Kratka sodrzina Evgenij Onegin, Beleške' predlog Matematika
labinva
labinva

Kratka sodrzina Evgenij Onegin, Beleške' predlog Matematika

4 str.
57broj poseta
Opis
kratka sodrzina na romanot evgenij onegin
20 poeni
poeni preuzimanja potrebni da se preuzme
ovaj dokument
preuzmi dokument
pregled3 str. / 4
ovo je samo pregled
3 prikazano na 4 str.
ovo je samo pregled
3 prikazano na 4 str.
ovo je samo pregled
3 prikazano na 4 str.
ovo je samo pregled
3 prikazano na 4 str.

Евгениј Онегин

I глава

Романот започнува со патувањето на Онегин во село кај вујко му кој е на смртна постела и од кого треба да го наследи имотот. Роден покрај реката Нева во аристократска куќа, растел со раскошни балови поради што и семејството банкротирало. Се заситува од пенливи вина, шушкави тоалети и прифаќа да оди на село со желба за промена (друга клима, чист воздух). Воспитуван во француски дух, зборувал течно француски јазик, бил разгален, вистински монден (по 2-3 часа стоел пред огледало) бил добар танцувач, добар соговорник, талентиран, но не и сезнајко (вешто ја прикрива површноста). Читал и латински и грчки, но го сакал повеќе Адам Смит отколку Хомер и Теокрит. Омилен кај жените им ги кршел срцата иако бил инвалид за љубов, лицемерен, сплеткар со ниски страсти, често мрачен, молчелив, горд и тажен па сепак често канет на балови. Презасите од таков живот живеел без навика за работа и творечка дејност и како и на Чајлд Харолд таквиот живот му здодеал. Како човек без цел рано ќе го почуствува сплинот и често навечер после бурните ноќи се обидувал со перо да запише некој стих, но мрзеливоста била посилна. Веќе не пронаоѓал смисла во читањето, ги отфрла книгите како и жените, паѓа во душевен немир, а чајлдовската желба за патување веќе по три дена му поминувала затоа што безделничел „For Niente“.

II глава

И селото и дворецот се во мир, ништо не се случува вујко му бил мрачен тип и кавгаџија, но не сакал да живее во раскош. Освен вечен календар друго не читал, а сметал дека е добро да воведе либерални реформи и данок поради што станува омразен кај селаните. Во селото доаѓа спахијата Владимир Ленски школуван во духот на германските училишта (ги читал Шилер, Гете), а кантовската ориентација ќе му биде пречка да заземе реален став кон нештата. За разлика од Онегин имал цел во животот, а тоа е брак од љубов, слава со чесност, промени во општеството. Млад, убав, наивен се надевал на жена од соништата, ќе води мирен живот во надеж да си најде жена од соништата. Пишува поезија за шразната надеж и празниот живот на своите 18 години. Мајките го посакувале овој полу руски сосед за зет. Со Онегин се антиподи, различни како поезија и проза, како мраз и пламен, како црно бел свет. Недружељубивиот Онегин со Ленски ќе направи исклучок заради заедничките теми како расправии за науката, страста, јавањето коњи. За Онегин страста била моментална состојба, сметајќи дека е послатко ако брзо ја запалиш и уште побргу ја згаснеш. Ленски се вљубува во Олга, пријателка од детството која ќе ја идеализира и во тоа ќе претера. Олга била убава како лебед, со сини очи како небо, весела и безгрижна и сосема различна од својата постара сестра Татјана (тажна, молчелива, дива, плашлива, замислена, често мечтаела, скришно читала книги, затоа што необразованиот татко книгите ги сметал за смешни.) Ги читала Русо и Ричардсон, криејќи ги под перница. Читајќи го Ричардсовото дело ќе најде сличности со главниот јунак Грандисон со случајот за кнегињата Алина која не се омажила од љубов, но ја открила вештината да се биде добра жена и домаќинка и да се владее со мажот.

