Docsity
Docsity

Pripremite ispite
Pripremite ispite

Studirajte zahvaljujući brojnim resursima koji su dostupni na Docsity-u


Nabavite poene za preuzimanje
Nabavite poene za preuzimanje

Zaradite bodove pomažući drugim studentima ili ih kupite uz Premium plan


Školska orijentacija
Školska orijentacija


,,Кубизмот - Револуција во визуелната уметност”, Šeme i konceptualne mape od Istorija umetnosti

Овој научен труд го истражува влијанието и наследството на кубизмот во контекстот на развојот на модерната уметност, акцентирајќи на последиците од кубистичките иновации за подоцнежните уметнички движења како што се футуризмот, дадаизмот и надреализмот. Трудот анализира како кубизмот го трансформирал визуелниот јазик, воведувајќи нови методи на уметничко изразување и интерпретација кои имаат значајно влијание во различни културни контексти, од Франција до глобалната уметничка сцена. Посебно внимание е посветено на улогата на кубизмот во културната трансформација на модерната уметност, истакнувајќи ги неговите трајни влијанија кои продолжуваат да резонираат во современата уметничка практика. Овој преглед потврдува дека кубизмот зазема централно место во уметничката историја и современост, со значителен придонес кон еволуцијата на уметничките теории и практики.

Tipologija: Šeme i konceptualne mape

2024/2025

U prodaji od 30.08.2025.

bo-ana-toshevska
bo-ana-toshevska 🇲🇰

4.7

(3)

11 dokumenti

1 / 12

Toggle sidebar

Ova stranica nije vidljiva u pregledu

Ne propustite važne delove!

bg1
УНИВЕРЗИТЕТ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ’’ – ШТИП
ЛИКОВНА АКАДЕМИЈА - СЛИКАРСТВО
СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ: МЕТОДОЛОГИЈА НА НАУЧНО
ИСТРАЖУВАЊЕ
ТЕМА: ,, Кубизмот - Револуција во визуелната уметност ”
Ментор: Изработил:
Проф. д-р Петар Намичев Бојана Toшевска
Јануари 2024
pf3
pf4
pf5
pf8
pf9
pfa

Delimični pregled teksta

Preuzmite ,,Кубизмот - Револуција во визуелната уметност” i više Šeme i konceptualne mape u PDF od Istorija umetnosti samo na Docsity!

УНИВЕРЗИТЕТ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ’’ – ШТИП

ЛИКОВНА АКАДЕМИЈА - СЛИКАРСТВО

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ: МЕТОДОЛОГИЈА НА НАУЧНО

ИСТРАЖУВАЊЕ

ТЕМА: ,, Кубизмот - Револуција во визуелната уметност ”

Ментор: Изработил:

Проф. д-р Петар Намичев Бојана Toшевска

Јануари 2024

,,Кубизмот - Револуција во визуелната уметност”

Апстрак: Овој научен труд го истражува влијанието и наследството на кубизмот во контекстот на развојот на модерната уметност, акцентирајќи на последиците од кубистичките иновации за подоцнежните уметнички движења како што се футуризмот, дадаизмот и надреализмот. Трудот анализира како кубизмот го трансформирал визуелниот јазик, воведувајќи нови методи на уметничко изразување и интерпретација кои имаат значајно влијание во различни културни контексти, од Франција до глобалната уметничка сцена. Посебно внимание е посветено на улогата на кубизмот во културната трансформација на модерната уметност, истакнувајќи ги неговите трајни влијанија кои продолжуваат да резонираат во современата уметничка практика. Овој преглед потврдува дека кубизмот зазема централно место во уметничката историја и современост, со значителен придонес кон еволуцијата на уметничките теории и практики.

Клучни зборови: Кубизам, модерна уметност, влијание, наследство, културна трансформација.

Abstract: This research paper explores the impact and legacy of Cubism in the context of modern art development, emphasizing the effects of Cubist innovations on subsequent artistic movements such as Futurism, Dadaism, and Surrealism. The paper analyzes how Cubism transformed the visual language, introducing new methods of artistic expression and interpretation that have had a significant impact across various cultural contexts, from France to the global art scene. Special attention is given to the role of Cubism in the cultural transformation of modern art, highlighting its lasting influences that continue to resonate in contemporary art practice. This review affirms that Cubism holds a central position in art history and modernity, with a considerable contribution to the evolution of art theories and practices.

