„Одисеја“ Хомер, Beleške' predlog Italijanski
bubo26
bubo26

„Одисеја“ Хомер, Beleške' predlog Italijanski

7 str.
50broj preuzimanja
1000+broj poseta
100%od9broj ocena
4broj komentara
Opis
Кратка обработка на античкиот еп „Одисеја“ од грчкиот епски поет Хомер
50 poeni
poeni preuzimanja potrebni da se preuzme
ovaj dokument
preuzmi dokument
pregled3 str. / 7
ovo je samo pregled
3 prikazano na 7 str.
preuzmi dokument
ovo je samo pregled
3 prikazano na 7 str.
preuzmi dokument
ovo je samo pregled
3 prikazano na 7 str.
preuzmi dokument
ovo je samo pregled
3 prikazano na 7 str.
preuzmi dokument

„Одисеја“ од Хомер

1. Жанр: Епопеја

2. Тема: Животот и авантурите на Одисеј

3. За делото: „Одисеја“ е напишана во хомеровско – антички стих наречен хексаметар. Епот содржи 12103 хексаметри кои александриските филозофи ги поделиле на 24 песни (книги) според бројот на буквите од грчката лафабета што беше случај и со епот „Илијада“.

4. Кратка содржина:

1 - пеење: (првите 4 песни од епот се наречени Телемахии бидејќи главен лик на случувањата е Телемах) По победата над Троја, Грците со своите кораби се враќаат секој со своите војници во своето кралство, но боговите сеуште заседаваат околу нивните судбини.

Така Одисеј, кому му е искажана пророштво, да не стапне во својата родна Итака цели 20 години, и така на враќање со своите другари се закотвил на митскиот остров Огигија каде живеела убавата нимфа Калипсо, ќерка на Јапетовиот син Атлант, кој го држи небото.

Таму престојувале 10 год. јадејќи и пиејќи обилно, бидејќи Одисеј имал авантура со Калипсо. Но дошла и годината кога боговите решиле Одисеј да се врати.

Гласникот на боговите, Хермес ја известува Калипсо за одлуката од бесмртниците. Божицата на мудроста и војната, Атина се појавува во Итака пред синот на Одисеј, Телемах.

Откако татко му заминал во бој, раката на неговата мајка ја бараат голем број додворувачи кои по цел ден безделничат и го арчат богатството на младиот и неискусен син. Таа го советува а свика собор и да им се закани на додворувачите. Исто така му влева идеја да се качи на брод и да го побара својот татко за кој самиот не знае дали е жив или мртов.

2 - пеење: Телемах свикува собрание, но никој од своите соостровјани не сака да го послуша и да ги истераат дрските додворувачи туку за тоа ја обвинуваат неговата мајка, преубавата Пенелопа, која давала лажна надеж дека сака да избере некој од нив за свој маж.

Приморан од ваквиот прием на Итачаните, Телемах се качува на кораб и отпловува кон Пил, престолнината на стариот крал Нестор.

3 - пеење: Божицата Атина секогаш му помага на семејството на Одисеј, па така сега го охрабрува младиот Телемах да појде кај Нестор и да се распраша за судбината на својот исчезнат татко.

Но мудриот крал му соопштува дека нивните пловидби по враќањето добиле различен курс. Тој среќно се вратил во Пил; Диомед во Арг; Менелај заедно со саканата Елена во Спарта.

Потоа раскажал како микенскиот кнез Агамемнон по враќањето бил убиен од додворувачот на својата неверна жена Клитемнистра Егист.

Но синот на кралот на Микена, Орест го одмаздил својот татко. На крајот го советува да појде кај спартанскиот крал Менелај. Му ги отстапил своите

„крилонози“ коњи (за Хомеровиот стил карактеристични се двојните епитети, составени од 2 збора), а му се придружил и неговиот син Писистрат.

4 – пеење: Телемах заедно со Писистрат пристигнуваат во Спарта на денот кога Менелај го жени синот и ја мажи ќерката. Кралот љубезно ги пречекува и дознава кои се. Се растажува биејќи бил доста близок со Одисеј. Ја величи неговата јунаштина и итрина со која победиле, а Елена се потсетува кога го познала преправен како питач во Троја и го украл кипот Паладиј.

Во Итака додворувачите прават заговор за да го убијат Телемах. Пенелопа за оваа вест дознава од гласникот Медонт. Заспива и на сон Атина и вели дека нејзиниот син ќе се врати жив и здрав.

