Institucii na Evropska Unija, Esej' predlog Pravo osiguranja
salekicevo
salekicevo

Institucii na Evropska Unija, Esej' predlog Pravo osiguranja

28 str.
2broj preuzimanja
72broj poseta
Opis
Seminarska koja gi opfaka instituciite na Evropskata Unija
20 poeni
poeni preuzimanja potrebni da se preuzme
ovaj dokument
preuzmi dokument
pregled3 str. / 28
ovo je samo pregled
3 prikazano na 28 str.
ovo je samo pregled
3 prikazano na 28 str.
ovo je samo pregled
3 prikazano na 28 str.
ovo je samo pregled
3 prikazano na 28 str.

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО

Семинарска работа по предметот Меѓународно Јавно Право

Институции на Европската унија

Ментор: Изработил:

Проф. д-р Елена Темелковска - Аневска Александар Костески

бр.инд. 883

Кичево, Јануари, 2018

Содржина

1.Вовед...............................................................................................2 2. Европски парламент.....................................................................4 3. Европски Совет.............................................................................8 4. Европска Комисија......................................................................10 5.Совет на Министри......................................................................17 6.Европска Централна Банка..........................................................20 7.Суд на Правдата на Европската Унија.......................................23 8.Суд на ревизори............................................................................26 9.Заклучок...………………………………………………………..27 10.Библиографија……………………………………………….....28

Листа на акроними

ЕК – Европска Комисија ЕЦБ – Европска централна банка ЕСЦБ-Европски систем на централни банки ЕП-Европски Парламент ЕС-Европски Совет ЕУ-Европска Унија

Вовед . Пред да преминеме на главниот дел односно институциите на Европската Унија ќе се осврнеме на кратко на историјатот на истите

2

Повеќето институции на ЕУ се формирани со основањето на Европската заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ) во педесеттите години. Оттогаш, многу промени настанаа во пренесувањето на власта од Советот кон Парламентот. Честопати, улогата на Комисијата е да посредува помеѓу двете институции или да ја одржува рамнотежата. Меѓутоа, во последно време Комисијата станува се поодговорна пред Парламентот Развојот на институциите, со поединечни промени во договорите и спогодбите, е сведоштво за развојот на структурата на Унијата без ниту еден главен план. Мислењето за институциите на некои луѓе, како на пример Том Рејд од Вашингтон Пост е дека “никој намерно не би создал толку комплексна и непотребна влада како што е Европската Унија”.

Првите институции на ЕУ се формирани во педесеттите години, со создавањето на ЕЗЈЧ, врз основа на декларацијата на Шуман помеѓу шест земји. ЕЗЈЧ беше создадена за да ги воведе пазарите за јаглен и челик, основните материјали за време на војна, под контрола на супранационалната власт, со цел да поттикне мир и економски развој. Таа ги основа првите институции. Во сржта на Унијата беше поставено независно извршно тело наречено Врховна власт кое имаше супранационалната власт во Заедницата. Законите создадени од Врховната власт треба да бидат надгледувани од страна на Судот за правда, со цел да се обезбеди дека тие се целосно посредени и потврдени.

За време на преговорите, создадени се две надзорни институции, за да ја урамнотежуваат моќта на Врховната власт. „Заедничкото собрание“, предложено од страна на Жан Моне, со цел да дејствува како надзорник, да одржува рамнотежа и да додаде демократска законитост, е составено од 78 државни парламентарци. Втората институција е Советот на Министри, наметната од страна на помалите земји−членки, со цел да се додаде меѓувладин елемент и да се усогласат националните политикии со оние на власта.

Во 1957 година, Римските договори основаа две, слични заедници, притоа формирајќи заеднички пазар (Европска економска заедница) и промовирајќи атомско-енергетска соработка (Евратом). Трите институции заедно ги користеа Судот за правда и Парламентот, но имаа посебен Совет и Врховна власт, наречена Комисија во овие Заедници. Причината за ова беше различниот однос помеѓу Комисијата и Советот. Во тоа време, Француската влада се сомневаше во наднационализамот и сакаше да ги ограничи надлежностите на Врховната власт во новите заедници, со што му додели на Советот поголема улога во контролирањето на извршното тело.

Подоцна, во 1967 година, трите заедници се споени во Европски заедници, со Договорот за спојување. Овие институции се пренесени од Европската економска заедница (правејќи ја Комисијата на таа заедница директен претходник на моменталната Комисија). Според Договорите од Рим, Заедничкото собрание (кое се

3

преимени во Парламентарно собрание, а потоа во Европски парламент) требаше да одржи избори. Меѓутоа, овој настан беше одложен од страна на Советот до 1979 година. Оттогаш, Собранието доби дополнителна моќ со последователните договори. Мастришкиот договор, исто така, му додели дополнителни надлежности на Советот, со тоа што му даде клучна улога во двата нови столба на ЕУ, коишто беа основани на меѓувладини принципи.

Во 2009 година, со Лисабонскиот договор, речиси сите политички области (вклучувајќи го и буџетот) се ставени во рамките на соодлучувачката постапка (преименувана во “обична законодавна постапка”), со што се зголеми моќта на Парламентот. Исто така, со воведување нова формула, се променија и правилата за распределба на местата во Парламентот. Високиот претставник се спои со Еврокомесарот за надворешни односи и како таков ѝ се приклучи на Комисијата. Назначувањето на Претседателот на Комисијата стана зависно од последните избори на ЕУ. Советот на министри усвои подобро квалификувано мнозинско гласање и Европскиот совет стана посебна институција со постојан претседател. Судот за правда направи некои мали преименувања и прилагодувања, а централната банка стана целосна институција.

После Лисабонскиот договор институциите на Унијата, генерално може да се поделат на четири типа, и тоа:

1. политички (Европски парламент, Европски совет, Совет и Европска комисија),

2. финансиски (Европска централна банка),

3. правосудни (Суд на правдата на Европската унија), и

4. квази - судски (Суд на ревизори).

Европски парламент

4

Како единствен директно избран орган, Европскиот парламент (ЕП), со Договорот од Лисабон стекнува значително зголемување на своите надлежности. Ова е поврзано со фактот што поранешната постапка на соодлучување, сега преименувана во редовна законодавна постапка, сега наоѓа примена во најголемиот број случаи,вклучувајќи ја и заедничката земјоделска политика и полициската и судската соработка во казнени предмети.

Редовната законодавна постапка од ЕП прави рамноправен со играч со Советот на ЕУ во законодавната постапка. Просто кажано, тоа значи дека никој не може да донесе закон без другиот. Исто така и по однос на едно класично парламентарно овластување, буџетското право, ЕП се стекнува со нови и повеќе надлежности, откако и секторот земјоделство, којшто во 2009 претставуваше не помалку од 42% од трошоците (43 милијарди евра), беше вклу чен во буџетското право, со што го поседуваше последниот збор за сите трошоци на ЕУ.