III глава

Ленски и Онегин се среќаваат и Онегин се жали на досада, а Ленски го кани да одат кај семејството Лерини кај Тања и Олга. Онегин незаинтересирано прашува за Тања, а нејзините веќе го гледаат како зет. Тања страсно се вљубува, се повлекува во себе, одбегнува гости и дружења, мечтае во осаменост. Крвта и врие, често е насолзена и и се жали на дадилката за несоница и ја тера дадилката да и кажува за нејзиниот љубовен живот изрежиран од родителите кои ја омажиле

на 13 години за помлад од неа. И се доверува дека е вљубена, а спас наоѓа во пишување љубовно писмо што е смело за тоа време. Онегин го чита и го чува како светиња, таа очекува одговор прашувајки се дали ќе биде отфрлена (во писмото го моли да и подаде рака за нејзината болка и да се видат барем еднаш неделно на кратко). Слушнала за него дека е чуден и дека се му е здодевно, но му ветува дека би му била верна жена и вечно негова (типично патријахарно воспитувана). Чувствата и се толку возвишени да во Онегин гледа дека е пратен од бога да биде нејзин чувар, но се прашува дали ангел или демон. Му ја препушта судбината со желба да и даде волја за живот и со страв да не биде отфрлена (стр. 73). Утрото се буди со олеснување и ја моли дадилката да го испрати писмото по внукот, но да не му каже од кого е.(дадилката негодувала поради годините на Онегин.)Чека одговор три дена мелахонично пишувајки ги иницијалите Е.О. на прозорецот, Онегин доаѓа таа бега преку дворот во гората, се тресе, гори, очекува...

IV глава

„Колку помалку жена љубиш, помил си им, зошто да те убедувам во нешто што знаеш?“ Мисли дека 13 годишно девојче не заслужува еден груб, разгален и незрел маж. Бил трогнат од писмото и искреноста, но и кажал дека не може да се замисли како семеен човек. Ја теши дека таа би била идеална жена и секој би ја посакал, но неговата неспремност за брак би била лоша повест. Не спремен за вечна љубов и верност би и го скршил срцето. Нежно ја моли да го послуша и да не биде гневна. Тања слуша со наведната глава и солзи во очите, почнува нејзиниот душевен немир, страда, копнее, венее, долги денови, ноќи ненаспани. Наспорти неа Олга блеска, Ленски ја сака, бљубено се држат за рака и ја допира косата, фустанот, платонско детски. Води споменар каде со љубов пишува за Олга, а чувствата ги претвора во стихови, а Онегин спомнува дека и тој водел некогаш, но му пречи кога треба искрено да признае дали некого повредил или излажал. Му замера на Ленски поради тажниот стил во пишувањето сметајќи дека „Елегиите се празни и без цел, а одите по цел благородни“. Ленски пишува, а Олга не чита, си наоѓа друга разонода. Онегин продолжува со лагоден и монотон живот, доаѓа зима (Пушкин маестрално ги опишува годишните времиња-култ кон природата), а Онегин како да паѓа во зимски сон се претопува во мраз со исти мисли како Чајлд Харолд (игра билијард во мрак, пие слатки шампањци, а за жената вели дека може да биде само добра љубовница, жива но празна како и чашата вино. Ленски го кани Онегин ан именденот на Тања на 25 јануари.

V глава

Типична јануарска зимска идила, Тања сонува и верува во соништата (мачка се мие на печка значи гости ќе дојдат). Сонува црн монах и исплашен зајак, предчувство на зло. За миг и се видел ликот на Лел јужнословенски бог на љубов и тоне во длабок сон. Во студена зима низ магла бега, пред неа пенлив поток преку него гнил, а зад неа трча мечка. Исплашена со здрвени нозе бега низ снег до колена, си ги губи шамијата и обетките. Мечката ја влече во куќа полна со чудни суштества (еден со опаш, друг со петлова глава, вештерка со козја брада, костур, а Онегин седи, пие и пее.) Влегува девојка за која сите се грабаат, но Онегин ја зема. Влегува Ленски, а Онегин го прободува со нож во срце. Тања се буди вознемирена, Олга ја прашува што и е, но таа го бара соновникот да го протолкува сонот. Именден и е, им се полни куќата со гости добива комплименти ја споредуваат со заспаната убавица. Кога ќе го види Онегин побледува, очите и солзат, а тоа го иритира Онегин и ја игнорира, подбивајќи се со другите гости. Сите и честитаат, а Онегин се поклонува без збор. Другите јадат, пијат, се веселат со звуци на флејта, почнува балот, Ленски ја кани Тања од куртоазија, а Онегин од ниски страсти ја кани Олга и не ја испушта од раце. Ленски е посрамотен додека Онегин ја игра традиционалната мазурка, ја стиска за рака и шепка, а таа е вцрвенета.

Ленски луд од љубомора чека да завршат за да ја покани, но ги снемува од салонот. Го напушта балот и само пиштол и двобој му се пред очи.

