



Studirajte zahvaljujući brojnim resursima koji su dostupni na Docsity-u
Zaradite bodove pomažući drugim studentima ili ih kupite uz Premium plan
Pripremite ispite
Studirajte zahvaljujući brojnim resursima koji su dostupni na Docsity-u
Nabavite poene za preuzimanje
Zaradite bodove pomažući drugim studentima ili ih kupite uz Premium plan
biografija i opus na periodot na tvorenje na makedonskiot slikar Lazar Licenoski
Tipologija: Skripte
1 / 6
Ova stranica nije vidljiva u pregledu
Ne propustite važne delove!




Ликовна Академија – Класично сликарство Штип
Ментор: Студент:
Проф. Трајче Нацев Елена Пејева 0634
Штип, 20.04. Лазар Личеноски
Роден е во Галичник, на 26 март 1901 година, а починал во Скопје на 10 април 1964 година.
Личеновски се смета за еден од втемелувачите на ликовниот живот во Македонија. Тој е еден од најавтентичните сликари на македонскиот пејзаж ("Бачила", "Долап", "Афионски полиња", "Охридски рибари"), во кој внесува и фоклорни елементи.
Сликал мртва природа и портрети, а создавал и мозаици.
Уметничка школа со академски курс завршил во Белград, 1927 год. Специјализирал ѕидни техники во Париз во ателјето на Марсел Линоар и кај Пол Бодуен, го посетувал ателјето на Андре Лот и Академие де ла Гранде (1927-1929).
Почетоци на ликовно творештво
Лазар Личеноски се појавува на ликовната сцена во 1927 година, со својата прва самостојна изложба во Скопје по завршувањето на Уметничкото училиште (1925) и Академскиот курс (1927) во Белград.
Тоа е деценија кога во Македонија се јавуваат никулците на модерниот ликовен израз (меѓу 1920 и 1930 година).
Во оваа, една од највлијателните најдинамичните декади во развојот на современаша уметност, се преплетуваат локалните законитости на внатрешниот развој на уметноста и влијанијата од Западна Европа (Париз).
Личеоски ги започнува студиите во Белград 1921 год. До заминувањето во Париз (1927) создава класични дела.
Париски период (1927-1929 год.)
Личеноски го започнува процесот на преминување од формата кон бојата, што е најсилно изразено во делата настанати во Парискиот период (1927-1929).
Паралелно Личеноски создава дела кои следат една зографска лексика приспособена кон современиот израз, која се движи некаде мегу издолжена аглеста икона и експресионистичка лексика на Париската школа. Во оваа деценија, Личеноски го кристализира ракописот, ги резимира искуствата, и ги создава најзначајние дела на својот творечки пат определувајќи се за трајното, за македонското поднебје и за колористичката експресија.
Враќање во Македонија
Со ликовната група „Облик“ учествува на изложби во Лондон, Ливерпул, Манчестер, Софија, Прага итн.
По војната, Личеноски се сели во Скопје и тука живее од 1945 до 1960 година.
Во педесеттите години им се навраќа на веќе користените мотиви: ‘‘Радожда‘‘, ‘‘Бачило‘‘, ‘‘Долап‘‘ и други.
Во мртвите природи ги достигнува највисоките квалитативни дострели од овој период.
Од средината на шестата деценија, па се до последните години својот живот, Личеноски го уредува и ликовно го ‘‘урбанизира‘‘ својот пејзаж.
Традиционалната градителска природа на македонскиот човек, што ја обликува неговата рудиментарна и рустичка појава, создадена да го издржи и совлада товарот на физички тежки занаети и работи, Личеноски го слика со жар, но и со дух што му дозволува да ја изрази слободно грубоста до симпатична и добронамерна карикираност.
Кон крајот на творечкиот и животниот пат
Во овој период Личеноски оди кон специфицирање на искуствата, кон синтетизирање и користење на веќе осознаеното, отколку на иновации и откривања.
Лазар Личеноски бил член на комисијата која ја опремила Уметничката галерија во Скопје.
Тој бил предавач на првата генерација ученици во Уметничката школа во Скопје, која по неговата смрт го носи неговото име. Во 1954, во Даут- пашиниот амам во Скопје била отворена ретроспективна изложба на Личеноски.
Пет години подоцна (1959) во Домот на градежниците тој се претставил со постановката на тема „Старо Скопје кое исчезнува“. Дел од неговото творештво се и мозаиците „Мајка со дете“, „Галички девојки“, „Мајстор-кујунџија“, „Апотеоза на трудот“ и други. По земјотресот, под шаторско крило во дворот на разурнатата куќа, насликал неколку платна од таа природна катастрофа. Истата година во декември учествувал на
изложбата на македонската ликовна уметност во Лондон и во Брадфорд.
Изморен од пејзажите, портретите и веке потполнетиот репертоар од веќе видените техники и мотиви, направил неколку мозаици почитувајќи ги законитостите на материјалот што му го дозволуваше самата техника.
Користена литература: