Geotermalna energija, Beleške' predlog Ekonomija agrara. Univerzitet u Beogradu
Maci4ka
Maci4ka

Geotermalna energija, Beleške' predlog Ekonomija agrara. Univerzitet u Beogradu

16 str.
121broj poseta
Opis
Geotermalna energija definicija, poim i nejzino iskoristuvanje
20 poeni
poeni preuzimanja potrebni da se preuzme
ovaj dokument
preuzmi dokument
pregled3 str. / 16
ovo je samo pregled
3 prikazano na 16 str.
preuzmi dokument
ovo je samo pregled
3 prikazano na 16 str.
preuzmi dokument
ovo je samo pregled
3 prikazano na 16 str.
preuzmi dokument
ovo je samo pregled
3 prikazano na 16 str.
preuzmi dokument

ГЕОТЕРМАЛНА ЕНЕРГИЈА – ПОИМ И НАСТАНУВАЊЕ

Во потесна смисла геотермалната енергија е оној дел од енергијата од длабочината на Земјата која во облик на врел или топол геотермален медиум/ флуид (вода или пареа) доаѓа до површината на Земјата и е соодветен за искористување во изворен облик или за претворање во други облици (електрична енергија, топлина, топлински системи и др.). во природата најчесто се појавува во вид на гејзери, вулкани или врели извори. Поимот геотермална потекнува од двата грчки зборови geo (earth) - земја и thermе (heat) – топлина што значи топлина на земјата, па според тоа топлинската енергија на Земјата се нарекува уште и геотермална енергија. Топлината во внатрешноста на Земјината кора е резултат на спорото распаѓање на радиоактивните елементи, егзотермни хемиски процеси (како оскидација на сулфиди, кристализација, стврднување на растопените карпи и др.) како и триењето кое настанува при движењето на тектонските маси. Количината на оваа енергија е толку голема што се смета за скоро неисцрпна, бидејќи водата се обновува преку дождот, а топлината се генерира константно во јадрото на Земјата, поради што геотермалната енергија се смета за обновлив извор на енергија.

Геотермалната енергија е последица на разни процеси кои се одвиваат на различни длабочини на Земјата каде што температурата изнесува повеќе од 4000 oC. Помал дел од таа енергија потекнува од обвивката на Земјата, односно од надворешниот слој на Земјата, заради распаѓање на радиоактивните елементи кои се наоѓаат во матичните карпи. Основниот медиум кој ја пренесува топлината од внатрешноста на Земјата на површината е водата или пареата. Водата се обновува преку дождот кој се пробива длабоко во внатрешноста на Земјата преку пукнатините, каде што се загрева и циркулира назад на површината во вид на гејзери или топли извори.

Површинската кора на Земјата е длабока од 5 до 50 километри и составена е од карпи. Материите од внатрешниот слој непрестано излегуваат на површината низ вулканските отвори и пукотини на дното од окенаите. Под кората се наоѓа обвивка (мантил) која се протега до длабочина од 2900 километри, а составена е од соединенија богати железо и магнезиум. Под сето тоа се наоѓаат два слоја на јадрото – течен слој и тврд слој во самото јадро на планетата. Полупречникот на Земјата е отприлика 6378 километри и никој не знае што точно се наоѓа во внатрешноста. Овие научни претпоставки за изгледот на внатрешноста на Земјата се темелат на експерименти во услови на висок притисок и високи температури.

ГЕОТЕРМАЛНИ ИЗВОРИ И НИВНАТА ПОДЕЛБА

Геотермалните извори може да се поделат на неколку основни начини: 1. Според степенот на истраженост, односно потврденоста на лежиштето; 2. Според видот на лежиштето; 3. Според температурата на медиумите (топла или врела вода или пареа).

Геотермалната енергија и нејзиното искористување

1

1. Според степенот на истраженост на лежишта, односно познавањето на хемискиот состав и физичките својства на медиумот (вода или пареа), параметрите потребни за нивно утврдување и можностите за искористување геотермалните извори се делат на:

Утврдени : профитабилни или непрофитабилни • Потенцијални

2. Според температурата на медиумите геотермалните извори можат да бидат: • Нискотемпературни – горната граница на температурата е меѓу 90 oC и 150 oC • Среднотемпературни – температурата е во граница од 90 oC до највеќе 225 oC • Високотемпературни – долната граница на температурата е меѓу 150 oC и 225

oC

3. Според видот на геотермалното лежиште геотермалните извори може да се поделат според:

А) Напојувањето, односно начинот на кој што медиумот влегува и излегува од лежиштето:

• Со природен влез (напојување) и излез • Извор на вода со природен влез и вештачки излез преку избушена дупка • Со вештачки влез и излез на вода (преку избушени дупки)

Б) Термодинамичкиихидролошкисвојства: • Извори на топла или врела вода (гејзери) – најчест и најпрепознатлив начин на доаѓање на загреаната вода од длабочината на површината на Земјата. Потекнуваат од врелата вода која се наоѓа заробена во искршените и порозни карпи на помали и средни длабочини (од 100 до 4500 метри). Притоа медиумот во најголем дел е во течна фаза, а во многу мал дел во облик на пареа (како меурчиња).

• Извори на сува водена пареа – на светот се многу ретки, но се сметаат за наједноставни и најисплатливи за експлоатирање бидејќи природната сува водена пареа може директно да се користи за погон на парните турбини.

• Лежишта на вода и гасови под висок притисок – се наоѓаат на големи длабочини (од 3000 до 6000 метри). Водата при тоа е со умерена температура ( меѓу 90 oC и 200 oC) и содржи растворен метан.

