирањето и

модернизирањето на наставно-образовнниот процес во вистинска смисла на зборот, а додека примената на новите форми и методи на работа во процесот на осознавањето и учењето доведоа студентите и понатаму репродуктивно и рецептивно да ги осознаваат и да ги учат наставните содржини, а тоа доведе до намален квалитет на студирањето.

За реализација на оваа зацртана цел, но и за да се корегираат досегашните незадоволителни резултати од примената на Болоњската декларација првиот чекор кој треба да се превземе во една понудена програма е во соработка со Министерството за образование и наука да се усвои и имплементира нова високообразовна политика и национална развојна стратегија за високо образование за еден среднорочен период (на пример 2015-2025 год.). Оваа политика и национална развојна стратегија не треба да биде сфатена како бегање од Болоњскиот процес туку како инструмент и средство за квалитативно подобрување на ефектите од практикувањето на основните начела и заложби на декларацијата при што и едната и другата треба во целост да ги испочитуваат општите принципи за развојот на високото образование и научно истражувачките институции.

Се работи за усвојување на стратешки среднорочен документ со кој ќе се обезбеди автентична доимплементација на Болоњската декларација и елиминација на досегашниот механичкиот пристап при имплементацијата при што ќе се води сметка за реалните состојби и можности за воведување на сопствени и самостојни креативни решенија, а додека формалната трансформација на студиските и предметните програми треба да биде збогатена со содржинските аспекти на Болоњскиот процес и соодветната финансиска поддршка од ресорното министерство.

2. Визија за универзитет со обезбеден квалитетен високо-образовен наставно научен и научно истражувачки процес

Основниот приоритет на на еден универзитет треба да биде насочен кон подигнување на квалитетот на високото образование, произведување на квалитетен академски кадар и квалитативно подигање на перформансите на научно истражувачкиот процес. Новата универзитетска политика и стратегија треба да обезбедат консолидација и хармонизација на системот на високото образование преку креирање и перманентно унапредување на системот за осигурување на квалитетот на образовниот процес. Во оваа смисла потребно е изедначување на квалитетот на високото образование на ниво на високо образовни установи членки на универзитетот и на ниво на студиски програми и континуитет на процесот на модернизација на судиските програми кои треба перманентно да ги следат современите текови на научниот, културниот, социјалниот и економскиот развој. Крајниот резултат од ваквиот пристап кон високото образование, мерен преку квалитетот на научна и стручна оспособеност, треба во потполност да одговара на барањата на пазарот на работна сила. За подигнување на квалитетот на образованието потребно е новата политика да го унифицира системот на оценување земајќи го во предвид и задолжителниот усмен испит.

Заради подигање на квалитетот на високообразовниот процес потребно е во една понудена програма за работа на високо образовна институцуја да бидат посочени пермаментни заложби за: зголемување на процентот за финансирање на високото образование и посебно субвенционирање за доимплементацијата на Болоњскиот систем на универзитетот, договор со Министерството за образование и наука и Министерството за финансии за потполно самостојно и навремено располагање со сопствените финансиски средства. заради нормално функционирање на единиците во состав на универзитетот, промени во студиските програми кои ќе кореспондираат со оние најдобро рангираните европски и светски високо-образовни институции, нов пристап и начин на изведување наставата, подобра интеракција на релација студенти – професори, вклученост на студентите во научните истражувања, воведување на практична настава согласно претходно усвоен наставен план, водење на соодветна кадровска политика, како еден од основните предуслови за успешно остварување на образовниот и научно истражувачкиот процес и одржувањето на неговиот квалитет, подобрување на наставните методи кон пристапот насочен кон студентите – практикување на работа во групи и водење дискусии, презентации и разноликост и методи на

иновативно испитување; создавање на услови и насоки за флексибилно учење, подобрувањето на условите и можностите за отворање нови интердисциплинарни студиски програми, сведување на процесот на дисперзирање на студиите на реално ниво и реални потреби и истиот да биде проследен со вложување на дополнителни финансиски средства за модернизирање и одржување на објектите каде што се одвива наставата, како и заложби редовно и навремено да се исплатува соодветен и реален надоместок за дополнително вложениот труд на професорскиот и асистентскиот кадар,

