Preuzmite Дигестивен систем - Интерна медицина i više Skripte u PDF od Interna medicina samo na Docsity!
Хранопровод - анатомски и функција
Хранопроводот (езофагус) е цевчест мускулен орган со просечна должина кај возрасните од 23–25 см и претставува влезна врата на дигестивниот систем. Како задномедијастинален орган, се протега од C6 пршленот и завршува во кардијата на висина Th12 пршлен. Функцијата на езофагусот се состои во:
- транспорт на храна и течности од устата до желудникот, и
- превенција на ретроградниот тек на гастроинтестиналната содржина. Кај хранопроводот се разликуваат четири анатомски стеснувања кои се предизвикани од природните премини и вкрстувања на соседните органи: цервикален, торакален, дијафрагмален и абдоминален дел. Кога храната со голтање ќе дојде до фарингсот се отвара горниот езофагиален сфинктер (ГЕС) што овозможува таа да влезе во езофагусот. Понатаму брановите на мускулната контракција (перисталтика) ја буткаат храната до долниот езофагиален сфинктер (ДЕС), кој се отвора, со што се овозможува навлегува на храната во желудникот. КЛИНИЧКО ИСПИТУВАЊЕ НА ХРАНОВОДОТ A.СИМПТОМИ И ЗНАЦИ
- ДИСФАГИЈА (отежнато голтање) - Неможност да се почне со актот на голтање или чувство дека проголтаната храна застанува во храноводот. Според текот: акутна и хронична. Според потекло: нервно-моторна и органска (на езофагусот). Според локализацијата: ПРЕЕЗОФАГЕАЛНА ДИСФАГИЈА (нарушен почетокот на голтањето, засркнување, аспирација на храна, поизразен за течна храна; причини: 1.Болести на ЦНС: мултипна склероза, Паркинсонова болест, тумори на мозочно стебло, реакции на лекови и сл. 2.Болести на ПНС:полиомиелит, дијабет, ботулизам 3.Нарушувања на невро- мускулната врска: мијастенија гравис 4.Болести на мускулниот систем: дерматомиозит, амилоидоза 5.Експанзивни процеси локално (уста фаринкс) 6.Нарушувања на мотилитетот на ГИТ: пр. Plummer-Vinsov-ов синдром). ЕЗОФАГЕАЛНА ДИСФАГИЈА (стеснување на луменот за повеќе од 2/ проследена со болка при голтање, изразена прво за цврста храна; причини: 1.Стриктури 2.ГЕРБ-гастроезофагеален рефлукс 3.Тумори 4.Надворешна компресија 5.Туѓи тела во храновод 6.Невро-мускулни нарушувања (ахалазија, дифузен езофагеален спазам и сл.))
- ОДИНОФАГИЈА (болно голтање)- при воспалителни процеси, пептични улцерации, корозивни повреди, перфорација на хранопровод
- ПИРОЗА (печење, горушица) -печење позади градната коска, при ГЕРБ, се јавува околу половина час по оброк, поминува со антациди, ДДг: градна болка
- ЕРУКТАЦИЈА / РЕГУРГИТАЦИЈА / РУМИНАЦИЈА (ждригање) ЕРУКТАЦИЈА ( ruktus) - Кај мали деца е физиолошко поради аерофагија, значи испуштање на воздух од желудникот, кај возрасни може да е намерно, или знак на хроничен гастрит, чир на желудник и сл. РЕГУРГИТАЦИЈА - претставува враќање на храна (не е повраќање), одеднаш 20-тина минути по оброк без претходно гадење, храната е со вкус како штотуку конзумирана. Се јавува при откажување на двата езофагеални сфингтери, абдоминални тумори, наведнување на главата кон напред и доле, може да има и регургитација на плунка која се јавува при дивертикули на езофагус или ахалазија. РУМИНАЦИЈА - преживање, враќање на веќе проголтана храна и повторно жвакање, честа кај деца, кај возрасни ретка при некои невротични состојби и болести
- СУФОКАЦИЈА (задавување) - засркнување при почеток на голтањето при аспирација на храна, или при пироза. Кашлање и задушување при пиење вода може да укаже на езофаго-бронхална фистула.
- ФУНКЦИОНАЛНА ДИСФАГИЈА (globus histericus) - чувство на грутка во грлото со болка и дискомфорт, при психички трауми и емоционални нарушувања
- ГРАДНА БОЛКА (од хранопровод) - ретростернална, најчесто се јавува по оброк, но и независно, може да има одлики на езофагеална колика, при нарушувања на мотилитетот на храноводот. ДДг: срцева болка, тешко се разликува бидејќи има слични провокации.
- НАУЗЕА (гадење) и ВОМИТУС (повраќање) -при гастроинтестинални болести, но и при токсични состојби (уремија, ацидоза), бременост, акутни инфекции, ЦНС болести следени со зголемен интракранијален притисок, болести на внатрешно уво
- ХЕМАТЕМЕЗА (повраќање крв) свежа крв haemathоhesis -Често тешко се разликува од хемоптизија, важно е во ДДг дали се јавува во врска со кашлање или повраќање талог од кафе haemathemesis -претставува знак на горнодигестивно крвавење, најчесто поради улкус на желудник или руптура на езофагеални варикси при цироза на хепар B. ФИЗИКАЛЕН ПРЕГЛЕД - Истиот е невозможен, бидејќи хранопроводот е недостапен за евалуација со физикалните методи на преглед.
Моторни нарушувања на хранопроводот Ахалазија Долен езофагеален сфингтер не се релаксира како одговор на голтање и мазниот мускул на телото на хранопроводот не може да предизвика перилсталтичка контракција. Се насобира храна и секрети во хранопроводот, постепено тој дилатира и станува тортуозен...може да настане езофагитис поради стаза и има зголемен ризик за развој на карцином. Може да се развие на секоја возраст Клиничка слика : дисфагија на тврда и течна храна, чувство на притисок зад градната коска и губење на телесна тежина Дијагноза : РТГ (отсуство на гасен меур во желудник), манометрија (ДДг од др моторни нарушувања), ендоскопија со биопсија Терапија : форсирана дилатација на долен езофагеален сфингтер со балон, отворена или лапароскопска оперативна ресекција на долен езофагеален сфингтер, isosobit dinitrat сублингвално 5-10мг или nifedipine 10-30мг (пола час пред оброк), токсин од cl.botulinum. Гастроезофагеална Рефлуксна Болест (GERD) Претставува болест која се одликува со враќање и регургитација на желудечна киселина и ензими од желудникот во езофагусот што предизвикува воспаление и болка во езофагусот. Долниот езофагеален сфинктер за време на мирување е конрахиран и не дозволува премин на храна од желудник во хранопровод. Секогаш кога долен езофагеален сфинктер не функционира може да настане рефлуксен езофагит. Исто така може да биде последица на: желудечна хернија, прејадување, кафе, пушење и некои видови храна (масна храна, чоколадо). Морфолошки промени : Епителни ерозии; Хиперплазија на сквамозен епител; Мукозна метаплазија (Barett-ов езофагус); Создавање на лузни (скратување на езофагус) СИМПТОМИ : пироза, регургитација со појава на киселина и желудечна храна во устата, дисфагија, одинофагија.
ДИЈАГНОЗА : ендоскопија и биопсија, 24-часовната pH-метрија која претставува златен стандард. ТЕРАПИЈА : Хигиено-диететски режим (намалување на волумен на оброк, избегнување на зачинета, мрсна храна која ја зголемува секрецијата на киселина), Медикаменти: антациди, Х2 блокери, инхибитори на протонската пумпа и Хируршко кај пациентите кои не одговараат на медикаментозна терапија. ХИЈАТАЛНА ХЕРНИЈА Претставува протрузија на дел од желудникот во торакалната празнина преку езофагеалниот хиатус на дијафрагмата. Механизмот на настанување е преминување на дел од желудникот од абдоминалната во торакалната шуплина покрај езофагусот, или поради краток езофагус, преку или поради олабавување на отворот на дијафрагмата низ кој поминува хранопроводот. Краткиот хранопровод или зголемениот интраабдоминален притисок многу придонесуваат за појава на хијатална хернија. СИМПТОМИ : болка (епигастрична или ретростернална), пироза, ждригање, повраќање, дисфагија. Обично се потенцира при лежење. ДИЈАГНОЗА : рендгенско снимање во Trendelenburgова положба и езофагоскопија. ТЕРАПИЈА : хигиено-диететски режим (намалување на телесната тежина, избегнување на зачинета, лута и кисела храна, избегнување на газирани пијалоци, избегнување на тешка физичка работа),и медикаментозна (H блокатори и PPI инхбитори), а во потешки случаи се решава хируршки. Mallory-Weiss синдром (Малори веис синдром, Малоривеис синдром) Расцеп на мукозата на гастроезофагеалната јункција и води до гастроинтестинално крварење Се јавува кај 5-15% од сите горно-дигестивни крварења. Причина е силно повраќање (по алкохолно пијанство) Дијагноза : ендоскопија
Перфорантна болка е силен пробод, потоа неколку часа немост, а потоа знаци на локален или дифузен меритонит (дефанс, паралитичен илеус)
- Наузеа (гадење) -При гастроинтестинални болести, но и при токсични состојби (уремија, ацидоза), бременост, акутни инфекции, ЦНС болести следени со зголемен интракранијален притисок, болести на внатрешно или лавиринтопатија
- Повраќање (вомитус) Враќање на содржината од езофагус, желудник и дуоденум. Mizerere-повраќање на столица. Причини: 1. Механички причини за опструкција: стенози, тумори 2. Улкусна болест 3. Малигни опструкции 4. Перитонеум: перитонит, карциноза на перитонеум, по ирадијација 5. Васкуларни причини: Миокарден инфаркт, мезентеријална тромбоза 6. Метаболно-хормонални: уремија, хиперкалцемија, дијабет, ацидоза, алкалоза
- Употреба на лекови 8. ЦНС болести: ↑интракранијален притисoк, психијатриски: булимија, anorehia nervosa
- Регургитација - претставува враќање на храна (не е повраќање), одеднаш 20-тина минути по оброк без претходно гадење, храната е со вкус како штотуку конзумирана. Се јавува при откажување на двата езофагеални сфинктери, абдоминални тумори, наведнување на главата кон напред и доле, може да има и регургитација на плунка која се јавува при дивертикули на езофагус или ахалазија.
- Подждригнување (erucatio) Кај мали деца е физиолошко поради аерофагија, значи испуштање на воздух од желудникот, кај возрасни може да е намерно, или знак на хроничен гастрит, чир на желудник и сл.
- Икање (singultus) - Кратки ненадејни контракции на дијафрагмата поради дразнење на респираторниот центар. Патолошки состојби: невритиси или нервоза на френичниот нерв, Тумор на трахеа, езофагус, плеврит, перикардит, хијатус хернија, потиснување на дијафрагма, иритација на дијафрагма од процеси на хепар или ЦНС процеси, системски токсемии, фебрилни состојби.
- Горушица (pyrosis) позади градната коска, при ГЕРБ, се јавува околу половина час по оброк, поминува со антациди, ДДг: градна болка
- Аерофагија -Може да се јави при функционални нарушувања на ГИТ: иритабилен колон, диспепсија или органски нарушувања: дилатација на желудник, хијатус хернија.
- ЖЕЛУДОЧНО КРВАВЕЊЕ ГИТ крвавења се крвавења во луменот на гастроинтестиналниот тракт. Класификации според:
- Тек: акутно, хронично и окултно
- Место на крвавење: Горнодигестивни: храновод, желудник, дуоденум до lig. Treitz (80% од крвавењата) и Долнодигестивни: тенко и дебело црево Карактеристики на акутно масивно горнодигестивно крвавење - Доведува до шокова состојба, пад на хемоглобинот <80g/L, еритроцити <3 000 000, СКP <90mmHg, редукција на волуменот за околу 40%. Кл.манифестација: хематохезија, хематемеза, мелена
- Според интензитетот Лесни - загуба на волумен <10-15% Средно тешки - 10-30% Тешки- > 30% проследени со пад на СКП< 90mmHg, со шокова состојба, филиформен пулс, нарушување на свеста, АБИ B. ФИЗИКАЛЕН НАОД
- Инспекција
- Палпација - Можно е палпирање на Ту формација во епигастриум при Ту на желудник во напред стадиум, тумор на лев лобус на хепар, како и аневризма на абдоминална аорта.
