






Studirajte zahvaljujući brojnim resursima koji su dostupni na Docsity-u
Zaradite bodove pomažući drugim studentima ili ih kupite uz Premium plan
Pripremite ispite
Studirajte zahvaljujući brojnim resursima koji su dostupni na Docsity-u
Nabavite poene za preuzimanje
Zaradite bodove pomažući drugim studentima ili ih kupite uz Premium plan
Karcinom kolona sa metastazon stomaka
Tipologija: Esej
1 / 11
Ova stranica nije vidljiva u pregledu
Ne propustite važne delove!







Антонио Глигориевски^1 , Иван Невчев^1 , Виолета Толевска^2
Извадок: Желудникот е многу ретка метастатска локализација. Прикажуваме случај на метастатски депозит на желудник од карцином на колон. Kомпјутеризиранаомпјутеризираната томографија (CT) CT) укажуваше на примарен карцином на дебелото црево, но истовремено се детектира и карцином во предел на големата кривина и антрумот на желудникот. Со прогресија на примарниот карцином и создавање на екстралуминална ТУ маса, процесот прогредира при што доаѓа до спојување на примарниот тумор на трансверзалниот дел на колонот со метастатскиот депозит во желудникот. Кај пациентот беше извршена субтотална гастректомија и Д2 лимфаденектомија, како и парцијална ресекција на колонот, при што, во еден акт е отстранета ТУ масата на желудникот и трансверзалниот дел од колонот. Со патохистолошка анализа на туморот и со имунохистохемиски испитувања се утврди дека станува збор за примарен неоинфилтративен процес на колонот со метастаза на желудникот. Abstract: The stomach is a very rare location of metastatic deposits. We present a case of a gastric metastatic deposit from primary colon cancer. Computed tomography (CT) CT) indicated primary colon cancer, but also revealed presence of cancer in the region of the gastric greater curvature and gastric antrum. With the progression of primary cancer and the creation of an extraluminal tumor mass, the process progresses in the manner that the primary transversal colon tumor merges into the metastatic deposit located in the stomach. The patient underwent subtotal gastrectomy and D lymphadenectomy, as well as partial resection of the transversal colon, thus the tumor mass of the stomach and the one in the transversal colon being removed in a single act. Pathohistological analysis of the tumor mass and immunohistochemical tests revealed a primary neoplastic infiltrative process in the colon metastasing into the stomach. Вовед: Карциномот на дебелото црево е четврта најчеста причина за смрт од карцином во светот, а втората најчеста причина за смрт од карцином во развиените земји (CT) 1). Стапката на смртност од рак на дебелото црево е најниски во Средна Африка и Југоисточна Азија, а највисока во Централна и Источна Европа (CT) 1). Смртноста од карцином на дебелото црево е поврзана со возраста. Стапките на морталитет се зголемуваат со зголемување на возраста (CT) 1). Преваленцијата на десната страна на карциномот на дебелото црево се зголемува со зголемување на возраста на пациентот (CT) 1). Повеќето аденокарциноми на колонот (CT) 80%) се јавуваат во постоечки аденоматозни полипи, а прогресијата од полипоиден аденом до карцином се јавува во текот на неколку години. Повеќето видови на карциноми се асимптоматски, се додека болеста не е напредната. Пациентот може да забележи крв во
Прегледот е извршен на апарат за компјутеризирана томографија GE Bright Speed MDCT со 16 реда на детектори. Снимањето се изведува при напон на цевката од 120KомпјутеризиранаV. Брзината на ротацијата изнесува 0,8 sec. Pitch факторот изнесува 1,375 : 1. Снимањето се изведува при автоматско подесување на mA (CT) Auto mA). Дебелината на пресекот на нативната серија е 1,5 mm, а на постконтрастната серија е 1,25 mm. Nois index-от изнесува 13. Се користи максимлно широко видно поле (CT) FOV). Реконструкциската матрица е 512 х 512 пиксели. Интра венски е аплициран нејонски, нискоосмоларен контраст во вкупна доза од 100 mL, брзината на апликацијата на контрастот изнесува 3 mL/sec, а времето на доцнење по апликација на контрастот изнесува 25 sec. По завршување на снимањето направена е анализа на добиените скенови. Во предниот горен дел од абдоменот се гледа мекоткивна маса која го инфилтрира желудникот, но 80% од масата се наоѓа надвор од желудникот и како што се движиме кон долниот дел на абоменот се гледа дека масата го инфилтрира и средишниот дел од трансверзалниот дел на колонот. На предниот ѕид на желудникот од страна на големата кривина во долниот дел на корпусот и кон антрумот се гледа задебелен и инфилтриран ѕид со јасно видлив улкус. Егзулцерирана ТУ масата се шири антро-пилорно, како и кон задниот ѕид на желудникот. Перигастрично се гледаат гранично зголемени лимфни јазли. Слика 1а и 1б. (CT) CT од 17.02.2016). Аксијални CT пресеци на абдомен во висина на антралниот дел на желудникот. На аксијалните CT скенови се гледа неоинфилтртивна лезија на антралниот дел на желудникот во предел на големата кривина со егзулцерација (CT) стрелка).
Околу 80% од ТУ масата се наоѓа меѓу трансверзалниот дел на колонот и желудникот. ТУ масата го инфилтрира и ѕидот на трансверзалниот дел на колонот каде се гледаат и ендолуминални маси. Околу 90 - 100 mm од должината на трансверзалниот дел од колонот е со инфилтриран ѕид, со стеснет лумен и со видлива проминенција на ендолуминални ТУ маси. Во околината на трансверзалниот дел од колонот се гледаат гранично зголемени лимфни јазли и реакција на околното масно ткиво. На постконтрастната серија, ТУ масата целосно и скоро хомогено се пребојува со контраст и го зголемува својот дензитет. Слика 2а и 2б. (CT) CT од 17.02.2016). Аксијални CT пресеци на абдомен во висина над трансверзален дел на колон. На аксијалните CT скенови се гледа овална, релативно хомогена, хипердензна ТУ маса со пречник од 80 - 90 mm (CT) стрелка). Слика 3а и 3б. (CT) CT од 17.02.2016). Аксијални CT пресеци на абдомен во висина на трансверзален дел на колон. На аксијалниот CT скен се гледа неоинфилтртивна лезија на трансверзалниот дел на колонот со
mm, предно-задниот дијаметар изнесува 46 mm. Исто така, се гледа и инфилтрација на ѕидот на желудникот во антро-пилорниот дел со редукција на волуменот. Максималната дебелина на инфилтрацијата на предниот ѕид на желудникот во антро-пилорната регија изнесува 14 mm. Не се забележува постоење на ТУ маса која меѓусебно ги поврзува желудникот и колонот како што тоа, е домнантно забележливо на CT прегледот извршен по 7 месеци (CT) на 17.02.2016 година). Со анализа на CT ангиографија и со направена компарција со CT прегледот на абдоменот, нашето мислење е дека се работи за примарен, инванзивен, неоинфилтративен процес на трансверзалниот дел на колонот кој метастазирал во желудникот, а за кратко време се проширил и во оментумот со што се добил блок тумор кој ги поврзува примарниот карцином на колонот со метастатскиот депозит во желудникот. Ова мислење произлегува од фактот што ТУ мастата на колонот е со многу поголем волумен во однос на ТУ масата на желудникот, но со сигурност не може да исклучиме дека станува збор за синхрона појава на аденокарцином на колон и аденокарцином на желудник. Слика 4а и 4б. (CT) CT ангиографија од 22.07.2015). Аксијални CT пресеци на абдомен во висина на трансверзален дел на колон и антрален дел на желудник. А) Се гледа неоинфилтртивна лезија на трансверзалниот дел на колонот со стеснување на луменот и ендолуминална проминенција на ТУ маси. Б) Се гледа неоинфилтртивна лезија на антралниот дел од желеудникот од страна на големата кривина. Синхрон карцином на трансверзален дел на колон и на антрум на желудник кај 63-годишен маж (CT) стрелки). По направената патохистолошка анализа на отстранетата абдоминална ТУ маса и извршените имунохистохемиски испитувања со CKомпјутеризирана20 кој е
позитивен за туморската популација и CKомпјутеризирана7 кој е негативен за туморската популација поставена е конечна патохистолошка дијагноза за примарен карцином на колонот со метастаза во желудникот. Според морфолошкиот изглед и имунохистохемискиот профил одговара за adenocarcinoma colonis со директно ширење во оментумот и желудникот со следниве карактеристики според AJCC 2010 – pTNM – pT4b, pN0, pMx, pL0, G2, NG2 Stage IIC. Duces B. MAC B3. Дискусија: Кај прикажаниот случај се забележува исклучително брза прогресија на неоинфилтративниот процес кој само за 7 месеци доведува до создавање на блок тумор меѓу антрумот на желудникот и трансверзалниот дел на колонот. По спроведеното CT иследување на абдоменот, нашата првична дијагноза беше дека се работи за GIST. Но, по анализа на CT ангиофграфија направена пред 7 месеци, мислиме дека се работи за примарниот карцином на колонот со метастатскиот депозит во желудникот. Сепак, останува можноста дека се работи за синхрона појава на аденокарцином на колон и аденокарцином на желудник, што е исклучително ретко. Конечно разрешување на дилемата е овозможено со патохистолошка анализа на отстранетата абдоминална ТУ маса и извршените имунохистохемиски испитувања со CKомпјутеризирана20 и CKомпјутеризирана7. Имунохистохемиските испитувања покажаа дека CKомпјутеризирана20 е позитивен за туморската популација, а CKомпјутеризирана7 е негативен за туморската популација што одговара за примарен карцином на колонот, а ТУ во желудникот е метастатски депозит. Доколку CKомпјутеризирана20 и CKомпјутеризирана7 се позитивни за туморската популација или CKомпјутеризирана20 е негативен за туморската популација, а CKомпјутеризирана7 е позитивен за туморската популација, тогаш може да се работи за примарен карцином на желудникот. Во достапната литература најдовме еден случај на аденокоарцином на колон кој метастазирал во желудникот. Paulo Moacir de Oliveira Campoli et al. (CT) 6 ) во својот труд наведуваат еден случај на аденокарцином на колон кој метастазирал во желудник. Присуство на метастази во желудникот е ретка состојба и главните студии објавени во литература се базираат на ендоскопски наод, аутопсии и хируршки примероци, или комбинација на овие три методи. Најчесто опишани примарни карциноми кои метастазираат во желуднкот се карцином на белите дробови, карцином на дојката, малиген меланом и карцином на хранопроводот (CT) 6 , 7 ,8). Метастазирањето на неоинфилтративните процеси многу ретко се случува во дигестивниот тракт, меѓутоа, истражувањата и
биле третирана од примарен карцином. Mukai et al. (CT) 1 7 ) опишуваат случај на пациент кој неколку години по третманот развива троен метахрон карцином на хранопроводот, дебелото црево и бубрезите. Tamura et al. (CT) 13) прикажува случај на троен синхрон карцином на желудникот, дебелото црево и жолчното кесе кај 70 годишен маж. Pricop et al. (CT) 5 ) објавуваат случај на метахрон примарен карцином на дебелото црево и желудникот кај 69 годиншна жена. Тие, исто така, ја истакна важноста на можноста за развој на метахрон карцином кај пациенти кои биле третирани од примарен малиген тумор. Уште еден случај на синхрон карцином на трансверзалниот дел на дебелото црево и ран карцином на желудникот е прикажан од страна на Nakata et al. (CT) 1 8 ). Parag Brahmbhatta et al.(CT) 19) прикажуваат случај на рекурентен аденокарцином на колон како метастаза на дуоденум кај 54 годишна жена која пред две години е оперирана од аденокарцином на цекум. Литература: