Evropska Unija i Evro integracii, Slajdovi' predlog Evropski odnosi i evropska unija
kiril-kostoski
kiril-kostoski

Evropska Unija i Evro integracii, Slajdovi' predlog Evropski odnosi i evropska unija

19 str.
111broj poseta
Opis
Konstitucija na Evropska Unija, institicii i Evro integracii
20 poeni
poeni preuzimanja potrebni da se preuzme
ovaj dokument
preuzmi dokument
pregled3 str. / 19
ovo je samo pregled
3 prikazano na 19 str.
ovo je samo pregled
3 prikazano na 19 str.
ovo je samo pregled
3 prikazano na 19 str.
ovo je samo pregled
3 prikazano na 19 str.
,,Институционални промени во ЕУ со Лисабонскиот договор“

 Институционалната рамка на Заедницата согласно Договорот за основање на Европската заедница за јаглен и челик

 Договорот за основање на Европската заедница за јаглен и челик бил потпишан на 30 април 1951 година и стапил на сила на 23 јули 1952 година(земји основачи:Германија, Холандија, Белгија, Франција, Италија и Луксембург)

 Во Договорот биле предвидени четири институции на Европската заедница за јаглен и челик:Висок орган, Парламентарно собрание, Судот на правдата и Советот

 Како главна извршна институција имала моќ да ги донесува и спроведува одлуките на Заедницата

 Била составена од девет независни претставници на владите на шесте земји-членки на Заедницата со мандат од шест години.

 Во надлежност на Високиот орган било да ја надгледува модернизацијата и подобрувањето на производството на производи од јаглен и челик,набавка на производи под исти услови,развојот на заедничката извозна политика и подобрување на работните услови.

 За спроведување на своите политики Високиот орган носел одлуки, давал препораки и мислења.

 Во вршењето на работите од негова надлежност на Високиот орган му помагал Советодавен комитет

 Високиот орган еднаш годишно доставувал извештај до Парламентарното собрание

 Било составено од делегати претставници на националните парламенти на земјите-членки со мандат од една година

 На состаноците на Парламентарното собрание можеле да присуствуваат и членовите на Високиот орган и делегатите на Собранието имале право да им поставуваат прашања на членовите на Високиот орган во врска со работите од нивна надлежност

 Во работата на Собранието можеле да учествуваат и членовите на Советот

 Собранието имало надзорни и советодавни овластувања  1953 година Собранието донело одлука за распоред на

седење на претставниците според политичка определба, а не според државата која ја претставувале делегатите

 Бил составен од по ден претставник од секоја национална влада

 Претседателството било на принцип на ротација од страна на секоја земја-членка за период од три месеци

 Советот се состанувал на иницијатива на претседателот на Советот, на Високиот орган или на која било земја-членка

 Улогата на Советот била да ги усогласува активностите на Високиот орган и воопшто економските политики на владите на земјите-членки

 Советот ги одобрувал одлуките донесени од страна на Високиот орган

 Бил составен од седум судии со мандат од шест години

 Изборот на судии се засновал на зеднички договор меѓу владите на земјите членки

 Судот заседавал на пленарни седници, но постоела можност од формирање на совети од три или пет судии

 Во надлежност на Судот било да одлучува: по одлуките донесени од земјите членки или Советот, за препораките и одлуките на Високиот орган донесени спротивно на надлежноста,за повреди во постапката за донесување на одлуки

 Договорот за основање на ЕЕЗ и Договорот за основање на ЕВРОАТОМ се потпишани на 25 март 1957 година и стапиле на сила на 1 јануари1958 година

 Заеднички органи за трите заедници:Парламентарното собрание и Судот на правдата

-со Римските договори зголемени се надлежностите на Собранието:од право да го разгледува извештајот на Комисијата до право да врши надзор над сите надлежности на Комисијата

-со стапување на сила на Договорот за фузија во 1967 година, Советот и Комисијата станале заеднички институции за трите заедници(ЕЗЈЧ, ЕЕЗ и ЕВРОАТОМ)

-со Римските договори Советот се стекнал со овластување да ги одобрува законските предлози на Комисијата која добила позиција на главен иницијатор во законодавството

 Во 1974 год. бил формиран Европскиот совет како неформално тело на шефови на држави и влади

 одлуките на Европскиот совет иако немале формално обврзувачка сила сепак претставувале рамка во која се донесувале задолжителните одлуки на Заедницата

 Создавање на Евроскиот совет=зголемување на меѓувладините елементи, но за нивно неутрализирање-воведни непосредни избори за Европско собрание

 Првите европски избори во кои се примениле принципите на општост, непосредност,тајност и демократичност се оджале меѓу 7-10 јуни 1979 година кога биле избрани првите 410 члена на Европското собрание

 Единствениот европски акт(ЕЕА) е донесен на 17 февруари 1986 година

 ЕЕА и Европскиот парламент: заменета е постапката на консултација помеѓу Парламентот и Советот со постапка на соработка(Парламентот станува ,,ревизор“ на актите кои ги донесува Советот) и воведена е постапка на давање согласност за одреден акт од страна на Парламентот

 Со ЕЕА формално е втемелена европската политичка соработка

 Со ЕЕА формално е признат и Евроскиот совет  Основан е Првостепениот суд со што се растоварила

работата на Судот на правдата

 ,,Договор за формирање ЕУ“- 7 февруари 1992год:формирана е ЕУ дотогаш непостоечки правен ентитет на меѓународната сцена

 Зајакната улогата на Парламентот: -покрај постапката на соработка воведена е постапката

на соодлучување, можност Парламентот со 2/3 мнозинство гласови да и изгласа недоверба на Комисијата,можност Парламентот да ја покани Комисијата да иницира одреден законски предлог, кандидатите за членови на Комисијата станале предмет на гласање на одобрување во Парламентот

-бил имплементиран тростолбниот систем на функционирање на Унијата(Европски заедници, ЗНБП,Правда и внатрешни работи)

 Договорот од Амстердам бил склучен на 2 октомври 1997 година, а почнал да се применува 1999 година

 Зајакната е улогата на Парламентот во законодавниот процес: постапката на соработка е укината,постапката на соодлучување е поедноставена

 Воведена е процедурална можност за учество на националните парламенти во процесот на консултирање за предлог-закон

 Измена во постапката за избор на претседател на Комисијата ( ЕП дава согласност, а претходно само беше консултиран за

претседателот, а даваше согласност за целата Комисија)  Зголемен е бројот на прашања за кои Советот одлучува со

квалификувано мнозинство  Воведена е институцијата Висок претставник за заедничка

надворешна и безбедносна политика на ЕУ-надлежност

 Совет: редефинирање на пондерираниот систем и воведено е гласање со т.н,,тројно мнозинство, се стекнал со овластување да ги утврдува правилата за основање на европските политички партии

 За потпишување на меѓународни договори Советот може да го овласти Претседателството заедно со Комисијата

 Комисија:утврден е нов состав и број на комесари  Судот на правдата е востановен за највисок

уставен(единствено тој е овластен да дава толкување на основачките договори), Врховен(одлучува по жалби против одлуките на Првостепениот суд)и административен суд(решава во работни спорови, тужби за судска преоцена легалноста на актите, постапки за надомест за нечинење,спорови за обештетување) во Европа

 Да се заменат сите постојни основачки договори со единствен акт -Устав со што Унијата би добила единствен правен субјективитет

 Поедноставување на правните инструменти на Унијата(воведување на европско право,европско рамковно право, европски регулативи)

 Парламентот:освен законодавни и буџетски овластувања да го избира Престседателот на Комисијата

 Европски Совет:нова надлежност-да ги дефинира општите политички насоки и приоритети на Унијата и нов состав

 Совет на министри: измени кај квалификуваното гласање т.е воведување на ,,двојно гласање“(55%од гласовите во Советот или најмалку 15 земји членки кои по бројот на население биле најмалку 65%од населението на Унијата)

 Нови институции:Претседател на Европскиот совет(мандат и надлежности)Министер за надворешни работи

 Договорот од Лисабон е потпишан 13 декември 2007 година, а стапил на сила 1 декември 2009 година

 Дистанцирање од поимот устав и откажување од сите симболи кои на Унијата може да и дадат единствен карактер(химна,знаме итн)

 Договорот од Лисабон ја задржува поделбата на три дела: Договорот за Европска заедница се преименува во Договор за функционирање на ЕУ, Договор за Европска Унија и Повелбата за основните права

 Се укинува постоењето на трите столба вовоедени со Договорот од Мастрихт

 Пред Договорот од Лисабон:

-бројот на пратеници е 732 -право да дава согласност

за изборот на Претседателот на Комисијата

-постапка на соодлучување во односите меѓу Парламентот и Советот

-Постапка на Комитологија во екслузивна надлежност на Советот

 Со Договорот од Лисабон:

-бројот на пратеници е 751 -право да го избира

Претседателот на Комисијата на предлог на Евроскиот Совет

-редовна законодавна постпака

-постапка на ,,делегирани акти“(можност и Парламентот да делегира овластувања на Комисијата)

 Останува ексклузивен носител на правото на законодавна иницијатива во Унијата

 Намалување на бројот на комесари од 2014 година  Останува да делува како ,,чувар“ на Договорите т.е да

се грижи за нивна правилна примена  Влијае врз политиките и приоритетите преку општиот

законодавен план и развојот на стратегии за општа политика на ЕУ

 Преговара и склучува меѓународни договори со други земји и меѓународни организации(со исклучок на ЗНБП)

-пред Лисабон Комисијата преговараше во името на Заедницата, со Лисабон:преговорите ги води овластен прговарач назначен од Советот по препорака на Комисијата

 За прв пат формално правно се стекнува со статусот институција

 Суштински учесник во процесот на одлучување и главен модератор на постојните, а преку правото да свикува меѓувладини конференции и креатор на идните измени во Унијата

 Го избира Претседателот на Европскиот Совет  Го избира Високиот претставник за надворешна и

безбедносна политика  Го предлага кандидатот за Претседател на Комисијата  Одлучува за составот на Советот(освен за Советот за

општи работи и Советот за надворешни работи)

 Се избира од Европскиот Совет со мандат од 2,5 години  Надлежност: -да претседава и да ја води работата на Европскиот Совет -да обезбеди континуитет во работата на Советот заедно

со претседателот на Комисијата -да настојува да го олесни единството и консензусот во

работата на Европскиот совет -да доставува извештај до Европскиот парламент по

завршување на состанокот на Европскиот совет -да го обезбеди надворешното претставување на Унијата

за прашања од ЗНБП, во согласност со надлежностите на Високиот претставник на Унијата за надворешна и безсбедносна политика

 Договор од Амстердам:Високиот претставник заедно со Генералниот секретар му помагаат на Советот за сите прашања од надворешно политички и безбедносен карактер

 Високиот претставник е заменик на Генералниот секретар на секретаријатот на Советот

 Договор од Лисабон: Високиот претставник е самостоен во своите надлежности

 Високиот претставник е еден од потпретседателите на Комисијата и претседава со Советот за надворешни работи

 Во извршувањето на неговите надлежности му помага Европската служба за надворешна акција

nema postavljenih komentara
ovo je samo pregled
3 prikazano na 19 str.