Историски развој на нотаријатот, Esej' predlog Opsta istorija prava i drzave. St.Cyril and Methodius University
MILAvolcek
MILAvolcek4 February 2016

Историски развој на нотаријатот, Esej' predlog Opsta istorija prava i drzave. St.Cyril and Methodius University

DOCX (36 KB)
11 strane
7broj preuzimanja
1000+broj poseta
100%on 1 votesbroj ocena
Opis
Нотаријатот е самостојна, независна јавна служба во која се вршат работи од видот на јавни овластувања врз основа на закон по барање на граганите, државните органи, правните лица и други заинтересирани институции....
20 poeni
poeni preuzimanja potrebni da se preuzme
ovaj dokument
preuzmi dokument
pregled3 strane / 11

ovo je samo pregled

3 shown on 11 pages

preuzmi dokument

ovo je samo pregled

3 shown on 11 pages

preuzmi dokument

ovo je samo pregled

3 shown on 11 pages

preuzmi dokument

ovo je samo pregled

3 shown on 11 pages

preuzmi dokument

2015

Историски развој на нотаријатот во Европа и нотаријатот во Република Македонија

Една од претпоставките за доброто функционирање на секоја модерна правна држава е постоењето на нотарите - нотарската служба. Оваа служба има посебна улога во спроведувањето и остварувањето на правниот поредок in concreto, зошто, ако правниот поредок предвидува одредени правни форми, нотарот е должен нив да ги осмисли и реализира.

Во Република Македонија по нејзиното осамостојување како посебна држава, со донесувањето на Уставот во 1991 година со кој се инаугурира граганското општество, ориентирано кон пазарна економија, нужна била радикална реформа, не само во економскиот, туку и во правниот систем на земјата. Се наметнала потребата од промена на постојните закони, донесување на сосема нови закони и уредување на односите на сосема поинаков начин. Создадена е уставна основа одделни вонпроцесни работи актуелни за правниот промет и неспорни помегу правните субјекти да можат да се вршат како јавни овластувања од страна на самостојна и независна јавна служба. Се јавила потреба од воведување на јавна служба за вршење на нотарски работи. Тоа се остварило со донесувањето на Законот за вршење на нотарските работи.

Првите нотари во Република Македонија почнале со работа во месец јуни 1998 година, а набргу потоа истата година била основана Нотарската комора на Република Македонија и другите органи и тела. Дејноста која денска ја вршат нотарите во Република Македонија била во надлежност на судовите во вонпроцесна постапка, а еден дел и во надлежност на управните органи. Со донесувањето на Законот за судовите се создале услови дел од вонпроцесните работи да бидат изземени од судовите и со ЗВНР да бидат пренесени во надлежност на нотарите.Разграничувањето на надлежноста на судовите и управните органи од една страна, и надлежноста на нотарите, од друга страна, е извршено со ЗВНР.

Нотаријатот е самостојна, независна јавна служба во која се вршат работи од видот на јавни овластувања врз основа на закон по барање на граганите, државните органи, правните лица и други заинтересирани институции. Нотарот ја врши својата служба како основно занимање за

времето за кое е именуван.1 Нотарот, нотарските работи ги врши слободно, независно, самостојно, стручно и непристрасно врз основа на Уставот, закон, ратификувани мегународни договори и други прописи и општи акти засновани врз закон. За подобро разбирање на нотаријатот и неговата функција, би дал краток опис врз историскиот развој на европскиот (латински) нотариајт.

Латинското јавно бележништво онакво какво денес го познава претежниот дел на Западна и Средноконтинентална Европа, кое постои од латиноамериканскиот свет и се повеке продира во разни азиски и африкански земји. Почетоците на оваа служба, најверојатно треба да се побараат во развиениот среден век, иако од дејностите кој ја чинат се вршеле на разни начини, во различни својства и со различни ефекти на различни лица уште од римско време. Токму заради таквата сложеност на работата,нотарот не би смеел никако да се поистовети со некогашниот, инаку многу стара институција,јавен писар. Нотарската служба, потоа не би смеела никако да се сведе на техничко правило и елегантно пишување или запишување, иако зборот нотариус сепак изворно значи стенограф. Имено современиот поим нотар првенствено означува една специфична правна служба и затоа неговата техничка спообност на реагирање на актите подобни за постигнување на определени цели зависи првенствено од неговото правно значење. Уште повеке, што нотарот има посебна улога за спроведувањето, остварувањето ,,in concreto” на правниот поредок, бидејки ако тој поредок на правнонормативна основа пропишува определени правни форми или единствено ги подразбира, нотарот е должен да ги реализира, односно да ги смисли и перфекционира.