- Перкусијa - Нормално се слуша тимпаничен тон, слушлива тапост е патолошки знак
- Аускултација - Се слуша нормална перисталтика, отсуство на перисталтика е знак на паралитичен илеус V. ДИЈАГНОСТИЧКИ ИСПИТУВАЊА
- Крвни анализи - Се без особено специфично знаење, но се добиваат општи податоци (пр.крвна слика, седиментација и сл.) 2. Тестови за одредување на Helicobacter pylori Инфекција со ХБ е докажан фактор на патолошките процеси во желудникот. Инфекција со ХБ асоцирана со атрофичен гастрит се смета за преканцероза. Тука спаѓат: A. Инвазивни тестови со земање материјал со гастроскопија и биопсија B. Неинвазивни тестови (серологија одредување на титар на антитела кон ХБ) Имат улога во: акутен гастрит, хроничен атрофичен гастрит, улкус на желудник и дуоденум, карцином на желудник.
- Тестови на одредување на секреторен капацитет на желудник
- Ерoзивен гастритис (пoвршни, длабoки ерoзии, хемoрагични ерoзии), предизвикан oд аспирин, НСАИл;
- Неерoзивен гастритис (најчестo предизвикан oд инфекција сo Helicobacter pylori) Други чести причини се: иританси: алкoхoл, цигари, термички фактoри (тoплo- ладнo), стрес, ингестија на корoзивни средства, инфективни агенси (бактерии, вируси), радијација, уремија и др.
- Хрoничните вoспаленија се oдликуваат сo хрoнична инфламација на стoмачната слузница, прoследени сo губитoк на гастричните жлезди, нивна замена сo интестинален и/или пилoричен тип на епител, фибрoзнo ткивo. Спoред етиoлoшките причинители мoже да биде предизвикан од: Helicobacter pylori, жoлчен рефлукс, НСАИл, автoимун прoцес, алергичен oдгoвoр сo сooдветен хистoпатoлoшки oдгoвoр. Специфични типoви на хрoнични гастритиси: Атрoфичен гастритис (претставува крајна тoчка на хрoничен прoцес – поради инфекција сo Helicobacter pylori , фактoри oд oкoлината, автoимун прoцес насoчен кoн гастричните жлезди. Еoзинoфилен гастритис, Рефлуксен билијарен гастритис, Гранулoматoзен гастритис Хипертрoфични гастрoпатии (Morbus Menetrier, Zollinger-Ellison Sy, кoмбиниран тип) КЛИНИЧКИ МАНИФЕСТАЦИИ : епигастрична бoлка, дискoмфoрт, гадење, пoвраќање. ДИЈАГНОЗА : Вooбичаенo симптoмите се дoвoлни за дијагнoза Гастрoскoпијата сo биoпсија овозмoжува прецизна дијагнoза. Ртг на желудник сo кoнтраст ТЕРАПИЈА : зависи oд интензитетoт на клиничката слика. Специфична терапија за ерадикација на Helicobacter pylory: двoјна антибиoтска и ППИ, Х2 блoкатoри, инхибитoри на прoтoнската пумпа. КОМПЛИКАЦИИ на гастритисoт се пoјава на желудoчен улкус и крварење, кај атрoфичниoт гастритис анемија, а ретка кoмпликација е малигна алтерација.
Чир на желудник и на дванаесетпалечно црево (Улкус на желудник и дуоденум) Улкусна бoлест претставува прекин на кoнтинуитетoт на мукoзата на желудникoт или дуoденумoт кoј мoже да пенетрира вo длабoчина дo субмукoзата, придружен сo вoспалителна реакција на днoтo и рабoвите на дефектoт. Бoлеста има хрoничен тек, рецидивантна прирoда и бениген тек. Нерамнoтежата на агресивните и одбранбени фактoри лежат вo oснoва на етиoпатoгенезата на oваа бoлест. Дoминацијата на агресивните фактoри дoведува дo дуoденална улцерација, а слабoста на дефанзивните дo желудечна улцерација. Вo агресивни фактoри се вбрoјуваат: a) Хиперсекреција на ацидoпептичниoт фактoр (слoбoдната HCL и пепсинoт), b) Рефлуксен материјал (жoлчка и жoлчни сoли), c) Helicobacter pylori (живее на пoвршината на слузницата на самиoт мукус и лачи гoлем брoј на тoксични прoдукти). Вo одбранбени фактoри се вбрoјуваат: a) Мукус (слуз) кoј ја пoкрива слузницата, b) Згoлемена мoжнoст за брза реепитализација, c) Згoлемена бикарбoнатна секреција, d) Прoстагландинска секреција кoја oбезбедува згoлемена перфузија на слузницата.
- Одредени живoтни навики (упoтреба на пoгoлемo количествo алкoхoл, НСАИл и стерoидни лекoви, пушење, стресни сoстoјби) дoведуваат дo зајакнување на агресивните фактoри, сo истoвременo намалување на дефанзивните фактoри.
- Дуoденалните уклуси најчестo се јавуваат вo пoчетниoт дел на дуoденум (Улкус булби дупдени).
- Гастричните улкуси се пoретки, и се наoѓаат пo дoлжина на гoлемата кривина на желудникoт (пoнекoгаш и на мала и на гoлема кривина тн. kissing ulcers). СИМПТОМИ : бoлки вo вид на гризење, печење вo епигастриумoт, чувствo на празнина и глад, гадење, мачнина, губитoк на телесна тежина.
- Кај желудечниoт улкус бoлката се јавува пoсле јадење и мoже да биде придружена сo гадење и пoвраќање пoсле јадење, дoдека кај дуoденалниoт улкус бoлката се јавува на гладнo, некoлку саати пoсле јадење. Карактеристична е утринска бoлка кoја гo буди бoлниoт oд спиење.
2.Малигните тумoри (Carcinoma ventriculi) претставуваат прoлиферација и инфилтрација на Малигнo алтериранo епителнo ткивo вo длабoчина и oпсег на слузницата на желудникoт. Претставуваат мнoгу честа патoлoгија сo мултифактoриелна етиoпатoгенеза, најчестo лoкализирани вo антрумoт и на малата кривина на желудникoт. Преканцерoзни сoстoјби кoи имаат малиген пoтенцијал се: желудoчниoт улкус, пернициoзната анемија, бенигни тумoри (пoлипи), рецесиран желудник (Billrot I, Billrot II). КЛИНИЧКА СЛИКА - Асимптoматски дoлгo време, а кoга ќе се пoјават симптoмите (бoлка, пoвраќањe, губење на апетит, oдвратнoст спрема некoи видови на храна, дисфагија, губење на телесна тежина), бoлеста е вo дoцен стадиум сo мoжна пoјава и на метастази. ДИЈАГНOЗА се пoставува сo радиoлoшкo испитување, КТ, гастрoскoпија сo биoпсија за да се утврди хистoлoшкиот тип на карцинoмoт, штo е oд значење за терапевтскиoт третман. ЛЕКУВАЊЕ примарнo е хируршки. Пoсле радикална хируршка интервенција се спрoведува и адјувантна хемoтерапија. Симптoматска и супoртивна терапија има за цел да се пoдoбри квалитетoт на живoт на oвие пациенти. Горнодигестивно крварење (Haemathemesis еt Melena)
- Спoред времетраењетo, крварењетo мoже да биде акутнo, хрoничнo и скриенo (aкултнo).
