Docsity
Docsity

Pripremite ispite
Pripremite ispite

Studirajte zahvaljujući brojnim resursima koji su dostupni na Docsity-u


Nabavite poene za preuzimanje
Nabavite poene za preuzimanje

Zaradite bodove pomažući drugim studentima ili ih kupite uz Premium plan


Školska orijentacija
Školska orijentacija


Ginekologija prashanja za ispit, Skripte od Ginekologija i akušerstvo

Ginekologija prashanja za ispit skrateni

Tipologija: Skripte

2021/2022

Učitan datuma 07.02.2022.

Anastasija.995
Anastasija.995 🇲🇰

2 dokumenti

1 / 53

Toggle sidebar

Ova stranica nije vidljiva u pregledu

Ne propustite važne delove!

bg1
КАРЦИНОМ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА
Епидемиологија: втор по ред по смртност кај жени и втора најчеста малигна болест, кај
млади жени кога се сексуално активни
Етиологија и ризик фактори: рана сексуална активност, голем број на сексуални па
сексуални партнери, СПБ, менструални и репродуктивни пореметувања, лоша хигиена,
пушење, социјален статус, религија, генетски предиспозиции; ХПВ инфекција
Патогенеза: претходни метапластични и диспластични промени
Вегетативен-најчест, трошни израстоци како карфиол,бавно се шири,издигната површина
нерамна и трошна.Паѓаат ситни сегменти од ткиво,и често крвари при контакт(прв
симптом).
Инфилтративен-рано инфилтрира во параметриум,горен зид на вагина.
Улцерозен-брзо инфилтрира,прави улцерации на грлото,трошна е површината и на допир
крвари.
Ендоцервикален-доколку се развива кон внатре ,обично од улцерозниот и
инфилтративниот настанува.Вагиналниот дел е непроменет макроскопски,на дигитален
преглед вагиналниот дел од грлото е цврст,малку или повеќе зголемен,тешко подвижен.
Карциномот најчесто е од плочест епител, поретко од цилиндричен.Тој може да е
планоцелуларен,базоцелуларен,интермедијарен.Оној кој е од цилиндричен епител е
резистентен на зрачна терапија.
ЦИН (цервикална интраепителиални неоплазија)- преканцероза на грло на матка
Промени на епителните клетк кои не ги зафаќаат сите слоеви
ЦИН 1- лесна, долна третина на епител/ спонтано се повлекува
ЦИН 2- средна, промени во базален слој до половина од епителот/ спонтано се повлекува
ЦИН 3- тешка неоплазијна, карцинома ин ситу (локализирана група на абнормални клетк
кои не се прошириле на околното ткиво)/ потенцијал да малигнизира
ХПВ инфекција- вирусот се инкорпорира во генот на клетката и врши експресија на
онкогени кои продуцираат онкопротеини и индуцира трансформација на клетката
Клиничка слика: Поради скринингот ретко се манифестира типично
Кардинален симптом: абнормално посткоитално крварење
Неспецифични симптоми: вагинален дискомфор, исцедок со непријатен мирис и дизурија
напредната болест: констипација, хематурија, фистули, уретрална опструкција, симптоми
на екстрапелвични метастази
Тријас: едем на нога, болка и хидронефроза е знак за инвазија во карличен ѕид
Дијагноза: хистопатолошка анализа на матријал од биопсија или киретажа
Инспекција: абнормален цервикс со ерозии, улцери, егзофитични маси, кои може да
зафатат и вагина
pf3
pf4
pf5
pf8
pf9
pfa
pfd
pfe
pff
pf12
pf13
pf14
pf15
pf16
pf17
pf18
pf19
pf1a
pf1b
pf1c
pf1d
pf1e
pf1f
pf20
pf21
pf22
pf23
pf24
pf25
pf26
pf27
pf28
pf29
pf2a
pf2b
pf2c
pf2d
pf2e
pf2f
pf30
pf31
pf32
pf33
pf34
pf35

Delimični pregled teksta

Preuzmite Ginekologija prashanja za ispit i više Skripte u PDF od Ginekologija i akušerstvo samo na Docsity!

