Docsity
Docsity

Pripremite ispite
Pripremite ispite

Studirajte zahvaljujući brojnim resursima koji su dostupni na Docsity-u


Nabavite poene za preuzimanje
Nabavite poene za preuzimanje

Zaradite bodove pomažući drugim studentima ili ih kupite uz Premium plan


Školska orijentacija
Školska orijentacija


seminarska rabota - tehnicka zastita, Rezime od Tehnička zaštita i bezbednost na radu

opis na gasovite vo rudarstvoto i rudnicite

Tipologija: Rezime

2020/2021

Učitan datuma 26.08.2021.

blagojco-mircevski
blagojco-mircevski 🇲🇰

1 dokument

1 / 11

Toggle sidebar

Ova stranica nije vidljiva u pregledu

Ne propustite važne delove!

bg1
Универзитет ‘’ Гоце Делчев “ – Штип
Семинарска работа
Предмет : Техничка заштита
Тема : Гасовите во рударството
Студент : Професор :
Благојчо Мирчевски Дејан Мираковски
бр. индекс 132515
pf3
pf4
pf5
pf8
pf9
pfa

Delimični pregled teksta

Preuzmite seminarska rabota - tehnicka zastita i više Rezime u PDF od Tehnička zaštita i bezbednost na radu samo na Docsity!

Семинарска работа

Предмет : Техничка заштита

Тема : Гасовите во рударството

Студент : Професор :

Благојчо Мирчевски Дејан Мираковски

бр. индекс 132515

Вовед

Рударството е една од најголемите и најперспективните гранки од стопанството како во светот, така и кај нас. Не постои работа која нема свој ризик, а посебно рударството како стопанска гранка , носи свој ризик и тешкотии на работата. Неможе ниеден рудник да функционира без претходно направен план и проект, кој би ја содржел техничката заштита при работа. техничката заштита при работа ја содржи следната проблематика за проучување : младите и неискусни работници посебно се изложени на ризик, секој работник мора да биде способен да ги препознае опасностите на своето работно место, секој работник има уставно гарантирано право на безбедност и здравје при работа, работодавачот, претпоставениот и самите работници се одговорни за БЗР на работното место. Заштитата при работа во рудниците најчесто се користи поради причините кои настануваат поради поголемото количество на гасови кои се наоѓаат во рудниците, а се штетни по здравјето на рударите и целиот персонал кој секојднево е изложен на опасностите од количеството на гасови во рудниците. Јаглеродот диоксид, јаглеродот моноксид, водород сулфидот, се дел од гасовите кои се наоѓаат во рудниците, кои можат да предизвикаат проблеми кај луѓето кои се наоѓаат во рудниците.

Гасови во рударството

Јаглерод моноксидот - многу отровен гас, без боја, мирис и вкус, па неговото присуство не може да се детектира без соодветни уреди за мерење. Претставува една од најчестите индустриски штетноста, а настанува како последица на не потполното согорување на сите материјали кои содржат јаглерод (цврсти фосилни горива, природен гас, биомаса). Покрај печките во леарниците и топилниците, системите за греење на фосилни горива, пожарите и/или експлозиите, убедливо најчест извор на јаглерод моноксид на работните места се моторите со внатрешно согорување. Со релативна густина помала од воздухот под нормални услови, лесно се движи и меша со воздухот, а се наслојува во повисоките делови од просториите каде нема доволно вентилација. Овој гас е многу опасен, бидејќи многу полесно од кислородот се соединува со хемоглобинот од крвта (создавајќи супстанца која се нарекува карбокси- хемоглобин) и ги остава ткивата и органите без кислород. Интензитетот на врзување на јаглерод моноксидот со хемоглобинот е околу 300 пати поголем од интензитетот на врзување на кислородот. Покрај забрзана работа на срцето и стегање во градите, симптомите на изложеност вклучуваат главоболка, гадење и повраќање, а при подолготрајна изложеност се јавува многу силна главоболка и изразена слабост, кои може да резултираат со губење на свеста и смрт. Најчесто, изложеност на јаглерод моноксид се јавува во котелските инсталации за греење, пиварите, складиштата, рафинериите, топилниците и леарниците, подземните рудници/тунели и фреквентните сообраќајници. Под најголем ризик се професиите како заварувачи, механичари, пожарникари, возачи на тешки возила и механизација, рудари, работници во складишта и покрај сообраќајници (полицајци, таксисти и сл.). Гранична вредност на професионална изложеност за СО изнесува 30 ppm за долготрајна (осумчасовна) изложеност, а 200 ppm за краткотрајна (15 минутна) изложеност.