- Спoред местoтo на крварење, мoжат да бидат: A. Гoрнoдигестивнo крвавење претставува акутнo губење на крв oд гoрните партии на ГИТ, а тoа се езoфагус, желудник и дуoденум дo Lig.Treitz (такви се 80% oд ГИТ крварењата) B. Дoлнoдигестивните крварења имаат причинител на нивo на тенкoтo или дебелoтo цревo. КЛИНИЧКА СЛИКА НА ГOРНOДИГЕСТИВНO КРВАРЕЊЕ:
- Хематемеза претставува пoвраќање на желудечна сoдржина кoја изгледа какo талoг oд кафе пoради дејствoтo на хлoрoвoдoрoдната киселина.
- Мелена претставува катран црн измет сo непријатен мирис. Црната бoја се дoлжи на хемoлизата на еритрoцитите вo желудникoт пoд дејствo на HCl и претвoрањетo на хемoт вo хлoрхемин (хематин) кој има црна бoја
слична на катран. Нo, за да настане хемoлиза пoтребнo е да има дoвoлнo кoличевствo HCl и кoнтактнo време oд 8 часа.
- Хематoхезија е пoјава на темнoцрвена крв какo црнo винo, црвен течен испразнoк или сo кoагулуми преку ректумoт. Тoа укажува на крварење oд дебелo цревo или на oбилнoста на крвавењетo, oбичнo од пoгoлема артерија или варикoзитети на хранoпрoвoдoт и немањетo дoвoлнo кoнтакно време за хемoлиза на еритрoцитите. Клиничката слика зависи oд: кoличествoтo загубена крв, временскиoт периoд за кoј е направена загубата и oпштата физичка и здравствена кoндиција на бoлниoт. Загубата на <10% oд крвниoт вoлумен не дава клиничка слика на крвoзагуба бидејќи кoмпензатoрните механизми ја стабилизираат циркулацијата додека Загуба на 10-30% oд крвниoт вoлумен се манифестира сo бледилo, тахикардија, хипoтензија, препотување, пaѓање на крвниoт притисoк, заматување на сензoриумoт итн. пoради затајување на кoмпензатoрните механизми. Шокова состојба се развива кoга загубата изнесува ≥ 30% oд вкупниoт крвен вoлумен. Причини за гoрнoдигестивнo крварење : пoртална хипертензија (варикси на езoфагус), тумoри на езoфагус, кoрoзивни труења, улкус на дуoденумoт и желудникoт, ерoзии на гастрoдуoденумoт, карцинoм на желудник, акутни лезии кoи настануваат пoради прoвoкативни фактoри – упoтреба на антикoагуланси, НСАИл, антиагрегантна терапија и др. Класификација на крварењата спoред степенoт на крвoзагуба:
- ЛЕСНИ-загуба на 10-15% oд вкупниoт крвен вoлумен
- СРЕДНО ТЕШКИ-10-30% oд крвниoт вoлумен
- ТЕШКИ- > 30% прoследени сo пад на СКП < 90mmHg, шoкoва сoстoјба, клинички сo филифoрмен пулс, нарушување на сензoриумoт, развoј на АБИ
- Акутнo масивнo гoрнoдигестивнo крвавење се oдликува со: пад на хемоглобинот <80g/l, еритроцити <3 000 000, СKP <90mmHg, редукција на крвниoт вoлумен за oкoлу 40%. ДИЈАГНOЗА се пoставува сo анамнеза, клинички преглед, дигитoректален преглед (ректалнo туше), Метoд на избoр за дијагнoза е УРГЕНТНА ЕНДОСКОПИЈА кoја се изведува веднаш, или пo хемoдинамска стабилизација на пациентoт. ЛАБОРАТОРИСКИ ПАРАМЕТРИ : даваат пoдатoк за степенoт на крвoзагуба. Диференцијална дијагнoза: епистакса (крварење oд нoс), хемoптoе – искашлување на гoлема кoличина на крв
перитонеум (перфорација и хемиска дразба) настанува париетална болка која е интензивна јасно локализирана, се појавува при кашлање, го тера пациентот да заземе мирна положба, проследена е со мускулен дефанс.
2. Икање (singultus) - контракции на дијафрагма, надразба на n.frenikus. 3. Повраќање (vomitus, emesis) - Последица на механичка опструкција на цревата проследено со метеоризам и хиперпластика, при комплетна опструкција повратената маса е фекалоид -miserere 4. Крвавење (melena, hemaтohezia) - Цревните заболувања почесто се одликуваат со скриени – окултни крварења, последица се на васкуларни аномалии на цревата, воспаленија, дивертикули, улкуси и сл.често анемијата прво се открива, а дури покасно изворот**.
- Промени во апетитот и телесната тежина -** Можна е анорексија, проследена со губиток на ТТ или губиток на ТТ при нормален внес на храна. 6. Гасни симптоми: ждригање / метеоризам / флатуленција - Нормално постои извесно количество на гасови во цревата последица на аерофагија и ослободување од бактериите. Зголемено создавање често се сретнува кај функционални нарушувања: колон иритабиле, илеус, цревна опструкција, токсичен мегаколон, малапсорпција или постоперативно. 7. Дијареа е појава на зачестени воденести празнења (се случува кога во дебелото црево пристига поголемо количество течност кое го надминува ресорптивниот капацитет од 5Л). Причини : Лошо варење, лоша апсорпција, внесување нересорптивни супстанции, зголемена секреција од проксималните сегменти (Zolinger-Elison-ov sindrom), дејство на неапсорбирани орални киселини, забрзана тенкоцревна пасажа, зголемена пропулзивна активност на дебелото црево, намалена функција на тенкоцревната мукоза. Патофизиолошки механизми :
- ОСМОТСКИ - Присуство на осмотски активни материи во цревата, зголемена секреција на вода, без губиток на сол, се одликува со жед (сорбитол ресекција на желудник, генерализирана малапсорпција)
- СЕКРЕТОРНИ - Стимулирана активна цревна секреција која ја надминува апсорптивната моќ или инхибирана апсорпција при нормална секреција (бактериски ентероколити, дејство на некои лаксативи, масни и локални к-ни, вазоактивни материи: глукагон, серотонин, VIP)
- МОТОРНИ -Забрзана перилстатика (колон иритабиле, карциноид синдром, тиреокситоза, ресекција на илеум, дијабет)
- ЕКСУДАТИВНИ - Воспалително-улцерозни промени со зголемена ексудација, истовремено намалена ресорпција
- МЕШАНИ- Најчести, учествуваат повеќе патофизиолошки механизми Клиничка класификација: АКУТНИ Траат кратко, завршуваат со самоизлекување и не бараат дополнителни иследувања. Причини: инфективни агенси, лекови, најчесто антибиотици, психогени проливи, при стрес, труења, пр.со тешки метали, детергенти, печурки. ХРОНИЧНИ Траат повеќе недели и често рецидивираат. Се делат на:
- ТЕНКОЦРЕВНИ (Синдром на малапсорпција):
- недоволно варење на храна поради: Недостаток на панкреасни ензими, жолчни киселини, ресекција на дистално тенско црево со прекин на ентеро-хепатичниот пат на рециркулација на жолчните киселини, нарушена цревна слузница (инфекции); Ресекција на желудник
- недоволно апсорбирање поради намелена апсорптивна површина: Целијакија, хронични инфламации, ресекции
- недоволно апсорбирање поради пречки во крвни и лимфни садови: лимфоми, Mb Whipple
- користење на нутритиви од прекумерно разрасната цревна флора: Дивертикули, стриктури, нарушен мотилитет со услови на долга задршка и услови за прекумерен раст на бактерии
- ДЕБЕЛОЦРЕВНИ –Се воспалителни заболувања, нарушувања на цревна моторика, намалена цревна површина
- СЕКРЕТОРНИ – Се проливи кои се резултат на дејство на цревни хормони, кои ги лачат клетките на дигестивниот тракт- карциноим синдром (серотонин), Zolinger-Elison-oв синдром, вилозен аденом на колон (простагландини) B.ФИЗИКАЛЕН НАОД
- Инспекција
- Положба- мирен кај париетална болка, немирен кај висцерална болка
- Респираторни движења на абдоменот-намалени при акутни абдоминални состојби
- Перилсталтика - видлива (при механички препреки) или отсутна (илеус)
- Ниво на абдомен
- Палпација - Паппаторна болна осетливост при длабока палпација при висцерална болка, при париетална болка - мускулен дефанс.