Заложби за високо образование засновано на квалитетно подобрени перформанси на научно-истражувачката дејност и стимулирање научно-истражувачки проекти. Научното истражување е основен предуслов за социјален, економски, културен и секаков друг напредок, па во таа смисла освен зголемување на средствата за истражување и иновации, потребно е да се обезбеди истражувањето и развојот на иновациите во соодветна мерка да бидат составен дел на студиските програми како и содржини со кои се стимулира унапредување на практичните вештини и компетенции. Потребно е да се понуди јакнење и зголемување на научно истражувачкиот процес преку воведување на посебни стимулации и други бенефиции за научниците иноватори, преку технолошката размена и заедничко учество во развојни проекти со другите универзитет во државата и странство, преку обука, помош и подршка на македонските економски субјекти за квалитетно учество на единствениот европски пазар и во програмите на ЕУ. Исто така за да се следи и подобрува квалитетот на високо-образовниот процес потребно е постојано следење на одредени параметри како на пример: брзината и нивото на развој, бројот на вработени студенти по завршувањето на студиумот, мобилност на студентскиот, професорскиот и соработничкиот кадар, настава врз основа на истражување и придржување до меѓународни стандарди, имплементација на иновации според европските и светски стандарди, кои секој на свој начин ќе го осигураат квалитетот на високообразовниот процес.

3. Заложби за интегриран универзитет во националното и меѓународно окружување со висок степен на внатрешна институционална соработка и координација;

Политиката на управување со унверзитетот согласно позитивните искуства треба и мора да биде насочена кон релизација на заложбата за функционирање на интегриран, а нè на централизиран или на полу централизиран универзитет. Потребна е реафирмација на идејата за интегрираност и враќање на универзитетот на патот на интеграција и овозможување на нови форми на вертикално и хоризонтално функционално поврзување. Во таа смисла потребно е да се интегрираат функциите во областа на:

• стратешкото планирање, • при донесување на наставните и студиски програми, • при обезбедување на контролата на квалитетот, • при политиката на упис на студентите, • при изборот на наставиците во наставни и научни звања, • кај инвестициите, • во меѓународната соработка, • при изградбата и развојот на единствен информационен систем, • кај политиката на стандарди и остварување на приходи, • при политиката на вработување и ангажирање на наставници, соработници и друг персонал и др.

Ваквиот начин на интегрираност ќе овозможи да се оствари поголема ефикасност и рационалност при користење на сопствените средствата, ќе ја задржи и унапреди автономијата и ќе ја зголеми општествената одговорност на сите универзитетски единици како и на сите субјекти во високо образовниот процес. Потребно е внатрешната организација на универзитетите да се прилагоди на тој начин што ќе им овозможи на членките на институцијата да можат да реализираат заеднички интердисциплинарни, мултидисциплинарни и трансдисциплинарни студиски програми и научно-истражувачки проекти.

4. Промовирање и зголемување на мобилноста на студентите и академскиот кадар.

Промовирањето на мобилноста станува исклучително важна тема во политиките на високото образование и важен елемент за интернационализација на високото образование. Неопходно е потребно креирање и афирмација на национална и регионална програма за мобилност и програми за мобилност засновани на билатерални и мултилатерални договори кои експлицитно ќе се залагаат за промовирање и унапредување на мобилноста на академскиот кадар и студентите како и изградба на систем за следење на ефектите од реализација на програмите за мобилност, кој за жал го нема во најголемиот број на држави членки на ЕУ1.

5. Образовна мисија на високото образование и образование во чиј центар ќе се наоѓаат студентите и настојувањата за подигање на студентскиот стандард

Студентите се движечка и креативна сила на нашето општество. Потребни се знаење и вештини за креирање амбиент во чиј центар на вниманието ќе биде студентот преку ставање на акцент на неговиот индивидуален развој, но и на тимска работа и развој на интерперсоналните вештини. Целокупниот систем на образование треба да биде насочен кон студентот со желба да се развијат неговите потенцијали и тие да станат корисни и успешни членови на општеството. Подобрувањето на квалитетот на наставата како и подигнување на студентскиот стандард, потребно е да се реализираат преку неколку предвидени форми и активности, како на пример : зголемување на библиотечниот книжен фонд на сите членки на институцијата, со зголемување на бројот на универзитетски изданија и воведување електронски книжни содржини; електронско поврзување на сите членки на универзитетот со национална библиотека и создавање на ефикасен и функционално поврзан систем, кој ќе биде ставен на располагање на сите субјекти на универзитетот; континуирана анализа на студиските програми и анализа на успешноста на завршените студенти на пазарот на трудот; превземање на иницијатива и мерки за воведување на електронски индекс на студентите (пропишувањето на изгледот, формата и содржината на електронскиот индекс) заеднички иницијативи и заложби со државата за подобрување на условите и сместувачките капацитети во студентските домови; создавање на практика за доделување на стипендии за најдобро рангираните средношколци за упис на универзитетот; промоција и развој на универзитетското радио како гласило на студентите; создавање на услови и можности за доживотно учење: здобивање со квалификации, проширување на знаењето и погледите, здобивање со нови вештини и компетенции, како и збогатување и созревање на личноста, јакнење на личните способности, заложба за задолжителност за основање на Центри за кариера на секоја од членките на универзитетот и др.