Key Words: Cubism, Modern Art, Influence, Legacy, Cultural Transformation.

2.ВЛИЈАНИЕ И НАСЛЕДСТВО НА КУБИЗМОТ

Кубизмот, како еден од најзначајните уметнички движења, несомнено има силно влијание на структурата на модерната уметност. Неговиот развој во Франција на почетокот на 20-тиот век е интересен како кулминација и трансформација на авангардни тенденции, кои веќе биле присутни меѓу уметниците,,Во францускиот контекст, кубизмот дојде како исполнување и метаморфоза на неколку тенденции латентни во авангардната уметност на претходните генерации.” (Wadley, 1970 ). Особено значајни беа дивизионистичките техники, што го поставуваат платното како збир на многу мали единици, што е важно за сфаќањето на кубизмот како продолжение и преиспитување на традиционалните стандарди на кохерентност. Кубизмот ослвободен од морални, социјални, политички и национални окови овозможил слобода на истражување на уметничките средства и потенцијали. Оваа отвореност овозможила на уметниците да ги прошират границите на своето изразување и да експериментираат со нови форми и концепти, што го прави кубизмот основа за различни уметнички ставови. ,,Вистина е дека кубизмот беше прагот преку кој голем број сликари стапнаа во целосна апстракција.” (Golding, 1968 ). ,,Пикасо и Брак, како пионери на ова движење, не се впуштија целосно во апстракцијата” (Mines, 2007 ), но нивните методи на распарчување и преиспитување на формата и просторот овозможија развој на целосно нови уметнички форми. Оваа трансформација на уметничката практика беше клучна за транзицијата од традиционалната кон модерната уметност. Интересно е да се забележи дека, иако кубизмот првично се разви во Франција, неговото влијание беше клучно за развојот на модерната уметност во различни делови на светот, вклучувајќи ги Италија, Русија, Чехословачка, Холандија, како и делумно во Германија, Англија и Америка. Ова потврдува дека уметноста, особено во контекстот на модернизмот, често не ги следи границите на национални идентитети, туку се движи и адаптира според глобалните тенденции и комуникации. ,,Во Германија, на пример, кубизмот ги инспирираше експресионистички движења” (Rotzler, 1989 ), додека во ,,Чехословачка беше користен како инспирација за дизајнот на архитектурата и мебелот” (Vegesack & Lamarová , 1992 ). Оваа широка примена и адаптација на кубистичките принципи покажува дека неговото влијание се проширило надвор од традиционалните граници на сликарството. ционалните граници на сликарството. ,,После Втората светска војна, американската уметност ја презеде водечката улога во авангардата, што го запечати крајот на доминацијата на Париз” (Mines, 2007 ). Овој период сведочи за нови правци во уметноста кои, иако се развиваат од кубистичките основи, почнуваат да се оддалечуваат и да се приспособуваат кон нови уметнички идеи и техники.

За феноменот на кубизмот, интересен е и неговиот однос со експресионизмот, особено во Германија ,,Кристалната композиција на Аналитичкиот Кубизам додава нота на вознемиреност во Експресионизмот.’’ (Wadley, 1970 ). Кубизмот и германскиот експресионизам, иако изгледаат на прв поглед различни, всушност имаат поврзани елементи. Овој факт е особено евидентен во делата на групата ,, Die Brücke 4 ". ,,Во 1905 година архитектот Фриц Блејл, сликарите Ерих Хекел, Ернст Лудвиг Кирхнер и Карл ШмитРотлуф се приклучија за да ја формираат групата.” (Rotzer, 1989 ). Користеле елементи од неоимпресионизмот и фовизмот на Матис во своите рани дела. Во текот на нивната берлинска фаза, Кирхнер, Хекел и Шмит-Ротлуф вклучиле елементи од кубизмот. Кирхнеровите слики од 1912- 1913 година покажуваат промени во стилот со монохроматски и кубистички влијанија. ’’ (Wadley, 1970 ). ,,Der Blaue Reiter^5 ”, ,,не беше ниту училиште ниту движење: тоа не беше ништо повеќе од кратка епизода во историјата на уметноста во 20 век.” (Vezin, 1992 ). Е движење кое се појави во Минхен составено од Васили Кандиски и Франц Марк , ја прифатило абстрактноста и емоционалната интензитет на кубизмот. Васили Кандински, еден од водечките членови на ова движење, користеше кубистички принципи за да истражува поврзаноста помеѓу бојата и емоциите, иако тој останал подалеку од строгата кубистичка форма, додека за Франц Марк кубистичката фрагментација стана основа на универзалната природа – симолизам. Чешките уметници, како Фила и Кубиста, пак, го прилагодиле кубизмот со уникатен локален пристап, создавајќи дела кои ја одразуваат нивната културна идентитет. Тие развиле стил кој ги комбинира кубистичките елементи со традиционалните чешки уметнички влијанија. Футуризмот активен во периодот од 1909 до 1916 година, исто така инспириран од кубизмот, го искористил кубизмот како средство за истражување на темите на модернизацијата и технолошкиот напредок. Ова движење го истакнало динамизмот и брзината на модерниот живот, користејќи кубистички техники за да создадат уметност која е енергична и динамична. ,, Додека кубизмот се обидуваше да ја открие вистинската структура на субјектот, футуристите изгледаа повеќе загрижени за изразувањето на енергијата.” (Mines, 2007 ). Комбинацијата на кубистички и футуристички елементи доведе до создавање на нови стилови како кубо-футуризмот, кој се однесува на дела на уметници како Робер Делоне, Алберт Глејз и Жан Мецингер. Вортицизмот во Велика Британија пак, претставува пример за локално прифаќање и адаптација на кубизмот, ,, краткотрајното движење Вортицизмот беше одговор на кубизмот преку футуризмот.” (Wadley, 1970 ) со нагласок на енергијата и динамиката на модерниот живот, што беше истакнато преку користење на назабени форми и агресивни, динамични линии. Пуризмот во Франција пак, репрезентирал директен одговор на кубизмот, фокусирајќи се на чистотата на формата и одбивајќи ја декоративноста. ,,Пуризмот, како и футуризмот припаѓаа на кубизмот” (Wadley, 1970 ).

(^4) Die Brücke (мост) германско експресионистичко уметничко движење основано во 1905 година во Дрезден. Ова движење играше значајна улога во развојот на модернизмот во уметноста и често се смета за предвесник на експресионизмот во Германија. (^5) Der Blaue Reiter (Синиот јавач) формиран во Минхен во 1911 година. Ова движење беше дел од поголемиот експресионистички тренд во европската уметност и играше значајна улога во развојот на апстрактната уметност.

3. АНАЛИЗА И ДИСКУСИЈА

Анализата на собраните податоци од истражувањето покажува дека кубизмот значајно го променил визуелниот јазик на уметноста и поставил нови стандарди во уметничкото изразување.

  • Кубизмот, значајно уметничко движење развиено во Франција на почетокот на 20-ти век, започна од страна на Пабло Пикасо и Жорж Брак и претставува кулминација на авангардни тенденции, означувајќи транзиција од традиционалната кон модерната уметност. Ова движење се карактеризира со аналитичко разгледување и апстракција на формата и просторот, овозможувајќи слобода на истражување и иновација во уметничките средства. (Golding 1988).
  • Кубизмот прогресираше преку две дистинктивни фази: аналитички и синтетички кубизам. Во аналитичкиот кубизам, уметниците се фокусираа на разложување на објектите во множество геометриски форми за да истражат визуелната комплексност од различни перспективи. Синтетичкиот кубизам, пак, означува реконструкција и спојување на овие форми во нови апстрактни композиции, често користејќи техники на колаж. Оваа еволуција од аналитичко кон синтетичко претставување демонстрира значајно одминување од традиционалниот реализам кон апстракција, што го става кубизмот во срцето на развојот на модерната уметност. (Mines 2007).
  • Некои критичари го сметаат кубизмот за елитистички и дистанциран од реалноста, додека други го сметаат за еден од најзначајните чекори кон модернизацијата на уметноста. (Antliff & Leighten 2008).
  • Кубизмот има значајно влијание на развојот на модерната уметност низ светот, вклучувајќи Италија, Русија, Чехословачка, Холандија, како и во Германија, Англија и Америка, покажувајќи дека уметноста често се движи и адаптира според глобални тенденции. Кубизмот инспирирал и различни уметнички движења, вклучувајќи експресионизам, футуризам, вортицизам, пуризам, дадаизам и надреализам, демонстрирајќи го неговото широко влијание. (Wadley 1970).
  • Кубизмот исто така имал значајно влијание врз интердисциплинарни области како што се архитектурата и дизајнот на мебел, надминувајќи ги границите на традиционалното сликарство. (Alfred1974).
  • Пикасо, како еден од пионерите, покажал дека кубизмот може да послужи како платформа за различни стилови и иновации, од синтетички кубизам до неокласицизам и надреализам. ( Alfred 1974).

