„Илијада“ Хомер, Beleške' predlog Italijanski
bubo26
bubo26

„Илијада“ Хомер, Beleške' predlog Italijanski

8 str.
50broj preuzimanja
1000+broj poseta
100%od9broj ocena
2broj komentara
Opis
Обработка на античкиот еп, напишан пред повеќе од 2500 години - „Илијада“ од античкиот грчки писател Хомер
60 poeni
poeni preuzimanja potrebni da se preuzme
ovaj dokument
preuzmi dokument
pregled3 str. / 8
ovo je samo pregled
3 prikazano na 8 str.
preuzmi dokument
ovo je samo pregled
3 prikazano na 8 str.
preuzmi dokument
ovo je samo pregled
3 prikazano na 8 str.
preuzmi dokument
ovo je samo pregled
3 prikazano na 8 str.
preuzmi dokument

„Илијада“ од Хомер

1. Жанр на делото: епопеја

Тема: Тројанската војна (1193 – 1184 п.н.е)

2. За делото:

„Илијада“ е составена од 24 пеења, според бројот на буквите од грчката алфабета; се состои од 15700 стихови напишани во карактеристичниот херојски хексаметарски Хомеров стих со многу модулации и прелевања.

3. Митот за златното јаболко:

Тројанската војна траела 10 години. Причина за започнувањето била грабнувањето на Елена, сопруга на Менелај (крал на Спарта и брат на микенскиот крал Агамемнон), во која бил вљубен Парис (син на тројанскиот крал Пријам и неговата втора жена Хекаба).

Елена била наградата на Парис од божицата на љубовта – Афродита, бидејќи Парис бил оној кој требал да ја одреди најубавата божица од Хера, Атина и Афродита. Секоја од нив му ветила награда. Хера ќе го направи најбогатиот човек на светот; Атина ќе го направи најпаметен и најхрабар борец, а Афродита му ја ветила раката на Елена.

Парис требал да го даде златното јаболко на една од нив. Со помош на богот на љубовта – Амор (Ерос), Елена се вљубува во тројанскиот принц, а овој го подарува јаболкото на Афродита и Елена бега од Спарта заедно со Парис. Хера и Атина се заколнале дека ќе ја уништат Троја што и успеале во намерата.

4. Време на одвивање: Во епот не се опишани сите 10 години обиди на Грците да ја покорат Троја, туку само последните 51 (според некои извори 49) дена и крајот на војната.

5. Кратка содржина:

По грабнувањето на Елена (сега веќе жена на Парис), Менелај бара помош од својот брат Агамемнон во походот кон Троја. На помош уште доаѓаат многумина познати војсководци и кралеви: Ајант, Идоменеј, Одисеј, кој иако му било претскажано 20 год. дека нема да се врати во родната Итака ако се крене во бој, сепак се приклучил. Понатаму, брзоногиот Ахил, крал на славното македонско племе Мирмидонци, кој за свој потомок го сметале Херакло.

Ахил бил син на морското божество Тетида и Пелеј, бил најубав, највешт и најхрабар ахајски јунак, кој бил смртен само во петата, па затоа и особено бил ценет. Според изворите во походот кон Троја тргнале вкупно 1186 ахајски лаѓи.

Во одбрана на Троја, на чело на војската стоел најстариот син на Пријам, блескавошлемест војвода – Хектор, заедно со Парис, Енеј, Мемнон, Антенор, Глаук, Сарпедон и многу други херои.

1 – пеење: Кавга меѓу Ахил и Агамемнон заради Брисеида, робинка која му слугувала на Ахил. Микенскиот крал, син на Атреј – Агамемнон се плаши од пророкот Хрис, чија ќерка, Хрисеида ја држел како робинка. За да не биде тој оштетен, ја бара и Брисеида. Ахил е лут и гневен, се чувствува навреден. Тој е многу горделив и затоа одбива да учествува во походот кон Троја!

Бара помош од својата мајка Тетида во осветата кон Агамемнон. Таа го замолува Зевс за помош (бара победа за Тројанците), а врховниот бог му се јавува на сон на Агамемнон и го подбуцнува да појде во бој.