6. Универзитет со успешно имплементирани европски и интернационални стандарди - унапредување и управување со квалитетот на високо-образовниот процес.

Заради успешноста и конкурентноста на домашниот и меѓународниот пазар една од основните задачи на раководните лица на универзитетот е да понудат водење политика на континуитет во процесот на управување и унапредувањето на квалитетот како значаен сегмент во делот на професионалната одговорност . Квалитетот на високото образование е еден од најважните приоритети на земјите членките на ЕУ кон која се стреми и нашата држава. Квалитетот на 1 Мобилноста на кадарот е интегрален дел од глобалните цели. Сето тоа неодамна е објаснето во „Стратегијата за мобилност за Европската високообразовна област 2020 ,,Mobility Strategy 2020 for the European Higher Education Area усвоена од Министрите на земјите членки на Европската високообразовна област. Меѓутоа и покрај политичкото внимание кое го предизвикува оваа тема изненадувачки малку информации се достапни поврзани со мобилноста на кадарот на Европско ниво.

високото образование е есенцијален сегмент и од аспект на потребите на пазарот на трудот и слободното движење на работната сила надвор од границите на државата. Потребата за повисок квалитет на образованието е условена од промената на сегашниот систем за обезбедување и вреднување на квалитетот на образованието. Систематската контрола на квалитетот на високото образование претставува начин на верификација на дејноста, слично како што за стопанството е пазарот.

Унапредувањето и управувањето со квалитетот на високо образовниот процес мора да биде заснован на тимска работа каде мотивацијата и управувањето со трошоците се едни од најзначајните фактори за обезбедување квалитет. За да се изгради добар систем кој ќе обезбеди квалитет, неопходна е мотивацијата да се сфати како заеднички поим за сите внатрешни фактори кои ја консолидираат интелектуалната и физичката енергија, иницираат и организираат индивидуални активности, го насочуваат однесувањето на вработените и ја одредуваат насоката, интензитетот и траењето. Управување со трошоците, е еден од столбовите при иградбата и управувањето со квалитетот. Темелна анализа на трошоците овозможува јасна слика за финансиските резултати на институцијата, а со тоа се овозможува управување со вкупните трошоци и остварување на позитивни работни резултати. За реализација на оваа цел потребно е во рамките на универзитетот да се предвиди создадавање на посебен Центар за унапредување и управување со квалитетот на високообразовниот процес

7. Постдипломски и докторски студии - градење соработка: глобална перспектива, повеќедимензионален и интердисциплинарен пристап

Заради одржливо и квалитетно високо образование потребно е да се трага по поефикасни решенија за да одговори на предизвиците, како резултат на лимитираното и недоволно државно финансирање и економските предизвици на глобално ниво. Треба да се продолжи во насока на поврзување и користење на академските ресурси и културните традиции и имплементирање на европската димензија во високото образование и науката, во соработка со постојните и идните партнери. Кога се работи за постдипломски и докторски студии посебно треба да се води сметка за стимулација и мотивација за адекватно здружување и комплементарност на програмите, заради подобра проодност на пазарот на профилираниот кадар. Ќе мора да се настојува да се дојде до сериозно двонасочно поврзување со економските и други субјекти, како и други нарачатели, со кои однапред прецизно ќе бидат дефинирани средствата за финансирање на идните постдипломци и докторанти. И затоа ќе мора да воспостави и развива флексибилент пристап кон потенцијалните економски партнери и соработници во делот на нивната финансиска поддршка, а универзитетот во делот на едуцирање и профилирање на кадри од вториот и третиот циклус на студии, се со цел да се биде ефикасен и да се одговори на брзите општествени промени и барањата на стопанството и пазарот на трудот. Во оваа смисла ќе биде потребно креирање на заеднички студиски програми преку повеќедимензионален и интердисциплинарен пристап се со цел да се постигне компатибилност на програмите со се поголемите и се подинамични современи потреби. Паралелно со воведувањето нови и компатибилни студиски програми потребно е да се размислува во третиот циклус на студии, универзитетот од средствата за заедничи функции да основа Фонд за поддршка на најдобрите студенти на докторските студии и профилите кои се од значење за кадровската политика на универзитетот, што ќе биде регулирано со посебен акт на универзитетскиот Сенат.

8. Насоки за препознатливост на институцијата

Една од најважните компоненти на понудена програма секако дека е желбата и настојувањата институцијата да го добие својот препознатлив имиџ на високо образовна институција каде на пиедестолот се етиката и општествената одговорност. Етиката во една високо образовна инстититуција проследена со негувана организациска култура води кон практикување на општествена одговорност и постигнување прeпознатлив имиџ за стекнување предност во однос на

останатите високо образовни институции во земјата и странство. Заради реализација на оваа посакувана цел потребно е превземање на повеќе мерки и активности како на пример: споделување и ширење личен пример на етичко однесување од страна на сите субјекти на униоверзитетот, градење и негување силна организациска култура во согласност со индивидуалната, организациската и општествената етика во општеството; подигање на свеста на вработените за општествената етика и општествено одговорни стандарди преку континуирана обука и едукација; градење на објективен систем на наградување и санкционирање за почитување или непочитување на етичките кодекси; развивање на модели и практики за поголемо учество и придонес на универзитетот во локалната, националната и меѓународната средина преку инфо- средби, саеми, отворени средби и др.

Препознатливоста ќе се овозможи и ќе биде детерминирана меѓудругото и од бројот на објавени трудови во домашни и меѓународни списанија со фактор на влијание, преку учество во меѓународни проекти и др. За таа цел ќе биде потребно да се предвидат и обезбедат финансиска и друг вид на поддршка на секој универзитетски работник кој ќе аплицира или ќе добие меѓународен проект или пак ќе објави научен труд во списание со фактор на влијание. Во тој контекст ќе биде неопходно да се предиви формирање на посебно одделение кое ќе се занимава со логистичка поддршка, или поточно речено одделение кое не само административно туку и од технички и друг аспект ќе им помага на сите апликанти во подготовката на апликацијата за меѓународни проекти.

9. Стимулирање за користење на методологија и технологија на е-учење

Оваа предложена мерка како едена од составните делови на програма за работа на високо образовна институција е всушност обид за дополна на традиционалното учење без разлика дали се работи за целосно студирање на далечина во класичен облик или пак за комбиниран начин на студирање. За програмите за далечинско учење, системот за управување со квалитет на институцијата треба да обезбеди квалитетот на овие програми во најмала рака да биде еднаков на квалитетот на традиционалните студиски програми. Аспектот за квалитет на далечинското учење треба да се интегрира во постоечките системи за контрола на квалитет, земајќи предвид дека контролата на квалитет кај далечинското учење и традиционалното учење сепак не е иста работа. Заради сето ова потребно е масимално да се испочитуваат усвоените принципи и препораки за овој вид на студирање.

10. Меѓународна соработка

Меѓународната соработка на инситуцијата треба да се заснива на поголема динамика кој е условена од трендот на европеизација и глобализација. Основен акцент треба да биде ставен на интернационализацијата како стратешки процес во сите сфери од универзитетското делување со цел приближување на универзитетот кон европското односно светското семејство на развиени универзитети. Меѓународната соработка отвора широки можности за комуникација со повеќе развиени универзитети од Европа и светот, а тоа пак дава дополнителен импулс за ангажирање на академскиот кадар и за поврзување на институциите од регионот, со цел да се доближат образовните наставно-научни програми, а со тоа да се создадат и услови за нивна компатибилност со оние од развиените европски високо-образовни системи.

Со оглед на улогата, поврзаноста и меѓузависностa на меѓународните академски заедници, како и неопходната потреба за создавање и развивање на научни, технолошки и образовни иновации, меѓународната соработка треба да се фокусира на засилено учество во специјализираните програми и учество во регионалните иницијативи како и непосредна соработка со американските и англиските универзитети, како водечки универзитети во светот.

11. Финансии, инвестиции и развој

Финансирањето на високо образовна институција е едно од најкомплексните прашање кое заслужува посебно внимание поради фактот што сме соочени со ограничени финансиски средства од Буџетот на државата за релизирање на наставно образовниот и научно истражувачкиот процес. Соодветното финансирање е потребно заради реализација на програмите за високо образовна дејност, за оптимализација на унверзитетскиот капацитет и ставање на тежиштето на работата подеднакво како на просторно, така и на техничко, програмско и кадровско зајакнување на сите единици членки на универзитетот и подобрување на квалитетот на нивната работа во духот на функционалната интеграција на универзитетот. Сегашниот модел на финансирање во Република Македонија не обезбедува стабилна иднина на високото образование. Затоа во иднина поребно е да се продолжи да се бараат дополнителни извори на финансирање.