VI глава

Онегин осеќа дека претерал, а Олга го бара Ленски со поглед, балот завршува со премор и поспаност само Тања е будна. Чувствува непријатност дури и посакува да умре. Онегин добива писмо во кое Ленски го предизвикува на двобој со што доаѓа до израз провинцијалноста на еден интелектуалец кој не се снаоѓа во непријатна ситуација. Така доаѓаат до израз неговите негативни карактеристики, пренагласен романтичарски занес, идеализирање на Олга, погрешни оценки за љугето, непостојаност. Онегин се чуди што неговиот пријател наместо маж со ум сака да е борец без ум. Онегин иако не сака двобој, гордоста не му дозволува да одбие и прифаќа в зори кај милницата. Ленски не сака да ја види кокетката, а таа оди кај него како ништо да не се случило и го прашува зошто вчера го снемало (Олга ја почитува љубовта, реална е и со ладна глава), Ленски почнува да се кае обземен со љубовта на Олга, но гордоста не му дава да моли за прошка и пишува последно романтично и мрачно писмо на Олга ( стр 135), заспива тешко се буди рано, вознемирен е за разлика од Онегин кој едвај станал. Се наоѓаат, го запознаваат секундандот за рецки. „Каде го снема пријателството зар гордоста не дава милост за прошка, душманството е диво“ (опис на двобојот стр 139) Ленски е убиен, Онегин трча споулавено, вика, го гризе совеста. На гробот стои натпис со кој се мати погледот на секој случаен минувач (стр 131) На почетокот сестрите оделе често и тагувале, но со време реката Лета ќе протече над гробот, паѓа во заборав.

VII глава

Пролет, пчели, славеи, зелени ливади, се се буди со епикурејските мисли дека среќата е во задоволство. Олга брзо заборава и се мажи за офицер, Тања е осамена, болката не поминува, љубовта кон Онегин е посилна и од омразата. Го посетува неговиот дом во негово отсуство, земајќи книги кои ги чита забележувајќи каде се подвлекувани за да добие одговор за невозвратената љубов и повторно се прашува дали е ангел, демон или моден лексикон. Со мајка и заминува за Москва со цел да ја омажат (со тешко срце во зима го напушта родниот крај стр 161). Во петровскиот дворец се осеќа туѓо и недостасува селската тишина. И пречи вревата, камбаните, лицемеријата. Нејзините роднини ја меркаат барајќи провинцијалски црти во нејзиниот лик. Во разговорите со своите врснички не им ја открива својата тајна за невозвратената љубов, а двете тетки набргу и го наоѓаат идниот маж.

VIII

Се појавува Онегин, не баш омилен во Москва и сите го озборуваат „Блажен е оној кој бил млад во младоста и навреме станал зрел, на ниски сништа кој не се предава, а светската болка му била блиска“. Веќе 26 години му поминале во Сплин. Неоженет го напушта селото и чајлдовски добива идеи за патување, кои ќе го доведат во Москва кај својот роднина, генералот и сопругот на Тања. Тања ја среќава во друга светлина, достоинствената, воздржана, отмена, веќе две години омажена. При првата средба Тања не покажува емоции и мирно се поклонува, сега Онегин се вљубува во неа чие писмо се уште го чува кога рамнодушно ја потценил без страв. Поканет кај нив на вечера ги брои минутите до средбата. Вознемирен се среќава насамо со неа и останува без текст. Напнатоста ја разбива сопругот на Тања и почнуваат теми за младоста. За Онегин Тања е сега божица, опседнат е со неа и без совест секоја вечер е под прозорецот на Тања. Безсрамно ја следи ја придржува наметката но таа не му возвраќа. Онегин венее, се надева, пишува писма каде признава вина што ја заменил слободата со брачните окови. Се кае и за Ленски, ја моли за прошка, се плаши од презир и ја препушта судбината (како таа некогаш нему). Но не добива одговор на писмата. тоне во тага, мечтае и паѓа во очај. Пролетта му буди надеж, оди кај Тања ја наоѓа сама во салонот со

натопени писма од нејзините солзи. И паѓа пред нозе, ја фаќа за рака, но таа безлично го моли да стане спремна да му го даде истиот „клет укор“ каков што тој и дал нејзе. Се прашува зошто ја отфрлил кога била млада и убава, а што го привлекува сега, дали сјајот и богатството на кругот во кој што припаѓа. Иронично му заблагодарува што на времето ја одбил и и ги скратил страдањата. Ќе му се повери дека сјајот на богатството е лажен. дека би била среќна да се врати во селото и дека го сака, но воспитувањето и сериозноста не и дозволуваат. Пушкин се простува од читателот, барајќи оправдување за својот стил (мешање стилови).

nema postavljenih komentara
ovo je samo pregled
3 prikazano na 4 str.