5 – пеење: Калипсо, известена од Хермес дека Одисеј треба да тргне, му ја соопштува одлуката на боговите на кралот Итачки. Тој не и верува, но Калипсо му се заколнува дека не му подготвува нов јад и Одисеј почнува да го гради чунот со кој треба да си замине.

Најпосле отпловува и по 17 дена ја здогледува земјата на Феачаните. Но богот на морето и морскиот свет, Посејдон се разлутува и испраќа страшна бура сакајќи да го уништи целиот екипаж на Одисеј, но поморската божица Леукотеја му дава превез и една шпица со која треба да се покрие и да доплови до брегот. Тој тоа и го прави.

6 – пеење: Ќерката на феачкиот крал, Наусикија, наутро оди на брегот и пере алишта и го здогледува Одисеј кој ја моли да му се смилува.

Таа му дава облека и храна, и го советува да тргне во дворецот на нејзинот татко Алкиној.

7 – пеење: Наусикија се враќа дома. Одисеј со помош на Атина го наоѓа дворецот на кралот Алкиној и се претставува пред кралот како што го советувала ќерката на кралот – Одисеј објаснува како дошол на Схерија и од Наусикија добил облека.

Кралот го одредува утрешниот ден за заминување на Одисеј.

8 – пеење: Алкиној свикува собрание и решено е Одисеј со придружба да се врати во својата престолнина. Ги повикува старешините на проштална гозба. За време на гозбата, слепиот пејач Демодок, кој бил поучуван да свири на форминга и лира лично од богот на пеењето Аполон, пее за караницата меѓуАгамемнон и Ахил а на Одисеј му се насолзуваат очите.

Потоа е предизвикан од Еуриј во натпревар во фрлање диск на кој Одисеј сите ги натфрла освен Лаодамант, синот на Алкиној бидејќи е гостин.

Потоа Демодок повторно ги допира струните на инструментот и овојпат пее за Тројанскиот коњ во кој спомнат е и Одисеј.

Сега јунакот не може да ги сопре солзите и Алкиној конечно го прашува својот гостин за неговото име и татковина по која копнежливо тагува.

9 – пеење: Одисеј раскажува за своите авантури на патувањето по бескрајното сино море од Троја па наваму.

Најпрво со своите 12 бродови се упатиле кон својата Итака, среќни и задоволни од исходот на Тројанската војна како победници, но веднаш силни ветрови го одвлекуваат на север кон брегот на Тракија.

Овде го освоил градот на Киконците – Измир (во некои литератури и преведувања Киконците се наречени Сикони, а нивниот остров Измир, Исмариус или Исмарос). Ги испотепале мажите, а жените и богатството го поделиле меѓу себе. Но војниците почнале да слават на брегот додека преживеаните Киконци собрале помош и нападнале на другарите на Одисеј.

Загинале по 6 од секој брод. Откак оттаму испловиле неколку дена пловат на мирно море кога една силна бура од север и ги испокршила јарболите и едрата. Макотрпно веслале за да стигнат до брегот, но еден силен ветер кај ‘ртот Малеј близу Итака, ги однел далеку на отворено море.

Бурата траела 9 дена, а 10-от доспеваат до брегот на земјата на Лотофогите кои јаделе лотос од кој се заборавало на својата татковина и засекогаш остануваат во таа земја. Тука мака мачел со 3 другари кои пробале од лотосот, но успеал насила да ги одвлече на својот брод.

Потоа, следна дестинација им е земјата на еднооките џинови Киклопи. Одисеј тргнува да ја разгледа земјата, а ќе влезе во пештерата на Киклопот Полифем. Кога тој ќе се врати ќе изеде 2 од екипажот. Останатите се кријат, а Одисеј смислува лукав план како да избегаат од пештерата.

Најпрво го опил високиот џин, а потоа на спиење му го ослепил единственото око. Утрото кога Полифем ги пуштил овците на пасење, поминал со раката по крзното на секоја од нив, а јунаците скриени под крзното од долната страна и овците се нашле надвор!

10 – пеење: Допловуваат до островот на богот на ветровите, Еол кој ги примил убаво и ги гостел јунаците цел месец. Кога решиле да си заминат, Еол заклал бик, му ја одрал кожата и направил мешина во која ги собрал сите ветрови и му ја подарил на Одисеј. Само тој смеел да знае за подарокот.

Продолжиле понатаму. На 10-от ден од пловењето, Одисеј заспал од умор, а другарите од љубопитност или недоверба посакале да ѕирнат во мешината. Тогаш ги ослободиле сите ветрови кои ги одвлекле далеку на отворено море!

Пак се нашле далеку од својата татковина. По 6 дена пловење стигнале во градот Лам, на јунакот Телепил. Тоа била земјата на Лестригонците. Тие биле огромни џинови, како самите Гиганти, кои ги нападнале луѓето на Одисеј. Мавале со огромни карпи и овде загинале голем број луѓе.

Откако успеале да избегаат, нивниот единствен кораб се насукал на островот Еја (Ееј) на кој живеела чудната волшебничка Кирка., ќерка на богот на Сонцето – Хелиј.

Половина од другарите на Одисеј, волшебничката ги претворила во свињи! Одисеј храбро и се спротивставил, а кога таа го дознала името на јунакот, се вљубила во него.

Им го враќа човечкиот лик на јунаците и така остануваат кај Кирка до крајот на годината. После година дена, Одисеј сака да тргне, но Кирка го советува да спадне во мрачниот Ад и да го праша слепиот пророк Тиреиј, кој му ја открил целата вистина на Едип за неговото потекло (Едип бил прколнат да го убие својот татко а да не знае за тоа, ниту да ги знае неговите вистински родители, за потоа да се ожени за сопствената мајка!)

11 – пеење: Одисеј се упатува до градот Кимеран каде се наоѓал влезот на Адот. Принесува жртва, а меѓу насобраните мртви души се и Ахил, Агамемнон, но и неговата мајка Антиклеја за која не знаел дека е мртва, и таа му кажува што се случувало додека тој бил отсутен.

Кралот Алкиној го моли да остане и да раскажува, а тој раскажува како му дошле голем број души и тој од страв избегнува да продолжи да зборува.

12 – пееење: Одисеј е непоколеблив и цврсто решава да се врати во Итака. Кирка го советува како да се одбрани од опасностите на патот.

Откако ја напуштил Кирка, Одисеј плови до местото каде Сирените (митски суштества, пола жени, пола риби) со песна ги мамат морнарите кон пропаст. Тој сакал да ја слушне нивната песна и затоа наредил да го заврзат за главниот јарбол, а на своите морнари им наредил да си стават восок во ушите.

Така безбедно минал. Потоа пловат низ теснецот меѓу двете подвижни карпи Сцила и Харибда кои го столчувале секој брод кој минал низ нив. Овде, по совет на Кирка морал да жртвува 6 од своите другари, а мудриот крал го премолчал тоа од нив. Стигнуваат до островот на богот Хелиј.

Иако волшебничката ги советувала да не се закотвуваат таму, неговите снемоштени морнари побарале да се одморат. Одисеј дозволил под услов да не ги јадат говедата на островот.

Но, кралот заспал, а кога се разбудил ги затекнал како се гостат со говедата на Хелиј. Разлутен од непослушноста им открил дека тоа се божји говеда. Тогаш небото се стемнило а боговите испратиле страшна луња во која сите освен Одисеј погинале, а тој осамен се разбудил на брегот од островот на нимфата Калипсо.

13 – пеење: Одисеј завршил со раскажувањето, ги качил подароците од Феачаните на бродот кој го истоварува на Итака додека тој го преспал пловењето.

Утрото се буди а подароците ги крие во една пештера. Божицата Атина го потикнува кралот да ги испотепа додворувачите. Го претвара во питач.

14 – пеење: Одисеј одлучува да ги искуша своите најблиски и се упатува кај својот верен свињар Еумеј, кој љубезно го пречекува. „Питачот“ му тврди дека Одисеј наскоро ќе се врати па дури и дека слушнал од веродостојни извори за оваа вест, но Еумеј не му верува. Свињарот ќе заколе дебел крмак за вечера и ќе му ја отстапи колобата на својот господар за да преноќи.

15 – пеење: Божицата Атина го потсетува Телемах дека е време да се врати во Итака. Со Писистрат тргнуваат од Спарта; Несторовиот син останува во Пил, а Телемах ита кон татковината. По пристигнувањето се упатува кон Еумеј. Одисеј му раскажува измислена приказна на свињарот за своето потекло.

16 – пеење: Телемах го праќа Еумеј в град да ја извести мајка му за неговот враќање. Одисеј преправен во питач, низ разговор му покажува на Телемах дека сочувствува со неговите маки. Тогаш Атина го претвара во онаков каков што е. Откако Телемах го препознава, тие двајца коваат план како да се ослободат од додворувачите.

Телемах се упатува кон кралскиот дворец. Додворувачите, изморени од чекање, повторно решаваат да го погубат Телемах. Пенелопа го слуша нивниот разговор и жестоко го напаѓа најдрскиот додворувач Антиној, а еден друг, Еуримах дволично ја убедува дека никој нема ништо лошо да му стори на нејзиниот син. Еумеј се враќа во својата колиба, а Атина повторно го претвара Одисеј во питач.

17 – пеење: Телемах рано изутрина тргнува кон кралсакта палата а на Еумеј му наредува да го однесе „питачот“ во град. Се состануваат со Мелантеј, козарот на Одисеј. Тој ќе го искара Одисеј и ќе го удри по колкот.

Кога Еумеј и Одисеј ќе пристигнат во дворот, песот Аргос ќе го познае својот господар кој од радост што неговиот стопан се вратил, ќе почине. Одисеј ќе се сврти и ќе се исплака.

Потоа заедно со Еумеј влегуваат во палатата. Атина го советува да проси од секој од додворувачите. Сите му даваат по нешто освен Антониј кој дури го брка надвор. Еумеј се враќа кај свињите а Одисеј останува во дворот.

18 – пеење: Одисеј се спречкува со бедниот и грд питач Арнеј, но многу попознат како Ир или Иро. Постојано барал храна и вино и затоа „питач“ со питач ќе се пресмета со тупаници. Одисеј ќе победи.

Пенелопа, посоветувана од Атина, ќе спадне во салата, блескаво накитена и итро ги наведува додоврувачите да ги подарат свадбените подароци. Вечерата продолжува.

19 – пеење: Истата вечер Телемах и Одисеј го изнесуваат оружјето од салата. Синот си оди, а таткото останува. Пенелопа го прима „питачот“. Сака да дознае повеќе за својот исчезнат маж.

Слугинката Мелента го кара Одисеј не знаејќи дека тоа е нејзиниот господар. Одисеј и раскажува приказна на верната жена како тој го гостел нејзиниот маж 12 дена, а 13-от си отишол. Како доказ ја наведува неговата облека.

Пенелопа се расплакува и наредува на најстарата слугинка Еуриклија да му ги измие нозете на туѓинецот. Во текот на миењето слугинката го препознава Одисеј по лузната над десното колено која како дете му ја нанел див вепар заривајќи му го едниот заб. Пред нешто да успее да проговори Одисеј ја замолкнува со закана по животот.

Еуриклија оди да ја смени водата. Пенелопа го кажува својот сон во кој дознава како нејзиниот исчезнат сопруг ќе се врати, а „питачот“ и протолкувал среќно враќање и истребување на дрските додворувачи.

Пенелопа е вистинска паралела на мудриот маж па му вели дека постојат сни кои се лажни, но и оние кои сонуваат ги чувствува и се прави за да се остварат. По овој разговор Пенелопа и Одисеј заминуваат во своите кревети.

20 – пеење: Одисеј со гадење ги гледа аморалните слугинки кои завршуваат в кревет со додворувачите. Неговата жена е совладана од длабок песимизам и ја моли божицата на ловот и смртта на жените, девствената Артемида да им го одземе животот на овие пропаднати суштества.

Одисеј питачот се сретнува со Еумиј, Мелентие и Филетие со крави и кози, кој зборува како луто жали по својот исчезнат крал. Додворувачите забележуваат как им прелетува орел држејќи гулабица, од левата страна што значело дека обидот за убиство нема да и тргне од рака, и затоа го одложуваат.

21 – пеење: Пенелопа со плач во очите го носи лакот и стрелите на својот маж за да се организира натпревар меѓу додворувачите. Предизвикот е: стрелата да се протне низ 12 секири. Наградата е: раката на преубавата кралица.

Прво се обидел Лиод, надзорникот на жртвите, но не успева во обидот. Тогаш Антиној наредува да се донесе лој и на запален оган лакот да се премачка за да може полесно да се затегне.

Еумеј и Филетие се упатуваат кон излезот а Одисеј ги стигнува. Им се претставува кој е навистина и им наредува да ги затворат сите врати за да не можат додворувачите да избегаат кога ќе почне да ги убива.

Втор се обидува Еуромах, но не успеал ниту да го оптегне лакот. Тогаш Одисеј ги замолува и тој да добие шанса да си ја проба силата. Најпрво додворувачите ќе се налутат но по опомена на Пенелопа ќе се согласат.

Еумеј му го предава лакот со стрелите, а Еуриклија и Филетие ќе ги затворат сите врати.