*Водород сулфид ( H2S )

Водород сулфидот - гас без боја, но со многу интензивен и непријатен

вкус и мирис на расипано јајце“, а познат како канализациски гас, депониски гас. Се јавува природно во изворите на нафта, гас и топлите минерални извори (смрдлива вода), како и при бактериско распаѓање на органски отпадни материјали од човечко или животинско потекло (во канализации, фарми и сл.). Индустриската обработка на нафта, гас, отпадни води, кожа и хартија може да резултира со значајни емисии на водороден сулфид. Потежок е од воздухот и вообичаено се собира во ниски и затворени простории со слабо проветрување како подруми, шахти, тунели и канализациски линии. Иако поради карактеристичниот мирис може да биде детектиран во многу мали концентрации, при долготрајна изложеност на ниски концентрации или кај многу високи концентрации луѓето ја губат осетливоста на мирисот, поради што детекцијата не смее да се базира само на сетилата за мирис. Водородниот сулфид е иритант и хемиски асфиксант, со ефекти и врз искористување на кислородот од организмот и врз централниот нервен систем. Ефектите врз организмите на луѓето варираат значително во зависност од концентрациите и периодот на изложеност, а долготрајната изложеност може да предизвика проблеми и при нивоа кој би можеле да се толерираат без негативни ефекти. При ниски концентрации се јавува иритација на очите, носот, грлото и респираторниот систем (печење, солзење, кашлање и губење на здивот). При многу ниски концентрации ефектите може да се јават и по неколку часа, па дури и неколку дена. Продолжената изложеност може да доведе до главоболки, несвестици, несоници и губење на тежината. Повисоките концентрации доведуваат до тешка иритација на очите и респираторниот систем (кашлање, тешкотии во дишењето, акумулација на флуиди во белите дробови), главоболки, вртоглавици, повраќање и вкочанетост. Најчесто изложеност на водороден сулфид се јавува во рафинериите, постројките за третман и складирање на отпадни води, цврст отпад и инсталациите за греење на фосилни горива. Под најголем ризик се професиите како механичари, градежни работници и работници на

). Сите тие се многу отровни, со исклучок на азот субоксидот (единствен каде азотот е моновалентен), кој е познат како (смешен гас), а се употребува во медицината за анестезија и намалување на болка. Најчесто се јавуваат во форма на NO, NO2 и N2O4, иако под влијание на температурата NO бргу преминува во уште NO2 ( понекогаш и во N2O4 ). Азотните оксиди поради реактивноста формираат низа на таканаречени секундарни загадувачи во воздухот, како озон, азотна/азотеста киселина и секундарни честички. Азотниот моноксид ( NO ) е безбоен гас со остар мирис, додека азот диоксидот ( NO2 ) е гас со темно црвена боја и непријатен горчлив мирис. Азотните оксиди најчесто настануваат при согорување на фосилните горива, посебно течните и гасните горива во моторите со внатрешно согорување, при заварување и минирање, посебно кога се употребуваат нитратните стопански експлозиви. Во основа азотниот моноксид е силен оксидант и има слично дејство со јаглеродниот моноксид, но неговата отровност настанува при многу ниски концентрации. Азотниот диоксид посебно ја напаѓа слузокожата, и при пониски концентрации се чувствува дразба во грлото, а со зголемување на концентрацијата се јавува кашлање, тешкотии во дишењето и акумулација на флуиди во белите дробови. Најчесто изложеност на азотни оксиди се јавува во котелските инсталации за греење, простории за сервисирање на возила со МВС, складиштата, подземните рудници/тунели и фреквентните сообраќајници. Под најголем ризик се професиите како механичари, пожарникари, возачи на тешки возила и механизација, рудари, работници во складишта и покрај сообраќајници (полицајци, таксисти и сл.). Гранична вредност за долготрајна (осумчасовна) изложеност за NО изнесува 25 ppm, а за NO2 5 ppm. за изложеност, додека вредности за краткотрајна (15 минутна) изложеност не се дефинирани.

*Амонијак ( NH3 )

Амонијакот - безбоен иритирачки, гас со остар и задушлив мирис. Се јавува природно при бактериско распаѓање на органски отпадни материјали од

растително човечко или животинско потекло (на депонии, фарми и сл.), но има и широка индустриска примена во производството на ѓубрива, пластика, текстил, пестициди, 47 експлозиви и средства за чистење. Се користи и како гас за ладење и при третман на вода за пиење. Многу ја иритира слузокожата и при ниски концентрации се јавува иритација на очите, носот, грлото и респираторниот систем (печење, солзење, кашлање и губење на здивот). Повисоките концентрации доведуваат до тешка иритација на очите и респираторниот систем како кашлање, тешкотии во дишењето, акумулација на флуиди во белите дробови. Во контакт со кожата предизвикува печење и иритација, а при повисоки концентрации се јавуваат и изгореници. Голтањето доведува до корозивни оштетувања на устата и дигестивниот систем. Поради распространетата употреба, изложеност на амонијак може да се јави во било кои услови каде се користат средства што содржат амонијак, од фарми до домови и канцеларии. Гранична вредност на професионална изложеност за NH3 изнесува 25 ppm за долготрајна ( осумчасовна ) изложеност, а 35 ppm за краткотрајна ( 15 минутна ) изложеност.

*Формалдехид ( CH2O )

Формалдехидот - безбоен гас со многу остра миризба. Се создава при согорување на органски материјали, но има и широка примена во медицината, хемиската индустрија, текстилни производи, мебел, премази, лепила, хартија, а се користи и како фунгицид, гермицид и дезинфекциско средство во индустријата и домаќинствата. Делува многу раздразнувачки на нервниот систем и органите за дишење, дури и во многу мали концентрации, а се смета и за канцерогена супстанца. Продолжената експозиција доведува до силна иритација на очите, носот и грлото и респираторниот систем, а може да резултира и со тешки алергиски реакции. Голтањето може да биде фатално, а допирот со кожата доведува до дерматитис и силно чешање. Гранична вредност на професионална изложеност за формалдехидот

*Радон ( RN )

Радонот - радиоактивен благороден гас, без боја, вкус и мирис. Иако поради радиоактивноста спаѓа во групата на физички штетности, поради формата на појава (гас) опишан е во овој дел. Се создава природно со распаѓање на радиоактивниот елемент радон. Неговото издвојување се врши непрекинато, а приливот во човековата средина зависи од способноста на минералот за испарување (еманациона способност) и коефициентот на еманација (испарување). Издвоениот гас радон со дифузија низ карпестиот масив доаѓа во атмосферата. Радонот е лесно растворлив во вода, па подземните води можат да бидат значаен транспортен медиум. Зголемени концентрации на радон може да се јават со сите зони со слабо проветрување, а посебно во примензите простории, водособирници и бунари, шахти и тунели, но и во резиденцијалните или канцелариски простории. Според Светската здравствена организација (СЗО) и Агенцијата за животна средина на САД (US EPA) радонот е класифициран како канцероген, а според извештајот на студијата BEIR VI11, радонот е на второ места како најчест причинител за рак на белите дробови. Гранична вредност на професионална изложеност е дефинирана на 100 pCi/L (пико кири на литар воздух) за четириесетчасовна работна недела.