Затоа за постоењето на правната наука и на оние кои со неа професионално се занимаваат - правниците – претходен услов е постоењето на историјатот на нотаријатот. А тоа, повторно е и причина поради која за подобро разбирање, не само заради почетоците, туку и заради постоењето на институцијата нотаријат би требало да се вратиме во римското време низ текот на кое правниците и правната наука се родени, но и се продолжени корените на она што денес се нарекува латински нотаријат.

1 Закон за нотаријатот на Република Македонија

Во класичното време на римското право, во периодот од V век пред Христос до III век по Христос, науката и вештината со која подоцна ке се занимават нотарите, се формирале и се усовршиле, но сепак во услови кои ја спречувале појавата на нотарите како автономна служба. До III век пред Христос со науката на римското право - Jurisprudencija, како што самите Римјани ја нарекувале - која се однесувала на приватното право, се занимавал колегиумот на државните свештеници (Saccerdotes publici), чие значење и дејност немале никаков езотеричен карактер, бидејки тие всушност вршеле служба паралелно со онаа која ја вршеле магистрите. Понтификалната јуриспруденција била формалистичка. Точноста на користените форми биле во функција на извесен учинок, исто така и кај современите нотари.

Колегиумот на свештениците, секоја секоја година одредува од своите редови едно лице кое давало совети на поединци. Тој посебно ги известувал за она што тие требало да го напишат во своите тестаменти или за зборови кои требало да ги употребат во своите усни акти мегу живите за да би можеле да го постигнат саканиот правен ефект. Таа дејност одговарала на подоцнежната типична активност на римскиот правник, која воопшто се состоела во давање одговори, во знаењето давање совети. Таа дејност Римјаните ја означувале со ,,cavere”, глагол од кој произлегува на пример францускиот збор ,,cautle”. Cavere всушност значело: ,, упати на она што треба да се направи за да се постигнат одредени ефекти во иднина”, односно да се карактеризира прогнозата.

,,Cavere” останала карактеристична ознака,чиј авторитет зависел само од јавното признание на нивните професионални способности, редовно биле консултирани во дворовите на нивните куки, но често и на улица. Мегу другото, тие давале совети и за актите кои требало да се извршат. Тие консултации станувале се посложени, постапно и во мера, со што римскиот правен состав се збогатувал и се усовршувал со работата на сите тие правници така способни да формираат право поагајки од реалноста и да ги прилагодуваат општите модели во исклучителни ситуации. Но римскиот правник никогаш не бил нотар, како што никогаш не бил ни адвокат ни судија. Тој бил јурисцонсултус, правник советник, оној што единствено бил способен тоа да го стори, оној кој им давал на адвокатите - кои биле реторичари, магистрите - кои биле политичари, судиите кои биле обични поединци и табеллионесите - редактори на правните акти, правни информации без кои тие не можеле да ги вршат своите служби.

Римските tabellionesi не биле јавни писари од општа практика, биле специјализирани за различни домени на пишување. Оние кои од нив се занимавале со редигирање на правните акти, иако не биле jurisconsulti, сепак биле квалификувани juris studiosi, juris periti (грчки nomokoi) (legisti). Тие значи биле навистина добри практичари, но зависни од науката на јурисцонсулта, во која не се осмелувале да играат креативна улога.

Во средината на III век по Христос, по смртта на Модестин, последниот јурисконсулт, е прекината традицијата на римската јуриспруденција. Тој немал ученици. Недостигот на јурисконсулти нужно се одразил и на другите правни професии, за што биле присилени да го надоместат, секоја во својот домен, нивните припадници морале да станат правници.

Таквиот развој довел и до појава на професијата, која би можело да се смета за далечен предок на денешното јавно бележништво: tabellio на доцното Римско Царство, пред се на Источното Римско Царство, чија јавна администрација била посолидна, и кое имало бујна култура, всушност е прототип на модерниот нотар. Таа трансформација не е само последица на фактите дека тие со завршувањето на класичната јуриспруденција биле присилени да станат правници. За тоа има влијание уште една причина. Со завршувањето на класичната јуриспруденција, судската процедура ја променила својата форма: формуларниот процес, во суштина усмен, е напуштен а преживеала само процедурата наречена когнитио, писмена постапка во која пишаниот доказ набрзо преовладувал над доказот на сведоци. Во тој контекст, значењето tabelliones многу се зголемило, па затоа нивната професија официјално е утврдена и тие се организирале во корпорација која набрзо добила одреден сјај и углед. Уште во тоа време е формиран поимот на автентичен акт, акт на јавната вера. Тоа се уште не е нотарски акт, но веке од времето на царот Константин, во секоја значајна комуна, одредени функционери добиле jus actorum conficiendorum. Тие биле надлежни да препишуваат во јавните регистри (gesta) приватни акти кои им биле предавани ( и кои пред препишувањето најчесто ги редигирале tabelliones ), и самите да редигираат записници за изјави кои усмено им ги давале поединци, кои исто така ги внесувале во gesta.

Секогаш можело да се добие копија на она што било забележано во јавниот регистар и таквиот документ бил непосреден доказ во судењето.

Актот кој го регидирал tabellio, а не бил внесен во gesta не можел да има во тоа време иста вредност, бидејки тогаш не била родена идејата за чување на списи, значи за формирање на нотарски архиви. Тоа не пречело доказната сила на јавнобележничкиот акт постепено да расте, така што во Јустинијановото време се доближил до современиот акт на јавна вера.

Правилата на Јустинијановото законодавство би можело да се збијат вака: ако една странка во парница би едирала документ кој го редигирала спротивната странка без јавна потврда, врз нејзе пагал товарот за докажување на потеклото на актот, и тоа по пат на сведоци ако на исправата се наогале нивните потписи или со верификација на писменото. Од друга страна, повикувањето на акт кој го редигирал tabellio го инвертира товарот на доказот, бидејки тој акт не можел да биде оспорен, освен во посебна парница поради материјален или интелектуален фалсификат. Иако е само копија која потекнувала од чуварот на јавниот регистар, (exseptor pullicus) создала апсолутен доказ со оглед на тоа дека била instrumentium publicum, сепак и актот кој би го составил табеллио би имал значење на привилегиран доказ и би се нарекувал instrumentium publice confectum.

Уредувањето кое главно се формирало во практиката врз основа на законодавството на Источното Римско Царство, немало свој континуитет надвор од подрачјето под византискиот суверенитет. Со Варварската инвазија, посебно со упадот на Лангобард во Италија, се предизвикала нагла декаденција на римските управни институции и јурусдикцијата и истовремено му го одзеле на нотаријатот и правилата кои го уредувале неговото вистинско практично значење. Мегутоа трагите на зградата на римското право и управа не исчезнале сосема ниту во новите држави. Затоа болонската ,,правна ренесанса” на XI и XII век можело полесно да се објасни како резултат на еволуцијата отколку како повторно откривање на нешто што било загубено. Историјатот на нотаријатот е за тоа извонреден пример. Европа на варварски кралства не го изгубила своето латинско. Сите Германи, набрзо, го прифатиле латинскиот како општ пишан јазик, дури и како службен јазик, со кој писмено се служеле. Во сите тие кралства може да се констатира постоење на законодавства повеке или помалку богати, повеке или помалку римско или со романизирана содржина, но во сите случаи редигирано на латински, што значи дека се користело со римска правна терминологија и поими. Затоа, не зачудува што во тоа римско варварско општество трајно се изготвуваат исправи, приватни акти

редигирани на латински, чиј текст зависел од старите римски формули за односите кои некогаш биле врзани за постапката за запишување на геста муниципалис, иако тој регистарски состав бил веке исчезнат. Таквата пракса е особено добро документирана за лангобарското кралство во кое исправите ги редигирале лица кои понекогаш биле нарекувани scriptor, а понекогаш exceptor или notarius. Првите од тие изрази алудира на обичен писар, додека другите два кои некогаш означувале одредени функционери на римската управа - припагаат сега на функционерите на еклезијастичната или државната управа. Во црквите и манастирите во тоа време можело да се најдат notarii eccelesiae, кај војводите notarii ducis, во градовите notari civitatis и најпосле кај кралот notari regii. Таа организација ја презело и каролиншкото царство по реформата во почетокот на IX век: notari eccelesiae или comitatus или regii, распоредени вдолж на царството како столбови кои ја носеле новата административна зграда што ја создал Карло Велики. Беше збор, освен за приватните scriptores, за должностите чија задача била составување на официјални акти. Нив се уште спонтано им се обракале поединци, барајки од нив да им составуваат приватни исправи, затоа што од VII до X век поседувањето на добро редигирана исправа значело најголема можност за сигурност.

