Docsity
Docsity

Pripremite ispite
Pripremite ispite

Studirajte zahvaljujući brojnim resursima koji su dostupni na Docsity-u


Nabavite poene za preuzimanje
Nabavite poene za preuzimanje

Zaradite bodove pomažući drugim studentima ili ih kupite uz Premium plan


Školska orijentacija
Školska orijentacija


Ginekologija-ispiten del, Skripte od Ginekologija i akušerstvo

Содржина 1.Хормони во гинекологијата 2.Период на развој на жената 3.Женски полови органи 4.Положба на женските полови органи 5.Повреди на полови органи 6.Заболувања на полови органи 7.Планирање на семејство 8.Аменореја 9.Преканцерози на полови органи 10.Дерматози на полови органи 11.Тумори на полови органи 12.Болести на дојка

Tipologija: Skripte

2020/2021

Učitan datuma 17.05.2021.

IloskaDiana
IloskaDiana 🇲🇰

5

(18)

4 dokumenti

1 / 40

Toggle sidebar

Ova stranica nije vidljiva u pregledu

Ne propustite važne delove!

bg1
Содржина
1.Хормони во гинекологијата
2.Период на развој на жената
3.Женски полови органи
4.Положба на женските полови органи
5.Повреди на полови органи
6.Заболувања на полови органи
7.Планирање на семејство
8.Аменореја
9.Преканцерози на полови органи
10.Дерматози на полови органи
11.Тумори на полови органи
12.Болести на дојка
I. Хормони во гинекологијата
1.Репродуктивни стероидни,2.репродуктивни пептидни и 3. Специјализирани пептидни
хормони.
Со помош на хормоните и невротрансмитерите се остварува комуникација помеѓу
ЦНС,хипоталамус,хипофиза и половите жлезди.Кои воедно се клучни во репродуктивниот развој
на индивидуата.Половите хормони директно делуваат на таргет ткивата,додека хормоните од
хипофиза и хипоталамус своето дејство го остваруваат индиректно преку естрогени,прогестерон и
андрогените хормони.Естрогените и андрогените се врзуваат за бета глобулинот од
плазмата(SHBG-sex hormone binding globulin)кој е синтетизиран во црн дроб.Кога ке стигнат до
таргет клетката се врзуваат за рецептори на површината на клетката и ја активираат.После
делување хормоните се излачуваат во урината во форма на сулфурна и глукуронска киселина.
1.Репродуктивни стероидни хормони
Се создаваат во овариуми и тестиси,во тестисот кој воедно се развива во 6 тата недела
интраутерино се создава тестостерон и естроген.Во овариумите се создаваат
естрогени,прогестерон и малку тестостерон.Покрај ова и двата имаат и егзокрина
функција.Инхибирани и стимулирани се од страна на хипофиза со FSH И LH.Се смета дека
активниот облик на тестостерон-5-алфа-дихидротестостерон покрај во тестис се создава и во
кожа,сибмаксиларни плункови жлезди ,а најмногу во простата.
Естрогени(estradiol,estriol,estrol)
1. Метаболизам на естрогени
Синтетизирани во овариуми(графов фоликул и жолто тело,и фетоплацентарна
мембрана,тестиси,кора на надбубрежна жлезда и мозочно ткиво.За време на бременост
доминира естриолот,додека естрадиолот и естронот се во незначителни количини(најголем дел е
излачен од страна на графовиот фоликул,но и постелката и надбубрежната жлезда на плодот го
лачат).Додека најголем дел од прогестеронот е излачен од постелката.Пикот на естрогените е во
36 тата недела од бременоста,подоцна се намалува за најголем пад да се забележи 2 дена пред
пороѓајот.Во периодот на менопауза доминира лачењето на естрогени од страна на
надбубрежната жлезда,додека е згасната оваријалната секреција.
Гинекологија 1
pf3
pf4
pf5
pf8
pf9
pfa
pfd
pfe
pff
pf12
pf13
pf14
pf15
pf16
pf17
pf18
pf19
pf1a
pf1b
pf1c
pf1d
pf1e
pf1f
pf20
pf21
pf22
pf23
pf24
pf25
pf26
pf27
pf28

Delimični pregled teksta

Preuzmite Ginekologija-ispiten del i više Skripte u PDF od Ginekologija i akušerstvo samo na Docsity!

Содржина

1.Хормони во гинекологијата

2.Период на развој на жената

3.Женски полови органи

4 .Положба на женските полови органи

5.Повреди на полови органи

6 .Заболувања на полови органи

7 .Планирање на семејство

8 .Аменореја

9 .Преканцерози на полови органи

10 .Дерматози на полови органи

11 .Тумори на полови органи

12 .Болести на дојка

I. Хормони во гинекологијата 1.Репродуктивни стероидни,2.репродуктивни пептидни и 3. Специјализирани пептидни хормони. Со помош на хормоните и невротрансмитерите се остварува комуникација помеѓу ЦНС,хипоталамус,хипофиза и половите жлезди.Кои воедно се клучни во репродуктивниот развој на индивидуата.Половите хормони директно делуваат на таргет ткивата,додека хормоните од хипофиза и хипоталамус своето дејство го остваруваат индиректно преку естрогени,прогестерон и андрогените хормони.Естрогените и андрогените се врзуваат за бета глобулинот од плазмата(SHBG-sex hormone binding globulin)кој е синтетизиран во црн дроб.Кога ке стигнат до таргет клетката се врзуваат за рецептори на површината на клетката и ја активираат.После делување хормоните се излачуваат во урината во форма на сулфурна и глукуронска киселина. 1.Репродуктивни стероидни хормони Се создаваат во овариуми и тестиси,во тестисот кој воедно се развива во 6 тата недела интраутерино се создава тестостерон и естроген.Во овариумите се создаваат естрогени,прогестерон и малку тестостерон.Покрај ова и двата имаат и егзокрина функција.Инхибирани и стимулирани се од страна на хипофиза со FSH И LH.Се смета дека активниот облик на тестостерон- 5 - алфа-дихидротестостерон покрај во тестис се создава и во кожа,сибмаксиларни плункови жлезди ,а најмногу во простата. Естрогени (estradiol,estriol,estrol)