КАРЦИНОМ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА

Епидемиологија : втор по ред по смртност кај жени и втора најчеста малигна болест, кај млади жени кога се сексуално активни Етиологија и ризик фактори: рана сексуална активност, голем број на сексуални па сексуални партнери, СПБ, менструални и репродуктивни пореметувања, лоша хигиена, пушење, социјален статус, религија, генетски предиспозиции; ХПВ инфекција Патогенеза: претходни метапластични и диспластични промени Вегетативен -најчест, трошни израстоци како карфиол,бавно се шири,издигната површина нерамна и трошна.Паѓаат ситни сегменти од ткиво,и често крвари при контакт(прв симптом). Инфилтративен -рано инфилтрира во параметриум,горен зид на вагина. Улцерозен -брзо инфилтрира,прави улцерации на грлото,трошна е површината и на допир крвари. Ендоцервикален -доколку се развива кон внатре ,обично од улцерозниот и инфилтративниот настанува.Вагиналниот дел е непроменет макроскопски,на дигитален преглед вагиналниот дел од грлото е цврст,малку или повеќе зголемен,тешко подвижен. Карциномот најчесто е од плочест епител , поретко од цилиндричен.Тој може да е планоцелуларен,базоцелуларен,интермедијарен.Оној кој е од цилиндричен епител е резистентен на зрачна терапија. ЦИН (цервикална интраепителиални неоплазија)- преканцероза на грло на матка Промени на епителните клетк кои не ги зафаќаат сите слоеви ЦИН 1- лесна, долна третина на епител/ спонтано се повлекува ЦИН 2- средна, промени во базален слој до половина од епителот/ спонтано се повлекува ЦИН 3- тешка неоплазијна, карцинома ин ситу (локализирана група на абнормални клетк кои не се прошириле на околното ткиво)/ потенцијал да малигнизира ХПВ инфекција- вирусот се инкорпорира во генот на клетката и врши експресија на онкогени кои продуцираат онкопротеини и индуцира трансформација на клетката Клиничка слика: Поради скринингот ретко се манифестира типично Кардинален симптом: абнормално посткоитално крварење Неспецифични симптоми: вагинален дискомфор, исцедок со непријатен мирис и дизурија напредната болест: констипација, хематурија, фистули, уретрална опструкција, симптоми на екстрапелвични метастази Тријас: едем на нога, болка и хидронефроза е знак за инвазија во карличен ѕид Дијагноза: хистопатолошка анализа на матријал од биопсија или киретажа Инспекција: абнормален цервикс со ерозии, улцери, егзофитични маси, кои може да зафатат и вагина

Бимануелен преглед: пелвични МС, зафатени парамтри Ректален преглед: надворешна маса или крварење со инвазија Хистопатолошки: планоцелуларен (85%), аденокарцином, small cell, лимфом, меланом Диференцијална дијагноза: цервицитис, ендометријални и утерини неоплазми, пелвична инфламаторна болест, вагинитис, грануломатозни промени на цервикс, вагинални неоплазми ФИГО класификација (евалуација на тумор врз основа на клинички преглед): 1а. Микроскопски лезии 1б. Макроскопска лезија ограничена на црвикс <4цм 2а. Не зафаќа параметри 2б. Зафаќа параметри 3а. Зафаќа долна третина од вагина 3б. Карличен ѕид и хидронефроза 4а. МС во соседни органи 4б. Далечни МС Терапија на цервикален карцином: Оперативна: Карцинома ин ситу- конизација 1а. Тотална абдоминална хистеректомија до 2а. Радикална хистеректомија до билатерална лимфаденектомија Понатамошни стадиуми: хемотерпаија и радиотерапија Прогноза: 1 до 90%, 2 до 80%, 3 до 50%,4 до 30%) КАРЦИНОМ НА ЕНДОМЕТРИУМ (ЕНДОМЕТРИЈАЛЕН КАРЦИНОМ) После менопауза, асоциран со хипертензија, дијабет, обезност- тријас. Настанува од преканцерозни атипични хиперплазии поради продолжено естрогенско дејство: Симптоми: крварење Дијагноза: фракциона или експлоративна киретажа, хистероскопија со биопсија Стадиуми:

  1. Карицнома ин ситу
  2. Ограничен на корпус утери 1а. Должина на кавум утери <8cm 1б. Должина на кавум утери >8cm
  3. Зафаќа и корпус и цервикс
  4. Проширен надвор од утерус, но не и од мал таз
  5. Зафаќа слузница на мочен меур, ректум, проширен надвор од мал таз на далечни органи и ткива 4а. Слузница на мочен меур и ректум

КОМПЛИКАЦИИ ОД ТУМОРИ НА ОВАРИУМИ:

1. Торзија(torquatio )-прекин на крвоток во тумор,хиперемија,некроза.Потполното предизвикува акутна болка,интензивна ,придружена со други симптоми- гадење,мачнина,повраќање,мускулен дефанс.Непотполно предизвикува поблага симптоматологија.Ретко може да направи адхезии со оментумот. 2. Инфекција на оваријален тумор- најчесто кај цистични,загнојува и под ризик е да ја надмине капсулата и да се излие во абдоминална шуплина. 3. Руптура на оваријална циста Често како последица на траума или зголемен притисок во внатрешноста на цистата.Таа се излива во абдоминална празнина,а клетките од цистата одкако ќе се засадат во абдомен и мала карлица мачат муцин-myxoma peritonei,а ова предизвикува созДавање на адхезии.Исто може да предизвика дифузен перитонит. 4. Адхезија на оваријални тумори -Најчесто кај мали овааријални тумор кои паѓаат во дагласов простор. **5. Инкарцерација на оваријални тумори.

  1. Цисти на јајници и бременост** -во генеративен период.Пациентките може да останат бремени.Тоа може да доведе до компликации во бременост или спонтан абортус(руптура,торквација).Ако е цистата во дагласов простор претставува tumor previa,и може да го оневозможи вагиналниот пороѓај.Во ваков случај се прави празнење на цистата со пункција.Доколку ова не е возможно се пораѓасо царски рез и се ваѓа ицистата. ТЕРАТОМА ембрионални тумори, од примордијалните герминативни клетки и се карактеризираат со тоа што во себе содржат ткивни елементи од трите геминативни листови на овулумот. Можат да бидат цистични и солидни. Најчесто се бенигни ,а ретко можат да бидат малигни. -Teratoma embrionale cysticum( дермоидни цисти). Меѓу тератомите на јајниците најзастапени teratoma embironale cysticum (дермоидните цисти). Тие се тумори кои обично се појавуваат еднострано, а поретко се билатерални (околу 12%). Прилично се чести и обично се откриваат кај млади жени помеѓу 20 и 40 години од животот. Дермоидните цисти се релативно чести и според некои автори представуваат отприлика 15-25% од сите оваријални тумори.Обично се откриваат кога ќе достигнат олемина од 5- 10 цм во пречник,а ако дотогаш не се откријат и не се одстранат,можат да достигнат големина колку глава на новороденче. Цистите се со кружен облик прилично се тешки,со конзистенција како паста,мазна,солидна,беличеста површина. Покрај шуплината исполнета со непроѕирена,масна содржина,во дермоидот се наидува на солидно испакнување составено од деференцијални елементи на сите три герминативни листови: заби,'рскавица,коска,кожа, влакна, мускулни, ткиво на тироидна жлезда и др.Обично имаат долга петелка,па затоа се лесно подвижни во малата карлица. И дермоидните,како

и сите останати цисти на јаниците,можат да се свртат околу својата петелка,да прснат и да ја излеат својата содржина во абдоминалната шуплина,и да се инфицираат Кај многу ретки случаи на малигна алтерација, карциномот на дермоидните цисти се развиваод плочестиот епител(carcinoma planocellulare). Симптоматологија - Овие тумори можат да бидат пратени со стерилитет,и поради тоа понекогаш жената за прв пат се обраќа на лекар.Инаку,обично не даваат никакви симптоми додека не порастат толку за да почнат да притискаат на соседните органи и да доведат до пореметување на нивната функција или да предизвикуваат болка. Дијагноза - При првиот преглед на пациентката со дермоидна циста лекарот има чувство дека цистата е тешка и дека паѓа во првобитната положба кога од неа ќе ја измести. Во таква ситуација примената на ултразвук го олеснува поставувањето на точна предоперативна дијагноза. Лекувањето е оперативно и се состои во одстранување на дермоидната циста, по можност со зачувување на здравото ткиво на јајникот. Тоа не е можно да се направи ако дермоидната циста го зафатила јајникот во целина. Тогаш се прави оваректомија или аднексектомија на соодветната страна. Ако цистичниот тератом се наоѓа обострано,тогаш треба да се инсистира да од двете или барем од едната страна да се зачува и само мал дел од ткивото на јајникот. -Struma ovarii Оваријалната струма е многу редок облик на тератом на јајник.Ткивото од кое е составена по изглед и по функција личи на ткиво на тиродната жлезда.Оваријалната струма е бенигна неоплазма(ретко може да биде малигна),има солидна конзистенција,ако не се открие на време и не се одстрани може да достигне големина колку детска глава. Во околу 5% од случаите дава симптоми на тиреотоксикоза. Дијагнозата се поставув врз основа на: анамнеза,симптоматологија,клиничка слика и хистолошки преглед на одстранетиот препарат. Терапијата е оперативна КАРЦИНОМ НА ВУЛВА Етиологија: ХПВ Верукозна, папиларна промена пратена со јадеж ВИН (вулварна интраепителиална неоплазија) ВИН1- блага дисплазија ВИН2- средно тешка дисплазија ВИН3- тешка дисплазија и карцинома ин ситу Дијагноза: биопсија Се јавува во понапредна возраст, многу малиген и дава рани метастази, планоцелуларен Локализација: Баролиниеви жлезди, големи усни, клиторис Клиничка слика: јазол, брадавица, улцер со некроза во центар Макроскопски: Вегетативен- проминира над ниво на кожа

Симптоматски -ако е од друга болест, есенцијален –доколку не е приврзан со друга болест. Причини – лоша хигиена, интертригиноза,дерматитис,егзем,херпес,кај леукореја,колпитис или цервицитис,цревни паразити,педикулоза,поради раствори за испирање,дистрофична вулва и почетен карцином, дијабетис,потхранетост и анемија,уремија и жолтица. Третман -по излекување на болест исчезнува и јадежот. Дијагхноза -инспекција,преглед на вагинален секрет за исклучување на колпитис,преглед на урина и гликемија за дијабет. Есенцијален -непозната етиологија.Кај нервозни осетливи жени,во климактериум,на преглед присуство на екскоријации поради упорност на јадежот,дијагноза-инспекција и испирање. Терапија -седативи,локални анестетици(1-2% анестезиолошка маст, анестезин со алкохол и ментол), средства за разладување, антихистаминици,кортикостероидни масти.За упорни поткожни инекции новокаин или 96% алкохол.Терапија со алкохол дава долготрајни подобрувања но може да предизвика некроза на кожа на местото на инфламација. ДЕРМАТОЗИ ДИСТРОФИЧНИ СОСТОЈБИ

1. Lichen sclerosus-хипопластична дистрофија/kraurosis vulvae ЛИХЕН СКЛЕРОЗУС, КРАУРОЗИС КРАУРОЗА Кај жени во климактериум,како причина е низок естроген и намалено ниво на активен тестостерон.Клиничка слика-атрофија на кожа и поткожа во предел на монс,големи и мали усни,во поодмината возраст тие скрос исчезнуваат,вагина станува плитка,тесна нееластична цевка проодна колку еден прст,отежнати до невозможни полови односи,збрчкана,прозирна вулва потсетува на пергамент,јадеж. Терапија-локална примена на тестостерон-пропионат во вид на маст или крем 6-9 месеци. 2. Хиперплазија,леукоплакија на вулва- бенигна,мешана,неопластична. а)Бенигна сквамозна клеточна хиперплазија Во климактериум.Клиничка слика-сиво-бели плажи фокални или дифузни,хиперкератоза,акантоза и атрофија на микроскоп,но нема атипија,атрофични промени можни и пукнатики,многу изразен јадеж.Терапија-кортикостероидни масти,два пати дневно премачкивање Eurax Valison крема во тек на 6 недели,ако нема регресија- биопсија. б)Мешана сквамозна клеточна хиперплазија Комбинација од лихен и бенигна хиперплазија,кај жени во сениум,непозната етиологија,дијагноза-биолсија,Терапија-Eurax и Valison крема а потоа тестостеронска маст или крема6-9 месеци.

в)Неопластична сквамозна клеточна хиперплазија Сквамозна мешана со вулварна неоплазија-карцином на вулва VIN БЕНИГНИ ТУМОРИ НА ВАГИНА Најчести се цисти кои не се прави тумори туку остаток од Гернерови канали,на почеток се асимптоматски ,а подоцна се пипаат при миење.Може да го отежнат сексуалниот однос и пороѓајот.За големи цисти третман е оперативен,пред операција неопходно е да се установи случајно да не се работи за дивертикулум на мочен меур,уретра и цистоцела.Покрај овие може да се јават папиломи,фиброми и ангиоми ТУМОРИ НА ТЕЛОТО НА МАТКАТА

1. Ендометријални полипи на корпус Хиперплазии на ендометриум.Кај жени во менопауза.Симптоми-неуредно крварење,зголемена секреција(секундарна инфекција),повремени болки во форма на грчеви.*При сомнеж за полип мора да се исклучи ендометријален карцином. Дијагноза-експлоративна киретажа и хисопатолошка анализа Терапија-не е потребна 2. Хиперплазија на ендометриум Етилогија-хиперестрогенемија,во пременопауза Симптоми-метрорагија Дијагноза-експлоративна киретажа и микроскопски преглед на примерок Диференцијално дијагностички да се исклучи ендометријален карцином -Атипична хиперплазија на ендометриум-изменети клетки со аденоматозна хиперплазија на ендометриум,хиперхроматски зголемени неправилни јадра.Претходник на аденокарцином. Хистолошки-аденокарцином,многу ретко аденоакантом. Поделба д1-високо диференциран д2-диференциран со местимично солидни полиња д3-потполно недиференциран После менопауза најчесто,ризични-обезни,хипертензија,дијабет,хиперестрогенемија. Локација-фундус,истмус,устие на јајцеводи. Егзофитична форма -полипозни инфилтративни израстоци кои брзо некротизираат Инфилтративна форма -продира низ мускул и параметриуми,слузница на јајник,може да зафати и бешика,ректум бидејќи се шири per continuitatem Симптоми-повторувачки метрорагии,неуредно крварење,крварење после

ДИЈАГНОЗА НА МАЛИГНИ НЕОПЛАЗМИ

1 место дојка,2 грло на матка,3 тело на матка по зачестеност. Рана дијагноза -гинеколошки преглед,колпоскопија,цервикален брис,пап тест,редовни едногодишни прегледи на жени во и по климактериум,рутински преглед со екартер,шилерова проба,експлоративна киретажа. а.Колпоскопија -со колпоскоп,зголемува 10-25 пати,Сликите се групираат во бенигни и малигни. Бенигни- нормална слика,ектопија (еритроплакија-ектропион), типична промена на зона на трансформација (запушување на канал на цервикални жлезди-ovula nobothy). Малигни - леукоплакија (бела плака), база на леукоплакија (жолто поле со црвени точки), мозаик( потсеќа на саќе), бел епител и атипична зона на трансформација (нема единствена колпоскопска слика). Цитологија -пред земање пациентка не смее да се испира 24 часа,се зема со памукче на Резултати - 1 група -нормален. 2 група -лесна воспалителна промена. 3 група -клетки од подлабок слој,атипија,атрофија,воспаление. 4 група -клетки со јасни малигни карактеристики. 5 група -нагласени малигни карактеристики. ЕНДОМЕТРИОЗА Endometriosis externa- Постоење на ектопина локализација на ендометриум надвор од матката (најчесто на овариуми), перитонеална, оваријална, ректовагинална Adenomyosis ( АДЕНОМИОЗА )- продирање на ендометриум во миометриум Механизмот на настанување не е целосно разјаснет, но има повече теории: ретроградна меснтруација, целомска метаплазија, имунолошка, генетска, метастатска Симптоми: болки пред и први 2 дена од менструација, дименореа, диспауренија, неплодност Дијагноза: анамнеза, клиничка слика, ултразвук, тумор маркер ЦА 125, лапароскопија- златен стандард Терапија. Зависно дали е завршена препродукцијата, хормонска или хируршка Постоење на ендометриум на било кое место вон cavum uteri. Може да биде перитонеална, оваријална, ректовагинална. Се јавува во период на полна зрелост, од пубертет до климактериум. Најчесто се дијагностицира кај жени кои не раѓале и се постари од 30 години. Стерилитетот се јавува кај 75% жени кои боледуваат од ендометриоза.

Макроскопски, огништата на ендометриоза се гледаат како мали, темноплави зрнца или цисти на површината на јајниците, исполнети со темна течност со чоколадна боја. Пречките кои жената ги чувствува кај ова заболување настануваат поради реагирање на дислоцираниот ендометриум на хормонски промени во организмот и зависни се од локализацијата на ендометриозата. Клиничка слика: болки – непосредно пред и први два дена од менструацијата, изразени дисменореични пречки во текот на менструацијата, мено и метрорагии, диспареунија, опстипација, болки при дефекација, неплодност. Доколку е локализирана на цревата, особено на тенкото црево може да доведе до субилеус. Ако ендометриозата се наоѓа на јајник, тој е зголемен, цистично променет, ограничено подвижен или целосно неподвижен поради сраснувањето со околниот перитонеум. Посебен вид на ендометриоза е аденомиоза – продирање и локализација наендометриум во мускулестиот ѕид на матката. Поради расеаните огништа на ендомитриум по миометриумот, тој е задебелен, и телото на матката е дифузно зголемено. Се јавува кај жени кои раѓале повеќе пати и кај тие што се пред менопауза. Главни симптоми се дисменореа ( е во вид на колика и е последица на грчевите и контракциите на матката во текот на менструацијата настанати како последица на набабрување на ектопичните островца на ендометриум) и менорагија ( како резултат на оваријална дисфункција). Дијагноза: анамнеза, клиничка слика, микроскопски преглед, хистеросалпингографија, ултразвук, маркери ( СА – 125), лапароскопија – златен стандарт ( со НПА). Оваа болест може да се подели на 5стадиуми: 1.Нулти стадиум- сомневање на ендометриоза поради диспареунија 2.Прв стадиум- огништа расфрлани по перитонеумот и околината без сраснувања 3.Втор стадиум – присуство на мали ендометриотични цисти на јајникот и мали сраснувања 4.Трет стадиум – присуство на ендометриотични цисти поголеми од 5 цм и задебелени сакроутерини лигаменти. 5.Четврти стадиум – исти промени како кај 3-от стадиум со присуство на огништа нa ендометриоза на екстрагениталните органи. Терапија: медикаментозна и хирушка. Во вториот, третиот и четвртиот стадиум медикаментозното ( односно хормонското лекување) се дополнува со оперативен зафат. Тоа се постигнува со имитирање на бременост со користење на хормони кои го одложуваат настанувањето на овулацијата, ги спречуваат цикличните промени на ендометриумот, а со самото тоа и појавата на менструација. На тој начин се атрофираат

УРЕТРОЦЕЛА- спад на долен дел од преден вагинале ѕид УРЕТРОЦИСТОЦЕЛА- спад на долни 2/3 од преден вагинален ѕид СУБТОТАЛЕН УТЕРИН ПРОЛАПС- спуштање на грлото на матката и го минува интроитусот на вагината, нема комплетен спад на задниот ѕид , ретко комплетна верезија на матката ТОТАЛЕН УТЕРИН ПРОЛАПС- целата матка го минуа интоитусот ЕЛИТРОЦЕЛА- протрузија на перитонеален џеб и црева меѓу сакроилијачни лигаменти СУПРАВАГИНАЛНА ЕЛОНГАЦИЈА НА ГРЛОТО НА МАТКАТА- секондарно каок последица на тракциите меѓу грлото и телото на амтката кога има пролапс на вагиналните ѕидови и фиксираност на утерусот во карлицата заради големи миоми, параметрит, ендометриоза ИНТРАВАГИНАЛНА ЕЛОНГАЦИЈА НА ГРЛОТО НА МАТКАТА- хипертрофија на грлото и елонгација на предна усна ПЕЛВИЧНА ИНФЛАМАТОРНА БОЛЕСТ Пелвичната воспалителна болест опфаќа воспаленија со различна локализација во женските полови органи: ендоцервицит, ендометрит, салпингит, параметрит, оофорит, пелвеоперитонит. Оваа нозолошка единица е прифатена меѓу гинeколозите во целиот свет поради следните причини:

  • Многу ретко воспалителниот процес има само една локализација. Во практиката едновремено или последователно се засегаат различни делови од женските полови органи. Ова е најчеста болест во гинекологијата. Пелвичната воспалителна болест има тенденција да стане хронична. Има многу тешки последици врз репродуктивната способност на жената. ПВБ е болест на младите, сексуално активни жени во репродуктивна возраст. Група со најголем ризик се жени од 15-39 години. Околу 75% се жени до 25 години, 50% жени под 20год. Засилената сексуална активност и склоноста кон менување на повеќе сексуални партнери го зголемува ризикот. Етиологија ПВБ најчесто се предизвикува од 2 вида инфекции – егзогени и ендогени. Егзогените инфекции најчесто се предизвикани од микроорганизми кои нормално не се среќаваат во половите органи. Тие достигнуваат во човечкиот организам при сексуални контакти и многу ретко при дијагностички и терапевтски манипулации. Најчести инфекции од оваа група се хламидијаза и гонореа. Во 25% од случаите овие две инфекции се комбинирани.

Ендогените инфекции се полимикробни. Овој вид инфекција се предизвикува од условно патогени микроорганизми кои ги има макар и во мало количесто во вагиналната биоценоза. Ова се однесува на цревната аеробна и анаеробна флора, која навлегува во вагината по соседство од анусот. При нормални услови количеството на оваа флора е мало, бидејќи нивното размножување се потиснува од киселата реакција на вагината. Но, при определени услови (намален имунитет, имуносупресија, употреба на перорална контрацепција и др.) се создаваат услови за нивно брзо размножување кое предизвикува воспалителен процес. Многу поретки причинители можат да бидат Mycobacterium tuberculosis и Actinomyces israelli. Патиштата на распространување на инфекцијата се следните: Асцендентен пат: Интраканаликуларно – од вагината, преку цервикалниот канал и матката по ендосалпингсот кон пелвичниот перитонеум. По овој пат најчесто се распространуваат гонококите, хламидиите и др.; Инфекција распространета по лимфен пат. Десцендентен пат: При остар и особено перфоративен апендицит, перитифлит, дивертикулит, перитонит и др., аднексите се инфектираат десцендентно од соседството. Хематоген (крвен) пат Кои се симптомите на ПИД? Болка во долниот дел на стомакот и карлицата , Неправилни периоди , Болка за време на сексот ,Болка при мокрење , Болка во долниот дел на грбот , Вишок на вагинален исцедок со непријатен мирис, Треска, исцрпеност, дијареа, повраќање и други општи знаци на инфекција. ПИОСАЛПИНГИТ Салпингитис е инфекција и воспаление во Фалопиевите туби (салфулки). Често се користи синонимно со воспалително заболување на карлицата ( ПИД ), иако ПИД нема точна дефиниција и може да се однесува на неколку болести на женскиот горен генитален тракт, како што се ендометритис , офоритис , миометритис , параметритис и инфекција во карличниот перитонеум. Спротивно на тоа, салпингитисот се однесува само на инфекција и воспаление во јајцеводите. Симптомите обично се појавуваат по менструацијата. Најчести се: [2]^ Абнормален мирис и боја на исцедок од вагината , Болка за време на овулацијата , Болка за време на сексуален однос , Болка што доаѓа и оди за време на периоди , Стомачна болка , Болки во долниот дел на грбот , Треска , Гадење , Повраќање , Подуеност

АМЕНОРЕА

Аменореата претставува изостаноок на менструацијата и е симптом, а не болест. Може да биде примарна ( изостанок на менструација во пубертет и после него по 18 години) и секундарна (кај жени кои претходно имале барем една менструација). Причината и за двете е од хормонско конституционална природа. ФИЗИОЛОШКА: Пубертет (недоволно лачење на FSH и рефракторност на јајници) Бременост (продолжена лутеална фаза со високи концентрации на естрогени од плацента и прогестерон од корпус лутеум) Прекин на бременост (кај абортус аменореата трае 3 до 8 недели) Лактација (пролактин спречува овулација) Менопауза и секоундарна аменореа ПАТОЛОШКА: Може да биде со централно потекло (хипоталамусно и хипофизно), периферно потекло (оваријално и утерусно), останати прочини. АМЕНОРЕА ОД ХИПОТАЛАМУСНО ПОТЕКЛО Страв, преокупираност, психички заболувања, мозочна траума, хронични болести анорексија, Калманова болест намалена GnRHнамалени FSH/ LH пореметено лачење на естроген и прогестерон Терапија: да се отстрани основната причина што довела до заболување или хормонска терапија со давање на LH и хорионски гонадотропин со дополнителна примена на прогестерон. Во оваа група спаѓа и аменореа при Фрелихова болест (адипозогенитален синдром), пореметен центар за апетит во хипоталамус- гојазност, поспаност, хипоплазија на генитални органи и аменора. АМЕНОРЕА ОД ХИПОФИЗНО ПОТЕКЛО Тумори на хипофиза, недоволна развиеност, оштетувања од болести или циркулаторни нарушувања, хиперпролактинемија  намалено или отсутно лачење на FSH/ LH намалена активност на овариуми Терапија: етиолошка или хормонска со гонадостимулини Хипофизната аменореа обично е симптом на некој од синдромите (хипофизен инфантилизам, акромегалија и гигантизам, Cushing, Simonds, Sheehsan) -ХИПЕРПРОЛАКТИНЕМИЈА Тумор на хипоталамус (пролактином), лекови (антидепресиви, антипсихотици, антиеметици, метил допа, естрогени), хипотироидизам, ХБИ, бременост, доење, стрес намалена количина на допамин,а покачена количина на ПРЛ супресија на секреција на гонадотропини и нивно дејство врз овариуми

СИНДРОМ НА ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ (ПОЛИЦИСТИЧЕН ОВАРИЈАЛЕН СИНДРОМ)

Синдромот на полицистични овариуми се јавува во генеративниот период кај жената и е многу честа причина за стерилитет и нередовни менструални крварења (аменора/олигоменореа). Се манифестира како зголемени јајници кои се цистични променети, кои преставуваат зголемен број на фоликули во различни стадиуми, хипертрофија и хиперлазија на овариумите. Причината е хронична стимулација како резултат на нарушена хипоталамусно- хипофизна регулација на секрецијата (високо ниво на LHвисок на андрогенипериферна конверзија во естрогенизголемуваат осетливост на хипофиза на гонадолиберин уште повисоки вредности на LH/ намалени вредности на FSH0. Односот LH:FSH> 3, нивото на естрогени и андрогени е покачено. На јајниците се забележува задебелена, сјајна, беличеста покривка туника албугинеа(tunica albuginea) под која се наоѓаат многубројни цисти во различен равоен стадиум, со пречник 2-6 мм и исполнети со бистра течност со високи концентрации на андрогени и мали колични на естрадиол. Симптоми: нарушен менструален циклус, ановулаторни циклуси, хиперпролактинемија, хирзутизам, гојазност. Дијагноза: Анамнеза (аменореа, нерегуларни циклуси, неплодност, гојазност со хирзутизам, масна кожа, акни); УЗ (обострано зголемени цврсти, слободни јајници); Крвна слика (LH:FSH > 3, Зголемен тестостерон) Терпаија: Конзервативна, хормонална (циклично давање на синтетски гестагени што ги нормализира вредностите на ЛХ, комбинирани орални контрацептиви, кај хирзутизам кортикостероиди, кломид за потикнување на овулација) и оперативна (лапаротомија или лапароскопска метода- клинеста ресекција или мултипла каутеризација на овариумите што често води до бременост). АМЕНОРЕА ОД ОВАРИЈАЛНО ПОТЕКЛО ХИПОХОРМОНСКА АМЕНОРЕА (намалени естрогени и прогестерон)- пореметен е развојот на јајникот (агенезија, хипоплазија, хипофункција, Тарнеров синдрон- дизгенезија на јајниците кои се како тенки врвки без функционална способност). Кај овие жени може да се јави клиничка слика на примарна или секундарна аменора или предвремен климактериум (40та година ради прерана исцрпеност на јајникот). ХИПЕРХОРМОНАЛНА АМЕНОРЕА (зголемени естрогени и прогестерон)- фоликуларна или лутеинска циста, функционални тумори на јајникот, тумор од грнулоза клетки или клетки на внатрешен обвиткивач. Аренобластом- редок, маскулинизирачки тумор на јајникот со зголемена продукција на андрогени и знаци на вирилизација ( масна кожа, зголемена влакнетост, акни). АМЕНОРЕА ОД УТЕРУСНО ПОТЕКЛО - примарната е како резултат на неосетливост на ендометриумот на хормонските стимулации при вродени аплазии на матката или

затоа што при триење може да испадне. ЦЕРВИКАЛНИ ПЕСАРИ Биле користени во минатото и изработени од благородни метали и метали кои не рѓосуваат (најчесто сребро), во облик на одливокот на цервикалниот канал. Како несакана појава се јавило локално иритирање на слузницата на грлото и телото на матката, имало случаи на тешки воспаленија од кои некои завршиле со смрт и поради тоа примената им е ограничена. ИНТРАУТЕРИНИ ВЛОШКИ (IUD- INTRAUTERINE DEVICES) Се аплицираат во утерусот и се најлонски конец кој виси низ грлото во вагината се вадат. Постојат повеќе типови на ИУД (спирала, јамка, со елементи со спремицидно дејство како бакар, сребро). Најпознати се Маргулисова спирала и Лупесова јамка. Денес најдобри резултати покажале копер Т влошките, кои се составени од многу тенко, бакарно конче кое е обвиткано со тенка пластика. Контрацептивниот ефект е појачан со хемиското делување на бакарот. Се стваат со интродукер, а се вадат со најлонското конче кое виси од страна на гинеколог. Механизмот на делување не е целосно разјаснет, но се знае дека имаат позитивен контрацептивен ефект и мали несакани дејства. Како несакани дејства може да се јават: ендометритис, нерегуларно крварење и болки непосредно по апликација, перфорација на утерус и навлегување на влошката во абдоминалната празнина. Може да стојат со месеци, па и години и се погодни затоа што не е потребна секојдневна контрацептивна терапија. Пред да се намести жената треба гинеколошки да биде прегледана и доколку постои инфекција, да се санира па потоа да се пристапи кон местење. Ако навлегла во абдоминалната празнина треба да се извади лапароскопски или ако тоа не е можно со лапаротомија. ХЕМИСКИ МЕТОДИ НА ЗАШТИТА НА ЖЕНАТА хемиска контрацепција ВАГИНАЛНИ ИЗМИВАЊА Треба да се практикуваат после секој сексуален однос, со благо кисела промивка: вински оцет (народно), млечна или борна киселина, кој освен механички што ја отстранува спремата, киселината ги убива сперматозоидите. Не е сигурен метод. ВАГИНАЛНИ ВЛОШКИ Непосредно пред сексуалниот однос парчиња сунѓер се топат во млечна, борна киселна или вински оцет и се ставаат во вагината. Не е сигурна метода. ВАГИНАЛНИ ТАБЛЕТИ И ГЛОБУСИ Се ставаат длабоко во вагината прес половиот однос и под дејство на вагиналниот секрет се топат и со своите хемиски својства делуваат на мотилитетот, виталноста и способноста за оплодување на сперматозоидите. Освен тоа содржат и кинин кој формира тенка, желатинозна капа околу цервиксот и спречува механичко навлегување на серматозоидите. Се препорачуваат доколку жената не ево можност да користи хормонска терпаија или ИУД, но не се многу сигурен метод.

СПРЕМАТОЦИДНИ МАСТИ И ПАСТИ

Се користат во комбинација со црвикални капи или дијафрагми. Се ставаат со интродуктор пред половиот однос и го покриваат цервикалното устие и со тоа освен хемиски, делуваат и механички. Patentex/ Ortho- пасти Emko/ Patentex- пени ХОРМОНСКА КОНТРАЦЕПЦИЈА НЕСТЕРОИДНИ ХОРМОНИ (агонисти и антагонисти на GnRH) Агонисти: спречуваат овулација, пореметуваат фоликулогенеза, вршат привремена лутеогенеза, имаат антогонадотропен ефект и може да доведат до ран абортус. Антагонистите се сличен ефект, потребни се високи дози. Овој метод нема широка примена. СТЕРОИДНИ ХОРМОНИ (естроген+прогестерон/ прогестерон; антиестроген/ антипрогестерон) Се спречува несакана бременост преку супресија на GnRH што води до предизвикување на ановулаторни циклуси, делување на цервикланата слуз, оневозможуваат подготовка на ендометриумот за имплантација на оплодената јајце клетка, пренос на гамети и функција на корпус лутеум. Контраиндикации: хепатални и ренални заболувања, тромбоемболија, обеситас (Треба целосен интернистички преглед пред да се препишат). Несакани дејства: дебелеење, главоболка, напнатост на дојките, психички промени, ГИТ тегоби, при подолго семање може да настане атрофија на ендометриум, аменореа, неплодност. Терапијата треба да биде строго контролирана од лекар. Таблети: Фрилавон, Микрогинон, Диане 35 Може да се даваат и како месечни инјекции, поткожни импланти, вагинални прстени и интраутерини влошки. Посткоитална контрацепсија: 72 часа после коитус со земање на 2 таблети, па уште 2 таблети 12 часа после првото земање. БИОЛОШКИ МЕТОДИ НА КОНТРАЦЕПЦИЈА ОГНИО КНАУСОВА МЕТОДА Овулацијата настанува на 14 ден, во 28 дневен циклус или 14 дена пред очекуваната следна менструација. Сперматозоидите живеат во вагината и се способни за оплодување 48 часа, па поради тоа се смета дека жената може да остане бремена 2 дена пред и 2 дена после овулацијата, односно 12- 16 ден кај 28 дневен циклус. СТЕРИЛИЗАЦИЈА Се изведува кај населенија кај кои постои висок наталитет и истиот претставува проблем.