Кога се зборува за финансирање на високото образование основна наша максима мора да биде принципот дека ,,високото образование не е потрошувачка дејност, туку претставува долгорочно инвестирање во хуманите ресурси”. Вака воспоставениот принцип налага појдовна основа за финансирање да бидат годишните планови на членките на универзитетот кои ќе се интегрираат во единствениот годишен финансиски план на универзитетот, со јасно одвојување на буџетот за настава од буџетот за истражување. Една програма според мое убедување потребно е да понуди да се воведе соодветен систем на финансирање по пресметковен блок (тнр. Iитр-ѕит) имајќи го предвид релното чинење на одредените профили, базиран на објективни индикатори и критериуми. Со тоа би се спречила деградација на движечките и витални функции на системот.

Еден од најголемите проблеми со кој досега се соочуваше речиси без исклучок секоја високо образовна институција во државата е проблем кој се провлекува повеќе години наназад, а тоа е несоодветното трезорското управување со финансиските средства, особено на средствата од сметката на сопствените приходи. Досегашниов начин на управување не обезбеди функционалност во реализација на исплатите на средствата од сопствените приходи на единиците на универзитетот и создаде големи потешкотии со реализација на плановите и располагањето со средствата од меѓународни проекти. На овој начин целосно се нарушува автономијата на слободното располагање со остварените средства од сопствените приходи на единиците на универзитетот, а со самото тоа и на целиот универзитет. И затоа понудената програма мора да понуди соработка со Министерството за образование и наука и Министерството за финансии се со цел ваквиот начин на трезорско управување со средствата да се промени со друг посодветен и пофункционален начин.

Понудената програма мора да покаже силна посветеност на потребата од зголемување на процентот од јавното финансирање на високото образование, но и да посочи нови и реални алтернативни извори на финансирање, со цел да се продолжи со реализација на зацртаната визија и мисија како и подигнување на квалитетот на високо образовниот процес. Користена и консултирана литература • Јове Кекеновски – Програма за работа на Унверзитетиот ,,Св. Климент Охридски” – Битола за период 2015 – 2019 година, месец април 2015, Р Македонија,

• Јове Кекеновски – Нова високо образовна политика и стратегија за добивање нови и поквалитетни знаења - трета меѓународна научна конференција на тема ,,KNOWLEDGE – NOW BUT HOW,” 27-30 ноември 2014 год., Банско, Р. Бугарија. • Јове Кекеновски, ,,Влијанието на државата и приватниот капитал врз автономијата и менаџментот на интегрираните универзитети”, Втора Интернационална Конференција: Знаењето- Капитал на иднината, Новите знаења за новите луѓе, Охрид 21-23 мај 2014,

• Cornelia Racké, Eurydice Преглед - Мобилност на кадарот во високото образование, Национални политики и програми, Education, Audiovisual and Culture Executive Agency, 2013,

• Мирослав Андоновски, Интегриран универзитет - легислатива и практика”, XVIII Skup Trendovi razvoja: ,,Internacionalizacija Univerziteta” Kopaonik, 27/02-01/03, 2012,

• Љупчо Печијаревски, ,,Високото образование во Република Македонија-состојби, проблеми и перспективи”, научно списание Еквилибриум бр.6, март, 2012 година, Економски факултет, Прилеп

• Smail Klarić, Esad Bajramović, Fadil Islamović, Atif Hodžić, ,,Integrirani system kvaliteta u visokom obrazovanju” - Naučno-stručni skup sa međunarodnim učešćem, ”Kvalitet 2011”, Neum, B&H, 01 - 04 juni, 2011,

• Srbijanka Turajlić, Staša Babić, Zoran Milutinović, , ,,Alternativna akademska obrazovna mreža”, Evropski univerzitet 2010, Beograd 2009,

• Mobility Strategy 2020 for the European Higher Education Area • Национална програма за развој на високото образование 2005-2015 година, Министерство за образование и наука на Република Македонија, Скопје 2005,

• Закон за високото образование, ,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 35/2008; 103/2008; 26/2009; 83/2009; 99/2009; 115/2010; 17/2011; 51/2011; 123/2012; 15/2013 и 24/2013,

komentari (0)

nema postavljenih komentara

budi prvi koji ce napisati!

ovo je samo pregled

3 prikazano na 9 str.

preuzmi dokument