1. Метаболизам на естрогени Синтетизирани во овариуми(графов фоликул и жолто тело,и фетоплацентарна мембрана,тестиси,кора на надбубрежна жлезда и мозочно ткиво.За време на бременост доминира естриолот,додека естрадиолот и естронот се во незначителни количини(најголем дел е излачен од страна на графовиот фоликул,но и постелката и надбубрежната жлезда на плодот го лачат).Додека најголем дел од прогестеронот е излачен од постелката.Пикот на естрогените е во 36 тата недела од бременоста,подоцна се намалува за најголем пад да се забележи 2 дена пред пороѓајот.Во периодот на менопауза доминира лачењето на естрогени од страна на надбубрежната жлезда,додека е згасната оваријалната секреција. Гинекологија 1

Acetat-holesterol-pregnenol-progesteron- 17 - hidroksiprogesteron-androstendion-testosteron-estradiol /estron. Заобиколен начин на синтеза:pregnelon- 17 - hidroksipregnelon-dihidroepisteron- androstendion-estron/testosterone/estradiol.

2. Биолошко дејство на естрогени Пред менарха нивото на естрогени е минимално.После менархата нивоата на естрогените се движат од 60-200 микрограми,со варијации во текот на циклусот каде максимумот го достигнува меѓу 12-14 ден од циклусот,кога се излачува 200-500 микрограми,после имаме нагол пад, па повторен пик во 21-23 ден од циклусоткога е меѓу 150-300микрограми.Постојат два типа на рецептори за естрогени алфа(во матка,јајник и кардиоваскуларен систем) и бета(ЦНС,дојка и коски.Естрогените се инактивират во црн дроб каде се коњугираат со глукуронска кна и сулфурна се елиминираат дел преку урина и дел преку жолчка.Феномен на Allen I Doisyu - доколку на атрофична вагина се примени естрогенска терапија ке настане промена на епителот во повеќеслоен плочест кој орожнува.Овој феномен се користи за одредување на естрогенска активност.За време на менструација под дејство на естрогените настанува пролиферација на базаниот слој на матката,а тоа доведува до регенерација и обновување на функционалниот слој.Најголема изразеност на промените на матката има пред пикот на естрогените (неколку дена ред овулација),тогаш се излачува многу цервикална слуз,кој станува бистар,помалку вискозен и порастеглив.Самата намалена вискозност овозможува полесен продор на сперматозоидот за да настане оплодување,во тек на овулација вагиналниот секрет покажува феномен на кристализација. Врз мускулните влакна делуваат со забрзан раст,хиперемија,едем и пролиферација,раст на јајцеводи,хиперплазија и хипертрофија на епител и сврзноткивни елементи.Врз дојка делуваат на тој начин што доведуваат до раст на брадавици и млечни канали.Прават задршка на натриум и хлориди.Поради ова можат да доведат до појава а едеми во период на менструација кога има пик на естрогени.Жените варираат во тежина под дејство на естрогените,нивен пораст ја покажува,нивен пад ја намалува,а обратно пропорционално се движи диурезата.Мали дози естрогени стимулираат хипофиза,големи дози ја инхибираат преку негативна повратна спрега со хипофизата и FSH. 3. Биолошка стандардизација на естрогени Вештачки естрогени Синтетски се создадени,спаѓаат во група стилгени а претставник е стилбестрол.Идентичен на естрадиол,но двапати појак.Примена е интравенска и пер ос.Хексестрол(4 пати послаб) и диенстрол(18 пати послаб) се користат послабо поради послабото дејство. Најчесто СЕ применува естрадиол,кој се дава интравенски,а за да се успори време на излачување се естрифицира како естрадиол-бензоат.А најчесто пер ос се дава стилбестрол,ремарин,етинил- естрадиол.Негативни ефекти на примена на естрогени се мачнина,повраќање,вртоглавици,главоболка.Се применуваат само со препорака на гинеколог.Изолирано се даваат ретко,најчесто заедно со прогестерон,и тестостерон. 4.Индикации Честа индикација е хипоплазија на генитални органи,стерилитет ,примарна и секундарна аменореја(предизвикување вештачки циклус заедно со прогестерон)-колку е аменорејата пократка толку е прогнозата подобра.Се дава 3-4 циклуси и подоцна најчесто се нормализира циклусот.Истото се прави кај оваријална дисфункција,олигоменореја,полименореја,обилни менструални крварења,метрорагија од хипоестрогенско потекно(тука е важно да се земе

Пептидни хормони Излачени се од страна на нервниот систем односно хипоталамус хипофиза - либерин(рилизинг хормон) и статин(инхибирачки рилизинг хормон). Либерални GnRh поттикнува создавање FSH,LH.А врз него делуваат невротрансмитерите допамин,серотонин,норадреналин итн, и хормоните TRH,PIF,CRH итн.Постојат синтетски аналози на овој хормон и се користат во третман на стерилитет.Пролактинот е важен и тој има полуживот од 15-20 минути.Делува на диференцијација на млечната жлезда,ја започнува и одржува лактацијата,стимулира создавање андрогени,синтеза на прогестерон,и создавање жолто тело.Супресира дејство на овариуми.Покачен пролактин може да резултира со одсуство на овулација.Нормални вредности од 580 ммУ/Л нормално покачени при бременост ,лактација,стрес.HCG стимулира секреција на андрогени и инхибира дејство на естрогени и раст на фоликули.Други хормони се инхибин (инфибира лачење на FSH),активин(активира лачење на FSH) и FRP(стимулира лачење наFSH).Rebound efekt-стимулиња одредени органи со инхибиција на FSH,со цел по прекин да се лачи во поголеми количини се додека не се нормализира. II. Период од развојот на жената Детство 6 та недела создавање недиференцирани гонади први 23 недели до крај на бременост диференцирање на внатрешни и надровешни генитални органи во првите две години од животот се одржува високо ниво на репродуктивни хормони за потоа да настане нагол пад кој останува низок се до пубертет. Пубертет ЦНС стимулира хипоталамус,кој ослободува GnRh кој стимулира хипофиза да создава FSH/LH кој стимулираат јајници и се создаваат првобитни фоликули и се лачат естрогени.Се јавува од 12- 17 години има појава на промена во депозиција на масно ткиво,влакнатост,промена на гласот,промена во облик и димензии на полови органи,појава на менарха.Предвремен пубертет е pubertas precox пред 8 ма година.Задоцнет пубертет е pubertas tarda и тоа е ако до 17 та година нема појава на менарха. Генеративен период Од пубертет до климактериум.Способна за забременување,носење плод и пороѓај.Менструални циклуси се редовни.Менструација само изостанува за време на бременост и лактација.Во текот на животот една жена може да има 400-450 овулации.Во веме на менструално крварење поради базната средина на крвта доаѓа до неутрализација на вагиналниот секрет и поголем ризик од настанок на инфекции.Затоа во тој период не се дозволени сексуални односи и вагинални испирања. Климактериум Од 45-50 та година се јавува,има згаснување на оваријалната функција.Со стареењето се помалку се резистентни на гонадотропинска стимулација.Предвремен климакктериум еп оврзан со пушење,операции,лекови и зрачење.Во перименопауза високо е нивото на ФСХ а намалено на естрадиол,додека фоликуларната фаза на менструалниот циклус е скратена.Во постменопаузата веќе не се лачат естрогени туку само прогестерон и андрогени.Тогаш сепак има мала количина на естрогени во крвта поради конверзијата во масното ткиво.Во овој период се создаваат и во надбубрежната жлезда поинтензивно.Синдроми во климактериум

  • вазомоторни(топли банови,ноќно потење,инсомниа,палпитции)
  • урогенитални(атрофија,диспареинурија,губиток на либидо) психички(губиток на меморија,аксиозност,депресија)
  • физички(замор и главоболка)
  • кардиоваскуларни(тромбоза
  • коскенозглобни(остеопороза) За поедини неподносливи симптоми се дава хормонска супституциона(естрогенска или прогестеронска) терапија.За неа апсолутна контраиндикација се :карцином на дојка и ендометриум.Релативни се:хиперплазија на ендометриум,леомиом,МИ,дисплазија на дојки,пушење,гојазност,црнодробни болни,порфирија,хипертензија,дијабетес мелитус,цереброваскуларни,тромбемболија. Сениум Од климактериум до крај на животот,атрофија имаме на надворешни и внатрешни органи полови органи,склеротични јајници,намален волумен на матка и јајцеводи,вагина се стеснува,се јавува остеопороза и атрофија на коски.Имаме слабеење на вис ,меморија и слух. III. Женски полови органи Коскен дел од карлица 4 коски,две карлични ,крстна и тртна. 1.Бедрена коска(os illi) Горен цел над линеа терминали е голема карлица,додека долен е мала карлица,растојание помеѓу две spina iliaca anterior superior е наречено distantio spinarum и е една од надворешните карличчни мерки.Растојание помеѓу две crista iliaca позади ја претставува distantio cristarumi. 2.Седална коска(os ischii) На задниот дел постои spina ischiadika и спојот на двете спини ја претставува интерспиналната линија која е најкраткиот пречник на карлицата. 3. Препонска коска(os pubis) Сврзнорскавичниот спој на двете препонски коски ја гради симфизата,таа г гради предниот зид на малата карлица,и од неа наназад се протегаат првите пречници на карлицата. 4. Крстна коска(os sacrum ) Влегува во градба на задниот зид на малата карлица.Долниот раб на оваа коска се зглобува со тртната коска и овозможува зголемување на правиот пречник на карличниот влез при пороѓај со движење на сакрококцигеалниот зглоб. 5. Тртична коска(os coccyges ) мала коска,рудиментиран остаток од оппашка. Карличниот прстен се дели на голема и мала карлица. Голема карлица-Долна граница е linea terminalis,нема големо акушерско значење. Мала карлица-од долу сврзномускулна граница,од горе голема карлица,внатре се внатрешни полови органи,ректум,и бешика. Горен отвор(apertura pelvis superior) Прави пречници: прв пречник(conjugate anatomica)од промонториум до горен раб на симфиза- 11 - 11,5 цм. Втор пречник(conjugate vera)од промонториум до задна страна на симфиза-10,5 цм. Трет пречник(conjugate diagonalis)од промонториум до долен раб на симфиза- 12 - 12,5 цм. Коси пречници:

агол оторен кон напред антефлексија. Три слоја: ендометриум(слузокожа)stratum basale,spongiosum et.compactum.Se deskvamira za vreme na menstruacija. ,миометриум(мускул) Дебел 8-10 мм.Многу контрактибилен, периметриум(дел од перитонеум). Лигаменти на матка lig.teres uteri seu ligamenta rotunda,lig. lata uteri,lig.sacrouterina. Јајник Сместен е во fossa ovarica пред менструација е мазен, по менарха станува набразден и со лузни.Изграден од растресито сврзно ткиво,крвни садови,лимфни садови и нерви.Има заден слободен раб кој е свртен кон ректумот.Поврзан е со матка со lig.ovarii proprium низ него доаѓа гранка на артерија утерине,покрај од оваа гранска се васкуларизира и од arteria ovarica od abdominalna aorta.Постои и друг лигамент lig.infundibulopelvicum.Секое женско дете се раѓа со 2000000 примарни фоликули,дел заостануваат и претрпуваат атрезија, а дел предизвикуваат овулација секој 28 дена.Во нив се лачат естрогени и прогестерон,и се создава јајце клетка. Јајцеводи Долги од 8-14 цм,зидо има дебелина од 2-3мм составен од сероза,мускуларис и мукоза.Има изглед на ловечки рог,делови кои ги разликуваме на него се :infundibulum tubae uterinae(долг 2цм,завршува слободно во абдоминална празнина со 10-15 фимбрии,од кои најдолга е fimbrija ovarica.Ampula tubae uterinae долг 3-4 цм,pars interstitialis s.pars iterinae долг 1 цм,поради постоењето на перисталтички движења на тубите се движи јајцето кон сперматозоидот и се овозможува оплодувањето кое најчесто се врши во ампулата. Органите на малата карлица имаат двојна инервација-од plexus pelvinus и од n.pudendus,и парасимпатичка и симпатичка инервација. III. Физиологија на полови органи Се раѓа со 2000000 овоцити,на почеток на пубертет се 400000 .Зрелиот овоцит е најголема клетка во телото,се наоѓа во мета фаза,опкружен е со гранулозни зрнести клетки(corona radiata)гликопротеинска мембранакоја има рецептори за сперматозоидите и е наречена zona peluida.Дел од зрнестите клетки умираат и градат antrum foliculi исполнет соliquor foliculi IV. Положба на внатрешните органи 1.Вагина Descensus vaginae – (пролапс) спуштање на вагинални зидови,млитавост,кај постари повеќеродки, Етиологија-лошо третиран расцеп на меѓичка,а и истегнување за време на пороѓај. Клиничка слика-лузна од стара рптураинтроитус на вагина е широк и сјае,низ него се гледаат спуштени зидови,вагина широка и плитка,здовите со изглед како да висат према влезот,чувтво на тежина и влечење,чувство како нешто да ќе и испадне.Кај поизразен десцензус се повлекува ректум или мочен меур нарешени ректоцела и цистоцела. а)Цистоцела- излез на предниот зид нив влезот на вагината,а во тој дел се наоѓа мочниот меур.Слузницата во тој дел се задебелува.Се јавува колпитис,проблеми со уринирање,честа е инконтиненција кај уретероцела. б)Ректоцела низ интроитус излегува задниот зид на вагината,во облик на меуресто испапчувањетука се спушта и ректумот.Имаме изразена опстипација,Лесен премин на бактерии од ректум,вагината и тука е

груба и орожнува. терапија-оперативно отстранување на ректоцела и цистоцела,внумателно корегирање на агол меѓу уретра и вагина доколку постои и уретероцела. в)Ентероцела Протрузија на перитонеумот од Дагласовиот простор,се опишуваат вијуги од тенко црево над вагиналните зидови.Многу често одат заедно со ректоцела.Пациентката има изразено чувство на влечење и може да има опстипација.Терапија-оперативна корекција. 2.Матка Пред матка се наоѓа excavation vesicouterina,а најниска точка е дагласовиот простор на задниот зид на матката.Во нормална положба е со телото према напред а со дното потпрена на мочниот меур,со грлото е свртена према ректум.Нормална положба е антефлексија со антеверзија. а)Хиперантефлексија на матка hyperanteflexio uteri Агол помеѓу тело и грло е помал од 90 степени,најчесто е вродена,обично има хипоплазија на ццела матка,се јавува дисенореја поради стеснет цервикален канал,често е придружен стерилитет и спонтани абортуси.Кај асимптоматски пациентки не е потребна корекција,но кај посериозни случаи со нередовни циклуси потребен третман,во денешно време симптоматски и хормонски,естроген и гонадоотропин со цел да се доразвие матката. б)Хиперантеверзија на матка(hyperanteversio uteri) Изразено навалување на матката кон напред,чувство на притисок,нагон за мокрење често,тежина и болка и тенезми.Се палпира поставеноста на матката на комбиниран преглед,карактеристично е што дизуријата се губи при лежење.Се јавува во пуерпериум,кај абортуси во поодмината бременост,миом. в)Ретродевијација на матка(retroversio et retroflexio uteri) Завртување кон назад на дното на матката према ректум(ретроверзија),завиткување на истмичниот дел во однос на грлото(ретрофлексија).Се дели на три степени.Доколку матката ја задржи својата мобилност станува збор за мобилна ретроверзија.Ретко дава симптоми,најчесто пирчина е пуерпериум,после расцеп на перинеум се гледа,при пролапс на матка,после тешки пороѓаи,ендометриози и аднексни заболувања,неоплазма. Клиничка слика-често асимптоматски,дисменореја,менорагија,појачана интерменструална леукореа,неправилно менструално крварење,болка во крстот,остануваат бремени без проблем но честа е појава на стерилитет кај овие пациентки,а исто и спонтани абортуси,кај фиксирана ретрофлексија болката е силна и се потенцира при дефкација и се влошува за време на менструација.На преглед грлото е големо и хипертрофирано,свртено према симфиза.ППорцио е размекнато и свртено према симфиза. Постои опасност од вклештување,која е алармантна состојба,обично настанува во крај на третиот месец од бременост.Симптоми на вклештување се дизурија и опстипација,веднаш по дизуријата настанува неволно истекување на урината insuria paradoxa .Доколку не се интервенира може да настане руптура на мочен меур и перитонит.Интервенција-поставување катетер,доколку тоа не помага празнење на мочен меур се врши со пункција,подоцна подигање на матка со благ притисок преку свод.Доколку и ова не е успешно се поставува во коленолакотна положба,и со клешти се влече матката па се подига нагоре.Ако и ова не помага,оперативно се санира.Терапија- доколку постои стерилитет како последица на ретродевијацијата се советува жената во тек на однос да лежат косо наведнати со малку подигната карлица.Оперативна корекција(скратување на

шок,јаки болки заради затегање на перитонеум и повлекување на јајници и јајцеводи.Шок се јавува поради обилното крварење,а доколку е помало се јавува анемија.Може да се надоврзе и инфекција.3 степени на превртеност:1.благо наведната,2.парцијална инвезија-испаѓа само телото на матката,3.тотална инверзија-тело и грло заедно.Терапија-одвртување со евентуална тампонада,давање уретеротоници за крварењето,надохнада на изгубена крв,антибиотик за превенција на инфекција.Хроничен пролапс-на палпација во предел на симфиза се палпира само грло а нормално е и матка,бледа и анемична пациентка.Терапија е операција,може да се проба реинверзија,но најчесто се прави парцијална или тотална хистеректомија поради ризикот од инфекции. V. Повреди на полови органи Механички,хемиски и термички повреди. Многу често настануваат за време на пороѓај.Расцеп на перинеум кој се градира во 3 степени,руптура на вагина,хематом,доколку се правлно обработени добро заздравуваат.Кај повреда на перинеум жената е инконтинентна и за мокрење и дефецирање.Последици на нетретирани расцепи на перинеум се пролабирање,што мора да се третира оперативно со ототстранување на слузокожата на заден зид на вагина во форма на триаголник,во предел на интроитус,плус репарирање на мускулите подигнувачи на анусот. Поретко настануваат за време на полов однос.Најчесто се случува при првиот полов однос,каде ппокрај кинење на хименот настанува и кинење на некоја од гранките на артериолите на базата на хименот,тогаш не настанува спонтано сопирање на крварењето. Повреди на вагината може да станат после подолга апстиненција,исто кај старици во сениум со атрофирана слузокожа на полови органи,обично при грубо вршење на секс и во пози во кои вагината се скратува.Промените се обично полукружни,доаѓа до обилно крварење,може да доведе до анемија,мора да се сопре со шиење.

1. Перфорација на зид на матка при инструментална манипулација во матката или при обид за провокација на абортус,во болнички услови при хистерометрија,хистеросалпингографија,дилатација на цервикален канал,сондирање на матка,особено голем ризик претставува перфорација поради криминален абортус.Симптоми-јака болка како да е прободена со нож,бледило,колапс,хипотензија,пулсус филиформис,повреда се прави и на другите органи доколку не се воочи на време,може да се создаде ретроперитонеален хематом,и секундарна инфекција.Терапија-доколку нема обилно крварење со афекција на други органи пациентката се става да лежи на грб,со кеса мраз на долен абдомен,се даваат антибиотици и утеротонициконтинуирано се следи крвен притисок и пулс.Со цел за очувување на матката кај жени кои не раѓале се санира раната,се шие,крвта од абдоминалната праазнина се отстранува.Ако раната е голема и жената е повеќе родка која не сака да раѓа се прави хистеректомија. 2. Фистули во органи на мала карлица Најчесто после траума,по тешки продолжени породувања,заради притисок и исхемија при вклештување(везиковагинална фистула,поретко уретеро-вагинална)настанува неколку дена по повреда,после некрозата како последица на исхемија.Може да настанат и по оперативни зафати во мала карлица(ректовагинални фистули),често и после зрачење на малигни прооцеси.Овие пациенти се извалкани од фецес поради премин на фекална содржина во вагина.Понекогаш се јавуваат и после убодни рани.Постојат и цервиковагинални фистули кои се јавуваат после спонтан

абортус во поодминат период на бременост,или при пороѓај кога мајката не е доволно дилатирана.Многу ретко може ада се појават после туберкулозен процес во мала карлица,и најретко кај пациентки со неоплазми пратени со некроза.Третманот е хируршки,често рецидивираат и ствараат компликации. VI. Заболувања на полови органи 1.Вулвитис Знаци на инфекција-црвенило и мал оток,чешање,печење и лесно изразена болка.Обично процесот е на целата кожа.Причинители се околни бактерии.Многу чести причинители се трихомонас вагиналис и кандида(вулво-вагинитис).Кај трихомонас карактеристично е присуството на жолто-зеленкаст секрет кој лошо мириса,чешање и печење.Додека кај кандида исцедокот е бел,чешањето е изразено.Кога ше се јави кај дијабетичари вулвитот е со ограничено воспаление само на увулва,кожата е темно-црвено обоенасо јак сврбеж,Покрај овие се јавува кај хиповитаминози,хефритис,иктерус итн.Може да настане и поради козметички препарати и синтетичка долна облека.Терапија-според причинител,совети за лична хигиена,влажни облоги од камилица и хиперманган.

2. Вулвовагинитис кај девојчиња Последица на страни тела,мастурбација или лоша хигиена.Причинител стафилокок,стрептокок,ентерокок или колибацил.Слика- чешање,болка,црвенило,оток,чувствителност,жолтозелен секрет кој се слива од вагина.За дијагноза се зема микробиолошки преглед на секрет за диференцијација на причинител.Терапија- антибиотик.Ретко се јавувал гонороичен вулвовагинит кај деца на 5 години,од дланките на постарите. 3. Кондилома акумината Појава на мали брадавици ,причинител е хуманпапилома вирус,прво на перинеум,подоцна на кожа на големи усни,слузокожа на вагина и грло на матката.Половопреносливи.Црвенорозевки на петелка,со зашилен врв.Заради крутост на кожата при пороѓај може да дојде до пукање на перинеум.Дијагноза се поставува со преглед,хистологија со биопсија и вулвоскопија,електрокоагулација,ласер,оперативно. **4. Улкус на вулва-ulcus vulvae acutum,

  1. Ulcus mole,-** папула или пустиула која некротизира и формира улкус со назабени рабови со загноено дно.Терапија-антибиотици. 6. Ulcus durum-ЛУЕС/СИФИЛИС. 20 дена по инфекцијаПрв стадиум: примарна лезија,мала бубулица која улцерира,темноцрвена,безболна,цврста,околина едематозна.Зголемени лимфни јазли,општи симптоми.Втор стадиум:појава на широки кондиломи,кондилома лата,локализирани во вулва и анусна околина,со влажна површина,,проширени вени на вулва varices vulvae,појава на едем на вулва**.
  2. Бартолинитис акута** Причинители се ешерихија коли,стрепто и стафилокок,гонокок.Хиперемија и ексудација на канал,запушувањње и гноење на жлездата,инфилтрација и оток.Инфилтратот се ограничува на каналот и не ја зафаша жлездата.Големите усни отекуваат и стануваат болен осетлив тумор со големина на јајце ид кокошка.Треба да се отвори и дренира,ви акутен период има многу голема болка,температура и грозница.Сулфонамиди и антибиотици на место и ладни облози.За жал моална е инцизија од внатрешна страна на големи усни,со оставање на дрен,.По смирување на

сврбеж околу интроитус и вагина,лесно печење,појачан бел секрет.На преглед со спекулум се гледа хиперемија и лесен едем на слузокожа,лесно отстранливи бели сквами ,бел секрет кој не мириса.Микроскопски се потврдува кандида.Терапија- флуконазол(дифлукан)или канестен.На двата партнери!.