Цели 17 пеења, Ахејците ќе ја губат и битката и животите на голем број херои, како последица на Ахиловата горделивост.

2 – пеење: Агамемнон ги собира своите соборци и херои и објавува вест за почеток на борбата против Тројанците.

3 –пеење: Двете војски се соочени една кон друга. Тогаш, Агамемнон дава предлог, да се одигра меѓусебен двобој, со еден војник од војските. Парис и Менелај, сегашниот и поранешниот маж на Елена, се бијат. Спартанскиот крал е посилен и во моментот кога треба да го зададе конечниот удар, Афродита го заштитува Парис, и го води надвор од бојното поле. Ахејците, чувствувајќи се како победници, бараат да се врати Елена.

4 –пеење: Боговите заседеваат. Зевс го има главниот збор и бара битката да продолжи.

5 –пеење: Битката се разгорува и во меѓусебните двобои особено се истакнува грчкиот јунак Диомед, помогнат од божицата на мудроста и војната – Атина.

6 –пеење: Хектор го прекорува својот брат Парис за неговото неизлегување во борбата. Наместо да ги предводи Тројанците, тој само седи и ужива покрај Елена. Во оваа песна е прикажана и разделбата помеѓу Хектор и Андромаха. Тој е чесен јунак, занего родната земја и семејството се најважни, бидејќи го жртвува својот живот за да ја одбрани честа на својот брат и неговиот татко Пријам. Го гледаме како посветен и грижлив сопруг и татко додека се разделува од своите најмили, од својата жена Андромаха и малиот син Астианакт.

7 –пеење: Хектор, силен и одлучен да ги избрка Ахајците од Троја, предизвикува јунак од грчката војска на двобој. Жрепката го одбира Ајант, крал на Телемон. Горостасиот Ајант е достоен борец на Хектор, а нивниот двобој трае цел ден, но сепак завршува без победник. Како вистински чесни борци си разменуваат скапоцени дарови.

8 –пеење: Тројанците ги притискаат Ахајците кон нивниот логор и планираат да им ги запалат корабите и да не можат да се вратат во својата таковина. Хомер, за татковина на Ахајците го наведува полуостровот Пелопонез или околината на познатиот антички град – држава Арг, па се служи со терминот Аргејци.

9 – пеење: Агамемнон, по разговорот со стариот Нестор, крал на Пил, сфаќа колку неопходен е Ахил за да победат, ја признава својата грешка и праќа тројца гласници во Ахиловиот шатор, за да го помолат за прошка и да се вклучи во битката. Но гордиот Пелеев син е непоколеблив и неумолви и одбива да се вклучи во настаните.

10 – пеење: Ахајците се загрижени бидејќи ја губат битката, па вечерта не можат да заспијат. Меѓу будните се Диомед и Одисеј кои решаваат да шпионираат за положбата на Тројанската чета. На патот до Тројанскиот логор, самите наидуваат на разузнавач (шпион).

Тоа е Долон кој решил да го предаде својот народ. Итриот Одисеј откако ги добива саканите информации го убива предавникот.

* 11 –то , 12 – то, 13 – то, 14 – то, 15 – то пеење: Се опишува напредокот на Тројанците. Хектор ги пробива портите на ахајскиот логор а исплашените Ахајци бегаат кон своите кораби. Се води битка кај корабите. Храбриот Ајант, безрезервно ги брани корабите кои Тројанците наумиле да ги запалат. Успева со голем камен да го погоди Хектор кој паѓа во бесознание. За тоа време Зевс се одмора на планината Ида и е задоволен бидејќи и ветил на Тетида.

Но неговата жена Хера, која ги помагала Грците, ќе го заведе и успие својот маж. За тоа време, богот на морето и водите воопшто – Посејдон ги бодри Грците да не се повлекуваат и да возвратат на нападот. Грците успеваат да ги одбранат своите кораби. Тогаш се буди Зевс. Гневен е на повторниот напредок на Ахајците, па затоа ги помага Тројанците повторно да нападнат.