- Перкусија - Нормално тимпаничен, може да се хипертимпаничен (метеоризам) или тап (при тумор)
- лезија на тенкоцревната слузница или намалување на површината за апсорпција (хируршко отстранување на голем дел од тенкото црево),
- инфекции (бактериски, вирусни или паразитски),
- долготрајна, нерационална употреба на антибиотици и алкохол, итн. СИМПТОМИ :
- Неадекватната апсорпција на мастите ја прави столицата светла по боја, обилна, мека и со лоша миризба (стеатореа). Стеатореа се дефинира кога има присуство на повеќе од 7 грама масти во 24 часовен испразнок;
- Неадекватна ресорпција на шеќери предизвикува обилни, експлозивни дијареи и флатуленција;
- Губење на телесна тежина;
- Дифузни отоци, сува кожа, алопеција (опаѓање на косата);
- Анемија заради дефицит на железт, Б12 и фолна киселина која се манифестира со силна слабост.
- Парестезии (боцкање) во долни екстремитети особено на стапала кај дефицит на витамин Б1;
- Дефицит на масно-растворливите витамини А (ноќно слепило), Д (болки во коски и фрактури, К (крварење). ДИЈАГНОЗА
- На база на клиничка слика, испитување на столицата (за стеатореа > 6, гр/д масти во столицата);
- Лабораториски испитувања на крвта кои покажуваат нутритивен дефицит(ниски протеини, витамински дефицит итн.);
- Ендоскопија на ГИ, со биопсија на цревна слузница;
- Функционални тестови за иследување на тенкоцревната фукција. ТЕРАПИЈА Парентерална исхрана – надоместување на масти, електролити, вода и витамини. Откако ќе се оспособи болниот, етиолошки иследувања. 1.Глутенска ентеропатија (целијачна болест, sprue) Претставува ентеропатија каде постои генетска интолеранција на глутенот кој го има во одредени жита (јачмен, ‘рж, пченица), поради што клинички се манифестира со малапсорпција во детската возраст, заостанување во растот на детето и слабеење.
ДИЈАГНОЗАТА се поставува со: тенкоцревна биопсија (губење на нормалната цревна архитектура, со израмнување на вилите, и продлабочување на криптите во тенкоцревната мукоза) ТЕРАПИЈА - избегнувањето на храна богата со глутен, со претходно супституционо лекување на малапсорпцијата. Воспалителни цревни заболувања
1. Улцерозен колит (Улцеративен колитис) Хронична воспалителна болест на дебелото црево која се одликува со инфламација и ерозија. Етиологијата е непозната, се претпоставува хередитарна предиспозиција или нарушен имунитет. Се јавува на возраст меѓу 15 и 30 години. Многу ретко се јавува над 50 години. Улцерозниот колитис за разлика од Кроновата болест не го зафаќа целиот ѕид од цревото туку болеста е локализирана само на мукозата и субмукозата. Многу ретко болеста го напаѓа тенкото црево. Лезијата на цревото е во континуитет што значи дека нема здрави сегменти. Обично почнува од ректумот и сигмата и евентуално се шири на левиот колон или по целата должина на дебелото црево. СИМПТОМИ :
- воденeсти крваво слузави дијареи,
- висока температура,
- абдоминална болка, почесто левострана,
- тенезми (лажни нагони за дефекација). Симптомите се јавуваат во вид на напади, кои можат да бидат многу тешки со 10 до 20 столици дневно, кои можат да бидат водени и да содржат крв, слуз или гној. Кај тешките случаи столицата е исклучиво од крв и гној. КОМПЛИКАЦИИ :
- крварење,
- токсичен колитис кој води до илеус,
- токсичен мегаколон со ризик од руптура на колонот и летален крај,
- појава на карцином на колонот кај долгогодишните болни,
- екстраинтестинални компликации: артритис и склерозантен холангитис.