Договорот од Лисабон го менува начинот на распределба на местата помеѓу државите - членки. Со него максималниот број на пратеници за една земја се намалува од 99 на 96 (со што е засегната Германија), додека минималниот број се зголемува од 5 на 6 (од што профитираат Естонија, Луксембург, Мaлта и Кипар). Вкупни от број се утврдува на 750 пратеника плус Претседателот на Европскиот парламент (наместо 736 по европските избори во 2009) .

Нормативна рамка

Европскиот парламент, заедно со Советот, извршува законодавни и буџетски функции. Европскиот парламент извршува функции на политичка контрола и консултирање на начин дефиниран во Договорите. Тој го избира претседателот на Комисијата. Европскиот парламент се состои од претставници на граѓаните на Унијата. Бројот на претставници не може да биде поголем од 750 плус Претседателот. Претставувањето на граѓаните е регресивно пропорционално, со минимален праг од 6 членови по држава – членка.Исто така, на ниту една држава - членка не може да ѝ се доделат повеќе од 96 места.

Европскиот совет, на иницијатива на Европскиот парламент и со негова согласност, со едногласност донесува одлука со која се определува составот на Европскиот парламент, притоа почитувајќи ги начелата споменати претходно. Членовите на Европскиот парламент се избираат со мандат од пет години на општи директни избори, со слободно и тајно гласање. Европскиот парламент го избира својот претседател и своите службеници од редовите на своите членови. Европскиот парламент изготвува предлог за утврдување на одредбите потребни за избирање на неговите членови преку непо- средни општи избори во согласност со еднообразна постапка во сите држави - членки или во согласност со начелата заеднички за сите држави - членки. Советот, постапувајќи едногласно во согласност со посебна законодавна постапка и по

5

добивањето согласност од Европскиот парламент, кој дејствува со мнозинство на неговите членови, ги утврдува потребните одредби. Овие одредби влегуваат во сила откако ќе бидат одобрени од државите - членки во согласност со нивните соодветни уставни барања. Европскиот парламент постапувајќи преку регулативи на сопствена иницијатива во согласност со посебна законодавна постапка по барањето мислење од Комисијата и со согласност на Советот, ги утврдува регулативите и општите услови со кои се регулира извршувањето на должностите на неговите членови. За сите правила или услови кои се однесуваат на оданочувањето на членови или поранешни членови е потребна едногласност во рамките на Советот. Европскиот парламент и Советот, постапувајќи во согласност со редовната законодавна постапка, преку регулативи, ги утврдуваат прописите со кои се регулираат политичките партии на европско ниво наведени во член 10(4) од Договорот за Европската унија, а особено правилата за нивно финансирање. Европскиот парламент, постапувајќи со мнозинство на неговите членови, може да побара од Комисијата да достави соодветен предлог за прашања за кои смета дека е потребен акт на Унијата за спроведување на Договорите. Ако Комисијата не достави предлог, таа го информира Европскиот парламент за причините за тоа.При извршувањето на своите должности, Европскиот парламент може, на барање на една четвртина од своите членови, да основа ad-hoc анкетна комисија за да истражи наводни повреди или лошо работење при спроведувањето на правото на Унијата, освен кога наводните факти се истражуваат пред суд и додека случајот е предмет на судска постапка. Привремената Анкетна комисија престанува да постои по поднесувањето на својот извештај. Европскиот парламент, постапувајќи преку регулативи на сопствена иницијатива во согласност со посебна законодавна постапка, по добиената согласност од Советот и од Комисијата, ги утврдува деталните одредби за регулирање на правото на испитување.Секој граѓанин на Унијата и секое физичко и правно лице што престојува или има регистрирано седиште во држава - членка, има право да достави претставка до Европскиот парламент, индивидуално или здружено со други граѓани или лица, за прашања во рамките на полето на дејствување на Унијата и кои директно го засегаат.Европскиот парламент одржува годишна седница. Парламентот по правило се состанува вториот вторник во март. Европскиот парламент може да одржува вонредни седници на барање на мнозинството на неговите членови или на барање на Советот или на Комисијата. Комисијата може да присуствува на сите заседанија и да биде ислушана на нејзино барање. Комисијата одговара усно или писмено на прашањата поставени од Европскиот парламент или од неговите членови. Европскиот совет и Советот може да бидат ислушани пред Европскиот парламент во согласност со условите утврдени во Деловникот на Европскиот совет и на Советот. Освен кога е предвидено поинаку во Договорите, Европскиот парламент постапува со мнозинство од дадените гласови. Кворумот се утврдува со Деловникот. Европскиот парламент го донесува сопствениот Деловник, постапувајќи со мнозинство на неговите членови. Постапките на Европскиот парламент се објавуваат онака како што е утврдено во Договорите и Деловникот на Европскиот парламент. Европскиот парламент на отворена седница расправа за

6

годишниот општ извештај поднесен од Комисијата. Доколку пред него се постави барање за гласање недоверба на работата на Комисијата, Европскиот парламент гласа за тоа не порано од три дена по доставувањето на барањето и само со јавно гласање. Доколку барањето за гласање недоверба помине со двотретинско мнозинство од гласовите, што претставува мнозинство од членовите на Европскиот парламент, членовите на Комисијата даваат колективна оставка и Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика престанува да ги извршува должностите кои ги извршува во Комисијата. Тие остануваат на должност и продолжуваат да се занимаваат со тековните работи, сè додека не се заменети во согласност со член 17 од Договорот за Европската унија. Во таков случај, мандатот на членовите на Комисијата назначени како нивна замена истекува на датумот на истекување на мандатот на членовите на Комисијата кои биле задолжени да дадат колективна оставка.

Европски омбудсман

Европскиот омбудсман, избран од Европскиот парламент, е овластен да прима жалби од секој граѓанин на Унијата или секое физичко или правно лице со живеалиште или регистрирано седиште во држава - членка за случаи на лошо работење на институции на Унијата, тела, канцеларии или агенции, со исклучок на Судот на правдата на Европската унија во извршувањето на неговата судска улога. Омбудсманот ги испитува ваквите жалби и поднесува извештај за истите. Во согласност со неговите должности, Омбудсманот спроведува истрага ако најде основа, или на сопствена иницијатива или врз основа на жалби поднесени директно до Омбудсманот, или преку член на Европскиот парламент, освен кога наводните факти се или биле предмет на судска постапка. Кога Омбудсманот утврдил случај на лошо работење, тогаш тој го проследува случајот до засегнатата институција, тело, канцеларија или агенција, а тие треба да го известат Омбудсманот за своите гледишта во рок од три месеци. Омбудсманот потоа доставува извештај до Европскиот парламент и до засегнатата институција, тело, канцеларија или агенција. Лицето кое ја поднело жалбата се известува за исходот од ваквата истрага. Омбудсманот доставува годишен извештај до Европскиот парламент за исходот од неговите истраги. Тој се избира по секои избори за Европскиот парламент за времетраењето на мандатот на парламентот, со право на реизбор. Инаку, Омбудсманот има целосна независност во извршувањата на своите должности. При извршувањето на своите должности, Омбудсманот ниту бара ниту прифаќа инструкции од која било влада, институција, тело, канцеларија или субјект. Омбудсманот не смее за време на својот мандат, да се занимава со друга платена или неплатена професионална дејност. Додека, Судот на правдата може да го разреши Омбудсманот од должност на барање на Европскиот парламент доколку тој престане да ги исполнува условите потребни за извршување на неговите должности, или доколку е виновен за несовесно работење.

7

Европски Совет

Европскиот совет (ЕС), во кој се состануваат шефовите на држави и влади од државите - членки на ЕУ сега (конечно) го доби статусот на ЕУ институција. Покрај тоа, тој доби и фиксен претседател за период од 2/5 години, кој се избира со квалификувано мнозинство гласови. На тој начин се стави крај на негативните страни од дотогашната регулатива, каде шефовите на држави и влади од државите - членки се менуваа на таа позиција во полугодишен ритам. Европскиот совет го обезбедува потребниот стимул за развојот на Унијата и ги дефинира општите политички насоки и нејзините приоритети. Европскиот совет не врши законодавни функции. Европскиот совет се состои од шефовите на државите и владите на државите - членки, Претседателот на Европскиот совет и претседателот на Комисијата. Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика учествува во неговата работа. Европскиот совет заседава двапати на шест месеци, и се свикува од страна на Претседателот.

8

Доколку дневниот ред наложува, членовите на Европскиот совет може да одлучат да бидат помогнати од страна на министер, а во случајот на претседателот на Комисијата, од страна на член на Комисијата.

Доколку ситуацијата наложува, Претседателот свикува специјален состанок на Европскиот совет. Освен в о случаи за коишто поинаку се предвидува со Договорите, одлуките на Европскиот совет се донесуваат со консензус.

Европскиот совет избира Претседател, со квалификувано мнозинство, за мандат од две и пол години, кој може да се обнови само еднаш. Во случај на пречка или сериозна злоупотреба на должност, Европскиот совет може да го прекине мандатот на Претседателот во согласност со истата процедура.

Надлежности на Претседателот на Европскиот совет се:

• Претседава и ја води работата на Советот;

• Обезбедува подготовка и континуитет на работата на Европскиот совет во соработка со претседателот на Комисијата и врз основа на работата на Советот за општи работи;

• Настојува да ги олесни единството и консензусот во рамките на Европскиот совет;

• Доставува извештај до Европскиот парламент по секој состанок на Европскиот совет.

Претседателот на Европскиот совет, на свое ниво и во тоа својство, обезбедува надворешното претставување на Унијата за прашања во врска со заедничката надворешна безбедносна политика, без да е во спротивност со надлежностите на Високиот претставник на Унијата надворешни работи и безбедносна политика. Претседателот на Европскиот совет не може да извршува национална функција.При гласање, секој член на Европскиот совет може исто така да гласа во име на не повеќе од еден друг член. Кога Европскиот совет одлучува со гласање, неговиот претседател и претседателот на Комисијата не учествуваат во гласањето. Воздржувањето од гласање на лично присутните или членовите кои се застапувани не го спречува донесувањето на акти од страна на Европскиот совет за кои е потребно едногласност. Претседателот на Европскиот парламент може да биде поканет да биде ислушан од страна на Европскиот совет.

Инаку, Европскиот совет постапува со просто мнозинство за процедурални прашања и за донесување на неговиот Деловник. Додека, со квалификувано мнозинство гласови Европскиот совет донесува:

9

• Одлука за утврдување на список за состави на Советот, освен за Советот за општи работи и Советот за надворешни работи, и

• Одлука за претседателството на составите на Советот, освен за Советот за надворешни работи

Европска Комисија

Основање на комисијата

Првата комисија потекнува од 1951 година како 9-ти член на Високиот орган под надлежност на претседателот Жан Моне. Високиот орган бил супранационален административен извршен орган на новата Европска заедница за јаглен и челик (ЕЗЈИ), и за прв пат дојде на функција на 10 август 1952 година во Луксембург. Во 1958 година Договорот од Рим основал две нови заедници според ЕЗЈИ: Европска економска заедница (ЕЗ) и Европската заедница за атомска енергија (евроатом). Меѓутоа нивните извршни тела биле наречени комесари, а не Високи органи. Причината за промената на името била новата врска помѓу извршните органи и Советот. Некои држави како Франција изразија резервираност во текот на власта на високиот орган и посакаа да го ограничат давањето поголема моќ на Советот, одколку на нивните извршни органи. Луј Арман ја водел првата комисија за Евроатом. Валтер Хал Штајн ја водел првата комисија за Европска економска заедница, која го одржа првиот формален состанок на 16-ти Јануари 1958 годона во Замокот на долината на Војвотката. Комисијата ја постигнала согласноста за спорниот договор за цената на житарките и оставила позитивен впечаток на третата земја кога за првпат се појавила на меѓународната сцена

10

на Рундата на Кенеди на преговорите на општиот договор за цена и трговија (ОДЦТ). Халштајн започнал засилување за Европското право и почнал да има значајно влијание врз националното законодавство. На почетокот не се обрнувало многу внимание на неговата администрација, но со помош на Европскиот суд за правда, Комисијата го зацврстила својот авторитет доволно цврсто за да би можела следната Комисија да биде сфатена посериозно. Меѓутоа, во 1965година натрупувањето на разликите меѓу француската влада на Шарл де Гол и другите земји-членки (околу влезот на Обединетото Кралство, непосредните избори на Европскиот парламент, планот на Фуше и буџетот),ја предизвика кризата ◌п͈разен стол", наводно преку предлог за заедничката земјотелска политика. Институционалната криза била решена наредната година, тоа го чинело Етјен Хирш неговото претседателство во Евроатомот, а подоцна и претседателството на Валтер Халштајн во ЕЕЗ, иако бил сметан како најдинамичен лидер до Жак Делор.

Почетоците на развојот

Трите тела, колективни именувани Европски извршители постоеле од први јули 1967 година каде со Договорот за спојување биле споени во единствена администрација за време на претседателот Жан Реј. Поради спојувањето Комисијата на Реј, привремено се зголемила на 14 членки, иако сите идни Комисии се намалиле на 9 членки следејќи ја формулата по еден член за помалите држави и 2 за поголемите. Комисијата на Реј ја довршил Заедницата за царинска унија во 1968 година и се залагал за помоќен избран Европски парламент. Иако Реј бил првиот претседател на споената заедница, Халштајн се смета за прв претседател на модерната комисија. Следела комисијата Малфати и Мансхолт, кој равотеле на монетарната соработка и на првото проширување на север во 1973 година. Со ова проширување, комисијата на Ортоли пораснала на 13 членови (Обедениетото Кралство како најголема земја доби два комесари), која се занимавала со зголемување на заедницата за време на економската и меѓународна нестабилност во тоа време. Меѓународното претставување започна кога претседателот Рој Џенкинс како прв претседеател присуствувал на самитот Г8 во име на Заедницата. По Комисијата на Џенкинс, Комисијата на Гастон Торн го надгледувала проширувањето на југ, во прилог започна рабтата на Единствениот Европски акт.

Европската комисија има 28 члена - по еден од сите земји-членки на Европската Унија. Истата претставува супранационален орган.Сега, мандатот на комисијата е пет години, исто како и мандатот на Европскиот парламент. Пред да го именуваат претседателот на комисијата, земјите-членки го консултираат парламентот, а парламентот ја одобрува целата комисија, пред истата да биде формално именувана.

При извршувањето на должностите, членовите на комисијата се обврзани да бидат целосно независни од своите национални влади и да дејствуваат само во интерес на

11

Унијата. Само парламентот има право на укор на комисијата. Секој член на комисијата има конкретна одговорност за една или за повеќе области, меѓутоа одлуките се донесуваат врз основа на колективна одговорност.

Комисијата е, пред сè, чувар на договорите. Комисијата е непристрасен орган, кој се грижи за правилната примена на одредбите од договорите и на одлуките засновани на договорите. Комисијата може да иницира судска постапка против која било земја- членка и доколку е неопходно, да го упати случајот до Судот на правдата. Исто така, таа може да казни поединци или претпријатија, кога тие ги прекршуваат правилата на конкуренција на Унијата.

Комисијата е и катализатор на Унијата. Таа го има единственото право да иницира законодавство и може да влијае на секоја фаза од процесот што води во насока на донесување нов „Европски закон“. Во областа на меѓувладината соработка, во однос на изнесувањето на предлозите, комисијата ги има истите права како и одделни земји или членки.

И, конечно, комисијата е извршниот орган на Унијата. Тоа подразбира утврдување на правилата за спроведување на одредени членови од Договорот и за реализирање на одобрените буџетски средства наменети за активностите на Унијата. Најголем дел од средствата се обезбедуваат од главните фондови: Европскиот земјоделски фонд за насоки и гаранции, Европскиот социјален фонд, Европскиот фонд за регионален развој и Кохезиониот фонд. При реализацијата на своите извршни должности, комисијата често треба да бара мислење од комитетите на високи претставници од земјите-членки.

Административниот персонал на комисијата е главно лоциран во Брисел (каде што се наоѓа седиштето на комисијата), а помал дел во Луксембург. Го сочинуваат приближно 15.000 службеници поделени во различни директорати - општи и сервисни служби. Износот на оперативните трошоци на Комисијата и на другите институции не надминува 5% од вкупниот буџет на Унијата.

Состав

Комисијата составена од комесари, вкупно 28 члена, вклучувајќи ги претседателот и потпретседателот. Актуелен претседател на комисијата е Жан Клод Јункер,а како потпретседатели се Федерика Могерини (која воедно е и Висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика),Јурки Катаинен,Валдис Домбровскис,Андруш Ансип и Марош Шевшовиќ Иако, секој член е именуван од нациналната влада по една на држава, не ја претставуваат својата држава во комисијата (но, понекогаш во пракса има влијание за нациноалниот интерес). Одкога се предложени комесарите претседателот ги расподелува портфолијата меѓу нив. Моќта на комесарот во голема мера зависи од неговото портфолио и може да варира со тек на времето. На пример, комесарот за образование расте во важност со согласност со

12

порастот на значењето на образованието и културата во европската политика. Друг пример е комесарот за конкуренција кој има високо видлива позиција на светски дофат. Пред да ја преземе Комисијата обврската, составот како целина мора да биде одобрен од страна на Парламентот. Комесарите се подржани од својот личен кабинет кој ги дава политичките насоки, додека граѓанската служба (генерална дирекција види подоле) се занимава со техничката поддршка.

Овластување и функции

Уште од почетокот Комисијата била основана да функционира како независен наднационален орган одвоен од владата, и е опишан како единствено платено тело да размислува европски. Членовите се предложени од владите на земјите-членки од секоја по една, од нив се очекува да делуваат незвисно –неутрално под други влијанија како на пример владата која ги поставила. Ова стои во контраст со Советот која ја претставува владата, европскиот парламент, кој ги претставува граѓаните, економски-социалниот комитет, кој го претставува организираното граѓанско општество. Преку членот 17 од Договорот на Европската Унија, Комисијата има неколку одговорности: развивање на среднорочните стратегии, нацрт закони и арбитража во законодавниот процес претставување на ЕУ во трговски преговори, правење правила и преговори на пример во политиката на конкуренцијата, подготвување на буџетот на европската унија и набљудување на спроведувањето договори и законодавство.

Извршна власт

Пред да стапи на сила со Договорот од Лисабон, извршната власт во ЕУ припаѓа на Советот и ѝ доделува на комисијата овластувања која таа притоа ги извршува. Меѓутоа, Советот може да ги повлече овие овластувања, извршувајќи ги непосредно, или да ги наметне условите за нивните потреби. Моќта е повеќе ограничена од повеќето национални власти, во делот поради кој што комисијата нема овластување во областа на надворешната политика-ова овластување припага на Европскиот совет, кој сто некој анализи го класифицираат како втор извршен огран на ЕУ. Со оглед на тоа што со Договорот од Лисабон Европскиот совет станал формална установа со овластувања да ја постапува комисијата, може да се каже дека тие две тела поседуваат извршни моќи на Унијата (Европскиот совет исто така поседува поединечни национални овластувања). Меѓутоа, комисијата е таа која моментално ја поседува извршната власт на Европската Унија. Овластувањето на комисијата се налик на владите од типот на некогашниот белгиски премиер Гиј Верховстад кој предложил измена на нејзиното име во Европска влада, нарекувајќи го сегашното име на Унијата смешно.

Законодавна иницијатива

Комисијата се разликува од другите институции во тоа што само таа ја поседува законодавната иницијатива во Европската унија, што значи дека единствено комисијата

13

може да поднесе формални предлози на законодавните акти нацрт-законот не може формално да доаѓаат од законодавната гранка. Со Договорот од Лисабон ниеден законодавен акт не е дозволен во полето на заедничка и надворешна безбедносна политика. Комисијата го дели ова право со советот, но таа нема овластувања на полициската и судската соработка во врска со кривичните работи. Во самата комисија, Советот и Парламентот може да побараат законодавни акти во најголем број на случаеви, комисијата иницира на основа на овие предлози, овој монопол е установен со идејата да се обезбеди координативно и складно обликување на правниот систем на ЕУ. Овој монопол е предизвинкан од некој кој тврдат дека Собранието исто така треба да има право, повеќето национални парламенти кое го имаат правото во некои погледи. Меѓутоа, Советот и Парламентот можеле да побараат од комисијата да направат нацрт- закон, иако комисијата има рпаво да одбие да го стори тоа како што се случи во 2008 година во интернационалната колективна конвенција. Според Договорот од Лисабон граѓаните на ЕУ имаат право да побараат од комисијата да донесуваат закони на една област преку петиција која изнесува 1.000.000 потписи, но тоа не е обврзувачки. Овластувањето на комисијата да предлага закони обично биле средочени на економската регулатива. Предложила голем број прописи засновани на претпазливиот принцип. Ова значи дека превентивната регулација презема иницијатива доколку, постои опасност на околината или човековото здравје: во борба против климатските промени или ограничувањата на генетските измени на организмите. Ова е спортивно на одмерувањето на регулативата во однос на нејзините последици во економијата. На овој начин комисијата произвела построга регулатива во однос на другите. Големината на европскиот пазар допридонесе за законодавствата на ЕУ на светскиот пазар. Во скоро време омисијата започнала создавање на Европското кривично право. Во 2006 година токсичен отпад е исфрлен на Брегот на Слоновата Коска од европски брод, тоа ја наведе комисијата да се посвети на законите против токсичниот отпад. Во тоа време некои држави од ЕУ не ни имале транспорт на токсичен отпад во своето кривично право, тоа ги навело комесарите Франко Фратини и Ставрос Димас да ја предложат идејата за еколошките злосторства. Нивното право да предлагаат кривични закони било оспорувано на Европскиот суд на правдата, но судот ова право го поддржа. До 2007 година единствени други кривични предлози кои биле предложени во областа на кривичното право биле Директивата во врска со правата на интелектуалната сопственост и измена на рамковната одлука за борба против тероризмот во 2002 година, која забранила какви било дела поврзани со тероризмот, регрутација (посебно преку интернет) и обука.

Спроведување

Кога пописот е одобрен од советот и парламентот, комисијата има одговорност да го обезбеди неговото спроведување. Ова се прави преку земјите-членки или преку

14

агенциите. Придонесувањето на неопходните мерки, комисијата и од комитетите составени од претставниците на земјите-членки и јавното и правното лоби, (процес кој е познат во жаргонот ◌͈Комитологија"). Понатаму, комисијата е одговорна за спорведување на буџетот на ЕУ; обезбедување, заедно со европскиот ревизиски суд, дека фондовите на ЕУ се правилно потрошени. Особено, комисијата има обврски да ги обезбеди договорите и правните пописи кој потенцијално се преземени од земјите- членки или од други институции пред спорот на Европскиот суд. Во оваа улога комсијата е позната како чувар на договори. Конечно комисијата обезбедува претставување на комисијата во надворешното претставување заедно со земјите-членки на заедничката надворешна и безбедносна политика, кои ја претставуваат Унијата во тела како што е светската трговска организација. Исто така, вообичаено е претседателот на комисијата да присуствува на Г8 состаноците.

Именувањe

Претседателот на комисијата прво е предложен од страна на Европскиот совет земајќи ги предвид последните парламентарни избори, кандидатот тогаш може да биде избран од страна на Европскиот парламент или не. Ако не, Европскиот совет предлага друг кандидат во рок од еден месец. Кандидатот бил водечки национален политичар но, тоа не е услов. Во 2009 година, Договорот од Лисабон не бил на сила и Баросо не бил избран од Собранието, туку номиниран од Европскиот совет, во секој случај, десно ориентаните партии на ЕУ вршеле притисок за кандидат од својте редови. На крајот десно ориентираниот кандидат бил избран: Хосе Мануел Баросо од Европската народна паритја. Постојат и други критериуми кои влијаат на изборот на кандидат. Меѓу нив се: Географската област на Европа од која доаѓа кандидатот (фаворизирана како југоисточна Европа во 2004 година), политичкото влијание на кандидатот, (кредибилни но не да бидат надмоќни над членовите), јазик (Франција смета дека францускиот јазик е неопходен услов) и степен на интеграција (нивната земја треба да биде член на Еврозоната и на Шенгенскиот договор). Во 2004 година системот произвел голем број на кандидати и бил критикуван од страна на некои членови на парламентот. По изборот кој се продолжи, лидерот на групата Алијанса на либералните и демократите за Европа, Грехам Водсон, ја опишал процедурата како ◌͈стаза на теписи во Јустус Липсиус", кој произведол само најмал заеднички именител, додека лидерот на групата Европски зелени-европски слободен сојуз (Green –EFA) Даниел Кон Бендит го прашал Баросо по неговиот прв говор „Ако вие сте најдобриот зошто не сте првиот кандидат?“ По претседателските избори и именувањето на високиот претставени од страна на Европскиот совет, секој комесар е номиниран од нивната земја-членка (освен за оние држави кои си обезбедиа претседател и висок претставник) во консултација со претседателот на Комисијата, иако има мала практична моќ да присили промена на кандидатот. Меѓутоа, колку е поспособен кандидатот, толку е поголема веројатноста

15

претседателот да им даде помоќно портфолио, распределба која е целосно во негова дискреција. Тогаш тимот на претседателот е предмет на расправа. Во Европскиот парламен кој ке ги испитува нив и потоа гласање за нивната соодветност за нивната целина. Ако членовите на комисијата се несоодветни, претседателот мора да го прегрупира тимот или да побара нов кандидат од земјата членка или да ризикува Комисијата да гласа против. Бидејќи парламентот неможе да гласа против поединечните комесари постои компромис при што најлошите комесари се отстранети, но малите забелешки се ставаат на страна така што Комисијата може да ја преземе функцијата. Одкога тимот е одобрен од парламентот формално е составен во функција Европскиот Совет (Договор од ЕУ член 17.07). По назначувањето, претседателот бира неколку потпретседатели (високиот претставник е обврзан да биде еден од нив) од редот на комесарите. За најголем дел позицијата им дава малку поголема моќ на потпретседателите, освен првиот заменик кој стои како претседател кога претседателот е отсутен. Од 2009 година првиот заменик-претседател се има стекнато со дополнителна моќ кој исто така е Висок претставник.

Организација

Првенствено комисијата е со седиште во Брисел, со канцеларија на претседателот и сала за состаноци на комиисијата сместена на 13 спрат во зградата Берлејмон. Комисијата, исто така, функционира со многу други бројни објекти во Брисел и Луксембург, кога собранието ќе се состане во Стразбур комесарите се состануваат во зградата Винстон Черчил за да присуствуваат на дебати во собранието. Комисијата е поделена на оддели познати како генерални директори (ГД) што ги поврзува одделенијата и министерствата. Секој оддел покрива одредена област како што се земјоделството или правдата и правата на граѓаните или внатрешните служби како што се човековите ресурси и преводи и е предводен од генералниот директор кој е одговорен за комесар. Портфолиото на комесарот може да биде поддржан од голем број на ГД, тие подготвуваат предлози за нив иако се одобрени од страна на мнозинството на комесари, оди до парламентот и советот за разгледување. Имало критики од голем број на луѓе дека високо фрагментираната структура на ГД го троши скапоцентото време во борба со преговори како што се различни оддели и комесари кои се натпреваруваат меѓу нив. Понатаму, ГД можат да остварат значителна контрола над комесар кој има малку време да научи да воспоставува контрола врз својте вработени. Според бројките објавени од страна на Комисијата, 23.043 лица биле вработени од страна на Комисијата како службеници и привремени агенции во април 2007 година. Во прилог на овие 9019 надворешни вработени (на пример договорени агенти,одвоени нациноални експерти,млади експерти обучувачи итн.) биле вработени. Најголемиот ГД е генерален директор за преводи со 2186 вработени додека најголема група е Белгески (21,4%), веројатно се должи на мнозинството (16.626) на вработени кои се наогаат во земјата. Државната служба на Комисијата е управувана од Генералниот секретар, во моментов Кетрин Деј.

16

Совет на Министри

Новините кај Советот на Европската унија (Советот), чија примарна задача е законодавството (заедно со Европскиот парламент), се однесуваат, пред сè на постапките за одлучување. Имено, битно е да се споменат следните карактерни црти на Советот: 1.За разлика од Европскиот совет, кој со Договорот од Лисабон добива фиксен претседател со мандат од 2/5 години, тука претседателството и понатаму се менува во полугодишен ритам. Единствен исклучок претставува новосоздадениот Совет за надворешни работи, кој се наоѓа под раководство на Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

2.Ова веќе упатува на втората новина, фактот што досегашниот “ Совет за општи работи и надворешни односи”, во кој се состануваат министрите за надворешни работи, со Договорот од Лисабон се поделува во “ Совет за општи работи” и Совет за надворешни работи”. Кај првиот совет раководството се менува помеѓу државите - членки како и дотогаш, на половина година. Со вториот совет постојано раководи Високиот претставник.

Советот на ЕУ заедно со Европскиот парламент, го сочинуваат централниот орган на одлучување на ЕУ. Советот го репрезентира елементот на членство на една земја. Секоја држава - членка делегира по еден свој претставник во него. Тој учествува во креирањето на “ законите” на ЕУ по предлог на Комисијата и со учество на ЕП. Тоа што е изменето со Лисабонскиот договор е релативната тежина на вклучените три органа, особено со постојаното зголемување на надлежностите на ЕП. Советот се состанува во различен состав, зависно од конкретно прашање и тоа во следните 10 области:

1. Општи работи,

2. Надворешни работи,

3. Економија и финансии,

4. Правда и внатрешни работи, 17

5. Работа, социјална политика, здравство и заштита на потрошувачите,

6. Конкуренција,

7. Транспорт, телекомуникации и енергија,

8. Земјоделство и рибарство,

9. Животна средина, и

10. Образование, млади и култура.

Покрај надлежните министри на државите - членки присутен е и надлежниот член во Комисијата. За многу министри од државите - членки, работата на Советот претставува битен дел од работните задачи. Сепак, со оглед на нивните национални обврски тие можат да бидат присутни во Брисел само краток период, поради што им е потребна поддршка. Тука пред сè е значаен Комитетот на постојани претставници (КОРЕПЕР) со седиште во Брисел. Тој се состои од постојаните претставници на државите - членки во Брисел како и од нивните заменици и заседава на неделна основa.Терминот КОРЕПЕР произлегува од францускиот назив на Комитетот:Comité des Représentants Permanents.Овој комитет врши надзор и координација на работите на околу 300 комисии и работни групи, коишто се состојат од службеници на државите - членки , а коишто им ги подготвуваат досиејата на КОРЕПЕР и на Советот на техничко ниво. КОРЕПЕР презема значаен дел од подготовката на одлуките по сите содржински прашања. Притоа членовите на Комитетот го репрезентираат Советот исто така и во постапките за усогласување со ЕП што се применуваат во рамките на редовната законодавна постапка, доколку не може да биде постигнат договор помеѓу Советот и ЕП.Имено, земајќи ја во предвид работата на државите - членки на ЕУ во Брисел, која се реализира преку постојаните или националните претставници, е да бидат поддржани преговарачките позиции на нивните држави во интерес на надминување на разликите со останатите држави-членки како и обезбедување на нови информации за активностите на ЕУ за креаторите на националните политики дома. Оттука, овие пр етставници постојат за да дејствуваат како контратежа на “централизаторските” тенденции на Комисијата на ЕУ. Постојаните претставници, кои имаат ранг на сениорски амбасадори, се состануваат колективно во КОРЕПЕР, како исклучително важен комитет кој ги подготвува состаноците на Советот на министрите и претседава со процесот на преговарање зад сцената, и кој воедно врши огромно влијание врз креирањето на целокупното законодавство на Унијата.

Нормативна рамка

18

Советот, заедно со Европскиот парламент, имаат законодавни и буџетски функции. Советот врши функции на создавање политики и координативни функции како што е утврдено во Договорите. Советот се состои од претставник на секоја држава - членка на министерско ниво. Советот постапува со квалификувано мнозинство, освен кога во Договорите е предвидено поинаку.

Квалификувано мнозинство подразбира мнозинство формирано од гласовите на најмалку 55% од членовите на Советот, кое опфаќа најмалку петнаесет земји од членките и претставува држави - членки што опфаќаат најмалку 65% од населението на Унијата. Блокирачко малцинство мора да вклучува најмалку четири членки на Советот, во спротивен случај се смета дека е постигнато квалификувано мнозинство.

Претседателството на составите на Советот, со исклучок на составот за надворешни работи, се одредува од претставниците на државите - членки врз основа на рамноправен систем на ротација.

Советот се свикува од страна на неговиот претседател на сопствена иницијатива или на барање на некој од неговите членови или членовите на Комисијата. Кога е потребно постапување со просто мнозинство, Советот постапува со мнозинство на неговите членови. Но, кога Советот не постапува по предлог на Комисијата или на Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, квалификуваното мнозинство се дефинира како најмалку 72% од членовите на Советот кои претставуваат држави - членки со најмалку 65% од населението на Унијата.

Додека, во случаите кога сите членови на Советот не учествуваат во работата на Советот, квалификуваното мнозинство претставува најмалку 55% од членовите на Советот, кои се претставници на државите - членки што учествуваат и кои сочинуваат најмалку 65% од населението на овие земји.

Блокирачкото малцинство мора да го вклучува најмалку минималниот број на членови на Советот кои претставуваат повеќе од 35% од населението на државите - членки што учествуваат, плус еден член, во спротивно се смета дека е постигнато квалификувано мнозинство;

Воздржувањето од гласање на лично присутните или членовите кои се застапувани не го спречува донесувањето на акти од страна на Совет за кои е потребно едногласност. При гласање, секој член на Советот може, да гласа во име на не повеќе од еден друг член (прокси-глас или “ proxy-vote”).