• Врели и суви карпи (магма) – се наоѓаат во непропустливи слоеви на големи длабочини и имаат високи температури (меѓу 700 oC и 1200 oC).

ПОТЕНЦИЈАЛ НА ГЕОТЕРМАЛНАТА ЕНЕРГИЈА

Геотермалниот потенцијал ја опишува количината на енергија која може да се искористи од геотермалниот облик на енергија. Светскиот геотермален потенцијал е огромен и е скоро 35 милијарди пати поголем отколку што изнесуваат досегашните потреби за енергија, но само многу малку од таа енергија може ефективно (исплатливо) да се искористи, и тоа само до длабочина од

Геотермалната енергија и нејзиното искористување

2

5000 метри. Покрај тоа овој вид на енергија ја има околу 50 000 пати повеќе од целата енергија која може да се добие од нафтата и природниот гас во целиот свет. Геотермалните ресурси се наоѓаат во широк спектар на длабочини, од плитки и површински до повеќе километри длабоки резервоари на врела вода и пареа која може да се донесе до површината и да се искористи. Се проценува дека топлинскиот тек од внатрешноста до површината на Земјата изнесува 42 TW. При тоа 8 TW потекнува од Земјината кора (која чини само 2% од вкупмиот волумен, но е богата со радиоактивни изотопи), 32,3 TW од обвивката (82% од волуменот), а само 1,7 TW од јадрото (чини 16% од волуменот, но нема изотоп). Целокупната геотермална енергија на Земјата би можела да се процени на 12,6 × 1024 MJ, а на кората на 5,4 × 1021 MJ. Енергијата која се користи моментално се проценува на 17,6 · 1010 MJ за електрична енергија и 19,0 · 1010 MJ за топлинска енергија.

ПРИМЕНА И ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ГЕОТЕРМАЛНАТА ЕНЕРГИЈА

Постои поголем број начини на искористување на геотермалната енергија почнувајќи од нејзиното користење во изворен облик до нејзината употреба за создавање на други облици на енергија. Во некои земји изворниот облик на геотермална енергија со години се користел за потребите на рекреационо-лековити бањи. Меѓутоа, искористувањето на овој вид на енергија не се ограничило само за лековити цели туку е насочено и за греење на домаќинствата, индустриските објекти, како и во процесот за добивање на електрична енергија. Ваквиот вид на енергија исто така може да се искористи и во процесот на сушење дрво, во областа на земјоделието, во производството на хартија, пастеризацијата на млеко, базени за пливање итн.

УПОТРЕБА НА ГЕОТЕРМАЛНАТА ЕНЕРГИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Најзначајниот облик за користење на геотермалната енергија е производството на електрична енергија, при што нема палење на фосилни горива и емисија на штетни гасови во атмосферата, се испушта само водена пареа. Принципот е ист како кога електричната енергија се произведува во термоелектраните на јаглен или мазут. Разликата е само во начинот на кој се добива водената пареа. Основниот принцип е да се користи врела вода или пареа од Земјата за покренување на генераторот. Ладна вода се впумпува на врели гранитни карпи кои се наоѓаат блиску до површината, на површината излегува вода или пареа чија температура изнесува преку 200 oC и под висок притисок ги покренува турбините. Почетоците на користење на топлината на Земјата за генерирање на електрична енергија се поврзани со мало место Ландарело во Италија. Таму во 1904 година почнало експериментирањето со ваквиот облик на производство на електрична енергија, кога пареата е употребена за покренување на мала турбина којашто напојувала пет сијалици, со што тој експеримент се смета за прва употреба на геотермалната енергија за производство на електрична енергија. Таму во 1911 година е започната градбата на првата геотермална електрана која е завршена во 1913 година чијашто номинална

Геотермалната енергија и нејзиното искористување

3

моќност била 250 kW. Овој објект и денес напојува околу милион домаќинства т.е. се произведуваат скоро 5000 GWh годишно, што е околу 10% од вкупното светско производство на струја од геотермални извори. Иако геотермалната енергија е обновлив извор, сепак притисокот на пареа во Ландарело е намален за 30% во 1950 година.

Моментално се користат три принципи на геотермална енергија:

1. Принцип на сува пареа (Dry steam) – се користи изворнаврела пареа, чија температура е над 235 oC. Таа пареа се користи за директно покренување на турбината на генераторот. Ова е наједноставниот и најстариот принцип кој сеуште се користи бидејќи е далеку најефтин принцип на генерирање електрична енергија од геотермални извори. Моментално најголемата електрана која го користи овој принцип се наоѓа во Северна Каролина и се нарекува The Geysers, а произведува електрична енергија уште од 1960 година. Количината на произведена електрична енергија од овој објект е доволна за снабдување на градови со големина како Сан Франциско.

2. Flash принцип (Flash steam) – се користи врела вода од геотермалните резервоари која е под голем притисок и на темепература од 182 oC. Со пумпање на водата од тие резервоари кон електраните притисокот на површината се намалува, па врелата вода се претвара во пареа која е покренувач на турбината. Водата која не се претворила во пареа се враќа назад во резервоарот за повторна употреба. Повеќето модерни геотермални електрани го користат овој принцип на работа.

3. Бинарен принцип (Binary cycle) – водата која се користи кај овој принцип е поладна од водата која се користи кај останатите принципи за генерирање на електричната енергија од геотермалните извори. Кај бинарниот принцип врелата вода се користи за греење на течности кои имаат значително пониска температура на вриење од водата, а таа течност испарува на температурата на врелата вода и ја покренува турбината на генераторот. Предноста на овој принцип е поголемата ефикасност на постапката, а и достапноста на потребните геотермални резервоари е многу поголема отколку кај другите постапки. Дополнителна предност е потполната затвореност на системот со оглед на тоа дека употребената вода се враќа назад во резервоарот, губитокот на топлина е намален, а скоро и да нема трошоци.

Кој принцип ќе се користи кај изградбата на новите електрани зависи од видот на геотермален извор на енергија, односно од температурата, длабочината и квалитетот на вода и пареа во одбраниот регион. Во сите случаеви кондензираната пареа и остатоците од геотермалните течности се враќаат назад во дупките и со тоа се зголемува издржливоста на геотермалниот извор.

УПОТРЕБА НА ГЕОТЕРМАЛНАТА ЕНЕРГИЈА ЗА ПОТРЕБИТЕ ЗА ГРЕЕЊЕ

Геотермалната енергија уште од времето на Римското царство се користела за греење на зградите. Во последно време под терминот геотермално греење се подразбира греењето

Геотермалната енергија и нејзиното искористување

4

и ладењето на простории со користење на топлински пумпи. Таквите системи се во можност да ја пренесат топлината во и од тлото со минимална потрошувачка на електрична енергија. Во ваквите системи за греење врелата вода од производните дупки преку пумпите се носи до системот за греење или разменувачите на топлина.

Најголемиот систем кој служи за греење се наоѓа на Исланд, односно во неговиот главен град Рејкјавик во кој скоро сите згради користат геотермална енергија, па дури 89% од исландските домаќинства се греат на тој начин. Иако Исланд е уверливо најголемиот искористувач на геотермална енергија по глава на домаќинство, сепак таа се искоритува и во подрачјата на Нов Зеланд, Јапонија, Италија, Филипини, некои делови на САД како што е Сан Бернардино во Калифорнија, како и во главниот град на Ајдахо, Бојзи.

Топлинските пумпи се уште една од употребата на геотермална енергија. Топлинските пумпи трошат електрична енергија за циркулација на геотермалните течности, а тие точности подоцна се користат за греење, ладење, готвење и припрема на топла вода и на тој начин значително се намалува потребата за електрична енергија.

Се користат два типа на системи на греење:

1. Отворен систем (директно) – геотермалната енергија се користи за директно греење. Се искористува геотермалната вода која се произведува во дупките, а после предавањето на топлината може да се врати во дупките или да се испушти во водотеците или канализацијата. Единствена маана на овој систем е што ваквиот тип на греење може да се користи на местата каде водата има задоволителен квалитет.

2. Затворен систем (индиректно) – геотермалниот флуид не се користи изворно, туку вкопаниот изменувач на топлина ја презема топлината од Земјината кора или флуидот од дупката. Се карактеризира со постоење на две струјни кола. Флексибилниот систем овозможува супституција на геотермалната енергија со друг извор на енергија.

УПОТРЕБА НА ГЕОТЕРМАЛНАТА ЕНЕРГИЈА ЗА ДРУГИ НАМЕНИ

Геотермалната енергија се користи и во земјоделството за зголемување на приносот. Може да се користи и во индустријата за сушењена растителниот материјал, пастеризација, дехидрација итн. Водата од геотермалните резервоари се користи за греење на стаклениците за производство на цвеќиња и зеленчук. Под греење на стакленикот не се зема во предвид само греењето на воздухот, туку се грее и тлото на кое растат билките. Со употреба на оваа енергија во стаклениците производствените трошоци можат да се намалат и до 35%. Овој начин се користи со векови во Централна

Геотермалната енергија и нејзиното искористување

5

Италија, а Унгарија моментално покрива 80% енергетски потреби на стаклениците со геотермална енергија. Некои од другите употреби на геотермалната енергија се во одгледувањето на риби, разни видови на индустриски употреби, балнеологија – употреба за рекреација и лекувалишта (бањи) и слично.

ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ

Геотермалната енергија има бројни предности во однос на традиционалните извори на енергија базирани на фосилни горива. Најголемата предност е тоа што е чиста и сигурна за околината. Методата која се користи за добивање на електрична енергија не создава емисија на штетни гасови за околината. Користењето на геотермалната енергија го намалува користењето на фосилни горива, а со то и емисијата на таканаречените стаклени гасови. Друга предност е фактот дека се работи за обновлив извор на енергија, односно загревањето на внатрешноста на Земјата непрестано извира од нејзината внатрешност.

Геотермалните електрани заземаат мал простор (за разлика од хидроелектраните чиишто брани причинуваат потопување на големи површини). Покрај тоа, заради малото зафаќање на простор таквите електрани се многу сигурни. Геотермалната енергија е сигурна бидејќи не зависи од метеоролошките влијанија (за разлика од хидроелектраните кои зависат од количината на вода која ја имаат на располагање или пак соларните системи кои не можат да работат навечер и зависат од метеоролошките прилики). Електричната енергија од геотермалните извори може да се произведува 24 часа на ден. Геотермалните електрани имаат многу ниски трошоци за производство. Бараат само енергија покренување на водните пумпи, а таа енергија ја произведува електраната сама за себе.

Најголемиот недостаток е тоа што нема многу локации кои се прикладни за искористување на геотермалната енергија и кои се погодни за изградба на геотермални електрани. Најдобри локации се оние кои имаат доволно врели капи на длабочина погодна за бушење и кои се доволно меки. Тука е и фактот што најсоодветните подрачја за искористување на геотермалната енергија се во подрачјата со изразена вулканска активност што значи дека распространетоста на соодветни подрачја не е голема. Геотермалната енергија неможе да се транспортира и поради тоа со топлина може да се снбдуваат само околните места. Проблем кај користењето е испуштањето на материја и гасови од длабочината на Земјата кои можат да бидат штетни кога ќе излезат на површина. Најопасен е водород сулфидот кој е многу корозивен и многу е тешко правилно да се отстрани. Статистиките покажуваат дека е зголемена појавата на потреси во регионите каде се користи геотермалната енергија.

Четирите основни фактори кои влијаат врз донесувањето на одлуката за користење на геотермалната енергија се: достапноста на геотермалните извори; карактеристиките на

Геотермалната енергија и нејзиното искористување

6

геотермалните дупки и геотермалниот медиум; локалната стопанска традиција; и потенцијалниот пазар.

KORISTEWE NA GEOTERMALNATA ENERGIJA VO SVETOT

Vo sega{no vreme, geotermalnata energija se koristi vo okolu 46 dr`avi niz celiot svet. Proizvedenata elektri~na energija vo tie zemji e okolu 45TWh/a, i direktnoto koristewe na taa koli~ina e okolu 37TWh/a. Vo Evropa, direktnoto koristewe na geotermalna energija e relativno dobro razvieno, i ima dobri uslovi za ponatamo{no podobro razvivawe. Geotermalnoto proizvodstvo na elektri~na energija e ednakvo razvieno i zastapeno vo dobro razvienite i industriski dr`avi. Vo svetot najgolem del od geotermalata energija se koristi za ogrev i odr`uvawe na temperaturen re`im pod 100°C.

Geotermalnata energija nao|a upotreba vo: -ogrev 35% -bazeni 15% -industrija 10% -klimatizacija 1% -toplotno iskoristuvawe 13% -ostanato 2%

Sl.5 Koristewe na Geotermalnata Energija vo Svetot

Pri sozdavaweto na geotermalnata energija igraati i vulkanite so 10% od svojata aktivnost, a dobienata energija pokriva okolu 11.000MW. Najmnogu geotermalna energija vo evropa se iskoristuva vo Italija, Grcija i Island. Najgolemata elektrana na geotermalnata energija vo Evropa bila izgradena vo Italija vo 1913 godina, i imala elektri~na mo}nost od 390MW. Italija e po~etnik vo iskoristuvaweto na geotermalnata energija, i denes obezbeduva elektri~na energija so mo}nost okolu 800MW. Vo Island se proizveduva pribli`no 170MW, a Grcija 12MW. Azija ima golemi geotermalni potencijalni zoni, pred se vo: Turcija, Avganistan, Severna Indija i drugi mesta. Na podra~jeto na Avstralija ima vo: Nov Zeland i Pacifi~kite Ostrovi kade geotermalnata energija se iskoristuva za dobivawe na elektri~na mo}nost pribli`no 2500MW (samo vo Filipinite 2200MW). Golem potencijal e neiskoristen na Havajskite ostrovi kade doprva treba da se iskoristuva. Vo Kalifornija e izgradena najgolemata elektrana so elektri~na mo}nost od 907 MW. Afrika ima golem neoiskoristen geotermalen potencijal, vo Kenija, Tanzanija i Gvatemala.

Sl.6 Koristewe na elektri~na mo} od geotermalnite elektrani vo period od 1982 do 2005 godina

Геотермалната енергија и нејзиното искористување

7

Najgolema mo} imaat geotermalnite elektrani vo Filipinite so 1.96GW, Italija 0.68GW , Meksiko 0.7GW Indonezija, Japonija, Nov Zeland od 0.5-0.6GW, Kostarika 0.1GW i dr.

GEOTERMALNATA ENERGIJA VO EVROPA

Okolu iljadnici godini, geotermalnite izvori se koristele za kapewe, miewe i gotvewe vo mnogu zemji. Se u{te ima urnatini od bawi, koi datiraat od Rimskata Imperija, koi se nao|aat na najrazli~ni mesta {irum Evropa. Za vreme me|u dvete svetski vojni imalo ku}i koi se zatopluvale so pomo{ na geotermalna voda, {irum evropskite dr`avi. Krizata za nafta vo ranite 1970 godini vo Evropa, predizvika nov bran na entuzijazam vo vrska so zatopluvaweto na ku}ite so geotermalna voda koja se ispumpuva od golemite bazeni na geotermalnite izvori na voda. So pa|aweto na cenata na naftata i gasovite vo 1986 koristeweto na ovoj vid na zatopluvawe be{e neisplatliv i pomalku ekonomi~en.

tabela 1. Elektri~no proizvodstvo i direktna upotreba na Geotermalnata energija vo 1997 godina

MW-e GWh/a MW-th GWh/a Evropski dr`avi 754 3,832 1,031 3,719 Avstrija Belgija Belgija Danska Finska Francija Germanija Grcija Irska Italija Portugalija [vedska Britanija Bosna i Hercegovina Bugarija Hrvatska ^e{ka Island

Геотермалната енергија и нејзиното искористување

8

Izrael Ungarija Makedonija Polska Romanija Rusija Srbija Slova~ka Slovenija [vajcarija Turcija Ukraina Кипар