Исправите на таа епоха не биле исправи на јавна вера. Германската процедура која во тоа време била правило за грагански работи со својот состав на ордалијски докази, кои не се однесувале на фактите што го оправдувале постоењето на правото туку на постоење на самото право, не можеле да признаат никаква директна улога на документираните докази. Ако било допуштено да се предочи исправа, била потребна уште и заклетва на странката или сведокот што ја потпишале за да ја потврдат. Мегутоа, иако приватниот акт во облик на коректно редигирана исправа во тоа средновековно време не можел да се смета за автентичен акт сепак бил најсилен рационален доказ во некои правни ситуации. Таквата исправа не била автентична, но сепак била авторизирана.Со тоа може да се објасни трајноста, уште повеке полетот што во основа таа епоха го доживеала ars dictondi како елемент на школскиот и културниот состав, барем во тогашните најважни европски средини, особено во Италија.

Освен реториката, односно вештината на усменото говорење, ars dictondi била вештина на пишаниот говор. Значи, била технички редигирана со писма и документи со карактеристики својствени за тој литерарен жанр: краткост, јасност, еднозначност. Ars dictandi била вбројана

на тривиј (trivium), бидејки се подучувала во школите во кои се изучувала литературата (artes). Мегутоа, и во тие школи, кога станува збор за техниката на редигирање на исправи, нужно ги користело римските правни формули и поими затоа што добриот правен латински, канонското право, потекнувал од римското право: римските правни елементи константно се употребувале во практиката на европските исправи. Благодарејки на еволуцијата ars dictaminis оваа употреба се обогатила и разубавила заправо во очи на втемелувањето на Болонската правна школа. И самиот Ирнериус, основачот на Болонската правна школа, во почетокот на тој европски - лаички универзитет на приемот на XI во XII век, бил магистер артиум и учител ars dictandi, и се претпоставува дека го напишал Formularium tebellionium, како што тоа го тврди Палмиери. Ирнериус, значи бил учител и арс нотариа, наука за стилот на правните исправи и посебните форми, која веке во тоа време била одвоена од ars dictandi. Затоа тезата која 1940 година ја изнел Ценцети, според која Болонската школа се формира во врска со нотарското школо, уште повеке во рамките на тоа школо, се чини доста веројатна.

Ars Notarija се чини дека и претходела на рагањето на модерната правна наука, но таа со неа и се користела и тоа од самиот почеток. Салатиеловата арс нотарија и Пасагериевите дела Summa artis notarias, Tractatus de notulis и De officio tabelliones сведочат за довршеноста на професионалните методи на нотарската струка, која во мегувреме станала еминентна струка на граганското општество на средниот век. Тој феномен би можел да се квалификува и како ,, успех на нотаријатите”, кои се протегаат до нашите денови.

Струката на средновековниот нотар, била долго на развојот помегу јуриспруденцијата и литературата. Мајсторите на ars notaria барем во најзначајните центри како што се: Болоња, Падова и Перуџи, не студирале на правни факултети, туку на оние за артистес, значи на филозофските факултети. Тоа не пречело најзначајните нотари да студираат и право. Затоа нотарите - правници биле особено образовани дури и повеке од самите адвокати.

Посебните својства на нотарите во Средниот век биле загарантирани со ригорозна професионална организација, која строго ја надгледувала изведуваната вежбовна пракса, наметнувала многу сериозни пристапни испити и го контролирала однесувањето на своите членови, значи организација подобна да го втемели апсолутниот кредибилитет на нотарот,

и на неговиот јавен углед2. За посебниот статус на службата сведочат и денес Palazzi кои Colledi de’ Notai (Collegium Notarium) можеле да ги изградат во градовите како што се Перуџи и Болоња.

Во средновековната Италија на нотарските акти почнала да им се признава автентичност кон крајот на XI и почетокот на XII век. Нотарскиот акт од XII век е автентичен бидејкипотекнува од субјект кој за тој квалитетможел да гарантира: од една страна, тој бил способен прецизно да ја утврди содржината на актот и да го напише во форма најпогодна за остварување на неговите цели, од друга страна, тој располагал со посебен интегритет и организација неопходна за чување на списите. Всушност, нотарот е дел од поредокот кој бдее над тоа, таа способност, тој интегритет и таа организација да бидат такви што тој својата служба може да ја врши на беспрекорен начин. Нотарскиот акт, својствено на автентичен акт го добил и поради друга причина. Почнувајки од XI век, процедурите од германски тип добиле порационални контури, додека процедурите кои произлегле од каноснкото право и кои биле коригирани под вилијание на римското право многу се прошириле во граганските работи. Затоа, веднаш се наметнала потребата за автентичен акт.