На Советот му помага Генерален секретаријат, и Генерален секретар именуван од Советот. Советот одлучува за организацијата на Генералниот секретаријат со просто мнозинство. Тој постапува со просто мнозинство за процедурални прашања и за донесување на неговиот Деловник. Советот, постапувајќи со просто мнозинство, може

19

да побара од Комисијата да спроведе истражувања кои Советот смета дека би биле корисни за постигнување на заедничките цели и да му достави соодветни предлози. Ако Комисијата не достави предлог, таа го информира Советот за причините за тоа.

Европска централна банка

Европската централна банка (ЕЦБ) (англиски: European Central Bank, ECB) со седиште во Франкфурт на Мајна, Германија, е централна банка на Eврозоната, која е надлежна за монетарната политика на членките на Европската унија што го употребуваат еврото како валута. ЕЦБ е основана на 1 јуни 1998 година. Европската централна банка (ЕЦБ) е орган на ЕУ и заедно со централните банки на 17 членки на ЕУ го сочинува заедничкиот Европски систем на централни банки (ЕСЦБ). Иако ЕЦБ и ЕСЦБ биле основани со Договорот на ЕУ од 1992 година, тие започнале да работат дури во 1998 (ЕЦБ) и 1999 година (ЕСЦБ) со воведувањето на еврото за безготовински плаќања. ЕЦБ и ЕСЦБ го замениле Европскиот монетарен институт, кој бил воведен во 1994 година врз основа на Европската економска и монетарна унија.

Капиталот на банката е во сопственост на централните банки на сите 28 членки на ЕУ. Банката е основана со Договорот од Амстердам во 1998 година, и е со седиште во Франкфурт, Германија. Актуелниот претседател на Европската централна банка е Марио Драги, поранешен гувернер на Банката на Италија кој го замени Жан-Клод Трише.

Органи на управување во Европската Централна Банка

Органи на одлучување во ЕЦБ се:

Управниот совет е највисокото тело за донесување одлуки на ЕЦБ, во кој припаѓаат членовите на Извршниот совет на ЕЦБ (шест члена) и гувернерите на централните банки на земјите од евро-зоната. Согласно Статутот на ЕСЦБ, Управниот совет на ЕЦБ треба да заседава најмалку десет пати годишно, во просториите на ЕЦБ во Франкфурт на Мајна, Германија. Датумите на состаноците се определуваат од самиот Управен одбор, на предлог на Извршниот одбор. Обично, Управниот совет се состанува два пати месечно, во првиот и третиот четврток од месецот. Прашањата поврзани со

20

монетарната политика, вообичаено се дискутираат само на првиот состанок во месецот. Во другите средби, Советот дискутира главно за прашања поврзани со други задачи и одговорности на ЕЦБ и Евросистемот. За да се обезбеди поделба на монетарната политика на Европската централна банка и други задачи од својот надзорен одговорности, се одржуваат одделни состаноци на Управниот совет.

Претседателот на Советот на ЕУ и членовите на Европската комисија можат да присуствуваат на седниците, иако право на глас имаат само членовите на Управниот совет. Секој член на Управниот совет има еден глас и, освен за одлуките за финансиските прашања на ЕЦБ, Управниот одбор одлучува со просто мнозинство. Во случај на еднаквост при гласањето, Претседателот има одлучувачки глас. Во однос на финансиските прашања, на пример, капиталот на ЕЦБ, преносот на девизните резерви или распределбата на готовинските приходи, гласовите се земаат предвид според учеството на НЦБ во запишаниот капитал на ЕЦБ. Договорот за Европската унија и Статутот на ЕСЦБ и на ЕЦБ му даваат право на Управниот совет да ги носи стратешки најважните одлуки за Евросистемот.

Одлуката на монетарната политика е објаснета во детали на конференцијата за печатот што се одржува на секои шест недели и на која учествуваат претседателот и заменик- претседателот на ЕЦБ. Покрај тоа, ЕЦБ објавува редовни извештаи за состаноците на Управниот совет на монетарната политика пред датумот на следниот состанок.

Главни одговорности на Управниот совет се:

• усвојување на насоки и преземање на одлуки со кои треба да се обезбеди извршување на задачите доверени на ЕЦБ и Евросистемот;

• формулирање на монетарната политика за евро-зоната. Ова вклучува одлуки во врска со монетарните цели, основните каматни стапки, понудата на резервите во Евросистемот, како и за утврдување на насоки за спроведување на тие одлуки.

• во контекст на новите надлежности на ЕЦБ во врска со банкарската супервизија, да донесува одлуки кои се однесуваат на општата рамка во која се земаат супервизорските одлуки, и да донесе комплетен предлог за одлуките предложени од страна на Надзорниот одбор.

При одлучување за монетарната политика и други задачи на Евросистемот, Управниот совет го почитува развојот во евро-зоната како целина.

Извршен одбор е оперативно тело на ЕЦБ, кое ги спроведува одлуките на Управниот совет. Извршниот одбор на ЕЦБ е составен од претседател, заменик-претседател и четири други членови. Тие се именуваат од редот на лица со признаен углед и

21

професионално искуство во областа на монетарните и банкарски прашања, со заедничка согласност на владите и шефовите на државите од еврозоната, по препорака од Советот на ЕУ, а по консултации со Европскиот парламент и Управниот одбор на ЕЦБ, со мандат во траење од осум години, а повторен избор не е дозволен.Седниците на Извршниот одбор обично се одржуваат секој вторник. Претседателот на ЕЦБ, или во негово отсуство, заменик-претседателот, претседава на состаноците на Управниот совет, Извршниот совет и Генералниот совет на ЕЦБ. Председателот може да присуствува на седниците на Еврогрупата - неформална група на министрите за економија и финансии од еврозоната, и може да учествува на состаноците на Советот на ЕУ, кога се разговараат за прашања поврзани со целите и задачите на Евросистемот. Главните одговорности на Извршниот одбор се:

• Да ги подготват состаноците на Управниот одбор;

• Да применува монетарната политика во еврозоната во согласност со прифатените од Управниот совет насоки и решенија, како и при тоа да дава упатства на НЦБ

• Да раководи со тековната активност на ЕЦБ;

• Да остварува одредени ингеренции, вклучувајќи регулаторни, делегирани од страна на Управниот совет.

Генералниот совет ги вклучува претседателот и заменик-претседателот на ЕЦБ и гувернерите на националните централни банки на сите земји-членки на ЕУ. Останатите членови на Извршниот одбор, претседателот на Советот на ЕУ и член на Европската комисија можат да присуствуваат на седниците на Генералниот совет, но немаат право да гласаат. Генералниот совет може да свикува седници, кога претседателот смета дека е потребно, или на барање на најмалку тројца членови. Тој заседава обично во Франкфурт, еднаш на три месеци. Генералниот совет не носи одговорност за одлуките поврзани со монетарната политика во еврозоната. Тој ги презема задачите на ЕМИ кои ЕЦБ треба да ги спроведува во третата фаза на ЕМУ, додека има земји-членки на ЕУ, кои не го прифаќаа еврото. Тоа значи дека Генералниот совет одговара главно за известување за напредокот за приближување на земјите-членки на ЕУ, кои не го прифатиле еврото, и за обезбедување на совети за неопходните подготовки за прифаќање на еврото за нивна валута. Генералниот совет ги помага советодавните функции на ЕСЦБ и помага за собирање на статистички информации.

Претседатели на Европската централна банка

Првиот шеф на ЕЦБ бил Вим Дуизенберг, поранешниот претседател на Холандската банка и поранешен министер за финансии на Холандија.

22

Во ноември 2003 година, на функцијата претседател на ЕЦБ, него го наследил Жан - Клод Трише.

Во ноември 2011 година бил избран третиот гувернер на ЕЦБ - Марио Драги.

Суд на правдата на Европската Унија

Судот на правдата на Европската Унија (Судот) е надлежен да следи дали законите на ЕУ подеднакво се толкуваат и се применуваат во секоја од земјите-членки. Со други зборови, дали законите на ЕУ се идентични за сите страни и во сите услови. За оваа цел, Судот ја проверува правната страна на постапките на институциите на ЕУ, проверува дали земјитечленки ги исполнуваат своите обврски и ги толкува законите на ЕУ по барање на националните судови. Судот има овластување да ги решава правните спорови меѓу земјите-членки, институциите на ЕУ, бизнисите и поединците. Со цел да се справи со илјадниците случаи што ги добива, Судот е поделен на две главни тела: Суд на правата, кој работи на барањата за прелиминарни пресуди добиени од националните судови, одредени дејства за поништување и жалби, и Општ суд, кој пресудува за сите дејства за поништување, иницирани од страна на поединци и компании, како и некои слични постапки покренати од земјите-членки

Трибуналот за јавната администрација, кој е специјален трибунал, суди при спорови меѓу ЕУ и нејзините службеници.

Надлежност на судот

Судот донесува пресуди за случаите што се поднесени до него. Четирите најчести вида случаи се:

1. прелиминарна пресуда

23

Судовите во секоја земја-членка на ЕУ се одговорни за правилното спроведување на законите на ЕУ во таа земја. Доколку некој национален суд има каков било сомнеж околу толкувањето или валидноста на законите на ЕУ, тој може, а понекогаш и мора да побара совет од Судот на правдата. Овој совет се дава во форма на обврзувачка „прелиминарна пресуда”. Овие пресуди се важен канал за граѓаните да утврдат во колкава мера, преку нивните национални судови, законите на ЕУ влијаат врз нивниот живот

2. Прекршочни постапки

Комисијата или (многу ретко) одредена земја-членка, може да почнат ваква постапка доколку тие од која било причина сметаат дека одредена земја-членка не ги исполнува своите обврски согласно со законите на ЕУ. Судот ги истражува сите обвинувања и донесува пресуда. Доколку се утврди дека е направен прекршок, обвинетата земја- членка мора да ги поправи нештата без одлагање со цел да ги избегне казните што Судот може да ги примени.

3. Дејствија за поништување Доколку која било од земјите-членки, Советот, Комисијата или (под одредени услови) Парламентот сметаат дека одреден закон на ЕУ е нелегален, тие може да побараат од Судот да го поништи. Оваа „постапка за поништување” може да ја користат и поединци што сакаат Судот да поништи одреден закон бидејќи тој има директни негативни последици врз нив.

4. Дејствија за непостапување

Согласно со Спогодбата, Европскиот парламент, Советот и Комисијата треба да донесуваат одредени одлуки под одредени услови. Доколку не го прават тоа, земјите- членки, другите институции на ЕУ и (под одредени услови) поединци или компании, може да достават жалба до Судот за официјално регистрирање на прекршокот.

Како работи судот?

Судот на правдата е составен од 28 судии, по еден од секоја земја-членка, за да се осигури дека тој ги претставува сите национални правни системи. На Судот му помагаат осум „генерални правобранители”, кои даваат мислења за случаите што се поднесени до Судот. Тие мораат тоа да го сторат јавно и објективно. Судиите и генералните правобранители се или поранешни членови на највисоките национални судови или правни експерти што уживаат висок углед и во чија независност нема

24

никаков сомнеж. Нив ги назначуваат владите на земјите-членки по пат на заеднички договор. Секој од нив е назначен со мандат од шест години.

Судиите во овој суд избираат Претседател чиј мандат е три години. Судот на правдата може да заседава во целосен состав, како големо заседание од 13 судии или заседанија од пет или три судии, зависно од сложеноста и важноста на случајот. Околу 60 % од случаите ги разгледува Заседанието од пет судии, а 25 % од нив ги разгледува Заседанието од три судии.

Општиот суд, исто така, е составен од 28 судии, назначени од страна на земјите-членки со мандат од 6 години. Судиите во Општиот суд, исто така, избираат Претседател од своите редови со мандат од три години. Овој суд заседава во рамките на заседанија од три или пет судии (понекогаш и само еден судија) за да врши сослушувања. На сослушувањата за околу 80 % од случаите на Општиот суд присуствуваат по тројца судии. Големото заседание од 13 судии или целосниот состав од 27 судии може да заседаваат заедно доколку сложеноста и важноста на случајот го оправдуваат тоа.

Сите случаи се поднесуваат до Регистарот на Судот, при што на секој одделен случај му се доделуваат посебен судија и генерален правобранител. Веднаш по поднесувањето започнува судскиот процес, кој се одвива во две фази: писмена и усна. Во првата фаза сите вклучени страни доставуваат писмени изјави, а судијата што го води случајот подготвува извештај, кој дава резиме на изјавите и ја утврдува правната основа на случајот. Судот дискутира за извештајот на својот општ состанок и одлучува за тоа кој судски состав ќе го сослуша случајот и за тоа дали се потребни усни аргументи. Потоа следува втората фаза –јавното сослушување – кога адвокатите го изнесуваат својот случај пред судиите и генералните правобранители, кои пак можат да поставуваат прашања за нив.

По усното сослушување, генералните адвокати назначени за дадениот случај подготвуваат свое мислење. Согласно со ова мислење, судијата подготвува предлог- пресуда, која се доставува до другите судии на разгледување. Потоа судиите дискутираат и ја донесуваат својата пресуда. Судот ги донесува своите пресуди со мнозинско гласање и ги изрекува на јавно сослушување. Во повеќето случаи текстот на пресудата се преведува на сите официјални јазици на ЕУ во ист ден. Издвоените мислења не се вклучени. Сите случаи не ја следат оваа постапка. За случаите со итен карактер постојат поедноставени и итни постапки што му овозможуваат на Судот да ја донесе пресудата во рок од околу три месеци.

25

nema postavljenih komentara
ovo je samo pregled
3 prikazano na 28 str.