Одисеј итро го оптегнува добро познатиот лак па без поголеми тешкотии ги прострелува сите 12 секири. Веднаш потоа застанува до својот син кој го спремал оружјето и поколот врз додворувачите може да почне.

22 – пеење: Одисеј со стрела од смола ги убива најпрво Антиној, а останатите се обидуваат да го смират, но безуспешно.

Еуримах ги потикнува своите да се вратат, а Телемах го убива Амфином. Од страната на Одисеј застануваат Еумеј и Филетие. Атина му се појавува на Одисеј во облик на Ментор, пријател на Одисеј и го соколи против додворувачите. Единствено, на молба на Телемах, Одисеј ги поштедува пејачот Фемиј и гласникот Медонт.

По големото крвопролевање кралот ја повикува Еуриклија да му ги покаже бесрамните слугинки. Одисеј е решителен и 20 слугинки се обесени. Конечно домаќинот ја кади куќата со сулфур за да ја исчисти од грев.

23 – пеење: Еуриклија, верната слугинка ја буди својата господарка за да ја извести за враќањето на Одисеј и убивањето на додворувачите. Но мудрата Пенелопа не и верува, верувајчи дека боговите ја залажиле па дури и ја брка од својата соба.

Еуриклија упорно ја убедува во спротивното; Одисеј е старецот кој разговарал со неа за нејзиниот сопруг! Сега Пенелопа радосна срипува од постелата и заедно со дадилката слегува во долните соби каде затекнува куп мртовци. Пенелопа верува дека некој лут бог им наплатил на заводниците за нивните зулуми.

Дури својот маж го прогласува за исчезнат или загинат. Еуриклија ја опоменува да внимава што зборува. Го пречекорува прагот и влегува во салата каде покрај огништето е седнат Одисеј со Телемах.

Семејството повторно е заедно, но Пенелопа и понатаму не може да поверува дека јунакот седнат крај нејзиниот син е нејзиниот законит сопруг. Се труди да ја оживее сликата од последното водување со него, но тешко и оди.

Телемах ја прекорува за нејзината крутост пред човекот кој 20 години не говидел својот дом и семејство. Пенелопа вели дека доколку овој крај неа е навистина Одисеј тоа и ќе и го докаже бидејќи сами тие си знаат тајни знаци, искушувајќи ја мудроста и трпението на Одисеј.

За да не се посомневат Итачаните што се случува внатре, Одисеј наредува на своите слуги да облечат чисти кошули, пејачот да почне да пее нежна песна за секој да помисли дека внатре се слави, се прави свадба.

Тие ја слушаат наредбата, а Одисеј со својата верна сопруга се упатува надвор кон полето. Сепак пред да тргнат, Одисеј се капи, ја менува облеката, а Атина го облива со убавина каква што го красеше. Тогаш седна до својата жена и замери за нејзината непоколеблива недоверба.

Мудрата Пенелопа и наредува на Еуриклија да го помести брачниот кревет и да ја намести постелата. Тој кревет го направил лично Одисеј и тоа од стебло кое израснало во нивниот двор и само тој знаел како да го помести.

По ова Пенелопа конечно е уверена дека нејзиниот маж е овде до неа и длабоко го замолува да и прости за нејзините зборови. Пред да заспијат, Одисеј и Пенелопа си ги кажуваат совите доживувања.

Утре е нов ден. Целото семејство заедно со Филетие и Еумиј излегуваат од градот за да го посетат таткото на Одисеј – Лаерт.

24 – пеење: Хермес ги носи душите на мртвите додворувачи во подземниот Ад. Агамемновата душа се радува за Одисеј поради неговата верна Пенелопа.

Одисеј со своите пријатели се појавува на татковиот имот претставувајќи се пред пред Лаерт како најдобар пријател на Телемах. Конечно Одисеј му се открива на татка си кој е всушност и му раскажува како ги испотепал стројниците. Лаерт од радост ќе падне во несвест, но откако ќе се поврати ги гостева дојдениците во својата куќа.

Во меѓувреме, Еупит, таткото на мртвиот Антиној, собира приврзаници од Итачаните и оди да го одмазди својот син. Во борбата што се одвива кратко по пристигнувањето на Одисеј, Лаерт смртно ќе го рани Еупит и битката завршува со примерје помеѓу Одисеј и неговите островјани.

odlicno preraskrazana odiseja od homer
ovo je samo pregled
3 prikazano na 7 str.
preuzmi dokument