16 – пеење: Патрокло, најдобриот другар на Ахил и скротувач на коњи, го моли да ја зеде неговата обружба (целата воена опрема: штит, шле, и копје) и да им помогне на Ахајците. Ахил се согласува, а Патрокло се бори претставувајќи се како Ахил. Тројанците ги обзема страв со самата помисла дека Ахил е на бојното поле, па затоа и се повлекуваат.

Патрокло го предизвикува Хектор кој се бори со целата своја снага за да му парира на Ахиловото оружје. Успева да го надвие „Ахил“ и го убива. Хектор се обидува да го симне оружјето од телото на Патрокло, за да го посрамоти пред сите. Ахајците жестоко се борат за да го одбранат мртвото тело.

*17 – пеење/18 – пеење: Откако дознава за смртта на својот најдобар пријател, Ахил е повлечен во својот шатор и го оплакува неговото мртво тело. Се заколнува дека ќе го убие Хектор и повторно бара помош од својата мајка. Тетида ветува дека ќе му донесе ново оружје.

19 – пеење: Ахил и Агамемнон се помируваат, а Брисеида е вратена кај Ахил. Богот на огнот и ковачката вештина, куциот Хефест, во своите печки го изработува новото оружје за синот на Тетида откако таа го замолила. Посебно внимание заслужува штитот, на кој биле насликани (исковани) сцени од секојдневниот живот на луѓето.

Сликте на Ахиловиот штит даваат незамнелив историски опис на односите помеѓу луѓето, митологијата и верувањата и воопшто целокупниот живот во предробовладетелското општество.

Тетида го предава оружјето на својот син, а овој го облекува и се подготвува за битка.

20 – пеење: Со помирувањето помеѓу Ахил и Агамемнон, Зевс го исполнил ветувањето на Тетида и дозволува останатите богови да се вклучат во војната. Боговите се поделени на Ахајска и Тројанска страна.

Од страната на Ахајците се: Хера, Атина, Хермес, Посејдон, Хефест; од другата страна се: Аполон, Афродита, Арес и Артемида.

21 – пеење: Ахил, со новото оружје безмилосно ги сече Тројанците, а реката Скамандар се обоила во црвено од крват на победените војници од Ахиловата рака. Секој од боговите ги помага своите миленици, но меѓу нив избувнува кавга и се повлекуваат на планината Олимп, освен Аполон.

22 –пеење: Конечно Ахил стигнува до Хектор. Синот на Пријам откако го здогледал одлучниот Пелеев син, го фаќа паника и бега околу ѕидините на Троја. Тогаш Аполон го охрабрува Хектро да застане и да се соочи со Ахил. Ова е еден од најважните и пресудни моменти во Хекторовиот живот бидејќи пред почетокот на двобојот знаел дека не можел да го победи бесмртниот Ахил. Исходот од двобојот е веќе познат – Хектор е убиен од Ахил.

Тогаш одмаздољубивиот Ахил го врзува безживотното тело на тројанскиот принц и 3 пати ги обиколува бедемите на Троја со својата двоколка!

23 – пеење: Грците се радуваат бидејќи смртта на Хектор се со еден чекор до победата. Опремата од Хектор ја зема Ахил и организира натпревар во разни воени дисциплини. Учесници на натпреварите се силните грчки јунаци: Одисеј, Диомед, Ајант и др.

Овие натпревари во: трчање, борба со тупаници, борење, фрлање копје, трка со двоколки идруги дисциплини, исто така многу зборуваат за вниманието кое го посветувале Старите Грци на телото и спортскиот дух. Овие игри организирани од Ахил се всушност дисциплините на Олимписките игри, за првпат организирани во 776 година п.н.е Во натпреварите награди биле старо оружје.

24 – пеење: Последното пеење не го опејува крајот на десетгодишната Тројанска војна. Кралот Пријам се соочува со загубата на својот син миленик, па затоа со многу дарови тргнува да го откупи Хекторевото тело.

Зевс сочувствува со болката на стариот татко и затоа го праќа Хермес, богот-заштитник на трговците и патниците да му помогне.

Откако Пријам ќе се најде во Ахајскиот логор, се упатува кон Ахиловиот шатор. Клекнува на коленици и ги целива нозете на убиецот на своите синови. Ахил и покрај тоа што е горделив и одмаздољубив, сега го гледаме како чесен, сочувствителен и великодушен јунак.

Го предава телото на Хектор и ги прекинува борбите за 12 дена колку што траат погребните обреди.

СО ПОГРЕБОТ НА ХЕКТОР СО СИТЕ ВЕРСКИ ОБРЕДИ И ПОЧЕСТИ ЗАВРШУВА ХОМЕРОВИОТ ЕП.

6. Долгата 10 – годишна војна завршува со градбата и внесувањето на Дрвениот коњ во Троја. Имено, откако била исполнета судбината на голем број јунаци, биле пратени во вечнотениот Ад: амазонската кралица Пентезилеја, Ахил, големиот Ајант, син на Телемон од Саламина, Ахејците или Данајците, Аргејците, Елини – сетоа тоа се имиња на Грците, им било претскажано пророштво дека судбината на Троја зависи од Паладиј, чудотворниот кип на божицата Атина.

7.

Одисеј и Диомед одлучиле да го украдат. Преправени како бедни питачи и во ноќта го грабнале кипот од храмот. Тогаш гаталецот Калахант им претскажал дека Троја можат единствено да ја покорат со итрина бидејќи протолкувал чуден знак додека јастреб бркал гулабица. Гулабицата се сокрила во пукнатината на една карпа. Безуспешно јастребот се обидувал да се вовре во пукнатината. Тогаш се сокрил во блискиот џбун, а гулабицата во својата лудот избегала од својата пукнатина. Тогаш јастребот ја забележал и ја растрганал по кратко време.

Тогаш најитриот од сите смртници, јунакот Одисеј предложил да се направи џиновски дрвен коњ во чиј мев ќе се скоријат најблагородните Ахајци, а останатите со своите кораби ќе се повлечат на островот Тенед се додека не добијат знак да влезат во Троја.

Ќе го запалат целиот логор за да Тројанците поислат дека тие го напуштиле брегот и се откажале од војната. На брегот ќе остане само едно момче-измамник кој ќе ги убеди Тројанците дека Ахајците сакале да го заколат како жртва на боговите за среќно враќање; огромниот дрвен коњ и е посветен на непријателката на Тројанците, Палада Атина и да не се откажува додека целосно не ги убеди да го внесат коњот внатре, а потоа со огнен факел ќе им даде знак на корабите да пристигнат.

Сите јунаци со огромен восхит од Одисеевата досетливост се согласиле со предлогот. Јунаците решиле најпрво да се наспијат и одморат. Во текот на цврстиот сон, Палада Атина се спуштила до вештиот Епеј, а овој веднаш ја препознал божицата. Му наредила да изгради огромен коњ од дрвени штици, а безрезервно му ја ветила својата помош.

Епеј, збоднан од својот уметнички дух, ги разбудил останатите јунаци кои веднаш насекле трупци од шумската планина Ида, ги режеле, а Епеј со помош на божицата за 3 дена го завршил своето уникатно дело. Ги кренал рацете кон небото и пред цела војска се помолил на боговите.

Дошло време секој од јунаците да ја завземе својата позиција. Во дрвениот мев влегле: Ахиловиот син, Неоптолем, Менелај, Диомед, Стенел, син на Капанеј, Одисеј, Мелибеј Филоктет од Метона, малиот брз Ајант од Локрида, син на Оилеј, Идоменеј и Мерион од Крит, лекарот Подалариј од Трика, Агапенор од Аркадија, син на Анкеј и уште многу други јунаци, последен влегол градителот Епеј.

Останатите на чело со Агамемнон и Нестор испловиле со корабите. Еден храбар Грк по име Синон се пријавил да ги измами Тројанците и да го внесе дрвениот коњ во Троја.

Грчките кораби испловиле, Синон се сокрил под мевот на големиот коњ, а Тројанците го забележале чадот од Хелеспонт и веднаш, во мали чети дотрчале до брегот. Останале запрепастени од огромниот дрвен коњ и почнале да се прашуваат што може да значи овој подарок од Данајците („Со итрата победа на Тројанците, благодарение на подарениот коњ, произлегла една изрека која велела: Не им верувај на Данајците дури и кога даваат подароци.“).

Јунаците скриени во внатрешноста слушале како едни предлагале коњот да се фрли во море, други да се запали, трети да се внесе во Троја како знак на победа. Тогаш двајца Тројанци го забележале Синон и војската го опколила грчкиот пленик. Тој умешно ги излагал дека неговиот Данајски народ сакал да го жртвува и почанл да моли да се смилуваат на негои да му го поштедат животот.

Тројанците се сожалиле и го донеле пред кралот Пријам. Со лажн молитви почанл да докажува дека веќе не е еден од Данајците. Кралот побарал објаснување за улогата на оној коњ на брегот. Со претходно смислен сплет од лаги, Синон почнал.

Им рекол дека Калахант прорекол несреќа на Данајците бидејќи го украле кипот Паладиј. Ги советувал да изградат голем коњ за да се намали

гневот на божицата и да испловат од брегот бидејќи никако среќен исход да не очекуваат.

Да го остават коњот дур не се вратат, за да божицата сеуште им биде наклонета, а ако Тројанците го внесат пак, среќата и наклоноста ќе им припадне ним.

Тројанскиот коњ бил многу висок за да се внесе низ Скејската порта па лековрените луѓе го прошириле влезот и сега не биле заштитени како порано.

Само пророчката Касандра (кралот Пријам имал 50 синови, 19 од втората жена Хекаба. Најпознати биле: Хектор, Деифоб, Елин гаталец, Памон, Полит, Антиф, Хипоној, Троило, потоа 4 – те прекрасни ќерки: Кревза, жена на Енеј, Лаодика, Касандра и Поликсена.), ќерка дадена од Бога во кралевата куќа останала со непоматени очи и душа, сред општа веселба и радост. Таа никогаш немала изречено збор што не се остварил, па така и сега трчела како споулавена по улиците и прорекувала: ја гледа Троја во пламен и крв! Арно ама никој не и поверувал и ја сметале за луда.

Се до полноќ Тројанците се ввеселеле, пиеле и ја славеле победата на д Грците: Набргу сите омаени и мамурни ги совладал длабок сон. Сите, освен Синон кој по претходните упатства од Одисеј, со запален факел им дал знак на другарите во кроабите кај Тенед. Потоа го угасил факелот, дошол до дрвениот коњ и тивко затропал на јунаците. Откако тивко слегле од мевот во кој биле сокриени, ги извадиле своите мечеви и копја, и со огромна жед за убивање, извршиле масовен колеж врз заспаните Тројанци.

Не поштедиле ни стар ни млад, ниту деца ниту жени. Во меѓувреме пристигнале соборците од кај Тенед и се впуштиле во акција. Ахиловиот син, Неоптолем, го нашол и убил кралот Пријам. Диомед убил голем број Тројански јунаци, а војниците го фрлиле Хекторовиот син Астијанакт и неговата мајка Андромаха од ѕидините на кралската палата. Менелај го нашол Деифоб кој по смртта на својот брат Парис, и фрлил око на Елена. Му го зарил копјето длабоко во телото и се вдал во потрага по својата жена.

Поради нејзината величествена убавина и љубовта која сеуште ја чувствувал спрема неа и простил и ја оставил да живее.

Само зетот на кралот Пријам, Енеј (Римјаните верувале дека водат потекло од Енеј кој го препливал Средоземното Море и пристигнал на Апенинскиот Полуостров; за неговото бегство, римскиот поет Вергили го напишал епот „Енеида“.), син на славниот јунак Анхиз и божицата Афродита, држејќи го в раце својот син Асканиј и стариот свој татко успеал да избега пред бројните копја и стрели, благодарејќи на Афродита која го заштитувала.

Боговите, обвиткани во темни облаци, ја гледале пропаста и уништувањето на Троја, а срцата им биле исполнети со јад и горчина...

ovo je samo pregled
3 prikazano na 8 str.
preuzmi dokument