Изборот на кубизмот како централна тема во овој научен текст не е случаен. Појавата на кубизмот на уметничката сцена предизвика радикални промени не само во уметничките кругови, туку и во широката културна перцепција на уметноста. Ова движење, кое во голема мера го дефинираше новото столетие, отвори патека кон модернистичките и постмодернистичките експерименти во визуелните уметности. Мојата заинтересираност за кубизмот произлегува од неговата способност да трансформира и реконструира форми и простор на начини кои го предизвикуваат нашето разбирање на реалноста.

Кубизмот не само што револуционерно го промени визуелниот јазик, туку исто така постави основа за филозофско преиспитување на уметноста. Преодот од моноперспективното прикажување кон мултиперспективен пристап, каде различните агли на еден објект можат истовремено да се прикажат на едно платно, претставува метафора за комплексноста на модерниот живот. Ова не само што отвори врата кон нови форми на уметничко изразување, туку и го предизвика самиот начин на кој уметноста ги истражува и интерпретира повеќе димензионалните аспекти на човечкото искуство. Кубизмот претставува мост меѓу минатото и иднината на уметноста, каде што традиционалните форми и техники се реконструираат за да се создадат целосно нови начини на уметничко изразување. Верувам дека ова движење не само што го отвори патот кон апстракцијата, туку и ги постави темелите на современата уметничка теорија и практика, која се осврнува на ирационалното, потсвесното и метафизичкото. Кубизмот во контекстот на македонската уметност открива дека ова движење, иако примарно поврзано со западните уметнички традиции, исто така има влијание и присуство во македонското уметничко наследство. Уметници како Никола Мартиновски и Лазар Личеноски покажуваат дека кубистичките елементи и принципи биле истражувани и адаптирани во македонскиот контекст, иако не во форма на строго кубистичко движење. ,,Мартиноски, како и Личеноски и Пандилов, многу често го посетувал Лувр каде често останувал по цел ден. Имал можност да види и изложби, посветени на Париската школа и на екпресионизмот, а особено оние на кои биле изложени дела од Модилјачи, Сутин, Кислинг, Шагал, Пикасо, Дерен итн.,’’ (Петковски, 1997). „... [П]осебно интересно кај овој млад сликар е тоа што, ослободен од традиционалните академски манири, потполно ги совладал техниките на импресионизмот, кубизмот и експресионизмот, и своите сликарски идеи тој ги остварува било импресионистички, кубистички, експресионистички или академски, докажувајќи со тоа дека [во едно уметничко дело] техниката е споредна, а главно е сликарското знаење и идејата. Мартин е главно портретист, [некаде] помеѓу импресионизмот и академизмот... [Во неговите дела] многу се гледа ... влијанието на Сезан и на Пикасо. Тој сè уште ги бара и е под влијание на кубистичките формули “(Пенушлиски 2016). ,, Лазар Личеновски во текот на на престојот во Париз и веднаш потоа (1927-1929), јасни се влијанијата што ги прифатил: конструктивизмот на Андре Лот, но особено елементи од големите масивни актови на Пабло Пикасо од третата деценија.” (Петковски, 1981). ,, Таа својственост на Личеновски ја истакна Тодор Манојловиќ веќе во приказот на првата негова изложба по враќањето од Париз: Личеновски доаѓа од Париз, каде што не само минал низ една сосема извонредна школа – особено, се чини го одликуваше Пикасо и Утрило – ами умеел интелигентно да ги искористи и асимилира големите опити и напатства. Видел, забележил и научим многу ” (Коневски, 1979). ,, Малку е потенцирано во современата критика дека Личеноски, освен краткотрајни влијанија на Пикасо и Сутин, претрпел силни и трајни влијанија од нашите икони.” (Коцо, 1968). ,, На ,, Литературната среда”, на 27 март о.г во Домот на културата на градежните работници во Скопје, со публиката се сретна ликовниот уметник, академскиот сликар Лазар Личеновски. Донесуваме нeколку моменти од неговата уводна реч и одговори на некои од прашањата што му ги поставија присутните.