Пред нотарската служба да се прошири и афирмира, таа потреба се задоволувала на два начини. Едниот од нив, постариот е во прибегнување на вонпарнична судбеност, кој се состоел од водење на фиктивни парници. Одлуките донесени во тие парници биле регистрирани во јавните записници, чии копии можеле да се добијат. Таквата копија имала улога на автентичен акт мегу странките, бидејки поседувала сила на пресудена работа. Така дошло до појава на судија - нотар, или судски писар - нотар. Вториот начин бил со употреба на печатот, го добивал рефлексно неговиот кредибилитет.

2 Нотариус

Модерниот европски (латински) нотаријат се родил во северна Италија во северниот дел на средна Италија. Бил дефинитивно признат за времето на царот Фридрик Барбаросе и папата Александар III. Од Италија се ширел низ Европа во неколку правци. Ширењето на нотарството во Европа било запрено на различни начини со различни последици – во Англија и во земјата со обичајното право на северна Франција. За тие две подрачја тоа се објаснува со политичка причина: признавањето на царскиот нотаријат

можело да биде протолкуван како признавање на сувереноста на германскиот цар, што за тие кралства било неприфатливо. Во Англија нотаријатот доживеал декадација и се свел на редакција на инструменти од помало значење или на заверка на актите или потписите наменети за странство. Во Франција со реформите од 1791 и 1803 година, кои го укинале веналитетот и наследивоста на службата се отстранети трагите на нотарските служби кои се однесувале на стариот режим. Законот од 1893 година го уредил на нов начин вршењето на службата: нотарот имал државен печат, кој бил должен да го става на местото на кое некогаш го ставал својот signum. Тој станал државен должнионосник, кој својата служба ја вршел според правилата и организацијата осмислена во традицијата на средновековниот нотаријат. Првите ,,notary publici” во германските земји се јавуваат како tabellionis кои во своите акти на големо употребуваат правни формули на римското право. Во германското царство нотарската служба, рамковно, била на почетно ниво, регулирана единсвено со Нотарски ред од 15-12, со кој било надомествувано доттогаш обичаеното правно уредување на институциите.3 Модерното уредување на нотаријатот се воведува во одделни германски земји под влијание на француското револуционерно законодавство. Во Сојузната Република постоеле три облици на нотаријат: чист нотаријат (nurnotariat), состав на адвокати – нотари (Anwaltnotariat) и состав на нотари службеници (Beamtennotariat). Во Австрија, во која исто така вредел Царскиот нотарски ред од 15-12, нотаријатот во текот на XVIII век доживеал сериозна декаденција, особено што според Законот за граганската постапка од 1871 година протесните меници останале единствени нотарски акти кои имале сила на јавни исправи. Новиот закон во суштина го следи примерот на францускиот закон од 1803 година.

3 Нотариус

Краткиот приказ на историскиот развој на институцијата нотаријат покажува дека нејзината афирмација или декадација во определени периоди зависела од неколку суштински елементи. Пред се, појавата на нотаријатот го претпоставува воопшто постоењето на правната струка во склопот кој можел да се развие како посебна правна служба. Вториот услов, од кој судбината на институцијата зависела бил признавањето на посебната правна сила на исправите кои ги составувале нотарите. Во времето кога на тие исправи им се придавала сила на акт на јавна вера, автентичен акт, нотаријатот доживувал целосен замав и манифестација на

сите свои можности. Во времињата кога тоа својство им се доведувало во прашање, им се ограничувало, или дури им се одземало, нотаријатот стагнирал па дури и пропагал. Историјатот покажува дека правното значење на нотарскиот акт во многу зависело и од видот на судската процедура која преовладувала во даден период, односно дали таа била усмена процедура која се темелела на сведоци или на други ордалии, или процедура која посебно внимание им придавала на исправите. Третиот услов, кој се испрепретил со првите два, се однесувал и се однесува на интегритетот на нотарите и организацијата на нивната служба. Нотарите морале да бидат не само јавни експерти во својот домен, туку морале да бидат и лица од јавна доверба. Мегутоа, тој квалитет морал да биде проследен и со соодветна организација на нивната работа, таа морала да биде таква за да можела да им гарантира уредно водење на евиденција за нивните акти и да го обезбедува нивното чување и одржување. Најпосле, нотарите морале да бидат опфатени со стручна организација, која се грижела за нивната работа и така на тоа ниво им гарантирала компетентност, интегритет и кредибилитет на службата како целост.

Користена литература:

• Закон за нотаријатот на Република Македонија, Службен весник бр. 55/2007

• Нотариус

komentari (0)

nema postavljenih komentara

budi prvi koji ce napisati!

ovo je samo pregled

3 shown on 11 pages

preuzmi dokument