Геотермалната енергија и нејзиното искористување

9

Kako {to e poka`ano vo tabelata 1, svetskata upotreba na geotermalnata energija e okolu 44TWh/a za elektri~no proizvodstvo i okolu 35TWh/a direktno koristewe. Spored istra`uvaweto na geotermalniot potencijal (spored Bjornson), proceneto e deka koristlivite i dopirlivite resursi za proizvodstvo na elektri~na energija e okoli 12 000 Twh/a. Mnogu mal del od geotermalniot potencijal e iskoristen do sega, no ima dovolno prostor i razviena tehnologija za koristewe an geotermalnata energija vo idnina. Tabelata ni poka`uva deka postojat podatoci za koristewe na geotermalnata energija vo 30 Evropski zemji vo 1997 godina. Italija e najgolemiot proizvoditel na geotermalnata energija vo sklop so Evropskata Unija, a najgolemite potro{uva~i se Italija i Francija. Za ostanatite Evropski zemji, glavna karakteristika e deka koristeweto na geotermalna energija e dobro razvieno, so ogled na toa deka elektri~nata energija se koristi vo golem obem. Vo dene{no vreme koristeweto na geotermalnata energija vo Evropskite zemji koi ne se vo Evropskata Unija, e povisoko za okolu 400% otkolku na zemjite koi se vo Evropskata Unija. Totalnoto proizvodstvo na elektri~na energija, vo Evropa e okolu 4 TWh vo edna godina. So proizveduvaweto na geotermalnata energija vo Evropa, se namalila emisijata na {tetnite gasovi vo atmosferata: okolu 5 milioni toni carbon dioxide, 46 iljadi toni sulphur dioxide, 18 iljadi toni nitrogen oxides, i drugo. Koristeweto na geotermalnata energija vo Evropa e okolu 20 TWh/a. Koristeweto na ovoj tip na energija e relativno porazvien vo Evropa otkolku vo mestata koi se nao|aat nadvor od nea. Spored toa deka proizvodstvoto na geotermalna energija e zgolemeno za 9% od 1975 do 1995 godina, i koristeweto na taa proizvedena energija e zgolemena za 6% vo poslednata godina, se procenuva deka vo narednite dve ili tri naredni decenii koristeweto na geotermalna energija }e se zgolemi za 10-15%. GEOTERMALNITE IZVORI SE IDNINATA NA TOPLINSKATA ENERGIJA

Геотермалните енергетски ресурси се слабо истражени во Македонија. Но, и тоа што е познато дозволува да се заклучи дека станува збор за ареа со богати и релативно лесно достапни ресурси. Познати се 18 геотермални полиња, со повеќе од 50 термални извори и дупки на топла вода. Вкупниот излив е некаде околу 1.000 l/s , со температура од 20-78°C. Од енергетски аспект, а според реално расположивите технолошко знаење и можности во земјава, тоа е енергетски ресурс од околу125MWt. Постојат официјални процени дека со минимални инвестиции овој ресурс во рок од пет години може најмалку да се удвои, со плански стратегиски пристап во период од 10 до 15 години да се развие до 350MWt, а за 25 години до 1.000MWt. Долгорочно гледано, за производство на толинска енергија не постои позначаен енергетски ресурс во земјава.

KORISTEWE NA GEOTERMALNATA ENERGIJA VO MAKEDONIJA

Геотермалната енергија и нејзиното искористување

10

Република Македонија спаѓа во земјите што се релативно богати со геотермални извори и е едно од најбогатите подрачја со геотермални води на Балканот, но искористеноста на овој најчист еколошки енергент е речиси на почетно ниво. Во Македонија се евидентирани над 25 природни извори на геотермални води со температура поголема од 21 степен, а има и 18 локалитети со термални води: Волково, Стрновец, Подлог, Крупиште, Истибања, Тркање, Бања, Смоквица, Л’џи, Топли дол, Топлик, Мрежичко, Горницет, Повишица, Добрево, Раклеш, Топлец, Дерибаш. Македонија може да обезбеди производство на значајни количества електрична енергија ако посериозно се сврти кон Кратовско – Злетовската вулканска област каде што на длабочина од две до три илјади метри постојат огромни количества топли води со температура од 120 до 130 °C.

Во Македонија моментално се експлоатираат околу педесетина локалитети кои главно се сконцентрирани во југоисточниот дел – Струмичко, Кочанско, Штипско, Гевгелиско, Кумановско, Виничко. Како можност за економски просперитет на располагање стојат геотермални води со капацитет од 1300 l/s, а се користат околу илјада литри. Кочанскиот геотермален басен е најобемен на Балканот – со експлоатација на околу еден милион метри кубни годишно, со температура од 76 °C и заштеда на 4.000 тони мазут.

Пред некое време е одржана презентација на проектот „Геотермална енергија во Македонија – Кочанска депресија“ со цел да се промовираат геотермалните потенцијали на Македонија, со посебен акцент на Кочанската котлина. Според Стратегијата за искористување на обновливите извори на енергија во Македонија до 2020 година, се предвидува од геотермалните води да се произведуваат од 400 до 440 GW/h електрична енергија.

Македонија има долгогодишно искуство во искористувањето на геотермалната енергија. Меѓутоа, последните 20 години за Македонија се период на стагнација на геотермалниот развој. Немаше инвестиции ниту во истражувања, ниту во развој на нови проекти. Како резултат на тоа значително опадна искористувањето на геотермалната енергија во последните неколку години. Од 21 ktoe годишно во 2001 година се сведе на 9 ktoe (околу 400 TJ; 110 GWh) во 2006 година. Во вкупното искористување на примарна енергија, геотермалната учествува со околу 0,4% и во потрошувачката на финална енергија со 0,5%.

Територијата на Република Македонија припаѓа на Алпско-Хималајската зона, со субзони без никаква современа вулканска активност. Засега се познати 18 геотермални полиња, со повеќе од 50 геотермални извори и дупнатини. Вкупниот излив е некаде околу 1000 l/sek, со температури од 20-78 ºС. Топлите води се во главно од хидрокарбонатна природа, со оглед на нивната доминантна анионска и мешана со еднакво присуство на натриум, калциум и магнезиум структура. Растворените минерали се во граница од 0,5 до 3,7 g/l.

Сите термални води во Македонија се со метеорско потекло. Топлотниот извор е регионалниот проток на топлина, а тој во Вардарската зона е околу 100 mV/m2, при

Геотермалната енергија и нејзиното искористување

11

дебелина на земјината кора од околу 32 km. Користењето на термалните води во Македонија се состои од неколку геотермални проекти и повеќе бањи. Сите се комплетирани и работат од 80- тите години на минатиот век.

Искористувањето на овој потенцијал за енергетски потреби е на локално ниво. Со оглед на релативно ниската температура (највисоката е 78 ºС, во Кочанскиот регион) таа се користи исклучително за задоволување на потребите за греење. Основно (доминантно) се користи за затоплување на оранжериски комплекси. Во индустријата (во Кочани) се користеше за греење на административни објекти и за подготовка на топла вода во фабриката за хартија (која сега е сè уште надвор од погон подолг временски период).

За греење на објекти се користи минимална количина на енергија неколкуадминистративни објекти во Кочани, хотелскиот комплекс „Цар Самуил“ со сместувачките капацитети во околината, како и објектот во Негорски бањи). Досега истражениот геотермален потенцијал покажува дека во Македонија нема извори кои овозможуваат производство на електрична енергија. За таа намена потребна е температура на геотермалната вода од најмалку 120 ºС, за проектот да биде економски исплатлив. Одредени студии индицираат дека на длабочини од околу 5000 m може да се најде пареа со температура повисока од 100 ºС.

Меѓутоа цената за бушење на длабоки бунари е поголема од милион долари по бунар. Оваа сума не може да се покрие со постоечките цени на произведената електрична енергија од евентуалната електрана.

При сегашните капацитети на геотермалните извори не може да се очекува зголемување на користењето на геотермалната енергија за греење на згради во Кочани, затоа што и постоечкиот потенцијал е на граница назадоволување на приклучените оранжериски комплекси, а и подземниот капацитет (количина на вода која може/смее да се користи) е лимитиран. При доста пониски температури на надворешниот воздух, и во оранжериите мораат да ја догреваат водата, или да ја спуштат температурата во заштитениот простор на граница на преживување на растенијата, или да ја жртвуваат целата жетва.

Во последно време има одредени активности за модернизација на геотермалниот систем „Геотерма“ во Кочани кои се реализираат преку финасиска билатерална помош од Владата на Австрија. Во Истибања кај Виница минатата година е избушен нов бунар. Во тек е изградба на нов експлоатациски бунар и нови истражни дупчења во локалитетот на Кочанско поле. Со вложување на дополнителни средства во истражувачки работи, се предвидуваат дополнителни капацитети и во Струмичката област. Се предвидува и делумно враќање на искористената геотермална вода назад (реињектирање), преку постоечките бунари во бањата Банско, со претходно елиминирање на колоидните материи, насобрани во водата.

Геотермалната енергија и нејзиното искористување

12

Постојат и приватни иницијативи за нови бунари. Има активности и во Дојран. Се работи и Студија за дупчење на бунари за електрана од 5 MW во Кочани. Постои и студија за бинарна електрана со моќност од 750 kW. Започнувањето на активностите за истражување на нафта секако ќе придонесе и во изнаоѓање на нови извори со повисоки температури на водата.

Потенцијалот на користењето на геотермалната енергија за греење на оранжерии треба да се постави во корелација со развојот на земјоделството и потребата од оранжерии. За остварување на оваа цел, покрај веќе превземените активности, потребни се дополнителни акции и од страна на локалната самоуправа и од страна на Владата.

SOSTOJBATA NA GEOTERMALNA ENERGIJA VO [TIP

Македонија лежи на огромни количества геотермални води. Од Истибања кај Виница, преку Кочани, Штип, Гевгелија и Струмица, па се до долината на реката Вардар се лоцирани неисцрпни подземни езера со овој голем природен енергетски благодат. Но, освен Кочани, кое цели три децении работи на искористувањето на топлите води, во другите региони не е направено речиси ништо за нивно профункционирање. Се смета дека се користат само 0,3 отсто од топлите води. Во Штип, на пример, приказната за создавање голем европски центар за бањско рекреативен туризам, кој главен адут ќе ги има лековитите води на надалеку познатата Кежовица, трае со децении, но дури годинава локалната власт прави конкретни активности. Во почетокот на седумдесеттите години на минатиот век, кога фати енергетската криза, општината се сети на ова свое природно богатство кое во тоа време се користеше само за малата бања во селото Бања, во која луѓето ги користеа геотермалните води за бањање и за перење алишта. Тогаш беше забележано и лековитото дејство на овие води. Од тој момент започнаа истражувањата на целата Кочанска Котлина, на простор од 400 квадратни километри. Општината го формира претпријатието "Геотерма", кое работи во состав на КЈП "Водовод". Истражните работи покажаа дека нашата котлина лежи на големо топло езеро, каде што се досега утврдени резерви од 150 милиони кубни метри вода. Направени се осумнаесет дупчења на длабочина од 300 до 500 метри, а капацитетот е 300 литри вода во секунда со температура од 72°C, вели Јордан Наунов, менаџер на "Геотерма". Тој додава дека истражните работи ќе продолжат на јужниот дел од котлината, каде што се смета дека температурата на водата достигнува и до 110°C. Во оваа општина геотермалните води се користат за повеќе намени. Со нив се загреваат 18 хектари оранжерии, а скапиот мазут замина во историјата. Неколку згради во централното подрачје на градот - две училишта, судската зграда, два индустриски објекта имаат греење со оваа топлинска енергија. Геотермалните води се основа и за производство на кисела вода во "Аква вита", која со квалитетот се проби и на странскиот пазар. Наунов, кој важи за еден од најголемите стручњаци за геотермални води во Македонија, вели дека Кочани е прв град во државава која од Регулаторната комисија добил лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со геотермални води. "Во моментов работиме на проектот за еколошка санација и економска рационализација, за кој имаме најави дека ќе биде дониран од австриската влада. Во суштина, тоа ќе значи заокружување на системот во еден функционален и