13. Сенилен колпитис Заради атрофијата намалено е лачењето на млечна киселина,и слузокожата е подложна на инфекции поради базната средина.Кај постменопаузални жени-сврбеж,печење,болка при полов однос,појачана секреција,оскудно крварење.На преглед со спекулум се гледа истенчена слузокожа,хиперемија,крута и сивкорозева,точкасти крварења.На папаниколау тест се гледаат само клетки од интермедиерен слој.Терапија-локална апликација на естрогени неколку дена,за да се докаже негативен резултат за малигнитет.Често одат заедно колпитот и малигнитет.Терапија- откако ке се докаже причинител.Пациентката покрај соодветна хигиена треба да се испира со млечна или борна киселина,,камилица или хиперманган.Дополнителна терапија за причинител, и естрогени вагинални препарати(диенестрол маст). 14. Chlamidia trichomatis 50% e асимптоматска,се прнесува од ендоцервикс,на ендометриум до јајцеводи.Може да предизвина спонтани абортуси и предвремен пороѓај.Исто при пороѓај кај детето може да предизвина коњуктивитис или пневмонија.Упорно акутно и хронично воспаление на полови органи е индикација за земање клеточна култура.Терапија-тетрациклини и макролиди.И партнер се лечи. 15. Микоплазма инфекција Mycoplasma himinis,ureaplasma urealicum Нормална флора.Може да преминат на цервикс и да предизвикаат брачна неплодност.Кај мажи доведуваат до намалена подвижност на сперматозоидите,а кај жените на овулацијата.Множе да предизвика спонтан абортус,предвремен пороѓај,смрт на плод.Бебето при пороѓај може да заболи од менингоенцефалитис или пневмонија.Дијагноза-брис.Терапија- линкомицин(мико),еритромицин(уреа),тетрациклини(двата). 16. Херпес симплекс инфекција 85% од инфекциите на гениталии кај жени се од тип2 а 15% од тип 1.Општи симптоми-покачена темп.малаксаност,мијалгии,главоболка.Подоцна појава на макули,папули,везикули кои пукаат,крусти.Чешање,болка,хиперсекреција,згол.лимфни јазли,дизурија.Врусот се лачи 12 дена.Се задржува во латентна форма во сакрални ганглиони.Дијагноза со HSV култура.Терапија- ацикловир,симптоматска.Се верува дека заедно со цитомегаловирус,кламидија,папилома вируси доведуваат до карцином на зафатени ткива. 17. Гонореја инфекција До оваа инфекција може да дојде кај млади девојчиња,после климактериум,кај бремени,поради намалена отпорност на слузокожата.Предизвикува гонороичен ендоцервицитис,може даа зафати уретри,бартолиниеви жлезди,сканеови жлезди.Дава лачење на обилен жолтозелен секрет.Предизвикува ендометритис ,тој со десквамација и лупење спречува настанок на миометритис ,од тука моѓе да продре до јајцеводи,прави промени во ендосалпинкс,опструкција на истмичен дел и слепување на фимбрии.Кога се исполнуваат со гној настанува пиосалпинкс,кое значи траен стерилитет.Дијагноза-анамнеза,микроскопски преглед на секрет и брис од уретра.Терапија-пеницилин,цефалоспорини.

18. Ендоцервицитис Предиспозиции-породилни повреди,расцеп на грлото на матката,инструментални и дијагностични повреди.Причинител-стафилокок,стрептокок,гарнелиа,најсериа,ешерихија,папилома,херпес вирус гениталис.Акутен цервицит-еден,светлоцрвена слузокожа,слузавогнојна секреција,грло помеко и осетливо.Симптоми-болки во крст и потешкотии.Дијагноза-брис од цервикс,преглед,пап тест.Имаме појава на еритроплакија чија форма е различна кај секој причинител.Терапија- парентерални и локални антибиотици,сулфонамиди,антибиограм,.Ако во акутна фаза не се третира правилно,рецидивира.Кај хроничниот едемот и секрецијата се помалку обилни додека бојата на секретот е жолто беличеста.Дијагноза-преглед со спелукум,колпоскопски преглед,брис.Тука може да се јават метаплазија на цилиндричен епител на ендоцервикс во трансформационата зона.Жлездите на ендоцервикс се запушуваат,и зидот станува испупчен со изглед на зрно гражок со жолта бој наречено ovulae nobothy.Терапија- антибиотици,сулфонамиди.Неопходно е лекување поради ризикот од стерилитет поради нагорното ширење до јајцеводи и јајници. 19. Ендометритис Процесот од ендометриум често преминува длабоко и токму затоа скоро секогаш кога има ендометритис,имаме и миометритис и периметритис.Често по пороѓај и абортус,поради лоша хигиена за време на циклус,може да настане како последица на асцендентна инфекција по пуање на водењак.Може да се јави после некротични инфицирани тумори,миом или карцином.Имаме појава на хематометра(сукрвичав секрет) и пиометра ,болки,температура,покачена седиментација,леукоцитоза.Зголемено и омекнато тело на матка. Инфекцијата може да се пренесе по лимфен пат,крвен пат и асцендентно-per continuitatem.Посебен облик може да се јави кај жени кои примале интраутерини контрацептивни средства.Симптоми-најважен е оскудно крварење од матка,,покачена температура,болка во долен абдомен,продолжено менструално крварење.Дијагноза-анамнеза,податоци за абортус или интраутерина интервенција,гинеколошки преглед и увид на сукрвичав исцедок,леукоцитоза,хистолошки преглед на ендометриум.Терапија-можно е спонтано излекување,антибиотици по антибиограм,орално или парентерално естрогени,доколку нема релапс се прави експлоративна киретажа со патохистологија со антибиотска заштита.На препарат се гледа-растреситост,едем,инфилтрација,задебелен ендометриум,можни се улццерации кои гнојат.По киретажа жената треба да мирува 4-5 дена,со антибиотска тер(сулфонамиди),утеротоници и естрогени. 20. Салпингооофоритис,аднекситис-воспаление на аднекси(салпингит-воспаление на туби)(оофорит-воспаление на јајници). Аднекс е истостран јајник и јајцевод.Од специфични причинители главен е кохов бацил,често кламидија трихоматис,по насилен абортус се јавува,експлоративни тераписки интервенции,по пороѓај,предизвикувачи со јајцеводи стигнуваат на два начини-каналикуларно(долж слузокожата на ендоцервикс и ендометриум.Последици се инфилтрација,едем,хиперемија,задебелување на зид,губиток на еластичност,десквамација и луцерации,стеноза и фиброза,опструкција на лумен,може да го зафати и надворешниот дел и да предизвика перисалпингит.Имаме серофиброзна па гнојна ексудација.Од јајцевод инфекција преминува на јајник,прави фиброзни траки и периоофоритис,тоа може да се карактеризира со многубројни цисти со големина на грашак дифузно распоредени.По лимфен пат-преку лимфните жлезди на ендоцервикс.Најпрво се

сјај на перитонеум,адхезии,серофиброзна ексудација,апсцес во дагласов простос кој може да се собира во џебови,пациентката е тешко болна,покачена температура,треска,тешко движење,спонтани болки во долен абдомен,опстипација и метеоризам,филиформен забрзан пулс,тимпаничен звук во мала карлица на перкусија,покачени леукоцити,покачена седиментација над 100.Дијагноза-анамнеза за неодамнешна интервенција,комбиниран гинеколошки преглед.Терапија-кеса мраз на абдомен,антибиотик од широк спектар,аналгетици,антипиретици,цервикален брис и пункција,за гнојна колекција евакуациона пункција,задна колпотомија место пункција,кај дифузен перитонот и лапаротомија.За хронична форма карактеристична симптоматологија е тапа болка во мала карлица и скротум,притисок во ректум,потешкотии во дефекација,стерилитет или вонматерична бременост.Терапија- конзервативно(антибиотик,сулфонамид,вакцинотерапија,зрачење,бањско лекување)оперативно(отстранување на атхезии).

23. Апсцес во дагласов простор Најчесто после пелвеперитонитис,периметритис,по пиосалпингс,пиоовариум,и кај загноена хематоцела ректоуретрална или вонматерична бремност.Симптоми-висока температура,грозница,долка во долен абдомен,опстипација,малаксаност,забрзан пулс.Дијагноза- на преглед се гледа ограничена маса со средно цврста или тестеста конзистенција која флуктуира,Палпаторно осетлив заден свод на вагина,израмнет па спуштен,подигнати нагоре грло на матка и матка,чувство на притисок во предел на дебело црево,слузави течни столици со тенезми,најчесто гнојот пробива во ректум,поретко во вагина.Терапија-отстранување на гној со пункција,давање на антибиотици во рааствор директно во шуплината,колпотомија(засекување на заден зид на вагина и дренирање на содржина со гумен дрен),бактериолошки преглед на матерјал за понатамошна системска антибиотска терапија.Диференцијално дијагностички треба да се разликува од хематоцела кај вонматерична бременост. 24. Дифузен перитонитис Може да се надоврзи на пелвеперитонитис,после руптура на пиосалпинкс,инфицирана вонматерична бременост,аднекситис,септичен абортус,руптура на матка,причинители се срептококи ,стафилококи,ешерихија.Симптоми-немочност,покачена температура,силна болка во абдомен,метеоризам,мускулен дефанс,абдомен не учевствува во дишење,на РТГ хидриаерични нивоа во црвени вијуги,покачени леукоцити,седиментација,бледо лице,темни кругови околу очи,филиформен брз пулс,сув јазик,хипократово лице,повраќање,септични проливи,мисерере.Дијагноза-физикален преглед и лабораторија.Терапија-отварање на абдомен и отрстрануваење на жариште,антибиотик раствор во абдоминална шуплина,парентерален антибиотик,дренажа на абдоминална жуплина,баланс на електролити и течности,аналгетици,трансфузија. 25. Еритроплакија Повеќе промени со сличен изглед.Означува црвенкаста површина на надворешно устие на грлото на матката видливо со голо око.Може да се работи за ектопија,цервицитис,ектропија,erosio vera. a)Ектопија - промена на епителот,често на премин од повеќеслоен плочест во еднослоен цилиндричен настанува метаплазија.Доколку се зафатени цервикалните жлезди и се зачепат настанува ovulae nabothy.Ектопија нема во детство и старост кога јајниците не се хормонски активни. б)Ектропија - превртеност на грлото на матката може да се јави при породување.

в)Ерозија - ретко се јавува,обично по криотерапија или лектрокаутеризација. Секоја еритроплакија треба да се третира како потенцијално малигна.Дијагноза се поставува со ПАП тест,колпоскопија,биопсија,schilerova проба).Терапија:За ектопија-локални антибиотици и сулфонамиди,плус каустични средства сребро нитрат и albothyl.Кај упорни ектопии и ектропии оперативно сечење и отстранување на слузокожата околу остиум утери екстернум(конизација). 26.Цервикален полип Со големина на зрно грашок,претставува хиперплазија на слузокожа на ендоцервикс богата со ситни крвни садови.Почесто кај жени кои воедно имаат и фибромиом на матка.Дава само хиперсекреција.Диференцијално дијагностични може да дојде друга неоплазија или испаднато оваријално ткиво.Терапија-отстранување со ножици,за да не дојде до рецидив се прави киретажа на местото на припој.Ткивото се прави на хистолошка анализа. VII. Планирање на семејство 3 големи поглавја во гинекологијата

**_- контрацепција

  • намерно прекинување на бременост
  • брачен стерилитет Контрацепција_** 1. Механички методи на контрацепција а)Метод на прекинат полов однос(coitus interruptus) Тргање на мажот непосредно пред ејакулација.Не е сигурна бидеќи и пред ејакулација може да се исфрлат неколку сперматозоиди.При оваа метода неопходно е жената да доживее оргазам пред мажот. б)Метод на користење кондом Гумена направа која се облекува на пенисот,спречува и од бременост и од половопреносливи болести. в)Вагинална дијафрагма тенок,фин,еластичен,челичен или гумен обрач.Се растегнува меѓу заден свод на вагина и симфиза.Пред апликација се мачка со сперматоцидна паста.Во вагина се става половина час пред однос,по однос не смее да се мие 8 часа.Многу е безбедна метода. г)Цервикална капа Од гума или нерѓосувачки метал,има облик како грлото на матката,пред ставање се мачка со спермоцидна паста,ретко се користат поради ризикот да паднат. д)Цервикални песари Изработени од нерѓосувачки челик,но поради иритацијата на слузокожата и воспаленијата на внатрешните поллови органи се исфрлени од употреба. ѓ)Интраутерини влошки Се аплицираат во утерусната шуплина и само еден најлонски конец виси надолу,имаат облик на спирала,јамка или лак.Имаат спермицидни својства,најпознати се Маргулисова спирала и Лупесова јамка.Механизмот на делување не епознат но се многу ефективни.Покрај ова спречуваат пренос на инфекција од вагина кон погорни полови органи.Може да седат со месеци и години во утерусот,мора да ги стави лекар,пред апликација неопходен е преглед во случај за постоење некоја инфекција.Се појавуваат несакани ефекти во првиот месец по апликација како нерегуларно крварење,паѓање на направата и перфорација на утерус.
  • терапија-гонадотропини,кломифен,тестостерон,бромокриптин,глукокортикоиди,пластика на дуктус деференс,варикоцела,анастомози Состојба на сперма аспермија-отсуство на сперма олигоспермија-намалена количина на сперматозоиди во ејакулат азоспермија-отсуство на сперматозоиди во ејакулат некроспермија-мртви и неподвижни сперматозоиди астеноспермија-намалена подвижност на сперматозоиди полиспермија-зголемен број на сперматозоиди За апсолутна неплодност кај маж неможе да се зборува се додека има барем еден подвижен сперматозоид во ејакулатот.Се проверува и присуство на изобличени сперматозоиди кои се дозволени само во 20%.За дефинитивна одлука за плодност мора да се провери барем 3 пати спермата. 2. Неплодност на жената
  • Прва менструација и карактеристики на сите менструации,симптоми на јајници,хипофиза,тироидна.
  • Историја на воспаленија на полови органи
  • користени контрацептивни средства
  • дали имала односи во плодните денови
  • претходни бремености,абортуси,моларна болест,

Причини-зголемена киселост на вагиналната средина, хронично воспаление на

вагиналната слузокожа, евентуално сперматоцидно својство на цервикалниот секрет,

претерана или неправилна расцепеност на надворешното устие на утерусот, неправилна

или неповолна положба на утерусот, или недоволна функција на предниот резен на

хипофизата, неправилно функционирање на јајниците или пак недоразвиеност на

утерусот, непроодност на јајцеводот, туберкулозата на половите органи.

Примарен - жени кои никогаш не биле гравидни, секундарен - жени кои родиле но повторно

неможат.

Важно е да се установи дали има овулација(мерење базална температура,цитохромски

преглед на секрет,тест на папратизација,ендометријална биопсија) отсуство причина во

15 - 20% од случаите.

Помошни методи(инсуфлација на јајцеводи-Рубинов тест,биопсија на

ендометриум,хистеросалпингографија). За лекување се користи и вештачка

инсеминација.

Рубинов тест-инсуфлација - вдувување на воздух низ цервикален канал до јајцеводи,му

предходи преглед на внатрешни ,не смее да се изведува во присуство на акутни и

субакутни воспаленија.Смирено хронично воспаление не е

контраиндикација.Компликација може да е перфорација и воздушна емболија.За да се

спречат неопходно е воздухот да не надмине 2,5 бари.Со стетоскоп се слуша премин на

воздухот,а обратно не се слуша доколку е непреоден.Недостаток е што неможе да се

локализира промената.

Хистеросалпингографија-исто за проодност на јајцеводи а подоцна и за други состојби.Се

вбризгува контраст(маслен и воден раствор) нив цервикален канал,во текот се прави РТГ

слика со која се гледа цервикален канал,утерусна шуплина и јајцеводи.Пред пристап кон

метода се проверува дали има инфекција или воспаленија.Се вбризгува максимум 8цм

кубни.Се изведува во 7-10 ден од циклус.По интервенција мирување и антибиотска

профилакса.

Терапија на женски стерилитет

Надразнувачка,бањска и зрачна кај непроодност на

јајцеводи.Гонадолиберин,гонадотропини(хуман менопаузален гонадотропин),оваријални

хормони(тие се дваат циклично - во прва фаза естроген,во втора

прогестерон),гонадостимулин и кломифен строго индицирано поради компликации.

Оперативна терапија - оперативна ресекција и имплантација на јајцеводите, разни

видови на пластика на јајцеводите и интраутерина имплантација на јајниците.

Стимулација на овулација

  • со кломид clomiphene citrate,сличен на естроген,5 ти ден од циклус,5 дена терапија,по 50

мг

  • со гонадотропини-хуман менопаузален гонадотропин и хорионски гонадотропин

инјекции 2,3,6,8,10 ден и ХЦГ на 11 ти ден.

  • со гонадолиберини-гонадолиберин кај хипогонадотропна аменореја,callman

sindrom,anoreksija.

  • со агонисти на допамин-бромергон,бромокриптин.

Компликации од терапија

  • повеѓеплодна бременост,
  • спонтан абортус
  • хиперстимулација на јајници.(3 степени-1.Благ јајници зголемени до 5

цм,2.умерен,зголемени од 5 до 12 цм,3.тежок-зголемени се над 12 цм).

Ин витро фертилизација

Индикации- тубарен стерилитет,ендометриоза,имунолошка неплодност.

Добар резултат има кога се прави кај млади родилки,не смее да се прави кај хронично

тешко болни.Пред интервенција се прави преглед на брачни

партнери,ултразвук,хистеросалпингографија и хистероскопија.За подобар успех се

стимулира овулација за да се добијат повеќе јајце-клетки.Јајце-клетките се аспирираат