





















Studirajte zahvaljujući brojnim resursima koji su dostupni na Docsity-u
Zaradite bodove pomažući drugim studentima ili ih kupite uz Premium plan
Pripremite ispite
Studirajte zahvaljujući brojnim resursima koji su dostupni na Docsity-u
Nabavite poene za preuzimanje
Zaradite bodove pomažući drugim studentima ili ih kupite uz Premium plan
Староградска битолска архитектура
Tipologija: Skripte
1 / 29
Ova stranica nije vidljiva u pregledu
Ne propustite važne delove!






















Универзитет “Гоце делчев” Ликовна Академија Класично сликарство
Проекна задача на тема: Староградска битолска архитектура
Ментор:Проф. Др Трајче Нацев Изработил: Бојана Тошевска
Мај 2020 година
Битола е стар град, кој живеејќи со векови добил своевидна физиономија и во историска, архитектонска, ликовна и естетска смисла. Во втората половина на XlX и почетокот на ХХ век се јавува извоннвредна хармонија на објектите кои и припаѓаат на градската фолклорна односно балканска архитектура, чии основни постулати неизвесно ги ценеше гилемиот Корбизие. Се појавуваат модерните за тоа време “солунски” типови на куќи, градени од тврд материјал под влијание на западноевропскиот еклектицизам, односно нео-стиловите, кои овде се јавуваат како ретардирани форми посредно пренесени преку Солун. Извонвредната разиграност на еркерите и големите стреи, топлината на дрвените первази околу симетрично посветените отвори на аглите на објектите полни со воздух и светлина, комбинирани со барокни атики, разновиден керамопластичен украс,куполи кај објектите на агол и сецесијска разновидност и разнобојост на материјалот, создава една питорескна слика на карактеристични градски амбиенти и неповторливи градски ансамбли. Просторот на битолската куќа од тој период е програмски и фукционално поделен на станбени, сантарни, домаќински, работи и сообраќајни простории. Меѓу обие важно место зазема чардакот, во македоската, одосно диванханата, во муслимаската куќа. Секоја постара битолска куќа е опремена со фиксни уреди и мебел, другото својство кое старите куќи (XlXвек) ги прави споредливи со современите архитектонски градби, е модулиран систем на градба. Основниот модул, мера за градба е човекот. Природниот антрополошки модул (педа, лакт, аршин..) што произлегува од анатомската структура на човекот, не беше само израз на должинска мера туку, многу повеќе, тој беше духовен белег на едно чуство за ред, за дисциплина и за рационалност, за ритам со кога се создава чудесни хармониски композиции во просторот, со простори пропорции што ја хуманизираат околината создавајќи ентериери полни со интимност и со топлина. Во надворешната архитектура секогаш е присутна желбата за дотераност, што се гледа во: стреата која е обележана со штици, дрвените косинци од ерекрите редовно се маскирани со летви и малтер во вид на полни конзоли, сите рамки на прозорците, на вратите и на ќошињата на ѕидовите се обележани со штици, што му дават леснотија и ведрина на катот а,истовремено ги истакува прозорците-основните ноти во ритмичката композиција на фасадите- кои се редени со одреден
ритам што произлегува од функционалните потреби на внатрешниот простор, од односот на ѕидните маси, како и од приемниот модул за градба. Непосредо со оваа архитектура живеаат и сакралните и профарните, христијански и исламски монуметални споменици на културата, како и архитектонски комплекси и амбиентални целини. Најголемата битолска црква, катедралата Св.Димитрија изградена е во 1830год. На местото на истоимениот мал параклис, кој настрадал во пожар,по добивањето на дозвола од на 15.8.1830 година за неполни четири месеци. Таа е скромна по својата надворешост (бидејќи Битола е сеуште под турска власт) и богата во ентериерот, прествува трободна базилика со полуобличесто засводен централен брод и разни странични бродови. Нејзините димензии се: 36х10 м, со тоа што подот е вкопан в земја за 1 м. Сл.1 Црква Св.Димитија Битола На северната, јужната и западнната страна постојат катни галерии, од кои централната е певничка, а страничните се посветени на Григорие Богослов, и Св. Преображдение. Во апсидалниот дел постојат три олтари: централниот поставен на патронот на црквата Св.Димитрија, јужиот на Благовестите, и северниот на Св.Никола. Денес црквата од три страни ја опкружува затворен трем застаклен 1924год. Во 1845/46 год завршено е декорирањето на црквата: олтарскиот простор, сводот во цетралниор брод и тавнаите на страничните бродови. Истовремено е изработен и големиот иконостас во плитка резба карактеристична за нашата резбарска традиција со извесни влијанија од Света Гора. Во параклисот на јужната галерија се наоѓа иконостас, кој, според стилските карактеристики и припаѓа на истата работилница која го изработила и иконостаспт Св.Наум во Охрид на почетоко XVlll век.
Црквата Св. Богордоица е изградена во 1870 год., а посветена во 1876 год. И оваа црква е троброда базилика со веќе западњачка барокна октогонална купола и обли оклуси на страничните ѕидови над четвртестите прозорци. Над западниот влез во црквата постои певничка галерија. Иконостасот, според стилските карактеристики, најверојатно го изработиле мијачките мајстори.
Сл.4 Црква Св.Богородица Битола некогаш и денес Гробишната црква Св. Недела е изградена 1863 год. И таа е тробродна базилика, со една октогоаголна и две слепи куполи над централниот брод, како и певничка галерија над западната страна. Итересно е постоењето на два слоја живопис во централната купола : постариот е работен во 1864 по порачка на еснафот на ќурчиите со грчки сигнатури и понов, пресликан со словенски сигнатури.
Сл.5 Црква Св. Недела Битола
Во XlX и почетокот на ХХ век во архитектурата на Европа суверено владее аклектицизмот, и тоа во неговите различни видови: класицизам, романтицизам, маниризам и сл. Под влијание на еклетичната архитектура, кон крајот на XlX и во почетокот на ХХ век, нашите мајстори градат, според проекти на странски архитекти, повеќе јавни објекти во Битола, и тоа во ренесасен, во барокен и во неокласичен стил. Подоцна, елементи од овие стилови се применети на станбените згради, особено кога од Солун се увезуваат разновидни украсни елементи, направени од теракота (капители, акантусови листови, балустри, венци), конзоли за балкони и сл. Затоа овој стил кај нашите мајстори е наречен солунски. Притоа, не станува збор за нов тип на куќа, туку за “европска облека” на старата традиционална шема на битолската куќа. Тоа се гледа и ви надворешната архитектура на објектите, каде што често се среќаваат двата еркери над улица, класично обработени со украсни елементи. Фасадите се главно жолто обоени и солодно изведени со низа пиластри, столбови, венци и со друга декоративна пластика. Оваа архитектура е, пред се, одраз на општесвените прилики во “конзулскиот период ” на Битола, кога стопанскиот подем на занаетите и на трговијата во градот, со се поголемата отвореност кон Европа, и овозможија на новоформираната греѓанска клас да ги весува новите веропски влијаија. И покрај тоа што архитектурата во тој период нема своја балканска изворност, сепак таа има своја култно-историска вредност, како одраз на приликите, на влијанијата и на стремежите на градот, во одреден историски период. Резимирајки ги карактеристиките на архитектонските објекти, може да се констатира дека Битола е град со богата градителска традиција.
Куќата на Чока гредна во втората половина на XlX век оваа е еден од објектите во кој е утврдено присуство на манирот и влијанијата на барокната архитектура во Македонија. Објектот е лоциран во централото подрачје на Битола во непосредна близина на Битолската Митрополија на самиот брег на Драгор, и меѓу битолското население е познат како “Куќа на Чока”. Првичните констатации за барокните влијанија во обликувањето на фасадните волумени и во пимената на
објект, можеби се работи за локална интерперација на тој мотив извадеа од првобитниот состав и примената во имеет концепт со поиакво значење. Меѓутоа, тоа не го третираме во функција на намалување на впечатокот од првично констанриранните стилски рефлексии, ако се земе во предвид комплексноста а целокупниот декоративе систем, употребен за оживување на влезната и најекспонирана фасада. Тиј систем го гради отганизираната и богата структура составена од прозорски декоративни рамки, аплицирана рустична обработка на вертикалите пилистарии, нагласеното цокле, и посебно обравотен завршен венец над кој се развива веќе споменатиот калкаски завршеток кој има теденција да го одреди стилскиот предзнак на целиот објект и сите негови елементи. Покрај рустичноста на фасадата обработка, авторот обрнува огромно внимание на деталите од внатрешната столарија,која во секој поглед е подвиг за мајсторот на XlX век. Посебно внимание би обрнале на дрвеото комуникационо јадро, кое со својата изведбена финеса е а завидно ниво, со различна катна висина и копозиција на скалила на секој кат.
Сл.7 Репрезентативна фасада /Северозапад
Сл.8 Задна фасада / Југоисток
Сл.10 Детал – влезна врата со декоративна рамка
Улицата Маршал Тито “Широк Сокак” е една од најрепрезентативните амбиентални целини, централен дел на старото градско јадро, во чиј состав постојат голем број на поединечни споменци на културата, со што дава специфичен печат на овој град. Создавана во подол временски период, своите архитектонско-естетски и уметнички вредбости, преставува своевиден и сеуште жив организам, во кој хармонично се надополнуваат функциите становање и равотење. Низовите на објекти од приземје и кат, одосно приземје и два ката, создаваат изедначени висински габарити, чија монотомија е разбиена
со индивидуално решавање на фасадите во сите “нео” стилови, без натрупување на украс. Поради сите овие карактеристики овој амбиент има свој специфичен дух, кај кој доминира во најголема мера чуството за убаво и функционално.
Сл.11 Улица Маршал Тито “Широк Сокак” Битола
Турското воено училиште – Старата касарна е објект изграден во 1848 год. за оваа воена гимназија, која во 1900 год. Прерасува во академија. Во неа се школува и таткото на модерна Турција, Кемал Ататурк. Во архитектонска смисла објектот преставува синтеза на западно-европска и ориентална архитектура, по својот план единствен примерок во Македонија. Едноставниот и смирен неоренесансен стил а фасадата, како и во осовната фунционална концепција на објектот, се недополнува со ориентални стилски елементи на прозорците, влезовите и атиката. Денес објектот се адаптира за презентација и заштита на културното богатсво од ова подрачје.
Сл.13 Стара чаршија Битола
Балканската индивидуална куќа како градителски концепт во Битола, се карактеризира со канатна, дрвена , бондручна констукција, со изведбени варијанти на муслуиманска и христијанска куќа, заснована на конструктивни и стилски особености кои се одраз на долгодишната традиција и искуство на подрачјето на Отоманската империја.Основниот материјал за градење на објектите биле каменот, ќерпичот, или печената тула и дрвото, со врзано средство од малтер од вар, малтер од земја, црвеница или со нивна комбинација, со зајакната структура со примеси на органски влакна. Темелите, сокалот и помасивните конструктивни ѕидови во приземјето обично се изведени од камен со масивен систем, цврст материјал издржлив на атмосферските влијанија, додека на повисоките нивоа како материјал се користат ќерпич или тула, или градба во мешовит систем, додека катот е изведен во дрвена скелетна конструкција исполнета со ќеприч или плитар, обложена со дрвени летви од двете страни заедно со малтерот. За таваниците се користи подлога од трска, врз која се нанесува малтер. Скелетната бондурчна конструкција во комбиназија
со меѓукатните дрвени конструкции со изведени подови од штици, со исполна изолационен слој, е статички лесна и еластична, погодна од сеизмички аспект. Кровната конструкција на објектите е дрвена, со блага косина и нагиб, покриена со полубличасти керамиди. Во тој период во градот Битола, индивидуалните објекти, карактеризирани како балкаснска (индивидуална куќа), според намената и функциоалиот простое се делат на 3 типа профарни објекти:
исклучиво да ги задоволат потребите на живеење и престој, во Битола во тој период, воглаво се граделе според дба основно плана на просторната оргаизација:
ограничена парцела, со затекнати локациски услови, споре брањата и капацитетот на инвеститеротм при градба го искористувале оптимумот на можностите за вршење на дејноста. Најваженн при планирањето на градбата бил просторот во кој се давала услугата, односно вршело производството или трговијата, дело на објектот во кој купецот ја согледува понудата на работа. Дуќаните ннајчесто биле со ниска визба, приземни (високи приземје) или на нивоа на визба, приземје и кат. Со скапата стока најчесто се тргувало во просторот на затворените објекти, магазите(мазиите) и безистените, каде безбедноста и заштитете а луѓето и производите биле на повисоко ниво. Сл.16 Деловен објект чаршија( XlXвек)
Тие објекти биле градени исклучиво во масивен систем, со камен и тула со варов малтер, со мали прозорци заштитени со решетки од ковао железо и масивни порти, кои ги затварале влезовите на објектите, налик на мали тврдини. Во XVвек биле изградени Бујук-безистен, (голем безистен) и Чучик-безистенн (мал безистен). Прозорците на долниот кат на индивидуалните објекти во чаршијата од споредните фасади најчесто се изведуваа со помали димензии, а прозорците се повисоки и со поголеми димензии на гориниот кат од објектот. Заради везбедност, отворите, вратите, прзорците, и излозите се задолжитело затворенни со заштитни капаци од дрво или ковано дрво или железо на ниво а приземје и со заштити решетки од ковано железо (поретко капаци) на ниво а кат. Во 1843г. Е забележано дека избил голем пожар во битолската чаршија, која уноштил околу 2000 згради. Во 1862-3г повторно избива голем пожар кој избувнал на просторот кај Јани амам и дтигнал до Ат-Пазар и уништил една третина од градот.Нивното уништувачко дејство се појавува како фактор, кој влијае врз развојот на
новите градителски начии на изведба и примената на трајни и цврсти 7 материјали, за кој било нужно да се зајаке и ојача конструктивниот ситем, што индиректно влијаело на видоизменувањето на подоцнежниот урбан амбиент.
Деловните објекти како безистени и магази, се со истакната месоположба, репрезентативен габарите и изглед, со обезбедени или целосно одсуство на надворешни излози, зштитени до прозорци и строго котролирани влезови, во функција на чување на квалитетната роба, која се презентирала во ентериерот на објектот.
Сл.17 Магаза (XlXвек )
Сл.18 Заштита на прозорци со решетки со ковао железо