  • Каков е вашиот став спрема надреализмот и кубизмот?

и Жарко Јакимовски. Овие уметници успешно ги адаптирале кубистичките принципи во своите дела, истражувајќи нови форми и перспективи и вклопувајќи ги во македонскиот уметнички контекст. Тие демонстрираат дека глобалните уметнички теченија можат успешно да се адаптираат и реинтерпретираат на локално ниво, збогатувајќи ја македонската уметност со нови димензии и длабочина. Кубизмот, со својата уникатна способност за преиспитување и трансформација на уметничкиот израз, продолжува да инспирира уметници насекаде во светот, вклучувајќи и Македонија. Тој не само што се покажа како критичен момент во историјата на уметноста, туку и остана релевантен во современите уметнички практики, потврдувајќи дека кубизмот е повеќе од историски феномен – тој е жива сила која продолжува да ја обликува уметноста и културата. Кубизмот е клучен за разбирање на еволуцијата и динамиката на модерната уметност, илустрирајќи го континуираниот дијалог меѓу минатото, сегашноста и иднината во уметничкиот свет.

5.Извори

Конески, Блаже, Личеноски, Зое. (1979). Лазар Личеноски: Самостојна изложба. Скопје: Ману, Уметничка галерија Скопје. Петковски, Борис. (1981). Современо македонско сликарство. Скопје: Македонска ревија. Личеноска, Зое, Грозданов, Цветан, Личеноски, Лазер, Шопов, Ацо, Конески, Блаже, Чашуле, Коле, Матевски, Матеја, Теодосиевски, Златко, Чаловски, Тодор, Георгиевски, Владимир, Ренџов, Михаил, Ѓорѓиев, Ванчо, Иванов, Благоја, Михаилова – Бошнакоска, Гордана. (2004). Лазар Личеноски – 40 години од смртта.Скопје: Уметничка галерија, Скопје. Коцо, Димче. (1968). Никола Мартиновски: Комеративна ретроспективна изложба. Скопје: Уметничка галерија, Скопје. Пенушлиски, Кирил. (2016). Никола Мартиновски до 1945. Скопје: НУ Национална галерија на Македонија. Петковски, Борис. (1997). Никола Мартиновски. Скопје: Уметничка галерија, Скопје. Alfred, Hamilton Barr. (1974). Cubism and abstract art: painting, sculpture, constructions, photography, architecture, industrial art, theatre, films, posters, typography. New York: Museum of Modern Art; Boston: distributed by New York Graphic Society.

Antliff, Mark, Leighten, Patricia Dee. (2008). A cubism reader: documents and criticism,

  1. Chicago: University of Chicago Press. Collard, Sneed B. (2014). A look at cubism. Vero Beach, Fla: Rourke Educational Media. Cottington, David. (1998). Cubism. Cambridge: University Press.

Golding, John. (1968). Cubism: a history and an analysis, 1907-1914. Boston, Boston Book & Art Shop. Golding, John. (1988). Cubism: a history and an analysis, 1907-1914. Cambridge, Mass: Belknap Press of Harvard University Press.

Gogerly, Liz. (2004). Pablo Picasso: master of modern art. Chicago, Ill: Raintree. Grisebach, Lucius. (1999) Ernst Ludwig Kirchner, 1880-1938. Köln, New York: B. Taschen. Mines, Cynthia. (2007). Cubism. Detroit: Lucent Books.

Rotzer, Willy. (1989). Constructive concepts: A history of constructive art from Cubism to the Present. New York: Rizzoli. Vegesack, Alexander von, Lamarová, Milena. (1992). Czech cubism: architecture, furniture, and decorative arts, 1910-1925. New York, N.Y.: Princeton Architectural Press.

Vezin, Annette. (1992). Kandinsky and der Blaue Reiter. Paris: Pierre Terrail. Wadley, Nicholas. (1970). Cubism. Feltham: Hamlyn.