Геотермалната енергија и нејзиното искористување

13

повеќедимензионален систем", вели тој. Општина Кочани, според градоначалникот Љубомир Јанев, ќе ги стави геотермалните води во уште поголема развојна функција со планираната изградба на бањскиот спортско-рекреативен центар за кој пројавија интерес и неколку странски инвеститори. Деканот на Рударско-геолошкиот факултет, д-р Тодор Делипетров, потврдува дека геотермалните води ги има во изобилство, главно, во источниот и помалку во јужниот дел на Македонија. Освен Општина Кочани, никоја друга не му посвети внимание на овој благодат на природата. Штип се задоволи со својата Кежовица како бања и како физикална терапија и со досега констатираниот капацитет од 2-3 литри топла вода во секунда. Штип е најнеистраженото подрачје во оваа смисла, иако најавите за неговите потенцијали се исклучително ветувачки. Кај селото Крупиште се направи дупчења на осумдесетина метри и таму сега слободно истекува геотермална вода која има 42 °C. Никој повеќе не се зафати да истражува на тоа подрачје. Кај Истибања, близу Виница, топли води течат по површината на реката Брегалница и Осојница, но и таму не се истражува. Капацитетите во Банско кај Струмица и во Гевгелиско, исто така, не се доволно истражени, иако таму се поскромни, вели Делипетров. Штип дури годинава изработи главен проект за искористување на топлите води во бањско- туристички и спортско-рекреативен центар. "Проектот го преведовме на англиски и го ставивме на цеде, го испративме до сите амбасади во нашава држава. Во него се содржани лековитите својства на топлите води во комплексот Кежовица". Амбасадата на Италија проектот го препрати до повеќе менаџери што се занимаваат со бањскиот туризам, па очекуваме ова лето да дојдат во Штип и на самото место да се уверат во она што е во проектот. Потребни ни се стратегиски инвеститори и сега сме во потрага по нив. Овие геотермални води се научно докажан лек за над 20 болести. Проектот предвидува сауни, базени од секаков тип, сали за спорт, трим патеки, ресторани, хотели... Се надеваме дека дури годинава ќе тргнеме од мртва точка и дека бањскиот туризам, благодарение на топлите води, ќе стане значајна компонента на нашиот локален економски развој.

KORISTEWE NA GEOTERMALNATA ENERGIJA VO KO^ANI

Vladata na Republika Avstrija donira 1.440.000 evra za proektot "Ekolo{ka sanacija i energetska racionalizacija" na geotermalniot sistem "Geoterma" vo Ko~ani. Spored visinata na donacijata, no i zaradi tretmanot na obnovliv vid energija, ova e isklu~itelno zna~aen proekt za Ko~ani vo koj so finansiska poddr{ka u~estvuvaat i Ministerstvoto za `ivotna sredina(50.000 evra), KJP "Vodovod" (40.000evra) i Op{tina Ko~ani (30.000 evra). Proektot oficijalno startuva{e na 24 noemvri, so po~eten raboten sostanok motelot Grat~e , a tri dena potoa, vo Skopje, be{e potpi{ana spogodbata za realizacija. Agencijata "Avstriska sorabotka za razvoj" osum godini po red poddr`uva proekti za razvoj na Republika Makedonija. Iskoristuvaweto na obnovlivite vidovi energija i za{titata na `ivotnata sredina se na{i prioriteti. Smetame deka tokmu ovie izvori na energija se prijateli na `ivotnata sredina i veruvame deka so nivna promocija }e ja dobli`ime Makedonija do ispolnuvawe na nejzinite celi, objasnuva Kristofer Opan~ar, ata{e za tehni~ka sorabotka vo ambasadata na Republika Avstrija.

