zivot i delo Josifa  Bradati
Boya.ki
Boya.ki5 October 2017

zivot i delo Josifa Bradati

DOCX (136 KB)
9 strane
10broj poseta
Opis
Zivot i delo Josifa Bradati kako i njegova titula
20poeni
poeni preuzimanja potrebni da se preuzme
ovaj dokument
preuzmi dokument
pregled3 strane / 9
ovo je samo pregled
3 shown on 9 pages
preuzmi dokument
ovo je samo pregled
3 shown on 9 pages
preuzmi dokument
ovo je samo pregled
3 shown on 9 pages
preuzmi dokument
ovo je samo pregled
3 shown on 9 pages
preuzmi dokument

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

Проектна задача по предметот Македонска книжевност

од 15 до 18 век

Тема: Јосиф Брадати

Ментор: Изработил:

1

Содржина

1. Биографија...................................................................................................3

2. Поучение за простите.................................................................................4

3. Анализа на Поучение за простите.............................................................6

4. Поучение за неслогата на балканските народи........................................7

5. Анализа на поучение за неслогата на балканските народи.....................8

6. Заклучок .......................................................................................................9

2

Биографија

Јосиф Брадати бил роден во Разлог или разлошко во 1714 година, во Пиринска

Македонија, а живеел и творел сѐ до 90-тите години на 18 век.

Во еден Зборник од 1756 година постои запис дека тој го напишал ракописот во

Рилскиот манастир, кога имал 42 години, со тоа всушност се дознава годината на

неговото раѓање. Во друг зборник во Рилскиот манастир, пишува дека тој

потекнува од разлошко, односно за негово родно место се смета Разлог. Неговото

македонско потекло се потврдува од неговите ракописи во кои имало црти на

народен македонски јазик.

Своето почетно образование го стекнал во родното место, а подоцна се

дошколувал во Рилскиот манастир. Во дваесетите години од својот живот тој

почнува со пишување на ракописни книги.

3

Поучение за простите

... Видите ли како похвалит писање поучење. Ради правило не имат толико

похвала. С(ве)ти отци и постници похваљут поучење, не жели друго правило.

Прилично ли ест правилно без поучење? Кога пастир соберет овци да ги крмит

и не дава им трици и сољ, ами почнет да им свирит, а они жални блејут. Тако

отворит и мирски попове. Егда соберут људје во церков, а они почнут да

читат псалтир, да појут каноне. Где могут прости људи да разумејут

псалтирское т’лкување и канонское четање? Мирски цкви друго правило требуе

– да имат книги поучителни по порости јазик, да се разбират и прости људје

безкнижни да разумејут. Коа црква не имат поучеше онја људја влас’т и

некрмени излаз’т. „Колко овци некрмени имат полза“? рече писање. „Секи может

да си направи црква на свое срце“, каквоту рече апостол „Вие сте црква Бога

живаго“, јакоже рече Бог. В’такова цркца приходит Отец и Син и Свети Дух и

обитељ сотворет’в нерукотворена црква. Тије цркви человеци еса ги направили

сас вар и сос камење и древеса. В’такова црква не седит Бог, во нерукотворена

црков живет Господ. Црков божјие нарича се праведна душа, а черкова нарича се

като една градина да има различии цветје и трава. Подобает попу да е като

един изучен градинар – да плевит трава и да сади цветје миризливо и хубаво.

Кога вл’зи человек в’ такваз градина, да му е драго да гледа како ест украшена

градина сас различни поучителни книги, а не да купува мрежи и да мисли где

има риба да лови, ами да му е на ум како да улови некого на (да) спасеше. Това

4

слово да се прочитает, кога има велики праздник. И да скажим почто ради

разсуждаха отци свети и оставиха праздници да им се четет њихно житие у

црква. Не поставиха се праздници да се упраздниме от работа и да почнем ден

моја да работиме врагу и бесу да л’деми и да ниеме и да твориме телесна

угодија, които са работи врагу угодни. Свети црковни учители поставиха

праздници да се упраздниме от работа и да идеми во црков да слушаме слово

божје и да познаеме како е творил они свети, што го празднуваме.

Анализа на поучение за простите

5

Едно од ракописите на Јосиф Брадати е „Поучение за простите“. Тој во овој

ракопис на почетокот кажува дека поради правилата не имало многу похвали, но

сепак им упатува пофалби на сите кои проповедале. Тој вели дека не може секој

да ги разбере псалтирите во црквата, па дури попот го споредува со овчар кој

свири, додека луѓето го споредува со овци кои жално блејат. Па затоа мирските

цркви имале друго правило односно да напишат книги на прост јазик за и

неучените да разберат. Тој вели дека поради незнаење насекаде околу нас може

секој да изгради црква за свое срце, но во тие цркви нема да биде Бог. Јосиф вели

дека црквата треба да личи на градина, додека свештеникот на учен градинар, кој

ќе ја плеви тревата и ќе сади цвеќиња, па кога ќе влезе човек во таква градина да

се восхитува на убавината која е украсена со поучителни книги, а не да купува

мрежи и да мисли каде може да улови риба, а да му е на ум како да фати некого

на спасение. Понатаму вели дека словото треба да се прочита кога има голем

празник. Кажува дека празниците не се за да се одмориме од работата и да се

предадеме на работите на кои се радува ѓаволот, туку за да одиме во црква за да

слушаме божји слова.

Поучение за неслогата на балканските народи

6

Тако рекохме, всаки христианин да се покорит другому христианину. Аште

бихме ми христиане имели покорение един другому, неби Бог предал нас в руце

агаренцки да досаждајут нам и да бијут нас и да нарицају и горки досади трпиме

от них и ни една м’зда не имаемо, понеже ради непокорство наше трпиме

досади от агарени. Догде имахме благочестиво царство, Грк не покори се

Блгарскому цару, Бугарин не покори се грческому цару. Егда виде Бог нихно

непокорство, отет от них царство и всака власт и предаде ју агареном. Рече

Господ: дадох вам царство и господарство и ви не восхотесте един другому да

се покорите. И аз да предам вас в руце нечестивому агаренину и сас сила да се

покорите нечестивому и да нарицает вас неверни и беззаконици. – Тако

сотвори вам непокорство ваше да станете подручници под послушание и

покорение нешестивому цару.

Анализа на Поучение за неслогата на балкканските народи

7

Во „Неслогата на балканските народи“, Јосиф наведува дека секој христијанин

треба да биде покорен на друг христијанин бидејќи доколку сме го сториле тоа

претходно Бог не би не предал на непријателот (агарјаните), да ни досадуваат и

тепаат и убиваат, па дури и да не нарекуваат со секакви имиња. Јосиф го согледал

непријателот - агрјаните, па затоа упатува молба до христијаните да бидат

покорни еден на друг. Додека имало благочестиво царство, Грците не се покориле

пред бугарското царство, ниту Бугарите пред грчкото царство. Затоа Бог им ја

одзел власта и ја дал на непријателот.

Заклучок

8

Во текстовите на Јосиф Брадати се согледува одредена блискост со рускиот,

украинскиот и српскиот јазик. Предмет на неговите просветителцки активности

биле: чесноста и работливоста, моралноста на девојките, суеверија, народни

верувања и обичаи итн. Јосиф Брадати имал напишано 15 зборници со типичен

состав за времето во кое се јавуваат. Тој давал иницијатива да се богослужбува и

проповеда со лесно восприемлива содржина, односно на разбирлив јазик. За него

било важно шрквите да имаат поучни книги на народен јазик, за да можат сите да

ги разберат.

9

komentari (0)
nema postavljenih komentara
budi prvi koji ce napisati!
ovo je samo pregled
3 shown on 9 pages
preuzmi dokument