Геотермалната енергија и нејзиното искористување

14

Ovoj proekt e kontinuitet vo razvojot na "Geoterma", posebno vo fundamentalniot del na geotermalniot sistem. So nego preku ekolo{ki i energetski pridobivki }e se iskoristuvaat novi 350.000 metri kubni geotermalna voda koja pred se }e bide nameneta za gradskoto podra~je, za zaokru`uvawe na konceptot na razvoj vo delot na toplifikacijata, vo rekreativno-bawolo{kiot turizam i eventualno za toplificirawe na industriskata zona. Ova e samo edna etapa, nie smetame deka vakvi cirkulacioni Jordan Naunov, direktor na "Geoterma"-Ko~ani t.n. Dublet sistemi }e bidat prisutni i vo natamo{niot razvoj na "Geoterma", so {to bi se zaokru`ila celosnata koncepcija za onoj kvantum koj{to go imame zabele`ano vo bilansite za eksploatacija od 600.000 kubni metri voda vo centralnoto gradsko podra~je, veli direktorot na "Geoterma" Jordan Naunov. So geofizi~kite raboti zapo~nuvaat prvite aktivnosti na teren. Tie }e gi lociraat dup~ewata. Potoa, so edna istra`na dupka }e se potvrdi proektot koj }e dade viza za realizacija na edna eksploataciona i edna reinjekciona dupka koja, po testiraweto, }e bide efektuirana preku toplinoizmenuva~ka konstrukcija vrzana za oran`eriite na Zelena ku}a. Ovoj proekt e prodol`uvawe na realiziraniot vo 1998/2000 godina - "Funkcionalno, tehni~ko i tehnolo{ko zaokru`u`vawe na sistemot Geoterma" so koj se realizira{e eden eksploatacionen bunar, negovo opremuvawe i povrzuvawe vo sistemot "Geoterma" i za{tita na reinjekcionata dupka so edna filterska stanica vo seloto Bawa. Zad realizacijata na proektot stoi avstriskiot "Blue Waters", konzorcium od 4 kompanii koj ima golemo iskustvo so proektite za geotermalna energija. Doris Virt- pretstavnik na "Blue waters" Avstrija veli: Na{iot tim }e bide ovde za vreme na geofizi~kata rabota, vo rabotata na dup~ewe, za tehni~kata analiza. ]e se obideme da rabotime i na drugi proekti kako {to se vodosnabduvawe, za za{tita na ~ovekovata sredina, za otpadnata voda, za biodizel i biogas proekti i }e razgovarame so odgovornite vo Op{tinata Ko~ani i vo ministerstvata vo Skopje za da se obideme da go preneseme znaeweto na avstriskite firmi na ovoj teren. Za gradona~alnikot na Op{tina Ko~ani, Qubomir Janev, proektot "Ekolo{ka sanacija i ekonomska racionalizacija na geotermalniot sistem" e od ogromno zna~ewe od pove}e aspekti. Prvo zaradi zgolemuvaweto na kapacitetot na onaa geotermalna voda {to se iskoristuva. Od sega{nite 140.000 metri kubni voda kapacitetot }e se zgolemi na 350.000 metri kubni godi{no, {to dava mo`nost da se realiziraat planski aktivnosti vo sferata na zedmjodelieto (pro{iruvawe na kapacitetite na oran`enriite i plastenicite koi{to koristat geotermalna voda), vo delot na zatopluvaweto na centralnoto gradsko podra~je (planot e da se zgolemi brojot na objektite {to se zatopluvaat so geotermalnata voda), kako i za iskoristuvawe na istata vo bawolo{ki celi, za zgolemuvawe na kapacitetot na pakuvana, odnosno ambala`irana voda, potoa za proizvodstvo na hrana (kako {to se specijalni vidovi riba) i drugi vidovi organska hrana. Spored Qubomir Janev gradona~alnik na Op{tina Ko~ani:

Геотермалната енергија и нејзиното искористување

15

Za ekonomskiot aspekt ne treba da zboruvame, a osobeno va`en e ekolo {kiot aspekt, bidej}i so ovoj t.n. Dublet sistem se eliminira opasnosta od namaluvawe na nivoto na geotermalnite vodi. Ovoj sistem e zatvoren - se vr {i eksploatacija i po iskoristuvaweto vodata vedna{ se reinjektira (vra}a) vo po~vata, so {to ne se namaluva nivoto na podzemnite vodi, a }e se izbegne i isfrlaweto na iskoristenite geotermalni vodi vo rekata Bregalnica. Proektot, ~ija cel e vostanovuvawe moderno i efikasno re{enie za racionalno iskoristuvawe na geotermalnata energija so obezbeduvawe potpoln balans na podzemnite vodi i za~uvana `ivotna sredina, treba da obezbedi stabilno rabotewe na sistemot vo narednite 25 godini. Spored studiite na amerikanskata kompanija GeotermEx i avstriskiot konzorcium ARGE GTM, geotermalnata voda vo Ko~ani poseduva isklu~itelno povolni hemiski karakteristiki, so sredna temperatura od 75°C. "Geoterma" ima instaliran kapacitet od 300 l/sek., a korisnici na geotermalnata voda se subjekti od dr`avniot i privatniot sektor So proektot }e se ovozmo`i od ko~anskiot geotermalen sistem da se dobivaat novi 350 iljadi m3 geotermalna voda, i nov eksplatacionen bunar za geotermalna energija. Термалните извори во Македонија се неискористено природно богатство, кое може да ја намали зависноста на земјата од фосилните горива. Главен проблем е недостигот од инвестиции. Фирмите знаат дека вкупните истражувања на геотермалните полиња се ризични и чинат многу. Кај нас сите дупки се плитки, односно во длабина од најмногу 500 метри. За да се направи сериозна анализа и да се открие вистинскиот енергетски потенцијал на геотермалните полиња е потребна скапа механизација, во која не се вложува. Трошоците за да се направисамо една дупка од 1.000 метри би изнесувале околу 1 милион евра. - на шест фирми им се доделени концесии за експлоатирање, а уште три други добиле концесија за детаљни геолошки истражувања. - Се оценува дека во земјава вкупниот излив на геотермалните води со температура од 20 до 78°C изнесува околу 1.000 литри во секунда. Од енергетски аспект, тоа е енергетски ресурс од околу 125MW. Ваков топлински извор не може да ги замени целосно фосилните горива, но може да помогне за затоплувањето во источниот и во североисточниот дел на земјава, каде што се наоѓаат четирите најголеми извори на геотермални води. - Засега геотермалната енергија најмногу се користи за затоплување на оранжериите во Кочани, Гевгелија и во Банско, каде што се одгледува раноградинарски зеленчук. - Засега единствена компанија во земјава што нуди опција за затоплување на домовите со геотермална енергија е скопската фирма- Фонко.

Геотермалната енергија и нејзиното искористување

16

nema postavljenih komentara
ovo je samo pregled
3 prikazano na 16 str.
preuzmi dokument